Завод и музеј - Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavod-i-muzej-bitola/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 07:41:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Завод и музеј - Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavod-i-muzej-bitola/ 32 32 Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pod-jeni-dhamija-otkrieni-temelite-na-tsrkvata-sv-gorgi-otvoen-muzejot-na-hristijanskoto-i-islamskoto-kulturno-nasledstvo-vo-bitola/ Thu, 21 Nov 2024 20:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=840555

Националната установа Завод и Музеј, во Битола отвори Музеј на христијанското и исламското културно наследство, прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Според Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.

Јени џамија и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос...всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи Трајковска.

Со овој мега проект, Националната установа Завод и Музеј го одбележува својот јубилеј, 90 години од формирањето, нагласи Зоран Николовски, директор на установата.

Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.

Според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство, ја потврдува историјата и значењето на Битола.

На овие балкански и европски простори Битола е еден светилник, раскрсница на христијанството и исламот, но и на разни премрежија кои градот ги минал низ вековите. Битола доби објект кој значи нова туристичка понуда со историска вредност, посочи Коњановски.

Новиот Музеј во Битола се наоѓа спроти градскиот часовник или како што вечерва на свеченото отворање беше нагласено, тоа е објект со длабоки темели на црквата „Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.

The post Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола appeared first on Република.

]]>

Националната установа Завод и Музеј, во Битола отвори Музеј на христијанското и исламското културно наследство, прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Според Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.
Јени џамија и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос...всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи Трајковска.
Со овој мега проект, Националната установа Завод и Музеј го одбележува својот јубилеј, 90 години од формирањето, нагласи Зоран Николовски, директор на установата.
Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.
Според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство, ја потврдува историјата и значењето на Битола.
На овие балкански и европски простори Битола е еден светилник, раскрсница на христијанството и исламот, но и на разни премрежија кои градот ги минал низ вековите. Битола доби објект кој значи нова туристичка понуда со историска вредност, посочи Коњановски.
Новиот Музеј во Битола се наоѓа спроти градскиот часовник или како што вечерва на свеченото отворање беше нагласено, тоа е објект со длабоки темели на црквата „Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.

The post Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола appeared first on Република.

]]>
Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pushteno-vo-upotreba-patsioto-vo-nu-zavod-i-muzej-bitola/ Thu, 19 Oct 2023 20:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=693019

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот Тони Коњановски, вечерва во Битола присуствуваа на свечено отворање на реконструираниот простор – пацио, кое е во состав на НУ Завод и Музеј-Битола.

Во изминатиот период институцијата изврши инфраструктурни зафати во овој дел од објектот каде што се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки, но и пристапни рампи за лица со попреченост, истакна министерката Костадиновска Стојчевска и додаде дека просторот сега е претворен во лапидариум каде што се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно осветлување кои досега не биле презентирани пред јавноста, како и споменици од различни временски периоди откриени на Хераклеја и на други наоѓалишта.

-Морам да истакнам дека станува збор за уште еден успешен проект што Заводот и музеј Битола го реализира со грант од ИПА-програмата во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2), кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа.

Целта на проектот е афирмација на културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Албанија, а тоа ќе придонесе за зацврстување на културната соработка, како и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец.

The post Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот Тони Коњановски, вечерва во Битола присуствуваа на свечено отворање на реконструираниот простор – пацио, кое е во состав на НУ Завод и Музеј-Битола. Во изминатиот период институцијата изврши инфраструктурни зафати во овој дел од објектот каде што се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки, но и пристапни рампи за лица со попреченост, истакна министерката Костадиновска Стојчевска и додаде дека просторот сега е претворен во лапидариум каде што се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно осветлување кои досега не биле презентирани пред јавноста, како и споменици од различни временски периоди откриени на Хераклеја и на други наоѓалишта. -Морам да истакнам дека станува збор за уште еден успешен проект што Заводот и музеј Битола го реализира со грант од ИПА-програмата во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2), кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Целта на проектот е афирмација на културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Албанија, а тоа ќе придонесе за зацврстување на културната соработка, како и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец.

The post Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола appeared first on Република.

]]>
Директорката на битолскиот музеј ја пријави во полиција фирмата што го уништи археолошкиот локалитет Влахо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-bitolskiot-muzej-ja-prijavi-vo-politsija-firmata-shto-go-unishti-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho/ Thu, 02 Mar 2023 16:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=615210

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ - Битола, вчера во СВР Битола пријавила дека на 25 февруари, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет Влахо во с.Живојно, општина Новаци и притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот.

https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno-tselosno-e-unishtena-istochnata-periferija/

Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот.

Од битолската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку, археолошкиот локалитет Влахо е досега најстара откриена неолитска населба во Македонија. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.

The post Директорката на битолскиот музеј ја пријави во полиција фирмата што го уништи археолошкиот локалитет Влахо appeared first on Република.

]]>

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ - Битола, вчера во СВР Битола пријавила дека на 25 февруари, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет Влахо во с.Живојно, општина Новаци и притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот. https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno-tselosno-e-unishtena-istochnata-periferija/ Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот. Од битолската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инаку, археолошкиот локалитет Влахо е досега најстара откриена неолитска населба во Македонија. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.

The post Директорката на битолскиот музеј ја пријави во полиција фирмата што го уништи археолошкиот локалитет Влахо appeared first on Република.

]]>