Зденко Петровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdenko-petrovski/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 07:30:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зденко Петровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdenko-petrovski/ 32 32 „Портрети од темната комора“ – изложба на фотографии од Зденко Петровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/portreti-od-temnata-komora-izlozhba-na-fotografii-od-zdenko-petrovski/ Thu, 12 Sep 2024 07:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=815546

Во Културно-информативниот центар – Скопје, Салон Империјал 2, на 13 септември (петок), со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од Зденко Петровски насловена „Портрети од темната комора“

„Оваа изложба на Зденко Петровски е прошетка низ едно време, раст низ еден живот или развој на едно општество. Изложбата е сведоштво на лицата од последните три децении на минатиот век каде што можат да се читаат и младоста и урбаноста, и пркосот и стравот, и создавањето и распадот, и животот и смртта која се доближува.

Фотографот Зденко Петровски го испишува или го архивира движењето на ликови низ времето, на времето низ просторот, од почетокот на детството па сѐ до крајот. Тоа играње на уметникот со хронотопот низ овие триесет аналогни портрети ни дозволува да запознаеме или да се потсетиме на триесетте години на генерации кои сега со носталгија зборуваат за своето време. Поставката е потсетување на времињата во кои не живееме“, пишува Андреј Медиќ Лазаревски за изложбата.

Изложбата ќе биде отворена до 30 септември, 2024 година.

The post „Портрети од темната комора“ – изложба на фотографии од Зденко Петровски appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар – Скопје, Салон Империјал 2, на 13 септември (петок), со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од Зденко Петровски насловена „Портрети од темната комора“
„Оваа изложба на Зденко Петровски е прошетка низ едно време, раст низ еден живот или развој на едно општество. Изложбата е сведоштво на лицата од последните три децении на минатиот век каде што можат да се читаат и младоста и урбаноста, и пркосот и стравот, и создавањето и распадот, и животот и смртта која се доближува. Фотографот Зденко Петровски го испишува или го архивира движењето на ликови низ времето, на времето низ просторот, од почетокот на детството па сѐ до крајот. Тоа играње на уметникот со хронотопот низ овие триесет аналогни портрети ни дозволува да запознаеме или да се потсетиме на триесетте години на генерации кои сега со носталгија зборуваат за своето време. Поставката е потсетување на времињата во кои не живееме“, пишува Андреј Медиќ Лазаревски за изложбата.
Изложбата ќе биде отворена до 30 септември, 2024 година.  

The post „Портрети од темната комора“ – изложба на фотографии од Зденко Петровски appeared first on Република.

]]>
Предизвик ми е да успеам да ги доловам карактерите на луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predizvik-mi-e-da-uspeam-da-gi-dolovam-karakterite-na-lugeto/ Thu, 09 Mar 2023 20:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=617889

Зденко Петровски страсно и посветено ја живее фотографијата и музиката. Речиси да нема пропуштено концерт во Скопје, додека фотографирањето е негова пасија и хоби. Со неговите фотографии се овековечени концертните настапи на многубројни домашни и странски бендови, но и многу урбани и музички ликови.

Овој викенд во бифе „Тафталиџе“ ќе се отвори изложбата на негови фотографии и во пресрет на настанот поразговаравме со Зденко за искуствата, почетоците, страста за фотографирање...

В сабота пред македонската јавност ќе претставите дел од Вашето творештво. Изложбата на фотографии ќе биде поставена во кафе „Тафталиџе“. Кажете ни кои и колку фотографии ќе може да се погледнат и како дојдовте до идеја да ја направите изложбата токму во овој простор?

Ќе бидат изложени 36 фотографии од кои 16 портрети и 20 документарни која го третира музичкиот свет. Пред неколку години имав изложба на фестивалот „Здраво млади“ во Младинскиот културен центар каде публиката и беше повеќето млада, така да во спрега со годините кои ги имам, ред беше да ја видат и повозрасните, а „Тафталиџе“ е вистинско место за тоа. Затоа што тука се собираат скопските легенди, а и јас цел живот го поминав во населбата Тафталиџе.

Долго време се занимавате со фотографирање. Што е најчесто за Вас предизвик да фотографирате?

Најмногу сакам да фотографирам луѓе. Предизвик ми е да успеам да ги доловам нивните карактери, да ги портретирам нивните „демончиња“ кои сите ние ги имаме. Потоа таа лајф фотографија од концертите.... Ме интересираат многу нешта, не сум врзан за одреден стил.

Со оглед на фактот дека работите и како снимател, што преферирате, што Вас повеќе ве исполнува фотографијата или снимањето?

Подеднакво би рекол. Имав среќа со едното да се бавам професионално, а другото - фотографија како хоби. Невозможно е да се бавиш со две различни работи професионално, а да не се изгуби на квалитет.

 Црно-бела фотографија или во боја?

И тоа и тоа, но предност има црно - белата. Црно - белата ми има повќе душа.

Сакате ли да се фотографирате или повеќе Ви се допаѓа да сте зад објективот?

Зад објективот нормално.

Како почнавте да се занимавате со фотографија? Што ве поттикна?

Во маало имав повозрасни другари кои ги правеа првите чекори во фотографијата. Дружејки се со нив се заразив и јас.

„МОМЕНТ ДОКУМЕНТ“ или „Сликовница со ликови и настани во Скопје 2007– 2020“ е насловена Вашата фото книга што беше објавена како издание на МКЦ. Дали е време за нова книга? Размислувате ли за нов проект?

Засега не иако имам матерјал кој не се однесува на концертна фотографија.Ако ме држи здравјето, ќе видиме, само ќе си дојде.

The post Предизвик ми е да успеам да ги доловам карактерите на луѓето appeared first on Република.

]]>

Зденко Петровски страсно и посветено ја живее фотографијата и музиката. Речиси да нема пропуштено концерт во Скопје, додека фотографирањето е негова пасија и хоби. Со неговите фотографии се овековечени концертните настапи на многубројни домашни и странски бендови, но и многу урбани и музички ликови. Овој викенд во бифе „Тафталиџе“ ќе се отвори изложбата на негови фотографии и во пресрет на настанот поразговаравме со Зденко за искуствата, почетоците, страста за фотографирање... В сабота пред македонската јавност ќе претставите дел од Вашето творештво. Изложбата на фотографии ќе биде поставена во кафе „Тафталиџе“. Кажете ни кои и колку фотографии ќе може да се погледнат и како дојдовте до идеја да ја направите изложбата токму во овој простор?