затворена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvorena/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 12:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvorena/ 32 32 Поради најава за невреме затворена е фан зоната во Дортмунд https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poradi-najava-za-nevreme-zatvorena-e-fan-zonata-vo-dortmund/ Tue, 18 Jun 2024 12:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=788760

Во Дортмунд затворена е фан зоната и јавната површина за гледање на натпреварот од првото коло на групниот турнир на Евро 2024 меѓу репрезентациите на Турција и Грузија, пишува порталот dortmund.de.

Одлуката е донесена поради тоа што е добиено предупредување за невреме. Германската метеоролошка служба предупреди на ризик од врнежи од дожд, молњи и силни ветрови во градот.

Навивачите без билети за натпреварот на стадионот беа повикани да останат дома. Градскиот претставник на Дортмунд за ЕП 2024, Мартин Зауер, истакна дека безбедноста на навивачите е приоритет за градските власти.

Натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија ќе се игра попладнево на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ со почеток во 18 часот.

Европското фудбалско првенство се игра во Германија од 14 јуни до 14 јули. Десет германски градови се домаќини на турнирот.

 

The post Поради најава за невреме затворена е фан зоната во Дортмунд appeared first on Република.

]]>

Во Дортмунд затворена е фан зоната и јавната површина за гледање на натпреварот од првото коло на групниот турнир на Евро 2024 меѓу репрезентациите на Турција и Грузија, пишува порталот dortmund.de. Одлуката е донесена поради тоа што е добиено предупредување за невреме. Германската метеоролошка служба предупреди на ризик од врнежи од дожд, молњи и силни ветрови во градот. Навивачите без билети за натпреварот на стадионот беа повикани да останат дома. Градскиот претставник на Дортмунд за ЕП 2024, Мартин Зауер, истакна дека безбедноста на навивачите е приоритет за градските власти. Натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија ќе се игра попладнево на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ со почеток во 18 часот. Европското фудбалско првенство се игра во Германија од 14 јуни до 14 јули. Десет германски градови се домаќини на турнирот.  

The post Поради најава за невреме затворена е фан зоната во Дортмунд appeared first on Република.

]]>
Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/popularnata-plazha-navagio-na-grchkiot-ostrov-zakintos-i-ovaa-leto-zatvorena-za-turisti/ Fri, 10 May 2024 13:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=776823

Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од вода, за прекршувањата предвидени се административни казни, а „Навагио“ ќе биде затворена до 31 октомври 2024 година.

Популарната плажа на грчкиот остров и лани, за време на летниот период, исто така со министерска одлука беше затворена откако беше констатирана голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.

The post Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи appeared first on Република.

]]>

Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од вода, за прекршувањата предвидени се административни казни, а „Навагио“ ќе биде затворена до 31 октомври 2024 година. Популарната плажа на грчкиот остров и лани, за време на летниот период, исто така со министерска одлука беше затворена откако беше констатирана голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.

The post Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху ја затвори „Ал Џезеира“ во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-ja-zatvori-al-dhezeira-vo-izrael/ Sun, 05 May 2024 17:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=774589

Додека светот го прославуваше Светскиот ден на слободата на медиумите, израелската влада ги затвори канцелариите на „Ал Џезира“, со што на јавноста и оневозможи пристап до нејзината содржина, игнорирајќи ги универзално признатите основи на слободата на изразување, соопшти денеска медиумската мрежа на Ал Џезира.

„Со измамнички и клеветнички потег, израелскиот кабинет, предводен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, едногласно гласаше за затворање на канцелариите на „Ал Џезира“ во Израел. Тие, исто така, одлучија да ги повлечат акредитациите на екипите, како и да им забранат на давателите на медиумски услуги да ги емитуваат емисиите и да ги блокираат веб-страниците на медиумската мрежа „Ал Џезира“, се наведува во соопштението.

Медиумската мрежа „Ал Џезира“ „најостро го осудува овој криминален чин кој ги крши човековите права и основното право за пристап до информации“. Ал Џезира го потврдува своето право да продолжи да обезбедува вести и информации за својата глобална публика, додава медиумот.

