зборник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zbornik/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 11:41:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зборник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zbornik/ 32 32 Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zbornikot-od-megunarodnata-nauchna-konferentsija-sto-godini-od-raganeto-na-atso-shopov/ Wed, 27 Dec 2023 11:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=727078

Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ денеска ќе се одржи во библиотеката на Кампус 4 во Универзитет Гоце Делчев – Штип.

Меѓународната научна конференција беше организирана од Филолошкиот факултет при УГД на 25 и 26 мај оваа година.

Зборникот содржи 40 реферати кои беа презентирани на конференцијата од областите литература, јазик и преведување.

На промоцијата ќе присуствуваат учесници на конференцијата, студенти и ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова.

The post Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ денеска ќе се одржи во библиотеката на Кампус 4 во Универзитет Гоце Делчев – Штип. Меѓународната научна конференција беше организирана од Филолошкиот факултет при УГД на 25 и 26 мај оваа година. Зборникот содржи 40 реферати кои беа презентирани на конференцијата од областите литература, јазик и преведување. На промоцијата ќе присуствуваат учесници на конференцијата, студенти и ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова.  

The post Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>
Бројни се аргументите кои ќе ја покажат бесцелноста на одработувачите на туѓите интереси, кажа проф. Тодороска на промоцијата на зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/brojni-se-argumentite-koi-ke-ja-pokazhat-bestselnosta-na-odrabotuvachite-na-tugite-interesi-kazha-prof-todoroska-na-promotsijata-na-zbornikot-150-godini-od-raganeto-na-gotse-delchev/ Thu, 04 May 2023 14:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=636882

Ангажманот на Гоце Делчев остава белег на многу полиња од нашето денешно живеење и е трајно вграден во колективната меморија на македонскиот народ, посочи денеска проф. д-р Катерина Тодороска од Институтот на национална историја, за време на промоцијата на зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“. Излегувањето на зборникот, како што појасни е резултат на заедничките напори на сите оние кои сметаа и сметаат дека делото на Гоце треба да се почитува и активно да живее меѓу Македонците.

Тодоровска рече дека зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ е зборник на трудови од истоимената научна конференција одржана на 3 и 4 мај 2022 година, и има исклучително куса, но исклучително богата историја.

Зборникот, како што рече, е богат со оригинални трудови во кои се презентирани најновите сознанија на авторите во врска со ликот, делото, споменот на Гоце Делчев.

Зборникот изобилува не само со новооткриени факти, туку во него се застапени и трудови во кои се применуваат и нови единствени пристапи бидејќи се задржуваат на досега неразработени теми. За ова говори и фактот што во него се застапени трудови на историчари, јазичари, музеолози, политиколози, практичари од образовниот систем. На пример, тезите дека Гоце припаѓал на бугарската историја се коси со вистината, кога темелно ќе се осознае голготата и желбата на неговите соборници, неговите мошти да почиваат во главниот град на македонската држава. Бројни се аргументите кои во овој зборник ќе ја покажат бесцелноста на одработувачите на туѓите интереси, да му се откорнат корените на Гоце Делчев од Егејска Македонија, напомена Тодоровска.

Таа додаде дека епохата во која живеел и дејствувал Гоце Делчев е обработена во голем број историски трудови од македонски и од странски автори посветени на Македонија, на македонското прашање, на македонскиот јазик, на македонското револуционерно движење.

Денес кога се навршуваат 120 години од погубијата на Гоце Делчев, ние говориме и за 150-годишнината од неговото раѓање, што ја чествувавме минатата година. Ние, како горди потомци на Гоце, на најдостоинствен начин му се оддолжуваме за жртвата што ја дал за нас и за нашата слобода, за нашата македонска држава. На тој начин, се редиме во редот на сите оние кои со децении го истражувале, пишувале и ги овековечувале ликот и делото на Делчев, додаде Тодоровска.

На новинарско прашање што се случува кога Делчев е се уште „камен“ на сопнување во разговорите на историчарите со соседна Бугарија, проф. д-р Тодоровска рече дека не станува збор за разговор меѓу историчарите, туку меѓу шестмина избрани и избрани од другата страна.

