завршна изложба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavrshna-izlozhba/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jun 2024 15:53:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png завршна изложба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavrshna-izlozhba/ 32 32 Завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshna-izlozhba-na-uchenitsite-od-srednoto-umetnichko-uchilishte-lazar-lichenoski/ Fri, 14 Jun 2024 17:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=787644

Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје вечер во 21 часот ќе ја отвори Годишната завршна изложба на учениците од прва до четврта година во учебната 2023/2024.

Ќе бидат презентирани слики, мозаици, графики, цртежи, фотографии, керамики, актови, дизајни од областа на текстилот, ентериерот и мебелот, а ќе бидат прикажани видеа и анимации. Изложбата ќе биде збогатена со модна ревија и со рок забава со Backdoor band од Охрид.

Оваа година средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ одбележува 80 години постоење. Во изминатите децении, како што се наведува, „претставува незаменлив дом од кои се изнедрува современата македонска ликовна уметност“.

Во текот на 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите е значаен пункт на авангардата, на модата, и на културата воопшто. Учениците во средното уметничко училиште, исто како и некогаш, денес ги красат особините на индуивидуалност и посебност“, посочуваат од училиштето кое има 260 ученици во седум отсеци.

Од 2013 година училиштето работи по нов наставен план кога беа додадени отсекот Мултимедија, предметите Видео и звук, Анимација, Дигитална уметност, Медиски форми и Фотографија.

Јубилејот ќе се прославува до крајот на годинава со повеќе настани, меѓу кои и поставување статуа на проф. акад. Јордан Грабул и промоција на документарен филм за училиштето.

The post Завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ appeared first on Република.

]]>

Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје вечер во 21 часот ќе ја отвори Годишната завршна изложба на учениците од прва до четврта година во учебната 2023/2024. Ќе бидат презентирани слики, мозаици, графики, цртежи, фотографии, керамики, актови, дизајни од областа на текстилот, ентериерот и мебелот, а ќе бидат прикажани видеа и анимации. Изложбата ќе биде збогатена со модна ревија и со рок забава со Backdoor band од Охрид. Оваа година средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ одбележува 80 години постоење. Во изминатите децении, како што се наведува, „претставува незаменлив дом од кои се изнедрува современата македонска ликовна уметност“.
Во текот на 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите е значаен пункт на авангардата, на модата, и на културата воопшто. Учениците во средното уметничко училиште, исто како и некогаш, денес ги красат особините на индуивидуалност и посебност“, посочуваат од училиштето кое има 260 ученици во седум отсеци.
Од 2013 година училиштето работи по нов наставен план кога беа додадени отсекот Мултимедија, предметите Видео и звук, Анимација, Дигитална уметност, Медиски форми и Фотографија. Јубилејот ќе се прославува до крајот на годинава со повеќе настани, меѓу кои и поставување статуа на проф. акад. Јордан Грабул и промоција на документарен филм за училиштето.  

The post Завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ appeared first on Република.

]]>
Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/godishna-izlozhba-na-likovnoto-studio-ars-vivendi-vo-galerijata-ko-ra/ Mon, 03 Jun 2024 08:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=784288

Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Меѓу учесниците на 19-тата завршна годишна групна изложба се членови од различна возраст, кои творат под менторство на уметникот и педагог Тони Шулајковски. Тој од 2005 година работи со талентирани деца и го основа приватното ликовното студио „Арс Вивенди“ заедно со проект менаџерката Дијана Петкова.

Делата на овогодишната завршна изложба на членовите на ликовното студио Арс Вивенди се со разнообразна тематика и работени се во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж.

The post Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“ appeared first on Република.