Постојаното сузбивање на слободните медиуми од страна на Израел, што се гледа како обид за прикривање на неговите акции во Појасот Газа, е кршење на меѓународното и хуманитарното право. Директното таргетирање и убивање на новинари од страна на Израел, апсењата, заплашувањата и заканите нема да ја одвратат „Ал Џезира“ да известува, додека повеќе од 140 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во Газа“, се истакнува во соопштението.

Мрежата жестоко ги отфрла обвинувањата на израелските власти кои сугерираат дека ги прекршила професионалните медиумски стандарди. Повторно ја потврдува својата непоколеблива посветеност на вредностите отелотворени во Етичкиот кодекс.

„Ал Џезира“ ги повикува сите организации за слобода на медиумите, организациите за заштита на човековите права и другите заинтересирани организации да ги осудат повторените израелски напади врз новинарите и медиумите и да ги повикаат одговорните на одговорност. Мрежата ќе ги користи сите достапни правни канали преку меѓународните правни институции во обид да ги заштити и своите права и правата на новинарите, како и правото на јавноста на информирање. Таргетирање новинари е кривично дело“, нагласува медиумот.

 

The post Нетанјаху ја затвори „Ал Џезеира“ во Израел appeared first on Република.

]]>

Додека светот го прославуваше Светскиот ден на слободата на медиумите, израелската влада ги затвори канцелариите на „Ал Џезира“, со што на јавноста и оневозможи пристап до нејзината содржина, игнорирајќи ги универзално признатите основи на слободата на изразување, соопшти денеска медиумската мрежа на Ал Џезира.
„Со измамнички и клеветнички потег, израелскиот кабинет, предводен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, едногласно гласаше за затворање на канцелариите на „Ал Џезира“ во Израел. Тие, исто така, одлучија да ги повлечат акредитациите на екипите, како и да им забранат на давателите на медиумски услуги да ги емитуваат емисиите и да ги блокираат веб-страниците на медиумската мрежа „Ал Џезира“, се наведува во соопштението.
Медиумската мрежа „Ал Џезира“ „најостро го осудува овој криминален чин кој ги крши човековите права и основното право за пристап до информации“. Ал Џезира го потврдува своето право да продолжи да обезбедува вести и информации за својата глобална публика, додава медиумот.
Постојаното сузбивање на слободните медиуми од страна на Израел, што се гледа како обид за прикривање на неговите акции во Појасот Газа, е кршење на меѓународното и хуманитарното право. Директното таргетирање и убивање на новинари од страна на Израел, апсењата, заплашувањата и заканите нема да ја одвратат „Ал Џезира“ да известува, додека повеќе од 140 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во Газа“, се истакнува во соопштението.
Мрежата жестоко ги отфрла обвинувањата на израелските власти кои сугерираат дека ги прекршила професионалните медиумски стандарди. Повторно ја потврдува својата непоколеблива посветеност на вредностите отелотворени во Етичкиот кодекс.
„Ал Џезира“ ги повикува сите организации за слобода на медиумите, организациите за заштита на човековите права и другите заинтересирани организации да ги осудат повторените израелски напади врз новинарите и медиумите и да ги повикаат одговорните на одговорност. Мрежата ќе ги користи сите достапни правни канали преку меѓународните правни институции во обид да ги заштити и своите права и правата на новинарите, како и правото на јавноста на информирање. Таргетирање новинари е кривично дело“, нагласува медиумот.
 

The post Нетанјаху ја затвори „Ал Џезеира“ во Израел appeared first on Република.

]]>
Гранцата на Финска со Русија останува затворена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grantsata-na-finska-so-rusija-ostanuva-zatvorena/ Thu, 11 Jan 2024 07:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=731777

Финска ќе го продолжи затворањето на границата со Русија, што требаше да заврши на 15 јануари, изјави министерот за земјоделство и шумарство Сари Есаја за националната телевизија ИЛЕ.

Границата ќе остане затворена, рече Есаја на прашањето дали таа ќе биде затворена уште еден месец.

Финските медиуми претходно денеска известија дека владата ќе ја продолжи мерката.

