здравичар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravichar/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Dec 2022 07:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравичар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravichar/ 32 32 В недела во Говрлевска Краста кумот и здравичарот ќе сечат бадниково гранче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/v-nedela-vo-govrlevska-krasta-kumot-i-zdravicharot-kje-sechat-badnikovo-granche/ Wed, 21 Dec 2022 07:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=588198

В недела (25.12.2022) во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинашната прослава на Бадник традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2023 што по 31 пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче,во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик.

Средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче (први ќе го направат тоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски Јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. Следуваат изјави за медиумите, а потоа е слободна дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20 километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок.

Локацијата на настанот многу лесно се наоѓа - се врти десно од патот за Драчево кон Батинци (кај мостот на Маркова Река) се до крстосницата, за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка - Света Петка).

Членови на одборот ќе ги пречекаат ВИП гостите и сите заедно организирано ќе тргнат кон Краста триесетина минути пред 12 часот.

The post В недела во Говрлевска Краста кумот и здравичарот ќе сечат бадниково гранче appeared first on Република.

]]>

В недела (25.12.2022) во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинашната прослава на Бадник традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2023 што по 31 пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје. На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче,во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик. Средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче (први ќе го направат тоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски Јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. Следуваат изјави за медиумите, а потоа е слободна дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20 километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок. Локацијата на настанот многу лесно се наоѓа - се врти десно од патот за Драчево кон Батинци (кај мостот на Маркова Река) се до крстосницата, за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка - Света Петка). Членови на одборот ќе ги пречекаат ВИП гостите и сите заедно организирано ќе тргнат кон Краста триесетина минути пред 12 часот.

The post В недела во Говрлевска Краста кумот и здравичарот ќе сечат бадниково гранче appeared first on Република.

]]>