Тоа не е разговор меѓу историчарите, туку меѓу шестмина избрани и избрани од другата страна. Од нашата страна, кога ќе го видите составот на Комисијата ќе ви стане јасно дека таму нема луѓе кои што го имаат капацитетот за да разговараат со оние луѓе кои што се од другата страна. Од другата страна, политиката си го направи своето. Тоа е само политичка Комисија која треба да одработи или да биде „маша“. Нема потреба од оваа Комисија, додаде Тодоровска.

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев за време на промоцијата на зборникот рече дека научно-истражувачката дејност во Македонија е целосно маргинализирана и сведена под неопходниот минимум.

На Македонија денес науката и е потребна повеќе кога било барем од две причини. Прво, еднаш и засекогаш треба да се обединиме во целост околу научните факти, признаени од светската наука, со кои се потврдува дека македонскиот народ и неговиот историски јазичен, културен и религиски континуитет се автохтони категории. Второ македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството како државјани на соседните земји вклучувајќи ги тука и Грција, и Бугарија, и Албанија, како и низ целиот свет, рече Коцарев.

Според Коцарев, појавата на квазинаучни трудови, трудови што се целосно плагијати, купени магистерски и докторски тези, сведочи дека во Македонија одамна се избришани мериторните правила според кои се цени објективниот квалитет, а секторот наука е системски планирано и намерно уништуван од независноста до денес.

Секој добар мајстор има право на џиџе, дури и во зло доба кога лошотијата ги надвисоа Кајмакчалан со Ниџе, ова се зборови на Блаже Конески. Зборот „џиџе“ тука е употребен со значењето„ убава работа“. Така во морето на неукост и ароганција, дивеење и лошотија за што сме сведоци, катадневно имаме една убава книга Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ па затоа би сакал да изразам голема благодарност на проф. Катарина Тодоровска, претседател на Уредувачкиот одбор без чија упорност, укост и искреност ниту настанот во чест на јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев што се одржа минатата година ниту овој Зборник ќе видеа бел ден, додаде Коцарев.

The post Бројни се аргументите кои ќе ја покажат бесцелноста на одработувачите на туѓите интереси, кажа проф. Тодороска на промоцијата на зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>

