затворени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoreni/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 09:31:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoreni/ 32 32 В четврток и петок во Охрид привремено затворени неколку улици, доаѓа Виктор Орбан со делегација од унгарската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/v-chetvrtok-i-petok-vo-ohrid-privremeno-zatvoreni-nekolku-ulitsi-doaga-viktor-orban-so-delegatsija-od-ungarskata-vlada/ Wed, 25 Sep 2024 09:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=819483

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“. На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа, известува СВР Охрид.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.

The post В четврток и петок во Охрид привремено затворени неколку улици, доаѓа Виктор Орбан со делегација од унгарската влада appeared first on Република.

]]>

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“. На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа, известува СВР Охрид. Од СВР Охрид апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.  

The post В четврток и петок во Охрид привремено затворени неколку улици, доаѓа Виктор Орбан со делегација од унгарската влада appeared first on Република.

]]>
Времен режим на сообраќај во Скопје, затворени неколку улици https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vremen-rezhim-na-soobrakaj-vo-skopje-zatvoreni-nekolku-ulitsi/ Thu, 20 Jun 2024 08:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=789242

ЦУК информира дека Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на ул. Железничка во моментов е воведен времен режим на сообраќај и долж улицата не се одвива сообраќај од крстосницата со бул. Водњанска до крстосницата со ул. Антон Попов.

ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

The post Времен режим на сообраќај во Скопје, затворени неколку улици appeared first on Република.

]]>

ЦУК информира дека Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на ул. Железничка во моментов е воведен времен режим на сообраќај и долж улицата не се одвива сообраќај од крстосницата со бул. Водњанска до крстосницата со ул. Антон Попов. ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.  

The post Времен режим на сообраќај во Скопје, затворени неколку улици appeared first on Република.

]]>
Грција зоврива, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-zovriva-pet-chasa-zatvoreni-arheoloshkite-lokaliteti-vo-atina/ Thu, 13 Jun 2024 07:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=787109

Археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол во периодот од 12 до 17 часот, ќе бидат затворени поради високите температури, а во текот на денешниот ден, според метеоролозите, ќе кулминира топлотниот бран, јави дописничката на МИА од Атина.

Во повеќе делови на Грција, прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени.

Од Министерството за култура утрово соопштија дека археолошките локалитети пет часа ќе бидат затворени и препорачаа при посета на археолошките локалитети, „посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар“.

Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот.

The post Грција зоврива, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина appeared first on Република.

]]>

Археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол во периодот од 12 до 17 часот, ќе бидат затворени поради високите температури, а во текот на денешниот ден, според метеоролозите, ќе кулминира топлотниот бран, јави дописничката на МИА од Атина. Во повеќе делови на Грција, прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени. Од Министерството за култура утрово соопштија дека археолошките локалитети пет часа ќе бидат затворени и препорачаа при посета на археолошките локалитети, „посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар“. Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот.

The post Грција зоврива, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина appeared first on Република.

]]>
Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-dena-hirurshkite-sali-vo-klinichkiot-tsentar-ne-rabotat-ke-se-otvorat-otkako-ke-se-otkrie-od-kade-se-shiri-neprijatna-mirizba/ Wed, 22 May 2024 13:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=780877

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил увид во хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но Инспекторатот, како што денеска изјави директорката Рената Младеновска, не е надлежен да постапува по ова прашање, па затоа го информирале министерот за здравство дека салите се затворени до решавање на проблемот.

Младеновска изрази надеж дека утре хируршките сали на Клиничкиот центар ќе бидат отворени.

Се надевам дека во текот на утрешниот ден би требало да има отворање на хируршките сали, доколку се открие каде лежи проблемот, односно каде е дефектот и од каде се шири непријатна миризба, изјави Младеновска, одговарајќи на новинарско прашање дека пет дена не се прават операции во овие сали.

Посочи дека имале состаноци со министерот за здравство и со директорите на хируршкиот блок и дека министерот издал налог за вонреден инспекциски надзор.

- Вчера бевме на сите хируршки клиники во целиот хируршки блок. Ние не можеме да постапуваме во однос на оваа проблематика, од причина што само проверивме дека на сите хируршки оддели има централен довод на гасови. Бидејќи не сме надлежна институција, само го информиравме за фактичката состојба, а тоа е дека салите сѐ уште се затворени до решавање на проблемот, појасни директорката на ДСЗИ.

