Завод и музеј Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavod-i-muzej-ohrid/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 08:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Завод и музеј Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavod-i-muzej-ohrid/ 32 32 Претставници од Швајцарската амбасада го посетија Заливот на коските https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavnitsi-od-shvajtsarskata-ambasada-go-posetija-zalivot-na-koskite/ Tue, 13 Aug 2024 08:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=806043

Претставници од Швајцарската амбасада предводени од заменик шеф на мисијата и вршител на должност Михал Харари остварија средба со директорот на НУ Завод и Музеј Охрид, Горан Патчев, во Заливот на коските.

На средбата се презентираше познатиот архeолошки локалитет со потенцирање на претходните соработки со Универзитетот во Берн, тогашните истражувања и резултати како и идните планови за соработка, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.

На средбата, додаваат, од страна на Швајцарската делагација беа присутни и Анета Дамјановска, национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија, Горан Дамовски, директор на Швајцарската Програмата за зголемување на пазарна вработливост (www.ime.org.mk), Тања Георгиевска, заменик директор на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME), Зоран Тодоровски, експерт за туризам на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME) и Генералниот менаџер на Фибула Травел, Асим Меџедовиќ.

Разговор се водеше и со Милутин Секулоски -Мичо од нуркачкиот центар Амфора од Охрид за локалитетот Плоча Миќов град, со кои и претходно се остваруваа соработки преку Швајцарската амбасада, а во однос на нуркачки активности и подводната археологија, истакнуваат.

Потенцираат дека низ прошетката на целиот комплекс презентација беше одржана од страна на  кустос м-р археолог Христијан Петровски.

The post Претставници од Швајцарската амбасада го посетија Заливот на коските appeared first on Република.

]]>

Претставници од Швајцарската амбасада предводени од заменик шеф на мисијата и вршител на должност Михал Харари остварија средба со директорот на НУ Завод и Музеј Охрид, Горан Патчев, во Заливот на коските.
На средбата се презентираше познатиот архeолошки локалитет со потенцирање на претходните соработки со Универзитетот во Берн, тогашните истражувања и резултати како и идните планови за соработка, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид. На средбата, додаваат, од страна на Швајцарската делагација беа присутни и Анета Дамјановска, национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија, Горан Дамовски, директор на Швајцарската Програмата за зголемување на пазарна вработливост (www.ime.org.mk), Тања Георгиевска, заменик директор на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME), Зоран Тодоровски, експерт за туризам на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME) и Генералниот менаџер на Фибула Травел, Асим Меџедовиќ.
Разговор се водеше и со Милутин Секулоски -Мичо од нуркачкиот центар Амфора од Охрид за локалитетот Плоча Миќов град, со кои и претходно се остваруваа соработки преку Швајцарската амбасада, а во однос на нуркачки активности и подводната археологија, истакнуваат. Потенцираат дека низ прошетката на целиот комплекс презентација беше одржана од страна на  кустос м-р археолог Христијан Петровски.

The post Претставници од Швајцарската амбасада го посетија Заливот на коските appeared first on Република.

]]>
Дела од Вангел Наумовски, сопственост на болницата „Св. Еразмо“, се конзервираат и подготвуваат за изложбата „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dela-od-vangel-naumovski-sopstvenost-na-bolnitsata-sv-erazmo-se-konzerviraat-i-podgotvuvaat-za-izlozhbata-100-godini-od-raganeto-na-vangel-naumovski/ Thu, 18 Jul 2024 08:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=797937

Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа на својот фејсбук профил од НУ Завод и музеј Охрид.

Тимот го сочинуваат Катерина Велкоска , кустос , раководител на проектот ''100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски'' Сашо Блажески, козерватор за штафелајно сликарство и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство.

Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, која претставува дел од овогодишната изложбена програма на НУ Завод и Музеј Охрид, потенцираат од Установата.

The post Дела од Вангел Наумовски, сопственост на болницата „Св. Еразмо“, се конзервираат и подготвуваат за изложбата „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” appeared first on Република.

]]>

Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа на својот фејсбук профил од НУ Завод и музеј Охрид. Тимот го сочинуваат Катерина Велкоска , кустос , раководител на проектот ''100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски'' Сашо Блажески, козерватор за штафелајно сликарство и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство.
Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, која претставува дел од овогодишната изложбена програма на НУ Завод и Музеј Охрид, потенцираат од Установата.

The post Дела од Вангел Наумовски, сопственост на болницата „Св. Еразмо“, се конзервираат и подготвуваат за изложбата „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” appeared first on Република.

]]>
Почина Крсте Мартиноски, човекот што ги реставрираше Горна Порта, Охридската гимназија, куќата на Робевци, на Прличев, на Уранија… https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-krste-martinoski-chovekot-shto-gi-restavrirashe-gorna-porta-ohridskata-gimnazija-kukjata-na-robevci-na-prlichev-na-uranija/ Wed, 26 Jan 2022 15:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=449878

Крсте Мартиноски, нашиот Крки, уникатна Мешеишко-охридска легенда, замина во вечноста и бесконечноста, но само привидно физички, не духовно, оти во спомените наши ќе остане до крајот на векот и светот, соопштја од Завод и музеј Охрид.