Финска ја затвори својата руска граница кон крајот на минатата година за да спречи зголемен број баратели на азил да влезат во нордиската земја и рече дека Москва го организирала приливот, обвинение што Кремљ го негира.

Околу 900 баратели на азил од земји како Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен влегле во Финска од Русија во ноември, што е голем пораст од помалку од еден на ден во претходниот период, според финските граничари. ссм/

 

The post Гранцата на Финска со Русија останува затворена appeared first on Република.

]]>

Финска ќе го продолжи затворањето на границата со Русија, што требаше да заврши на 15 јануари, изјави министерот за земјоделство и шумарство Сари Есаја за националната телевизија ИЛЕ.
Границата ќе остане затворена, рече Есаја на прашањето дали таа ќе биде затворена уште еден месец.
Финските медиуми претходно денеска известија дека владата ќе ја продолжи мерката. Финска ја затвори својата руска граница кон крајот на минатата година за да спречи зголемен број баратели на азил да влезат во нордиската земја и рече дека Москва го организирала приливот, обвинение што Кремљ го негира. Околу 900 баратели на азил од земји како Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен влегле во Финска од Русија во ноември, што е голем пораст од помалку од еден на ден во претходниот период, според финските граничари. ссм/  

The post Гранцата на Финска со Русија останува затворена appeared first on Република.

]]>
Кулата во Пиза затворена за јавност, воочени загрижувачки движења https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kulata-vo-piza-zatvorena-za-javnost-voocheni-zagrizhuvachki-dvizhena/ Sun, 05 Nov 2023 13:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=698417

Кривата кула во Пиза е неодамна затворена за јавност бидејќи се смета дека не е безбедна за посетителите.

Сензорите инсталирани на кулата детектирале необично и загрижувачко движење. Ѕвоното на катедралата во Пиза инаку веќе е под внимателно набљѕудување со месеци поради се поголемото движење предизвикано од слабите темели.

-Работиме на тоа да сториме се што е потребно да ја заштитме кулата, рече градоначалникот Матео Лепоре во текот на состанокот на градското собрание.

Подрачјето околу кулата е затворено додека научниците од градскиот универзитет го следат движењето на структурата.

Кулата прбобитно беше висока 60 кетри, но е намален поради стабилност. Многу познати писатели можеби го спомнувале та во своите книжевни дела почнувајќи од Данте, Гете, Дикенс.

Кострукцијата веќе се навалува под агол од четири степени што е малку помалку од петостепената наваленост на Кривата кула во Пиза. Во моментот чудното однесување на кулата доведе до затворање на патиштата околу кулата за да се овозможи детално следење на потенцијални нестабилности.

Панел од научници инсталираше акустични сензори кои ќе детектираат шкрипење или пукање заедно со клатното за следење на движењето.

Стручњанците со години се обидуваат да ја засилат кулата. Уште во 2019 година околу кулата беа поставени челични ленти, а во 2022 година темелите беа зајакнати со гипсани инјекции, меѓутоа, изгледа дека работата не го реши проблемот.

Историскиот споменик е граден меѓу 1109 и 1118 година и е една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со Асинели, на која туристите може да се кажат.

Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш била една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со повисокиот Асинели, на кој туристите можат да се качат.

Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш билаедна од десетина средновековни кули низ градот кој ги подигнале аристократските жители за да го покажат своето богатство.

The post Кулата во Пиза затворена за јавност, воочени загрижувачки движења appeared first on Република.

