затворска олиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvorska-olicija/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Aug 2022 12:52:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворска олиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvorska-olicija/ 32 32 Припадници на затворската полиција неовластено давале насоки на полицијата на Мечкин Камен, дали Марјан Спасовски ќе побара санкционирање? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pripadnici-na-zatvorskata-policija-neovlasteno-davale-nasoki-na-policijata-na-mechkin-kamen-dali-marjan-spasovski-kje-pobara-sankcioniranje/ Fri, 05 Aug 2022 12:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=537139

Од Левица реагираат дека припадници на затворската полиција неовлстено учествувале на обезбедување на припадниците на власта, а некои од нив биле дел и од онвидентите со граѓаните собрани на Мечкин Камен.

Реакцијата на Левица ја пренесуваме во целост.

„Дали Марјан Спасовски ќе побара санкционирање на овие припадници на затворска полиција кои вршат службени дејствија?

Бидејќи Управата за изршување на санкциите, предводена од директорот Марјан Спасовски од Куманово нема информации дека затворска полиција неовластено учествувала на илинденската прослава, Левица денес објавува фотографии од тројца припадници на затворската полиција.

Овие лица, на објавените видеа во медиумите на илиндеската манифестација јасно се гледаат дека даваат насоки на МВР и вршат други недозволени дејствија.

Првото лице е МАРТИН ДИМЕСКИ, вработен во Казнено-поправен дом Прилеп. На објавеното видео во медиумите, јавно се гледа дека Димески е дел од групата која дава насоки на МВР како да постапува во конфликтот со присутните граѓани.

Вториот припадник на затворската полиција е ЕНИС МУРАТ, вработен во затворот Шутка, кој е сликан на Илинден заедно со директорот на оваа казнено-поправна установа, Филип Андонов. Енис Мурат е дел од истата група со Мартин Димески, а на неговиот профил има објавено слики со високи државни функционери, како претседателот Стево Пендаровски и Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Третиот припадник на затворската полиција е БОБАН КРСТЕСКИ, исто така вработен во затворот Шутка, со која раководи Филип Андонов. Бобан Крстески е дел од истата група на затворска полиција која дава насоки на МВР, со што е јасно дека станува збор за ОРГАНИЗИРАНО и координирано делување,а не поединечно и неорганизирано присуство, како што вчера објави Управата за извршување на санкции.

Според Законот за извршување на сакнциите, затворската полиција не смее да се ангажира да извршува работни задачи надвор од Казнено Поправните Установи низ државата. Директорите на Затвор Прилеп - Александар Дамески и Филип Андонов на Затвор Скопје ги злоупотребиле нивните службени функции и овозможиле затворските полицајци да извршуваат задачи, надвор од нивните овластувања.

Бараме директорот на Управата за извршување на анкциите, Марјан Спасовски од Куманово, веднаш да ги преземе сите мерки за санкционирање на директорите на овие казнено-поправни установи, како и на припадниците на затворската полиција кои неовластено вршеле службени дејствија. Дополнително, директорот Спасовски е одговорен да истражи дали и други директори незаконски организирале затворска полиција да биде ставена во служба на МВР.

Доколку Марјан Спасовски и понатаму продолжи да манипулира со јаноста и се става во заштита на очигледното и брутално кршење на законите, очекуваме министерот за правда Никола Тупанчески да побара негово разрешување.

Изминаа три дена од скандалозните инциденти на Мечкин Камен, каде директно беше инволвирана затворска полиција, а министерот Тупанчески нема никаква реакција во јавноста.

Јавно го прашуваме министерот Тупанчески дали ќе дозволи узурпирање на полицијата и МВР за тесно-партиски интереси на власта и ќе ги штити параполициските структури на СДС кои малтретираат обични граѓани?“

The post Припадници на затворската полиција неовластено давале насоки на полицијата на Мечкин Камен, дали Марјан Спасовски ќе побара санкционирање? appeared first on Република.

]]>

Од Левица реагираат дека припадници на затворската полиција неовлстено учествувале на обезбедување на припадниците на власта, а некои од нив биле дел и од онвидентите со граѓаните собрани на Мечкин Камен. Реакцијата на Левица ја пренесуваме во целост. „Дали Марјан Спасовски ќе побара санкционирање на овие припадници на затворска полиција кои вршат службени дејствија? Бидејќи Управата за изршување на санкциите, предводена од директорот Марјан Спасовски од Куманово нема информации дека затворска полиција неовластено учествувала на илинденската прослава, Левица денес објавува фотографии од тројца припадници на затворската полиција. Овие лица, на објавените видеа во медиумите на илиндеската манифестација јасно се гледаат дека даваат насоки на МВР и вршат други недозволени дејствија. Првото лице е МАРТИН ДИМЕСКИ, вработен во Казнено-поправен дом Прилеп. На објавеното видео во медиумите, јавно се гледа дека Димески е дел од групата која дава насоки на МВР како да постапува во конфликтот со присутните граѓани. Вториот припадник на затворската полиција е ЕНИС МУРАТ, вработен во затворот Шутка, кој е сликан на Илинден заедно со директорот на оваа казнено-поправна установа, Филип Андонов. Енис Мурат е дел од истата група со Мартин Димески, а на неговиот профил има објавено слики со високи државни функционери, како претседателот Стево Пендаровски и Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ. Третиот припадник на затворската полиција е БОБАН КРСТЕСКИ, исто така вработен во затворот Шутка, со која раководи Филип Андонов. Бобан Крстески е дел од истата група на затворска полиција која дава насоки на МВР, со што е јасно дека станува збор за ОРГАНИЗИРАНО и координирано делување,а не поединечно и неорганизирано присуство, како што вчера објави Управата за извршување на санкции. Според Законот за извршување на сакнциите, затворската полиција не смее да се ангажира да извршува работни задачи надвор од Казнено Поправните Установи низ државата. Директорите на Затвор Прилеп - Александар Дамески и Филип Андонов на Затвор Скопје ги злоупотребиле нивните службени функции и овозможиле затворските полицајци да извршуваат задачи, надвор од нивните овластувања. Бараме директорот на Управата за извршување на анкциите, Марјан Спасовски од Куманово, веднаш да ги преземе сите мерки за санкционирање на директорите на овие казнено-поправни установи, како и на припадниците на затворската полиција кои неовластено вршеле службени дејствија. Дополнително, директорот Спасовски е одговорен да истражи дали и други директори незаконски организирале затворска полиција да биде ставена во служба на МВР. Доколку Марјан Спасовски и понатаму продолжи да манипулира со јаноста и се става во заштита на очигледното и брутално кршење на законите, очекуваме министерот за правда Никола Тупанчески да побара негово разрешување. Изминаа три дена од скандалозните инциденти на Мечкин Камен, каде директно беше инволвирана затворска полиција, а министерот Тупанчески нема никаква реакција во јавноста. Јавно го прашуваме министерот Тупанчески дали ќе дозволи узурпирање на полицијата и МВР за тесно-партиски интереси на власта и ќе ги штити параполициските структури на СДС кои малтретираат обични граѓани?“

The post Припадници на затворската полиција неовластено давале насоки на полицијата на Мечкин Камен, дали Марјан Спасовски ќе побара санкционирање? appeared first on Република.

]]>