Мартиноски е графичар по вокација, уметник во суштина и заштитар, конзерватор и реставратор на уметничките вредности од минатите времиња со академска титула. Во Завод и Музеј-Охрид беше вработен од 1988 до 1991 година. На Охриѓани им ја остави реставрирана вековната Горна Порта, реставрирана и обновена украсната влезна порта од манастирскиот комплекс Св. Богородица Перивлепта, Охридската гимназија, реставрирана надгробната плоча од поетот и преродбеник Григор Прличев, ентериерните специфичности на охридските архитектонски убавици Робевци и Уранија, на ентериерните вредности на обновената Прличевата родна куќа... Незаборавен беше нашиот престој во Херне, Германија, каде што го презентиравме Охрид со најзначајните археолошки вредности и со охридско иконописно наследство, а каде што нашиот Мартиновски, таму симпатично наречен Зигмунд, беше главниот оперативец на изложбата.
Од 1991 година до денес Крсте Мартиноски беше слободен уметник и член на ДЛУМ. Презентираше уметнички вредности по скопските галерии и музеи во самостојни и групни изложби. Крај Вардар со сопствени раце си изгради дом со Еденска градина околу него.
Незаборавно е неговото учество во конзерваторско-реставраторските работи на Плаошник каде што неговите „златни раце“ од керамички фрагменти обновуваа цели питоси и спојуваа фрагменти од столбови и други камени и мермерни предмети. Праисториската дрвена капија на влезот во реконструираната наколна населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро е негово дело како негов влез во предворјето на праисторијата, таму каде што во длабокото минато ќе се сретне со длабоката иднина и ќе продолжи да живее во вечноста како гласник на нашата цивилизација. И уште нешто, со библиска конотација: Крсте Мартиноски беше заљубен во Адамовата Ева и поради тоа тивко и осамено замина од животот не обвинувајќи никого и добрувајќи со секого.
Засекогаш ќе живее во нашите светови, а ние сме многу, велат неговите колеги и соработници од НУ Завод и Музеј - Охрид.

The post Почина Крсте Мартиноски, човекот што ги реставрираше Горна Порта, Охридската гимназија, куќата на Робевци, на Прличев, на Уранија… appeared first on Република.

]]>

Крсте Мартиноски, нашиот Крки, уникатна Мешеишко-охридска легенда, замина во вечноста и бесконечноста, но само привидно физички, не духовно, оти во спомените наши ќе остане до крајот на векот и светот, соопштја од Завод и музеј Охрид.
Мартиноски е графичар по вокација, уметник во суштина и заштитар, конзерватор и реставратор на уметничките вредности од минатите времиња со академска титула. Во Завод и Музеј-Охрид беше вработен од 1988 до 1991 година. На Охриѓани им ја остави реставрирана вековната Горна Порта, реставрирана и обновена украсната влезна порта од манастирскиот комплекс Св. Богородица Перивлепта, Охридската гимназија, реставрирана надгробната плоча од поетот и преродбеник Григор Прличев, ентериерните специфичности на охридските архитектонски убавици Робевци и Уранија, на ентериерните вредности на обновената Прличевата родна куќа... Незаборавен беше нашиот престој во Херне, Германија, каде што го презентиравме Охрид со најзначајните археолошки вредности и со охридско иконописно наследство, а каде што нашиот Мартиновски, таму симпатично наречен Зигмунд, беше главниот оперативец на изложбата. Од 1991 година до денес Крсте Мартиноски беше слободен уметник и член на ДЛУМ. Презентираше уметнички вредности по скопските галерии и музеи во самостојни и групни изложби. Крај Вардар со сопствени раце си изгради дом со Еденска градина околу него. Незаборавно е неговото учество во конзерваторско-реставраторските работи на Плаошник каде што неговите „златни раце“ од керамички фрагменти обновуваа цели питоси и спојуваа фрагменти од столбови и други камени и мермерни предмети. Праисториската дрвена капија на влезот во реконструираната наколна населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро е негово дело како негов влез во предворјето на праисторијата, таму каде што во длабокото минато ќе се сретне со длабоката иднина и ќе продолжи да живее во вечноста како гласник на нашата цивилизација. И уште нешто, со библиска конотација: Крсте Мартиноски беше заљубен во Адамовата Ева и поради тоа тивко и осамено замина од животот не обвинувајќи никого и добрувајќи со секого. Засекогаш ќе живее во нашите светови, а ние сме многу, велат неговите колеги и соработници од НУ Завод и Музеј - Охрид.

The post Почина Крсте Мартиноски, човекот што ги реставрираше Горна Порта, Охридската гимназија, куќата на Робевци, на Прличев, на Уранија… appeared first on Република.

]]>