завршна вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavrshna-vecher/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Oct 2023 10:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png завршна вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavrshna-vecher/ 32 32 Завршната вечер на Скопскиот џез фестивал богата со музичари и стилови https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zavrshnata-vecher-na-skopskiot-dhez-festival-bogata-so-muzichari-i-stilovi/ Sun, 22 Oct 2023 10:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=693845

Четвртата, завршна, вечер на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, е извонредно богата со музичари, но и со музички стилови. Имено, вечерва ќе проследиме три концертни настапи: најпрвин, во Националната опера и балет, триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез, потоа 18-члениот скандинавски Supersonic Orchestra на Гард Нилсен, за на крај, во МКЦ, да уживаме во афробразилските звуци на многубројниот бенд од Сао Паоло, Bixiga 70.

Вечерта ќе ја отвори триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез. Каучич е неприкосновена словенечка џез и импро легенда, плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат на страста за експериментирање и идеалот за музичка комуникација. Агусти Фернандез е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика. Три музички икони, мајстори на импровизацијата и рафинираната композиција кои остварија силна музичка врска уште пред да се сретнат.

Вториот концерт во Националната опера и балет е воедно и вториот ексклузивитет во богатата програма на 42. Скопски џез фестивал: многубројната скандинавска екипа која во последниве три години го освои светот и е „привилегија“ на најквалитетните и најелитните европски џез фестивaли - Gard Nilssen Supersonic Orchestra. Вистински „дрим-тим“, во кој се наоѓаат 18 големи имиња на скандинавскиот џез, сите поединечно силни лидери на бендови и импровизатори од светска класа. Музиката е енергична, сугестивна, динамична, креативна и експлозивна, инспирирана од Орнет Колман, Фела Кути, Сан Ра, Алис Колтрејн, Дјук Елингтон, Луис Мохоло и Кертис Мејфилд. Слободна музика, полна со децибели, а сепак мелодична и експресивна.

Годинешното фестивалско издание ќе го затвори еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес - Bixiga 70. Тие умешно ги вткајуваат бразилските влијанија во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. На завршниот концерт на 42. Скопски џез фестивал, експлозивните Бразилци ќе го претстават својот најнов, штотуку објавен, петти по ред албум „Vapor“ (Glitterbeat Records), поведувајќи ја публиката во неизбежен танц до доцна во ноќта.

The post Завршната вечер на Скопскиот џез фестивал богата со музичари и стилови appeared first on Република.

]]>

Четвртата, завршна, вечер на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, е извонредно богата со музичари, но и со музички стилови. Имено, вечерва ќе проследиме три концертни настапи: најпрвин, во Националната опера и балет, триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез, потоа 18-члениот скандинавски Supersonic Orchestra на Гард Нилсен, за на крај, во МКЦ, да уживаме во афробразилските звуци на многубројниот бенд од Сао Паоло, Bixiga 70. Вечерта ќе ја отвори триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез. Каучич е неприкосновена словенечка џез и импро легенда, плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат на страста за експериментирање и идеалот за музичка комуникација. Агусти Фернандез е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика. Три музички икони, мајстори на импровизацијата и рафинираната композиција кои остварија силна музичка врска уште пред да се сретнат. Вториот концерт во Националната опера и балет е воедно и вториот ексклузивитет во богатата програма на 42. Скопски џез фестивал: многубројната скандинавска екипа која во последниве три години го освои светот и е „привилегија“ на најквалитетните и најелитните европски џез фестивaли - Gard Nilssen Supersonic Orchestra. Вистински „дрим-тим“, во кој се наоѓаат 18 големи имиња на скандинавскиот џез, сите поединечно силни лидери на бендови и импровизатори од светска класа. Музиката е енергична, сугестивна, динамична, креативна и експлозивна, инспирирана од Орнет Колман, Фела Кути, Сан Ра, Алис Колтрејн, Дјук Елингтон, Луис Мохоло и Кертис Мејфилд. Слободна музика, полна со децибели, а сепак мелодична и експресивна. Годинешното фестивалско издание ќе го затвори еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес - Bixiga 70. Тие умешно ги вткајуваат бразилските влијанија во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. На завршниот концерт на 42. Скопски џез фестивал, експлозивните Бразилци ќе го претстават својот најнов, штотуку објавен, петти по ред албум „Vapor“ (Glitterbeat Records), поведувајќи ја публиката во неизбежен танц до доцна во ноќта.

The post Завршната вечер на Скопскиот џез фестивал богата со музичари и стилови appeared first on Република.

]]>