затворен паза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoren-paza/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Jul 2022 14:04:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворен паза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoren-paza/ 32 32 Кисела Вода добива модерен затворен пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kisela-voda-dobiva-moderen-zatvoren-pazar/ Fri, 29 Jul 2022 14:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=534719

Општина Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Договорот за финансиско партнерство, преку кој наскоро започнува изградбата на современо здание на местото од некогашниот див пазар.

Објектот кој ќе се протега на површина од 250,00m2, на жителите на општина Кисела Вода ќе им обезбеди пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук и простор кој освен што ќе ги исполнува сите стандарди, ќе биде и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот “Македонија” и Домот на култура “Билјана Беличанец”.

Во постапка сме на распишување на тендерска постапка за изградба на модерен затворен пазар, прв од ваков тип на територија на општина Кисела Вода. Го градиме на местото каде функционираше див пазар со субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура, кој го избегнуваа и жителите на општината и самите пазарџии кои бараа поквалитетен простор за пласман на своите производи. Инфраструктурно средениот пазар значи и подобри услови за консументите, а неговата современа надворешност ќе даде свој удел во креирањето на новиот модерен лик на Кисела Вода, кој е моја заложба и ветување пред граѓаните. Сакам да упатам голема благодарност до Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ги препозна нашите заложби за подигнување на квалитетот на живеење во општината и преку финасиска поддршка ни овозможи на оваа визија да и дадеме реален лик. Впрочем, подобрувањето на стандардот на социјалните услуги и подобрувањето на инфраструктурата се заеднички цели кои значат директен чекор кон зајакнувањето на општественото живеење. Воедно, сакам да се заблагодарам и на посветената работа на службите на Општината од Секторот за локален економски развој и Секторот за комунални работи, кои го изработија проектот и успешно ја изработија апликацијата за проектот од Програмата на Министерството за локална самоуправа. Заедничкиот ангажман во насока на прогрес на нашата општина веќе дава видливи резултати. Ние не застануваме тука и сакам да најавам дека покрај овој пазар, затворен модерен пазар во периодот што следува ќе добие и Драчево, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Кисела Вода добива модерен затворен пазар appeared first on Република.

]]>

Општина Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Договорот за финансиско партнерство, преку кој наскоро започнува изградбата на современо здание на местото од некогашниот див пазар. Објектот кој ќе се протега на површина од 250,00m2, на жителите на општина Кисела Вода ќе им обезбеди пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук и простор кој освен што ќе ги исполнува сите стандарди, ќе биде и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот “Македонија” и Домот на култура “Билјана Беличанец”.