Од Министерството за здравство вчера најавија дека хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Како што изјавија, проблемот со компримираниот воздух бил надминат и сервисирањето било успешно завршено.

Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, информираа од Министерството за здравство.

The post Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил увид во хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но Инспекторатот, како што денеска изјави директорката Рената Младеновска, не е надлежен да постапува по ова прашање, па затоа го информирале министерот за здравство дека салите се затворени до решавање на проблемот. Младеновска изрази надеж дека утре хируршките сали на Клиничкиот центар ќе бидат отворени.
Се надевам дека во текот на утрешниот ден би требало да има отворање на хируршките сали, доколку се открие каде лежи проблемот, односно каде е дефектот и од каде се шири непријатна миризба, изјави Младеновска, одговарајќи на новинарско прашање дека пет дена не се прават операции во овие сали.
Посочи дека имале состаноци со министерот за здравство и со директорите на хируршкиот блок и дека министерот издал налог за вонреден инспекциски надзор.
- Вчера бевме на сите хируршки клиники во целиот хируршки блок. Ние не можеме да постапуваме во однос на оваа проблематика, од причина што само проверивме дека на сите хируршки оддели има централен довод на гасови. Бидејќи не сме надлежна институција, само го информиравме за фактичката состојба, а тоа е дека салите сѐ уште се затворени до решавање на проблемот, појасни директорката на ДСЗИ.
Од Министерството за здравство вчера најавија дека хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Како што изјавија, проблемот со компримираниот воздух бил надминат и сервисирањето било успешно завршено.
Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, информираа од Министерството за здравство.
 
The post Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба appeared first on Република.

]]>
Ампева: За два месеца затворени се четири помали штипски конфекции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ampeva-za-dva-mesetsa-zatvoreni-se-chetiri-pomali-shtipski-konfektsii/ Fri, 22 Dec 2023 12:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=725676

Затворени се четири помали конфекции во изминатите два месеца, во кои беа вработени околу 130 штипски текстилни работници, изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Причината за нивното затварање е немање налози од странските партнери, а дел од брендовите си заминаа, односно своето производство го преселија во Египет, Мароко или во други земји. Таа посочи дека во една од конфекциите самите работници си потпишале спогодби со работодавачот, наместо да не потпишат ништо, со што би имале право на испратнина и се она што им следува согласно Законот за работни односи.

Во останатите фирми имаше за жал примери каде што работодавачите, сметаа дека така ќе ги затворат фирмите, една од нив должеше една плата, другите должеа две плати. Мислеа дека така ќе си поминат и ќе ги затворат фирмите. Меѓутоа ние тоа навремено го стопиравме тоа, благодарение на иснпекторите од областа на трудот од Штип платите се исплатени. Значи нема да биде типичен пример на она се затвараат фирми, работниците остануваат без неколку плати. Ние овде успеавме да се исплатат, вели Ампева.

Таа истакна дека засега не е голем бранот на затварање на текстилни конфекции, какошто го најавија дел од работодавачите, а ова се случува поради инфлацијата и помалата потрошувачка моќ на граѓаните од ЕУ, кои и помалку купуваат облека.

За жал еве да речеме ова се ефектите од тоа лон производство во нашите конфекции и од кои зависиме, брендовите со кои има преговори велат дека ни старее работна сила во овој сектор во Македонија и тие бараат нормално постабилен пазар, со помодерна автоматизација и модернизација во работењето. За жал, неколку фактори се, вели Ампева.

Таа упати апел до работниците, кога се затвара фирмата да не потпишуваат апсолутно ништо, бидејќи фирмата се затвара од деловни причини и имаат право соодветно да им биде исплатена испратнина, согласно нивниот работен стаж. Тие работници што не се потпишаа им ја водиме постапката, меѓутоа тие што се потпишале ние не можеме апсолутно ништо да направиме, истакна Ампева.

Прашана дали дел од текстилните работнички се вработија веднаш во други конфекции, Ампева потврдува дека дел од нив се вработиле во конфекции, каде што „Гласен Текстилец“ се обидува да направи синдикат.

