здрава храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdrava-hrana/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Jan 2022 22:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здрава храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdrava-hrana/ 32 32 Навики кои го зајакнуваат срцето по 50-тата година – променете ја исхраната! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/naviki-koi-go-zajaknuvaat-srceto-po-50-tata-godina-promenete-ja-ishranata/ Sun, 23 Jan 2022 22:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=448499

Вашето срце е мускул, што значи дека природно слабее со текот на времето. Исхраната може да ви помогне да го забавите тоа. Постојат одредени намирници и навики во исхраната што можат да ви помогнат да го одржите здравјето на срцето.

Одбегнувајте газирано
Според Арики Хошајт, нутриционист, газираните напивки, вклучувајќи ги и оние „диеталните“, како и сите други вештачки засладени напивки, се контрапродуктивни кога станува збор за здравјето на срцето.

Некои луѓе мислат дека преминувањето на диеталната верзија на газираните пијалаци им помага да изгубат тежина и да заштедат калории, но важно е да бидете свесни дека газираните сокови можат сериозно да му наштетат на здравјето на вашето срце.

„Вештачки засладените пијалаци се поврзани со зголемен ризик од кардиометаболички болести, а едно истражување дури покажува дека дневната консумација на диетални пијалаци може да предизвика 36 отсто поголем ризик од метаболички синдром и 67 отсто поголем ризик од дијабетес тип 2“, вели Хошајт.

Повеќе зеленчук и овошје
Консумирањето доволно овошје и зеленчук може да помогне при многу различни здравствени проблеми, како и да го намали ризикот од бројни болести. Ако кога станува збор за здравјето на срцето, ова е важна навика што треба да се усвои.

„Соединенијата на зеленчукот и овошјето што ги штитат билките од нивните природни непријатели, за возврат нè штитат од нашите, како што се болестите на срцето, дијабетес, рак и пропаѓање на мозокот“, вели Џуди Барбе, нутриционистка.

Зеленчукот е полн со влакна, витамини, минерали и антиоксиданси, а овие моќни микронутриенти работат заедно во борбата против срцевите болести и го одржуваат ниско нивото на холестерол.

Повеќе риба
Консумирањето риба и други извори на здрави масти може да ви помогне да го одржите срцето здраво и силно, особено ако тие заменуваат некои од изворите на нездравите масти во вашата секојдневна исхрана.

„Омега-3 масните киселини што се добиваат од јадење лосос и други масни риби, пружаат заштита од срцев удар, мозочен удар, рак и инфламаторни болести, како што е ревматичниот артритис“, вели Барбе.

Доволно влакна во исхраната
Вклучувањето доволно влакна во вашата секојдневна исхрана е клучно за подобро здравје на срцето и снижување на холестеролот, што е особено важно како што стареете.

„Одберете храна богата со влакна, како што се интегралните житарки, грав, леќа, овошје и јаткасти плодови – бидејќи растворливите влакна се врзуваат за честичките на холестеролот во тенкото црево, спречувајќи го да влезе во вашиот крвоток.“

Извор: Убавина и здравје

The post Навики кои го зајакнуваат срцето по 50-тата година – променете ја исхраната! appeared first on Република.

]]>

Вашето срце е мускул, што значи дека природно слабее со текот на времето. Исхраната може да ви помогне да го забавите тоа. Постојат одредени намирници и навики во исхраната што можат да ви помогнат да го одржите здравјето на срцето. Одбегнувајте газирано Според Арики Хошајт, нутриционист, газираните напивки, вклучувајќи ги и оние „диеталните“, како и сите други вештачки засладени напивки, се контрапродуктивни кога станува збор за здравјето на срцето. Некои луѓе мислат дека преминувањето на диеталната верзија на газираните пијалаци им помага да изгубат тежина и да заштедат калории, но важно е да бидете свесни дека газираните сокови можат сериозно да му наштетат на здравјето на вашето срце.
„Вештачки засладените пијалаци се поврзани со зголемен ризик од кардиометаболички болести, а едно истражување дури покажува дека дневната консумација на диетални пијалаци може да предизвика 36 отсто поголем ризик од метаболички синдром и 67 отсто поголем ризик од дијабетес тип 2“, вели Хошајт.
Повеќе зеленчук и овошје Консумирањето доволно овошје и зеленчук може да помогне при многу различни здравствени проблеми, како и да го намали ризикот од бројни болести. Ако кога станува збор за здравјето на срцето, ова е важна навика што треба да се усвои.
„Соединенијата на зеленчукот и овошјето што ги штитат билките од нивните природни непријатели, за возврат нè штитат од нашите, како што се болестите на срцето, дијабетес, рак и пропаѓање на мозокот“, вели Џуди Барбе, нутриционистка.
Зеленчукот е полн со влакна, витамини, минерали и антиоксиданси, а овие моќни микронутриенти работат заедно во борбата против срцевите болести и го одржуваат ниско нивото на холестерол. Повеќе риба Консумирањето риба и други извори на здрави масти може да ви помогне да го одржите срцето здраво и силно, особено ако тие заменуваат некои од изворите на нездравите масти во вашата секојдневна исхрана.
„Омега-3 масните киселини што се добиваат од јадење лосос и други масни риби, пружаат заштита од срцев удар, мозочен удар, рак и инфламаторни болести, како што е ревматичниот артритис“, вели Барбе.
Доволно влакна во исхраната Вклучувањето доволно влакна во вашата секојдневна исхрана е клучно за подобро здравје на срцето и снижување на холестеролот, што е особено важно како што стареете.