]]>

Кривата кула во Пиза е неодамна затворена за јавност бидејќи се смета дека не е безбедна за посетителите. Сензорите инсталирани на кулата детектирале необично и загрижувачко движење. Ѕвоното на катедралата во Пиза инаку веќе е под внимателно набљѕудување со месеци поради се поголемото движење предизвикано од слабите темели. -Работиме на тоа да сториме се што е потребно да ја заштитме кулата, рече градоначалникот Матео Лепоре во текот на состанокот на градското собрание. Подрачјето околу кулата е затворено додека научниците од градскиот универзитет го следат движењето на структурата.
Кулата прбобитно беше висока 60 кетри, но е намален поради стабилност. Многу познати писатели можеби го спомнувале та во своите книжевни дела почнувајќи од Данте, Гете, Дикенс. Кострукцијата веќе се навалува под агол од четири степени што е малку помалку од петостепената наваленост на Кривата кула во Пиза. Во моментот чудното однесување на кулата доведе до затворање на патиштата околу кулата за да се овозможи детално следење на потенцијални нестабилности. Панел од научници инсталираше акустични сензори кои ќе детектираат шкрипење или пукање заедно со клатното за следење на движењето. Стручњанците со години се обидуваат да ја засилат кулата. Уште во 2019 година околу кулата беа поставени челични ленти, а во 2022 година темелите беа зајакнати со гипсани инјекции, меѓутоа, изгледа дека работата не го реши проблемот. Историскиот споменик е граден меѓу 1109 и 1118 година и е една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со Асинели, на која туристите може да се кажат. Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш била една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со повисокиот Асинели, на кој туристите можат да се качат. Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш билаедна од десетина средновековни кули низ градот кој ги подигнале аристократските жители за да го покажат своето богатство.

The post Кулата во Пиза затворена за јавност, воочени загрижувачки движења appeared first on Република.

]]>
Од вечерва до утре наутро посебен режим на сообраќај на Илинденска во Скопје, ќе се снима спот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-vecherva-do-utre-nautro-poseben-rezhim-na-soobrakaj-na-ilindenska-vo-skopje-ke-se-snima-spot/ Sun, 27 Aug 2023 07:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=676214

Во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде булевар Илинден, на потегот од крстосница со булевар Св. Климент Охридски до улица Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27 и 28 август 2023 година поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје.

Во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде булевар Илинден, на потегот од крстосница со булевар Св. Климент Охридски до улица Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

 

The post Од вечерва до утре наутро посебен режим на сообраќај на Илинденска во Скопје, ќе се снима спот appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде булевар Илинден, на потегот од крстосница со булевар Св. Климент Охридски до улица Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27 и 28 август 2023 година поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде булевар Илинден, на потегот од крстосница со булевар Св. Климент Охридски до улица Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.  

The post Од вечерва до утре наутро посебен режим на сообраќај на Илинденска во Скопје, ќе се снима спот appeared first on Република.

]]>
Промена на сообраќајниот режим на делницата Демир Капија- Неготино https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/promena-na-soobrakajniot-rezhim-na-delnitsata-demir-kapija-negotino/ Tue, 20 Jun 2023 11:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=653362

Поради градежни активности на делницата Демир Капија – Неготино, возилата ќе се пренасочуваат од едниот коловоз на другиот, на кој движењето во должина на два километри ќе се одвива во две насоки, известуваат од АМСМ.

Прекин на сообраќајот има на регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно од селото Степанци во Општина Чашка до Прилеп, кој поради наноси од земја и кал е непрооден.

АМСМ известува дека поради асфалтирање автопатската делница Велес – Градско, кај Градско, таа ќе биде затворена за сообраќај секој ден од 19 до 23 јуни, во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

The post Промена на сообраќајниот режим на делницата Демир Капија- Неготино appeared first on Република.

]]>

Поради градежни активности на делницата Демир Капија – Неготино, возилата ќе се пренасочуваат од едниот коловоз на другиот, на кој движењето во должина на два километри ќе се одвива во две насоки, известуваат од АМСМ. Прекин на сообраќајот има на регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно од селото Степанци во Општина Чашка до Прилеп, кој поради наноси од земја и кал е непрооден. АМСМ известува дека поради асфалтирање автопатската делница Велес – Градско, кај Градско, таа ќе биде затворена за сообраќај секој ден од 19 до 23 јуни, во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

The post Промена на сообраќајниот режим на делницата Демир Капија- Неготино appeared first on Република.