Работодавачот вели нормално е и ние имаме зголемен обем на работа. Зошто е тоа така? Заради тоа што плаќаат многу повеќе и повисоки плати и внимаваат на стандардите на коишто работат, најмногу што можат, а особено она што го бараат германските брендови, рече Ампева.

Таа додаде дека оние текстилни компании кои имаат и зголемен обем на работа освен што бараат работници најавиле и зголемување на платите.

The post Ампева: За два месеца затворени се четири помали штипски конфекции appeared first on Република.

]]>

Затворени се четири помали конфекции во изминатите два месеца, во кои беа вработени околу 130 штипски текстилни работници, изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Причината за нивното затварање е немање налози од странските партнери, а дел од брендовите си заминаа, односно своето производство го преселија во Египет, Мароко или во други земји. Таа посочи дека во една од конфекциите самите работници си потпишале спогодби со работодавачот, наместо да не потпишат ништо, со што би имале право на испратнина и се она што им следува согласно Законот за работни односи.
Во останатите фирми имаше за жал примери каде што работодавачите, сметаа дека така ќе ги затворат фирмите, една од нив должеше една плата, другите должеа две плати. Мислеа дека така ќе си поминат и ќе ги затворат фирмите. Меѓутоа ние тоа навремено го стопиравме тоа, благодарение на иснпекторите од областа на трудот од Штип платите се исплатени. Значи нема да биде типичен пример на она се затвараат фирми, работниците остануваат без неколку плати. Ние овде успеавме да се исплатат, вели Ампева.
Таа истакна дека засега не е голем бранот на затварање на текстилни конфекции, какошто го најавија дел од работодавачите, а ова се случува поради инфлацијата и помалата потрошувачка моќ на граѓаните од ЕУ, кои и помалку купуваат облека.
За жал еве да речеме ова се ефектите од тоа лон производство во нашите конфекции и од кои зависиме, брендовите со кои има преговори велат дека ни старее работна сила во овој сектор во Македонија и тие бараат нормално постабилен пазар, со помодерна автоматизација и модернизација во работењето. За жал, неколку фактори се, вели Ампева.
Таа упати апел до работниците, кога се затвара фирмата да не потпишуваат апсолутно ништо, бидејќи фирмата се затвара од деловни причини и имаат право соодветно да им биде исплатена испратнина, согласно нивниот работен стаж. Тие работници што не се потпишаа им ја водиме постапката, меѓутоа тие што се потпишале ние не можеме апсолутно ништо да направиме, истакна Ампева. Прашана дали дел од текстилните работнички се вработија веднаш во други конфекции, Ампева потврдува дека дел од нив се вработиле во конфекции, каде што „Гласен Текстилец“ се обидува да направи синдикат.
Работодавачот вели нормално е и ние имаме зголемен обем на работа. Зошто е тоа така? Заради тоа што плаќаат многу повеќе и повисоки плати и внимаваат на стандардите на коишто работат, најмногу што можат, а особено она што го бараат германските брендови, рече Ампева.
Таа додаде дека оние текстилни компании кои имаат и зголемен обем на работа освен што бараат работници најавиле и зголемување на платите.  

The post Ампева: За два месеца затворени се четири помали штипски конфекции appeared first on Република.

]]>
Затворени за сообраќај неколку крстосници во Скопје, ќе се одржи генерална проба на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zatvoreni-za-soobrakaj-nekolku-krstosnitsi-vo-skopje-ke-se-odrzhi-generalna-proba-na-vezhbata-humanitaren-odgovor-2023/ Sun, 15 Oct 2023 06:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=691328

Во Скопје денеска од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку крстосници. Во тој период ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба во итна ситуација - земјотрес „Хуманитарен одговор 2023“ планирана за 18. месецов, во организација на Црвен Крст на РМ, под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје.