Ангажманот на Гоце Делчев остава белег на многу полиња од нашето денешно живеење и е трајно вграден во колективната меморија на македонскиот народ, посочи денеска проф. д-р Катерина Тодороска од Институтот на национална историја, за време на промоцијата на зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“. Излегувањето на зборникот, како што појасни е резултат на заедничките напори на сите оние кои сметаа и сметаат дека делото на Гоце треба да се почитува и активно да живее меѓу Македонците. Тодоровска рече дека зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ е зборник на трудови од истоимената научна конференција одржана на 3 и 4 мај 2022 година, и има исклучително куса, но исклучително богата историја. Зборникот, како што рече, е богат со оригинални трудови во кои се презентирани најновите сознанија на авторите во врска со ликот, делото, споменот на Гоце Делчев.
Зборникот изобилува не само со новооткриени факти, туку во него се застапени и трудови во кои се применуваат и нови единствени пристапи бидејќи се задржуваат на досега неразработени теми. За ова говори и фактот што во него се застапени трудови на историчари, јазичари, музеолози, политиколози, практичари од образовниот систем. На пример, тезите дека Гоце припаѓал на бугарската историја се коси со вистината, кога темелно ќе се осознае голготата и желбата на неговите соборници, неговите мошти да почиваат во главниот град на македонската држава. Бројни се аргументите кои во овој зборник ќе ја покажат бесцелноста на одработувачите на туѓите интереси, да му се откорнат корените на Гоце Делчев од Егејска Македонија, напомена Тодоровска.
Таа додаде дека епохата во која живеел и дејствувал Гоце Делчев е обработена во голем број историски трудови од македонски и од странски автори посветени на Македонија, на македонското прашање, на македонскиот јазик, на македонското револуционерно движење.
Денес кога се навршуваат 120 години од погубијата на Гоце Делчев, ние говориме и за 150-годишнината од неговото раѓање, што ја чествувавме минатата година. Ние, како горди потомци на Гоце, на најдостоинствен начин му се оддолжуваме за жртвата што ја дал за нас и за нашата слобода, за нашата македонска држава. На тој начин, се редиме во редот на сите оние кои со децении го истражувале, пишувале и ги овековечувале ликот и делото на Делчев, додаде Тодоровска.
На новинарско прашање што се случува кога Делчев е се уште „камен“ на сопнување во разговорите на историчарите со соседна Бугарија, проф. д-р Тодоровска рече дека не станува збор за разговор меѓу историчарите, туку меѓу шестмина избрани и избрани од другата страна.
Тоа не е разговор меѓу историчарите, туку меѓу шестмина избрани и избрани од другата страна. Од нашата страна, кога ќе го видите составот на Комисијата ќе ви стане јасно дека таму нема луѓе кои што го имаат капацитетот за да разговараат со оние луѓе кои што се од другата страна. Од другата страна, политиката си го направи своето. Тоа е само политичка Комисија која треба да одработи или да биде „маша“. Нема потреба од оваа Комисија, додаде Тодоровска.
Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев за време на промоцијата на зборникот рече дека научно-истражувачката дејност во Македонија е целосно маргинализирана и сведена под неопходниот минимум.
На Македонија денес науката и е потребна повеќе кога било барем од две причини. Прво, еднаш и засекогаш треба да се обединиме во целост околу научните факти, признаени од светската наука, со кои се потврдува дека македонскиот народ и неговиот историски јазичен, културен и религиски континуитет се автохтони категории. Второ македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството како државјани на соседните земји вклучувајќи ги тука и Грција, и Бугарија, и Албанија, како и низ целиот свет, рече Коцарев.
Според Коцарев, појавата на квазинаучни трудови, трудови што се целосно плагијати, купени магистерски и докторски тези, сведочи дека во Македонија одамна се избришани мериторните правила според кои се цени објективниот квалитет, а секторот наука е системски планирано и намерно уништуван од независноста до денес.
Секој добар мајстор има право на џиџе, дури и во зло доба кога лошотијата ги надвисоа Кајмакчалан со Ниџе, ова се зборови на Блаже Конески. Зборот „џиџе“ тука е употребен со значењето„ убава работа“. Така во морето на неукост и ароганција, дивеење и лошотија за што сме сведоци, катадневно имаме една убава книга Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ па затоа би сакал да изразам голема благодарност на проф. Катарина Тодоровска, претседател на Уредувачкиот одбор без чија упорност, укост и искреност ниту настанот во чест на јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев што се одржа минатата година ниту овој Зборник ќе видеа бел ден, додаде Коцарев.

The post Бројни се аргументите кои ќе ја покажат бесцелноста на одработувачите на туѓите интереси, кажа проф. Тодороска на промоцијата на зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>
Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-zbornik-vo-chest-na-akademik-mitko-madhunkov-2/ Tue, 21 Mar 2023 08:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=621873

Објавен е Зборник во чест на академик Митко Маџунков од проф. д-р Димка Митева, по повод 80 години од неговото раѓање.

Тој е во дигитална форма и содржи неколку трудови посветени на делото на Маџунков: Речник на изрази во романот „Правта на библиотеките“, Фреквентен речник на зборовните форми во „Правта на библиотеките“ и други.

Во четвртиот дел од Зборникот има 37 трудови со трајна вредност, со разни теми од областа на македонскиот јазик за академиците: Ацо Шопов, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Божо Видоески, Петар Илиевски, Катица Ќулавкова, Ѓорѓи Поп-Атанасов, па на Крсте Петков Мисирков, проф. Де Бреј, Моше Алтбауер и други.

Академик Митко Маџунков е роден на 19 март 1943 година во Струмица. Својот пробив и голем успех на полето на литературата го постигнал во текот на 50 години напорна работа.

