зависна земја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavisna-zemja/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Sep 2022 14:37:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зависна земја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zavisna-zemja/ 32 32 Македонија е најзависна земја на Балканот, увезува една третина од струјата што ја троши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-najzavisna-zemja-na-balkanot-uvezuva-edna-tretina-od-strujata-shto-ja-troshi/ Thu, 22 Sep 2022 14:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=553214

Македонија увезува дури една третина од струјата и е најзависна земја од увоз во регионот. Над 90 отсто од струјата во Косово е од јаглен, а целата струја во Албанија е од обновливи извори. Црна Гора произведува најмногу струја од ветер. Босна и Херцеговина е единствена која има и за извоз, се вели во анализата на Радио Слободна Европа.

Ситуацијата со производството на струја во Македонија е црна, и буквално и фигуративно. Од една страна не се произведува доволно, па земјава купува од странство по многу високи цени, а од друга страна, најголем дел од струјата што се произведува е од јаглен, кој ја загадува животната средина.

Македонија увезува дури една третина од струјата што ја троши.

Со производство на струја не може да се пофали ниту Косово. И кај нив не се произведува доволно, а и таа што ја произведуваат е од јаглен, во термоцентрали кои се големи загадувачи.

Србија, Албанија и Црна Гора се скоро на нула. Произведуваат колку што трошат.

Босна и Херцеговина е единствена земја во регионот која има и за извоз.

Целата струја што ја произведува Албанија е од обновливи извори на енергија, во најголем дел од хидроцентрали.

Над 90 отсто од струјата во Косово се произведува од јаглен.

Црна Гора е апсолутен лидер во регионот во призводство на струја од ветер. Скоро 9 отсто од струјата им е произведена во ветерни централи.

Србија најмногу произведува, но и најмногу троши.

Албанија троши најмалку струја по жител, а Црна Гора најмногу.

Производството на струја во сончеви централи во регионот е занемарливо.

Целиот регион во голема мера е зависен од јаглен за производство на електрична енергија.

Сите земји извезуваат кога имаат вишоци, и увезуваат кога им треба, но Македонија е најголем нето увозник на струја.

The post Македонија е најзависна земја на Балканот, увезува една третина од струјата што ја троши appeared first on Република.

]]>

Македонија увезува дури една третина од струјата и е најзависна земја од увоз во регионот. Над 90 отсто од струјата во Косово е од јаглен, а целата струја во Албанија е од обновливи извори. Црна Гора произведува најмногу струја од ветер. Босна и Херцеговина е единствена која има и за извоз, се вели во анализата на Радио Слободна Европа. Ситуацијата со производството на струја во Македонија е црна, и буквално и фигуративно. Од една страна не се произведува доволно, па земјава купува од странство по многу високи цени, а од друга страна, најголем дел од струјата што се произведува е од јаглен, кој ја загадува животната средина. Македонија увезува дури една третина од струјата што ја троши. Со производство на струја не може да се пофали ниту Косово. И кај нив не се произведува доволно, а и таа што ја произведуваат е од јаглен, во термоцентрали кои се големи загадувачи. Србија, Албанија и Црна Гора се скоро на нула. Произведуваат колку што трошат. Босна и Херцеговина е единствена земја во регионот која има и за извоз. Целата струја што ја произведува Албанија е од обновливи извори на енергија, во најголем дел од хидроцентрали. Над 90 отсто од струјата во Косово се произведува од јаглен. Црна Гора е апсолутен лидер во регионот во призводство на струја од ветер. Скоро 9 отсто од струјата им е произведена во ветерни централи. Србија најмногу произведува, но и најмногу троши. Албанија троши најмалку струја по жител, а Црна Гора најмногу. Производството на струја во сончеви централи во регионот е занемарливо. Целиот регион во голема мера е зависен од јаглен за производство на електрична енергија. Сите земји извезуваат кога имаат вишоци, и увезуваат кога им треба, но Македонија е најголем нето увозник на струја.

The post Македонија е најзависна земја на Балканот, увезува една третина од струјата што ја троши appeared first on Република.

]]>