Како што најавија од Министерството за внатрешни работи, од 9 до 14 часот затворени ќе бидат крстосниците: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од крстосница со ул.„Орце Николов“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“) и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

Главниот настан ќе се одржи на 18. месецов (среда) во периодот од 09.00 до 14.00 часот поради што затворени за сообраќај ќе бидат крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“), сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

The post Затворени за сообраќај неколку крстосници во Скопје, ќе се одржи генерална проба на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“ appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку крстосници. Во тој период ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба во итна ситуација - земјотрес „Хуманитарен одговор 2023“ планирана за 18. месецов, во организација на Црвен Крст на РМ, под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје. Како што најавија од Министерството за внатрешни работи, од 9 до 14 часот затворени ќе бидат крстосниците: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од крстосница со ул.„Орце Николов“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“) и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас. Главниот настан ќе се одржи на 18. месецов (среда) во периодот од 09.00 до 14.00 часот поради што затворени за сообраќај ќе бидат крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“), сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

The post Затворени за сообраќај неколку крстосници во Скопје, ќе се одржи генерална проба на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“ appeared first on Република.

]]>
Бектеши откри дел од маркетите кои се затворени поради непочитување на гарантираната цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-otkri-del-od-marketite-koi-se-zatvoreni-poradi-nepochituvane-na-garantiranata-tsena/ Mon, 25 Sep 2023 11:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=684955

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска обелодени дел од објектите на ланците супермаркети кои се затворени затоа што не ја почитувале новата одлука на Владата за поевтинување на производите и гарантираната цена. Според него, станува збор за маркети од ланците „Веро“ и „Вива фреш“.

Не ми е проблем да ги наведам маркетите кои се затворени, но цела држава ги знае. Во скопскиот регион станува збор за „Веро“ и „Вива фреш“. Нема зошто да се има страв да се кажат. Сите што нема да ги почитуваат мерките, ќе бидат затворени и наведени. И вие медиумите треба да ги наведите маркетите кои се затворени затоа што најверојатно ви сугерираат заради рекламите и не ги наведувате, туку само кажувате дека има затворени, кажа Бектеши при посетата на компанијата „Алма М“ во скопско Визбегово.

Како што рече министерот, во секој град има речиси по 10 маркети од големите ланци на фирми.

The post Бектеши откри дел од маркетите кои се затворени поради непочитување на гарантираната цена appeared first on Република.

Казнети и затворени повеќе ланци на маркети во Скопје и Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kazneti-i-zatvoreni-poveke-lantsi-na-marketi-vo-skopje-i-struga/ Sat, 23 Sep 2023 18:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=684495

Директорот на пазарна инспекција, Горан Трајковски, информира дека се казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје во населбите Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел, но и маркети во Струга.

Апелирам до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат кога е во прашање интересот на граѓаните. Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и одлуките на владата. Исто така нема да дозволам некој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните, потрошувачите, напиша Трајковски на својот Фејсбук профил.

Трајковски не дава конкретна информација за какви прекршоци се казните и затворени ланците маркети.

The post Казнети и затворени повеќе ланци на маркети во Скопје и Струга appeared first on Република.

Денеска ќе бидат затворени дел од скопските булевари https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-ke-bidat-zatvoreni-del-od-skopskite-bulevari/ Sun, 14 May 2023 07:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=640582

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска од 08:30 до 12:30 часот поради одржување на триатлон натпревар, ќе бидат презмени мерки за посебен режим на сообраќај во дел од Скопје.

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“ и обратно.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

The post Денеска ќе бидат затворени дел од скопските булевари appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска од 08:30 до 12:30 часот поради одржување на триатлон натпревар, ќе бидат презмени мерки за посебен режим на сообраќај во дел од Скопје. Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“ и обратно. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

The post Денеска ќе бидат затворени дел од скопските булевари appeared first on Република.

]]>
Високите сметки за струја и трошоците причина за затворање на поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/visokite-smetki-za-struja-i-troshotsite-prichina-za-zatvorane-na-pogolemite-hotelski-kapatsiteti-na-ohridsko-strushkoto-krajbrezhje/ Mon, 06 Feb 2023 14:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=605547

Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработнете во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога интересот за хотелските услуги е минимален.

Сите вработени се на платен список. Повеќето користат годишен одмор, земаат цела плата, ќе влезат некој ден во минус кој ќе го одработат понатаму. Се работи за вработени кои работеле многу години во секторот, информира Блажески.

Повтoрно отворање најави за средината на март, кога почнува сезоната на семинари, а потоа од април се очекуваат и првите туристи од Полска, Холандија….

Интересот за летување на охридското крајбрежје, посочи дека е ист како и претходните години, но очекува подобра туристичка сезона од минатата, кога имаше ковид- пандемија.