- Творештвото на академик Маџунков е општопознато и високо вреднувано. Доволно е да се каже дека неговите дела се закитени со повеќе награди и им даваат на македонскиот книжевен израз и на македонскиот книжевен јазик дополнителна доблест. „Правта на библиотеките“ е уште една потврда за неговото извонредно романсиерско мајсторство. Неговото творештво e преведувано на англиски, германски, француски, италијански, руски, бугарски, романски, полски и други јазици, а застапено е и во повеќе антологии и избори. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: „Исидора Секулиќ“, Рациново признание, роман на годината на „Детска радост“, книга на годината на Македонската книжевна фондација, роман на годината на „Утрински весник“; двапати ја има добиено и Годишната награда на својот роден град Струмица, а во 2015 година ја доби и Државната награда „11 Октомври“, вели проф. д-р Митева.

За член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав, е избран на 27 мај 2003, а за редовен член на 1 мај 2007 година.

The post Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков appeared first on Република.

]]>

Објавен е Зборник во чест на академик Митко Маџунков од проф. д-р Димка Митева, по повод 80 години од неговото раѓање.

Тој е во дигитална форма и содржи неколку трудови посветени на делото на Маџунков: Речник на изрази во романот „Правта на библиотеките“, Фреквентен речник на зборовните форми во „Правта на библиотеките“ и други. Во четвртиот дел од Зборникот има 37 трудови со трајна вредност, со разни теми од областа на македонскиот јазик за академиците: Ацо Шопов, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Божо Видоески, Петар Илиевски, Катица Ќулавкова, Ѓорѓи Поп-Атанасов, па на Крсте Петков Мисирков, проф. Де Бреј, Моше Алтбауер и други.
Академик Митко Маџунков е роден на 19 март 1943 година во Струмица. Својот пробив и голем успех на полето на литературата го постигнал во текот на 50 години напорна работа. - Творештвото на академик Маџунков е општопознато и високо вреднувано. Доволно е да се каже дека неговите дела се закитени со повеќе награди и им даваат на македонскиот книжевен израз и на македонскиот книжевен јазик дополнителна доблест. „Правта на библиотеките“ е уште една потврда за неговото извонредно романсиерско мајсторство. Неговото творештво e преведувано на англиски, германски, француски, италијански, руски, бугарски, романски, полски и други јазици, а застапено е и во повеќе антологии и избори. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: „Исидора Секулиќ“, Рациново признание, роман на годината на „Детска радост“, книга на годината на Македонската книжевна фондација, роман на годината на „Утрински весник“; двапати ја има добиено и Годишната награда на својот роден град Струмица, а во 2015 година ја доби и Државната награда „11 Октомври“, вели проф. д-р Митева. За член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав, е избран на 27 мај 2003, а за редовен член на 1 мај 2007 година.

The post Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков appeared first on Република.

]]>
Промоција на зборникот „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-zbornikot-makedonska-knizevna-arhiva-od-rakopis-do-digitalna-kultura/ Thu, 22 Dec 2022 07:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=588591

Зборникот на трудови од меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде промовиран на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Промотори на Зборникот се академик Марјан Марковиќ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

The post Промоција на зборникот „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ appeared first on Република.

]]>

Зборникот на трудови од меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде промовиран на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Промотори на Зборникот се академик Марјан Марковиќ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.  

The post Промоција на зборникот „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на интернационален зборник „Филозофија и филм“ денеска во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-internacionalen-zbornik-filozofija-i-film-deneska-vo-kic/ Wed, 08 Jun 2022 07:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=512477

Промоција на зборникот „Филозофија и филм“ на англиски јазик, второ издание од едицијата „Филмософија“ на Филозофското друштво на Македонија коешто произлезе од Првата интернационална конференција „Филозофија и филм“ одржана во 2021 година.

Со текстови од 12 автори од цела Европа коишто пишуваат на различни теми од областа на филм-философијата, промоторот од Шпанија, Ернесто Хередеро дел Кампо, ќе ѝ го претстави изданието на македонската јавност во Културниот информативен центар Скопје во рамките на 12. Филозофски филмски фестивал.

Во рамките на Зборникот ќе можете да прочитате текстови и за двата македонски филмови коишто имаа номинација за Оскар, ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски и МЕДЕНА ЗЕМЈА на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Подолу можете да ја најдете содржината на изданието коешто ќе биде достапно на промоцијата по промотивна цена.

The post Промоција на интернационален зборник „Филозофија и филм“ денеска во КИЦ appeared first on Република.