заушки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaushki/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 15:18:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заушки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaushki/ 32 32 Хоспитализирани две лица со конго-кримска хеморагична треска во април, две деца имале заушки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-dve-litsa-so-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-april-dve-detsa-imale-zaushki/ Tue, 14 May 2024 15:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=778036

Два случаја на конго-кримска хеморагична треска, а две деца со заразни заушки се регистрирани во април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Случаите на конго-кримска хеморагична треска се регистрирани кон крајот на април.

– Станува збор за лица од рурални средини кои имале контакт со домашни животни со крлежи. Каснување од крлеж е пријавено само кај првиот случај. Првиот случај е од село Градец, Крива Паланка. Почетокот на симптомите биле на 22 април – замор, повраќање, дијареја, крварење од носот и е хоспитализиран на Инфективната клиника на 26 април. Вториот случај е од село Арачиново, Скопје. Симптомите започнале на 24 април – треска 39C, замор, болки во мускулите, повраќање, дијареја и е хоспитализиран на Инфективна клиника на 30 април. Следењето на контактите за двата случаја е во тек. Случаите се потврдени во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ со откриени IgM антитела со ELISA и RNA со RT-PCR, се наведува во извештајот.

Пријавени се и два случаја на заразни заушки. Еден припаѓа во возрасната група од пет до девет години, комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација. Другиот случај е невакцинирано дете на двегодишна возраст. Случаите се клинички потврдени, потенцираат од Институтот.

Во текот на април во Република Македонија, пријавени сe вкупно 1.374 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 74,8 на 100.000 жители.

– Во текот на април, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 845 пријавени лица. Во однос на претходниот месец март, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,4 отсто, додека во однос на месец април 2023, се регистрира намалување за 12,6 проценти, наведуваат од ИЈЗ.

Пријавени се 14 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и еден случај на џардијаза.

Потоа, 34 случаи на шуга, четири случаи на бактериски менингит и по еден случај на вирусен менингит и токоплазмоза.

– Во април пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 30 април, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот од 1987 до 2024, изнесува 657 и тоа 127 лица починале, 530 лица живеат со ХИВ/СИДА, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Пријавени биле вкупно девет случаи на Ковид-19 во текот на април.

Кога станува збор за болести што се регистрираат кај странски државјани, во текот на април, пристигнати биле осум пријави за заразно заболување кај оваа група. Четири пријави за ентероколити, и по две за салмонелоза и голема кашлица кај странски државјани од Косово, Белгија, Германија и од Швајцарија кои престојувале во државава.

The post Хоспитализирани две лица со конго-кримска хеморагична треска во април, две деца имале заушки appeared first on Република.

]]>

Два случаја на конго-кримска хеморагична треска, а две деца со заразни заушки се регистрирани во април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Случаите на конго-кримска хеморагична треска се регистрирани кон крајот на април.
– Станува збор за лица од рурални средини кои имале контакт со домашни животни со крлежи. Каснување од крлеж е пријавено само кај првиот случај. Првиот случај е од село Градец, Крива Паланка. Почетокот на симптомите биле на 22 април – замор, повраќање, дијареја, крварење од носот и е хоспитализиран на Инфективната клиника на 26 април. Вториот случај е од село Арачиново, Скопје. Симптомите започнале на 24 април – треска 39C, замор, болки во мускулите, повраќање, дијареја и е хоспитализиран на Инфективна клиника на 30 април. Следењето на контактите за двата случаја е во тек. Случаите се потврдени во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ со откриени IgM антитела со ELISA и RNA со RT-PCR, се наведува во извештајот.
Пријавени се и два случаја на заразни заушки. Еден припаѓа во возрасната група од пет до девет години, комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација. Другиот случај е невакцинирано дете на двегодишна возраст. Случаите се клинички потврдени, потенцираат од Институтот. Во текот на април во Република Македонија, пријавени сe вкупно 1.374 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 74,8 на 100.000 жители.
– Во текот на април, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 845 пријавени лица. Во однос на претходниот месец март, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,4 отсто, додека во однос на месец април 2023, се регистрира намалување за 12,6 проценти, наведуваат од ИЈЗ.
Пријавени се 14 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и еден случај на џардијаза. Потоа, 34 случаи на шуга, четири случаи на бактериски менингит и по еден случај на вирусен менингит и токоплазмоза.
– Во април пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 30 април, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот од 1987 до 2024, изнесува 657 и тоа 127 лица починале, 530 лица живеат со ХИВ/СИДА, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Пријавени биле вкупно девет случаи на Ковид-19 во текот на април. Кога станува збор за болести што се регистрираат кај странски државјани, во текот на април, пристигнати биле осум пријави за заразно заболување кај оваа група. Четири пријави за ентероколити, и по две за салмонелоза и голема кашлица кај странски државјани од Косово, Белгија, Германија и од Швајцарија кои престојувале во државава.

