заврши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavrshi/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Jul 2022 07:37:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заврши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavrshi/ 32 32 Заврши 21. издание на „Синедејс“, додеделни наградите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-21-izdanie-na-sinedejs-dodedelni-nagradite/ Fri, 15 Jul 2022 07:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=529116

Со проекцијата на филмот „Нема да си сама“ на режисерот Горан Столевски, заврши 21-от меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс“. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ и годинава фестивалот на нестандардни простори за проекции низ Скопје обедини повеќе од 15.000 вљубениците на европскиот филм.

Беа прикажани 50 филмови, а куриозитет беше ексклузивната Гала селекција, на која беа прикажани филмовите од неодамна завршениот Кански филмски фестивал.

Го отворивме и затворивме фестивалот со две македонски режисерски имиња, Даријан Пејовски и Горан Столевски. Имавме ексклузивитет со проекии на канските филмови. Ни гостуваа регионални и европски режисерски имиња како гости. Полни проекции и работилници. Вака сумирани резултатите ни дозволуваат да бидеме презадоволни од овој „Синедејс“ и веднаш да се впуштиме во подготовка на новото 22 издание со овој стандард пред нас, кој ни покажува дека ние тимот на МКЦ можеме и знаеме, рече Маргарита Арсова, координаторка на „Синедејс“.

[caption id="attachment_529121" align="alignnone" width="615"] Режисерот на „Нема да си сама“ Горан Столевски со актерката Сара Климовска[/caption]

На затворањето на фестивалот беа доделени и наградите во двете фестивалски програми: Официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција:

Официјална селекција

Златна ѕвезда ја добива „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш

За авторовото чувствително и суптилно истражување и прикажување сложени ликови, за неговиот неосудувачки поглед, но во рамките на јурисдикцијата и за автентичниот пристап што го погодува гледачот со силно емотивно влијание, наградата за Најдобар филм во Официјалната селекција или ЗЛАТНА ЅВЕЗДА ја добива „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш.

Сребрена ѕвезда за „Оркестар“, во режија на Матеуж Лузар

За прецизноста и амбицијата во филмски стил, кои се успешно и убедливо исполнети, притоа водејќи екипа од голем ансамбл, наградата за Најдобра режија или СРЕБРЕНА ЅВЕЗДА оди кај најлошата група патници од „Оркестар“, во режија на Матеуж Лузар.

Сина ѕвезда за „Други луѓи“ за Александра Терпинска

Пишувањето сценарио е еден од најтешките аспекти во процесот на снимање филм. Дотолку повеќе кога не само приказната, туку и дијалогот има и ритам и рима со чија помош приказната се раскажува на уникатен и соодветен начин. Наградата за Најдобро сценарио во Официјалната селекција или СИНА ЅВЕЗДА ја добива Александра Терпинска, за филмот „Други луѓе“.

Специјално прзнание за Наталија Теодосиева за улогата „Мими“ на Даријан Пејовски

За динамичната изведба што ја истакнува суптилната темнина зад секоја невозможна желба, специјално признание добива Наталија Теодосиева, за нејзината главна улога во „Мими“ на Даријан Пејовски.

SEE (South Eastern Europa) селекција

Специјално признание за режисерот Иван Бакрач за филмот „По зимата“

За верен приказ на генерација што трага по сопствениот сексуален, политички и колективен идентитет и кохерентноста евидентна во неговиот убедлив дебитантски игран филм, специјално признание добива Иван Бакрач за „По зимата“.

Златно сонце за најдобар филм за „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи

Во патријархално општество чиишто темели биле изградени врз жртвите на безброј жени, замолчени и невидливи низ историјата, катарзично е да се биде сведок на хуманоста и издржливоста на жените денес, кои го враќаат она што отсекогаш и со право им припаѓало. Со своето повеќеслојно портретирање на човековата природа, чудесната камера и извонредната глума што ја доловува комплексноста на женскиот род со генерации наназад, ова филмско деби открива жесток нов глас од режисерка што силата ја гледа во тивките фигури. Наградата ЗЛАТНО СОНЦЕ за најдобар филм ја добива „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи.

The post Заврши 21. издание на „Синедејс“, додеделни наградите appeared first on Република.