Интересот е како минатите години. Договорите со странските тур-оператори остануваат, нема видливо зголемување. Со оглед на сите поскапувања, во енергијата, храната и се останато и цените на сместувачките капацитети, остануваме како поефтина дестинација од соседството, истакна Блажески.

The post Високите сметки за струја и трошоците причина за затворање на поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје appeared first on Република.

]]>

Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработнете во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога интересот за хотелските услуги е минимален.
Сите вработени се на платен список. Повеќето користат годишен одмор, земаат цела плата, ќе влезат некој ден во минус кој ќе го одработат понатаму. Се работи за вработени кои работеле многу години во секторот, информира Блажески.
Повтoрно отворање најави за средината на март, кога почнува сезоната на семинари, а потоа од април се очекуваат и првите туристи од Полска, Холандија…. Интересот за летување на охридското крајбрежје, посочи дека е ист како и претходните години, но очекува подобра туристичка сезона од минатата, кога имаше ковид- пандемија.
Интересот е како минатите години. Договорите со странските тур-оператори остануваат, нема видливо зголемување. Со оглед на сите поскапувања, во енергијата, храната и се останато и цените на сместувачките капацитети, остануваме како поефтина дестинација од соседството, истакна Блажески.

The post Високите сметки за струја и трошоците причина за затворање на поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје appeared first on Република.

]]>
Ракометните клубови од Ѓорче Петров на улица: Арсовска им ја затвори салата! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rakometnite-klubovi-od-gorche-petrov-na-ulitsa-arsovska-im-ja-zatvori-salata/ Mon, 30 Jan 2023 21:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=602780

Ракометните клубови Македонија Ѓорче Петров во машка и Ѓорче Петров во женска конкуренција останаа без сала за тренинзи. Како што соопштија од клубовите, нивната сала во средното училиште Кочо Рацин, која со години ја употребуваа, сега е затворена со одлука на градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје. Салата е ставена вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволуваше условите за одржување на тренинзи и натпревари.

Од клубовите порачаа дека нема да ги откажат во намерите за тренинзи, па иако во Скопје температурите се скоро до нулата, двата клуба почнаа со тренинзи на отворено, во исчекување на решение на бирократските проблеми со нивната спортска сала.

The post Ракометните клубови од Ѓорче Петров на улица: Арсовска им ја затвори салата! appeared first on Република.

]]>

Ракометните клубови Македонија Ѓорче Петров во машка и Ѓорче Петров во женска конкуренција останаа без сала за тренинзи. Како што соопштија од клубовите, нивната сала во средното училиште Кочо Рацин, која со години ја употребуваа, сега е затворена со одлука на градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје. Салата е ставена вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволуваше условите за одржување на тренинзи и натпревари. Од клубовите порачаа дека нема да ги откажат во намерите за тренинзи, па иако во Скопје температурите се скоро до нулата, двата клуба почнаа со тренинзи на отворено, во исчекување на решение на бирократските проблеми со нивната спортска сала.

The post Ракометните клубови од Ѓорче Петров на улица: Арсовска им ја затвори салата! appeared first on Република.

]]>
Десетина дуќани на улица Македонија ставија клуч на врата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/desetina-dukani-na-ulitsa-makedonija-stavija-kluch-na-vrata/ Sun, 29 Jan 2023 19:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=602356

Десетина дуќани кои претходно работеа на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје стојат затворени и облепени со плакати на кои пишува СЕ ИЗДАВА.

Во најголем број клуч на врата ставиле угостителски објекти, а интересно е дека празен стои и дуќанот кој за својата предизборна кампања го изнајмила и градоначалничката Данела Арсовска чиј лик и предизборниот слоган уште стојат на деловниот простор на улица Македонија во Скопје, кој после неа никој не го изнајмил за да работи во него.

Исто , ако не и полошо е и по околните улици низ центарот на градот каде се повеќе дуќани наместо со полни излоси, стојат облепени со натпис СЕ ИЗДАВА.

извор news 1.mk

The post Десетина дуќани на улица Македонија ставија клуч на врата appeared first on Република.