]]>
Полска го затвора главниот граничен премин со Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-go-zatvora-glavniot-granichen-premin-so-belorusija/ Thu, 09 Feb 2023 20:24:00 +0000 https://republika.mk/?p=607060

Полска утре ќе го затвори клучниот граничен премин со Белорусија како одговор на одлуката на белорускиот суд да осуди полски новинар на осум години затвор, јавува Анадолија.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека неговата земја ќе го прекине сообраќајот на граничниот премин Бобровики до натамошно известување. Одлуката ќе стапи во сила утре напладне.

Овој потег уследи еден ден откако судот во Гродно, град во западна Белорусија, го осуди Анджеј Поцобут, активист кој ја претставува полската заедница во Белорусија од 250.000 лица, за нарушување на националната безбедност.

Активист на Унијата на Полјаците во Белорусија е обвинет за „поттикнување омраза“ и „дејствување против државата преку повикување за воведување санкции“. Поцобут е во затвор од март 2021 година.

„Ја осудуваме неправедната пресуда донесена од судот на една авторитарна држава. Анджеј Поцобут е полски и белоруски патриот“, рече во изјавата Лукаш Јасина, портпарол на полското Министерство за надворешни работи.

The post Полска го затвора главниот граничен премин со Белорусија appeared first on Република.

]]>

Полска утре ќе го затвори клучниот граничен премин со Белорусија како одговор на одлуката на белорускиот суд да осуди полски новинар на осум години затвор, јавува Анадолија. Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека неговата земја ќе го прекине сообраќајот на граничниот премин Бобровики до натамошно известување. Одлуката ќе стапи во сила утре напладне. Овој потег уследи еден ден откако судот во Гродно, град во западна Белорусија, го осуди Анджеј Поцобут, активист кој ја претставува полската заедница во Белорусија од 250.000 лица, за нарушување на националната безбедност. Активист на Унијата на Полјаците во Белорусија е обвинет за „поттикнување омраза“ и „дејствување против државата преку повикување за воведување санкции“. Поцобут е во затвор од март 2021 година. „Ја осудуваме неправедната пресуда донесена од судот на една авторитарна држава. Анджеј Поцобут е полски и белоруски патриот“, рече во изјавата Лукаш Јасина, портпарол на полското Министерство за надворешни работи.

The post Полска го затвора главниот граничен премин со Белорусија appeared first on Република.

]]>
Состојба на патиштата: Делницата Велес – Градскo затворена за сообраќај https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sostojba-na-patishtata-delnicata-veles-gradsko-zatvorena-za-soobrakjaj/ Thu, 06 Oct 2022 06:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=557786

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ:

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 31.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај.

Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од вторник 05.04.2022, ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради градежни активности од 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

 

The post Состојба на патиштата: Делницата Велес – Градскo затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 31.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони. РАБОТИ НА ПАТ: На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај. СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од вторник 05.04.2022, ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар. ”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради градежни активности од 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница. ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.  

The post Состојба на патиштата: Делницата Велес – Градскo затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>
Берзата во Москва е затворена трет ден по ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/berzata-vo-moskva-e-zatvorena-tret-den-po-red/ Wed, 02 Mar 2022 09:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=466348

Московската берза е затворена трет ден по ред, соопшти Руската централна банка.

Берзата воопшто не се отвори оваа недела откако Западот воведе строги санкции, што доведе до рекордно ниски нивоа на руската рубља и остар скок на каматните стапки.

Сепак, руската централна банка објави дека оваа недела за прв пат ќе дозволи ограничен број трансакции.

Да потсетиме и дека рускиот претседател Путин синоќа донесе одлука од земјата да не бидат изнесени повеќе од 10.000 долари.

The post Берзата во Москва е затворена трет ден по ред appeared first on Република.

]]>

Московската берза е затворена трет ден по ред, соопшти Руската централна банка. Берзата воопшто не се отвори оваа недела откако Западот воведе строги санкции, што доведе до рекордно ниски нивоа на руската рубља и остар скок на каматните стапки. Сепак, руската централна банка објави дека оваа недела за прв пат ќе дозволи ограничен број трансакции. Да потсетиме и дека рускиот претседател Путин синоќа донесе одлука од земјата да не бидат изнесени повеќе од 10.000 долари.

The post Берзата во Москва е затворена трет ден по ред appeared first on Република.

]]>