]]>

Со проекцијата на филмот „Нема да си сама“ на режисерот Горан Столевски, заврши 21-от меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс“. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ и годинава фестивалот на нестандардни простори за проекции низ Скопје обедини повеќе од 15.000 вљубениците на европскиот филм. Беа прикажани 50 филмови, а куриозитет беше ексклузивната Гала селекција, на која беа прикажани филмовите од неодамна завршениот Кански филмски фестивал.
Го отворивме и затворивме фестивалот со две македонски режисерски имиња, Даријан Пејовски и Горан Столевски. Имавме ексклузивитет со проекии на канските филмови. Ни гостуваа регионални и европски режисерски имиња како гости. Полни проекции и работилници. Вака сумирани резултатите ни дозволуваат да бидеме презадоволни од овој „Синедејс“ и веднаш да се впуштиме во подготовка на новото 22 издание со овој стандард пред нас, кој ни покажува дека ние тимот на МКЦ можеме и знаеме, рече Маргарита Арсова, координаторка на „Синедејс“.
[caption id="attachment_529121" align="alignnone" width="615"] Режисерот на „Нема да си сама“ Горан Столевски со актерката Сара Климовска[/caption] На затворањето на фестивалот беа доделени и наградите во двете фестивалски програми: Официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција: Официјална селекција Златна ѕвезда ја добива „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш За авторовото чувствително и суптилно истражување и прикажување сложени ликови, за неговиот неосудувачки поглед, но во рамките на јурисдикцијата и за автентичниот пристап што го погодува гледачот со силно емотивно влијание, наградата за Најдобар филм во Официјалната селекција или ЗЛАТНА ЅВЕЗДА ја добива „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш. Сребрена ѕвезда за „Оркестар“, во режија на Матеуж Лузар За прецизноста и амбицијата во филмски стил, кои се успешно и убедливо исполнети, притоа водејќи екипа од голем ансамбл, наградата за Најдобра режија или СРЕБРЕНА ЅВЕЗДА оди кај најлошата група патници од „Оркестар“, во режија на Матеуж Лузар. Сина ѕвезда за „Други луѓи“ за Александра Терпинска Пишувањето сценарио е еден од најтешките аспекти во процесот на снимање филм. Дотолку повеќе кога не само приказната, туку и дијалогот има и ритам и рима со чија помош приказната се раскажува на уникатен и соодветен начин. Наградата за Најдобро сценарио во Официјалната селекција или СИНА ЅВЕЗДА ја добива Александра Терпинска, за филмот „Други луѓе“. Специјално прзнание за Наталија Теодосиева за улогата „Мими“ на Даријан Пејовски За динамичната изведба што ја истакнува суптилната темнина зад секоја невозможна желба, специјално признание добива Наталија Теодосиева, за нејзината главна улога во „Мими“ на Даријан Пејовски. SEE (South Eastern Europa) селекција Специјално признание за режисерот Иван Бакрач за филмот „По зимата“ За верен приказ на генерација што трага по сопствениот сексуален, политички и колективен идентитет и кохерентноста евидентна во неговиот убедлив дебитантски игран филм, специјално признание добива Иван Бакрач за „По зимата“. Златно сонце за најдобар филм за „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи Во патријархално општество чиишто темели биле изградени врз жртвите на безброј жени, замолчени и невидливи низ историјата, катарзично е да се биде сведок на хуманоста и издржливоста на жените денес, кои го враќаат она што отсекогаш и со право им припаѓало. Со своето повеќеслојно портретирање на човековата природа, чудесната камера и извонредната глума што ја доловува комплексноста на женскиот род со генерации наназад, ова филмско деби открива жесток нов глас од режисерка што силата ја гледа во тивките фигури. Наградата ЗЛАТНО СОНЦЕ за најдобар филм ја добива „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи.

The post Заврши 21. издание на „Синедејс“, додеделни наградите appeared first on Република.

]]>
Заврши самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavrshi-samitot-eu-zapaden-balkan-vo-brisel/ Thu, 23 Jun 2022 12:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=518930

Многу подоцна од планираното денеска во Брисел заврши самитот на Европската Унија и Западен Балкан.

Средбата траеше речиси четири часа, а беше планирано да трае до два часа.

Прес-конференцијата по самитот, на која требаше да се обратат лидерите на Европската унија, беше откажана.

На заедничката прес-конференција треба да се обратат лидерите на Србија, Албанија и Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Димитар Ковачевски, но времето на нејзиниот почеток се уште не е потврдено.

Попладнево во Брисел почнува самитот на Европскиот совет, на кој учествуваат лидерите на ЕУ и шефовите на држави или влади на нејзините земји-членки. Пристигнувањето на учесниците беше најавено во 14.15 часот.

The post Заврши самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел appeared first on Република.