]]>

Десетина дуќани кои претходно работеа на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје стојат затворени и облепени со плакати на кои пишува СЕ ИЗДАВА. Во најголем број клуч на врата ставиле угостителски објекти, а интересно е дека празен стои и дуќанот кој за својата предизборна кампања го изнајмила и градоначалничката Данела Арсовска чиј лик и предизборниот слоган уште стојат на деловниот простор на улица Македонија во Скопје, кој после неа никој не го изнајмил за да работи во него. Исто , ако не и полошо е и по околните улици низ центарот на градот каде се повеќе дуќани наместо со полни излоси, стојат облепени со натпис СЕ ИЗДАВА. извор news 1.mk

The post Десетина дуќани на улица Македонија ставија клуч на врата appeared first on Република.

]]>
Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milioni-lugje-okolu-peking-se-vo-karantin-pred-nacionalniot-kongres-na-komunistichkata-partija/ Tue, 30 Aug 2022 08:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=545520

Кина нареди затворање на милиони луѓе во областите околу кинескиот главен град, а властите ги удвоија напорите за спречување на ширење на Ковид-19 пред овогодишниот клучен состанок на владејачката Комунистичка партија.

На речиси четири милиони луѓе во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, им е наредено да останат дома до крајот на неделата, бидејќи се прават напори да се спречи ширењето на вирусот.

Повеќе од 13 милиони луѓе во соседниот пристаништен град Тијанџин мора да бидат тестирани откако беа потврдени 51 претежно благ случај.

Кина е единствената голема економија во светот со политика на нулта стапка на инфекција со Ковид-19, а карантините, ограничувањата за патување и масовните тестирања го нарушија бизнисот и го забавија економскиот раст.

Пекинг ги удвои своите напори за борба против Ковид-19 пред 20-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија, што треба да се одржи во следните три месеци.

Одговорот на пандемијата се смета за централен дел од политичкото наследство на претседателот Си Џинпинг, кој на конгресот треба да освои трет мандат без преседан.

Но, „вистинската ситуација со Ковид-19 во Кина може да се влоши, бидејќи вирусот повторно се прошири во големите градови“, предупреди аналитичарот Номура Тинг Луи.

Ченгду, најголемиот град во западна Кина, воведе строги ограничувања за патување.

Две области во технолошкиот центар Шенжен на југ се делумно затворени, додека најголемиот светски пазар за електроника во Хуачиангбеи е затворен и покрај 35 случаи на ден во градот со повеќе од 18 милиони жители.

„Одеднаш дојде известувањето за затворање, имавме само неколку часа да ги ставиме нашите залихи во магацини и да ги заклучиме, изјави Чен, трговец на технолошкиот пазар Хуачиангбеи.

Во Футиан, каде е сместена градската власт, кината, караоке баровите и парковите се затворени до петок, а големите јавни настани се откажани.

Официјалните лица, исто така, ја запечатија населбата Ванксиа на периферијата на градот, која нуди поволни станови за доставувачите и работниците мигранти, иако таму не се пријавени случаи.

The post Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија appeared first on Република.

]]>

Кина нареди затворање на милиони луѓе во областите околу кинескиот главен град, а властите ги удвоија напорите за спречување на ширење на Ковид-19 пред овогодишниот клучен состанок на владејачката Комунистичка партија. На речиси четири милиони луѓе во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, им е наредено да останат дома до крајот на неделата, бидејќи се прават напори да се спречи ширењето на вирусот. Повеќе од 13 милиони луѓе во соседниот пристаништен град Тијанџин мора да бидат тестирани откако беа потврдени 51 претежно благ случај. Кина е единствената голема економија во светот со политика на нулта стапка на инфекција со Ковид-19, а карантините, ограничувањата за патување и масовните тестирања го нарушија бизнисот и го забавија економскиот раст. Пекинг ги удвои своите напори за борба против Ковид-19 пред 20-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија, што треба да се одржи во следните три месеци. Одговорот на пандемијата се смета за централен дел од политичкото наследство на претседателот Си Џинпинг, кој на конгресот треба да освои трет мандат без преседан. Но, „вистинската ситуација со Ковид-19 во Кина може да се влоши, бидејќи вирусот повторно се прошири во големите градови“, предупреди аналитичарот Номура Тинг Луи. Ченгду, најголемиот град во западна Кина, воведе строги ограничувања за патување. Две области во технолошкиот центар Шенжен на југ се делумно затворени, додека најголемиот светски пазар за електроника во Хуачиангбеи е затворен и покрај 35 случаи на ден во градот со повеќе од 18 милиони жители.
„Одеднаш дојде известувањето за затворање, имавме само неколку часа да ги ставиме нашите залихи во магацини и да ги заклучиме, изјави Чен, трговец на технолошкиот пазар Хуачиангбеи.
Во Футиан, каде е сместена градската власт, кината, караоке баровите и парковите се затворени до петок, а големите јавни настани се откажани. Официјалните лица, исто така, ја запечатија населбата Ванксиа на периферијата на градот, која нуди поволни станови за доставувачите и работниците мигранти, иако таму не се пријавени случаи.

