затворени објекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoreni-objekti/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Sep 2023 10:11:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворени објекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoreni-objekti/ 32 32 Инспекторите затворија уште пет маркети кои не продавале по „гарантирана цена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inspektorite-zatvorija-ushte-pet-marketi-koi-ne-prodavale-po-garantirana-tsena/ Thu, 28 Sep 2023 10:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=685968

Пазарните инспектори синоќа затвориле нови пет маркети низ земјава кои не ја почитувале одлуката за замрзнатите цени на прехранбените производи според одлуката на Владата, информираше преку социјалните мрежи директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Тој посочи дека казнети и пломбирани биле маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово.

Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одлуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите! Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!, вели Трајковски во пораката објавена на Фејсбук.

Директорот истовремено упати благодарност до граѓаните кои пријавуваат неправилности до Пазарниот инспекторат на телефонскиот број 02/191.

Казните следуваат откако беа замрзнати и намалени цените на 24 категории прехранбени производи, како што се лебот, млекото, јогуртот, оризот, тестенините, месото, кашкавалот или сирењето. Од вчера на сила е и мерката за замрзнати цени на безалкохолни пијалаци и светло пиво.

Одлуката е предвидено да биде на сила до 30 ноември, а со неа надлежните очекуваат да се намали инфлацијата на храната за 4 до 5% до крајот на годинава. Прехранбените производи кои влегуваат во листата на Владата сега во маркетите се означени со црвена назнака на која пишува „гарантирана цена“.

The post Инспекторите затворија уште пет маркети кои не продавале по „гарантирана цена“ appeared first on Република.

]]>

Пазарните инспектори синоќа затвориле нови пет маркети низ земјава кои не ја почитувале одлуката за замрзнатите цени на прехранбените производи според одлуката на Владата, информираше преку социјалните мрежи директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски. Тој посочи дека казнети и пломбирани биле маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово. Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одлуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите! Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!, вели Трајковски во пораката објавена на Фејсбук. Директорот истовремено упати благодарност до граѓаните кои пријавуваат неправилности до Пазарниот инспекторат на телефонскиот број 02/191. Казните следуваат откако беа замрзнати и намалени цените на 24 категории прехранбени производи, како што се лебот, млекото, јогуртот, оризот, тестенините, месото, кашкавалот или сирењето. Од вчера на сила е и мерката за замрзнати цени на безалкохолни пијалаци и светло пиво. Одлуката е предвидено да биде на сила до 30 ноември, а со неа надлежните очекуваат да се намали инфлацијата на храната за 4 до 5% до крајот на годинава. Прехранбените производи кои влегуваат во листата на Владата сега во маркетите се означени со црвена назнака на која пишува „гарантирана цена“.

The post Инспекторите затворија уште пет маркети кои не продавале по „гарантирана цена“ appeared first on Република.

]]>