]]>

Многу подоцна од планираното денеска во Брисел заврши самитот на Европската Унија и Западен Балкан. Средбата траеше речиси четири часа, а беше планирано да трае до два часа. Прес-конференцијата по самитот, на која требаше да се обратат лидерите на Европската унија, беше откажана. На заедничката прес-конференција треба да се обратат лидерите на Србија, Албанија и Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Димитар Ковачевски, но времето на нејзиниот почеток се уште не е потврдено. Попладнево во Брисел почнува самитот на Европскиот совет, на кој учествуваат лидерите на ЕУ и шефовите на држави или влади на нејзините земји-членки. Пристигнувањето на учесниците беше најавено во 14.15 часот.

The post Заврши самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел appeared first on Република.

]]>
Заврши распитот на Мухамед Зеќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-raspitot-na-muhamed-zekjiri/ Fri, 08 Apr 2022 20:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=485586

Во Основниот Кривичен суд – Скопје, вечерва заврши рочиштето пред судија на претходна постапка по барањето за определување притвор на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба.

Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ информираше дека го соочиле осомничениот Зеќири со аргументите кои ги бара Законот за кривична постапка и дека останува судот да одлучи по барањето. Таа посочи дека немаат доказ во формална смисла дека тој планира бегство, но, како што рече, „постои сомнеж“.

Тоа се оперативни сознанија кои што се изнесени од страна на судот, доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени, ако не ги прифати, повторно ќе објасни зошто не ги прифати, рече Коларовиќ.

Во однос на двајцата осомничени хрватски државјани, таа рече дека оперативните сознанија од Министерството за внатрешни работи се дека ја имаат напуштено територијата на Македонија, меѓутоа судот има доставено наредба за приведување.

Дури откако ќе добие официјален податок по наредбите, ќе има доказ дали се тука или не, посочи Коларовиќ.

Истакна дека станува збор за штета од околу 57 милиони денари за кои во моментов не знаат каде се, ниту дали се надвор од државава.

Не можеме да кажеме каде се парите во моментов. Истрагата е започната во текот на вчерашниот ден, сето она што беше обезбедено како документација е во тек на предистражна постапка која претходеше неколку месеци претходно, рече таа, посочувајќи на Управата за финансиско разузнавање која што, како што рече, се обидува да ја утврди трагата како се движеле парите.

Обвинителката рече дека очекува судот да го прифати предлогот, а во однос на тоа дали може истрагата да се прошири и на други лица, рече во овој момент не, меѓутоа, дека истрагата е започната и дека не се знае што може да произлезе како доказ.

Претходно, судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, но тој во судот пристигна сам во придружба на својот адвокат.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на Македонија во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.

Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на  Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.

 

The post Заврши распитот на Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>

Во Основниот Кривичен суд – Скопје, вечерва заврши рочиштето пред судија на претходна постапка по барањето за определување притвор на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба. Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ информираше дека го соочиле осомничениот Зеќири со аргументите кои ги бара Законот за кривична постапка и дека останува судот да одлучи по барањето. Таа посочи дека немаат доказ во формална смисла дека тој планира бегство, но, како што рече, „постои сомнеж“.
Тоа се оперативни сознанија кои што се изнесени од страна на судот, доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени, ако не ги прифати, повторно ќе објасни зошто не ги прифати, рече Коларовиќ.
Во однос на двајцата осомничени хрватски државјани, таа рече дека оперативните сознанија од Министерството за внатрешни работи се дека ја имаат напуштено територијата на Македонија, меѓутоа судот има доставено наредба за приведување.
Дури откако ќе добие официјален податок по наредбите, ќе има доказ дали се тука или не, посочи Коларовиќ.
Истакна дека станува збор за штета од околу 57 милиони денари за кои во моментов не знаат каде се, ниту дали се надвор од државава.
Не можеме да кажеме каде се парите во моментов. Истрагата е започната во текот на вчерашниот ден, сето она што беше обезбедено како документација е во тек на предистражна постапка која претходеше неколку месеци претходно, рече таа, посочувајќи на Управата за финансиско разузнавање која што, како што рече, се обидува да ја утврди трагата како се движеле парите.
Обвинителката рече дека очекува судот да го прифати предлогот, а во однос на тоа дали може истрагата да се прошири и на други лица, рече во овој момент не, меѓутоа, дека истрагата е започната и дека не се знае што може да произлезе како доказ. Претходно, судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, но тој во судот пристигна сам во придружба на својот адвокат. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на Македонија во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“. Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на  Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.  

The post Заврши распитот на Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>