The post Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија appeared first on Република.

]]>
Обрнете внимание каде возите, повеќе улици ќе бидат затворени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/obrnete-vnimanie-kade-vozite-povekje-ulici-kje-bidat-zatvoreni/ Mon, 16 May 2022 07:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=502724

Поради одржување оперативно-тактичка вежба денеска во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 9:30 до 12 часот од страна на МВР и во координација со Амбасадата на САД.

Во овој период затворени ќе бидат улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до улицата „8 Септември“.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

The post Обрнете внимание каде возите, повеќе улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>

Поради одржување оперативно-тактичка вежба денеска во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 9:30 до 12 часот од страна на МВР и во координација со Амбасадата на САД. Во овој период затворени ќе бидат улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до улицата „8 Септември“. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

The post Обрнете внимание каде возите, повеќе улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Втор ден затворени дел од училиштата во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vtor-den-zatvoreni-del-od-uchilishtata-vo-atina/ Fri, 11 Mar 2022 10:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=471239

Основните и средните училишта во северниот, западниот и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и денеска, втор ден по ред се затворени поради невремето „Филипос” што донесе снег во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката е на префектот на областа Атика Јоргос Патулис по состанокот и консултациите со градоначалниците на општините, а согласно прогнозите на метеоролозите.

Паралелно од синоќа во сила е мерката за забрана за сообраќај на тешки возила по 22 часот на еден дел од автопатот од Атина кон Ламија.

Невремето „Филипос“ донесе ниски температури и снег во цела Грција.

The post Втор ден затворени дел од училиштата во Атина appeared first on Република.

]]>

Основните и средните училишта во северниот, западниот и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и денеска, втор ден по ред се затворени поради невремето „Филипос” што донесе снег во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е на префектот на областа Атика Јоргос Патулис по состанокот и консултациите со градоначалниците на општините, а согласно прогнозите на метеоролозите. Паралелно од синоќа во сила е мерката за забрана за сообраќај на тешки возила по 22 часот на еден дел од автопатот од Атина кон Ламија. Невремето „Филипос“ донесе ниски температури и снег во цела Грција.

The post Втор ден затворени дел од училиштата во Атина appeared first on Република.

]]>
Од денеска недела е неработен ден: Маркетите затворени, метеж на бензинските пумпи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-nedela-e-neraboten-den-marketite-zatvoreni-metez-na-benzinskite-pumpi/ Sun, 02 Jan 2022 12:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=439569

Законот за недела неработен ден, кој почна да се применува од 1 јануари ги затвори најголемите трговски синџири денеска во главниот град. Тоа созаде метеж на бензиските станици кои секако работат и денеска. Затворени се и поголемиот број на дуќаните во моловите.

Поради законските обврски денеска е ден за одмор на околу 92 отсто од работниците. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто. А дополнително, 2 проценти од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. Тоа најверојатно ги принуди сопствениците да ги затворат објектите.

Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.

Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд.

The post Од денеска недела е неработен ден: Маркетите затворени, метеж на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>

Законот за недела неработен ден, кој почна да се применува од 1 јануари ги затвори најголемите трговски синџири денеска во главниот град. Тоа созаде метеж на бензиските станици кои секако работат и денеска. Затворени се и поголемиот број на дуќаните во моловите. Поради законските обврски денеска е ден за одмор на околу 92 отсто од работниците. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто. А дополнително, 2 проценти од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. Тоа најверојатно ги принуди сопствениците да ги затворат објектите. Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела. Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд.

The post Од денеска недела е неработен ден: Маркетите затворени, метеж на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>