The post Хоспитализирани две лица со конго-кримска хеморагична треска во април, две деца имале заушки appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-vkupno-903-litsa-so-ovchi-sipanitsi-vo-januari/ Mon, 19 Feb 2024 18:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=745814

Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители. Во текот на јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 23,8 отсто, во однос на претходниот месец, декември 2023 година, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014–2023, за 16,7 проценти. Во однос на јануари 2023, се бележи зголемување за 5,3 отсто, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид.

Низ јануари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 903 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,4 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,9 проценти.

На второ место по број на пријавени заболени во месец јануари се ентероколити, со 163 случаи.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, се регистрирани четири заболени лица и тоа пријавени се по два случаја на вирусен хепатитис Б и инфекција со хламидија.

Во текот на месец јануари, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31 јануари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 639 и тоа: 126 лица починале, 513 живеат со ХИВ/СИДА.

– Регистрирани се и по два случаја на вирусен хепатитис Б и пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Еден случај на заразни заушки е регистриран во Кичево, кај лице на возраст од 19 години, вакцинирано, а дијагнозата е потврдена клинички, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 187 случаи на КОВИД-19, според податоците на ИЈЗ. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јануари, пријавени се вкупно 350.503 потврдени случаи на КОВИД-19 и 9.976 смртни случаи.

Во текот на месец јануари, до Институтот за јавно здравје е пристигната една пријава за епидемија на алиментарна интоксикација од ЦЈЗ Куманово. Епидемијата е пријавена на 02.01.2024, како семејна епидемија во која од експонираните 14 лица заболеле пет, на возраст од 5 до 59 години, од кои три лица биле хоспитализирани. Направено е епидемиолошко истражување и едукација на населението за придржување кон принципите за подготовка и консумација на безбедна храна. Епидемијата е одјавена на 10.01.2024, велат од ИЈЗ.

– Во текот на месец јануари пријавен е еден смртен случај од акутно заразно заболување – не сметајќи ги КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со дг: пневмококен менингитис. Регистрираниот случај е машко лице на возраст од 38 години од Скопје. Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) од 2 до 21 јануари годинава, кога настапил смртниот исход, покажуваат податоците од извештајот на ИЈЗ.

Во текот на месец јануари, пристигнати се две пријави за заразно заболување за салмонелоза кај странски државјанин од САД и алиментарна интоксикација кај странски државјанин од Словенија, кои престојувале во државава.

The post ИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари appeared first on Република.

]]>

Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители. Во текот на јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 23,8 отсто, во однос на претходниот месец, декември 2023 година, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014–2023, за 16,7 проценти. Во однос на јануари 2023, се бележи зголемување за 5,3 отсто, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид. Низ јануари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 903 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,4 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,9 проценти. На второ место по број на пријавени заболени во месец јануари се ентероколити, со 163 случаи. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, се регистрирани четири заболени лица и тоа пријавени се по два случаја на вирусен хепатитис Б и инфекција со хламидија. Во текот на месец јануари, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31 јануари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 639 и тоа: 126 лица починале, 513 живеат со ХИВ/СИДА. – Регистрирани се и по два случаја на вирусен хепатитис Б и пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Еден случај на заразни заушки е регистриран во Кичево, кај лице на возраст од 19 години, вакцинирано, а дијагнозата е потврдена клинички, се наведува во извештајот на ИЈЗ. Во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 187 случаи на КОВИД-19, според податоците на ИЈЗ. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јануари, пријавени се вкупно 350.503 потврдени случаи на КОВИД-19 и 9.976 смртни случаи. Во текот на месец јануари, до Институтот за јавно здравје е пристигната една пријава за епидемија на алиментарна интоксикација од ЦЈЗ Куманово. Епидемијата е пријавена на 02.01.2024, како семејна епидемија во која од експонираните 14 лица заболеле пет, на возраст од 5 до 59 години, од кои три лица биле хоспитализирани. Направено е епидемиолошко истражување и едукација на населението за придржување кон принципите за подготовка и консумација на безбедна храна. Епидемијата е одјавена на 10.01.2024, велат од ИЈЗ. – Во текот на месец јануари пријавен е еден смртен случај од акутно заразно заболување – не сметајќи ги КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со дг: пневмококен менингитис. Регистрираниот случај е машко лице на возраст од 38 години од Скопје. Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) од 2 до 21 јануари годинава, кога настапил смртниот исход, покажуваат податоците од извештајот на ИЈЗ. Во текот на месец јануари, пристигнати се две пријави за заразно заболување за салмонелоза кај странски државјанин од САД и алиментарна интоксикација кај странски државјанин од Словенија, кои престојувале во државава.

The post ИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари appeared first on Република.

]]>