затворање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoranje/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 10:35:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvoranje/ 32 32 Вечерва се затвора одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот инстутут во Скопје со изложба на познати француски уметници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-zatvora-odbelezhuvaneto-na-50-godishninata-na-frantsuskiot-instutut-vo-skopje-so-izlozhba-na-poznati-frantsuski-umetnitsi/ Wed, 27 Nov 2024 10:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=842190

Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ денеска ќе биде затворена прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во државава и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија.

Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во Остен музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис, се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018, како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели, се вели во соопштението од Францускиот институт во Скопје.

The post Вечерва се затвора одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот инстутут во Скопје со изложба на познати француски уметници appeared first on Република.

]]>

Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ денеска ќе биде затворена прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје. Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во државава и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија.
Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во Остен музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис, се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018, како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели, се вели во соопштението од Францускиот институт во Скопје.
 
The post Вечерва се затвора одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот инстутут во Скопје со изложба на познати француски уметници appeared first on Република.

]]>
Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ се затвора прославата на 50 години Француски институт во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhbata-frantsuskite-umetnitsi-od-kolektsijata-na-osten-muzejot-se-zatvora-proslavata-na-50-godini-frantsuskiot-institut-vo-skopje/ Fri, 22 Nov 2024 12:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=840832

В среда, на 27 ноември во Чифте амам во Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“. Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија и Маја Неделкоска - Брзанова, директорка на Националната галерија.

Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.

The post Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ се затвора прославата на 50 години Француски институт во Скопје appeared first on Република.

]]>

В среда, на 27 ноември во Чифте амам во Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“. Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје. Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија и Маја Неделкоска - Брзанова, директорка на Националната галерија. Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.

The post Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ се затвора прославата на 50 години Француски институт во Скопје appeared first on Република.

]]>
Хит-перформансите „Сè што е важно“ и „Танцот на смртта“ за затворање на МОТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hit-performansite-se-shto-e-vazhno-i-tantsot-na-smrtta-za-zatvorane-na-mot/ Thu, 21 Nov 2024 09:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=840196

49. издание на Млад отворен театар (МОТ) во Скопје се затвора вечерва со два хит перформанси.

Во Младински културен центар (МКЦ) во салата „25 мај“ од 19 часот е „Сè што е важно“ од Грција.

Двајцата интерпретатори, но исто така и пријатели, соработници и уметнички партнери, навлегуваат во заедничката архива на сценските движења, танцови практики и белешки, кои иако црпат од минатото, сé создаваат во сегашноста и на сцена. Две години по последна претстава „Луси“, туторијал за еден ритуал, соработката меѓу Марта Пасакопулу и Арис Пападопулос е ставена под микроскоп и испитувана во обид да се изглуми пријателство на сцена. Во процесот на откривање, што е вистински важно, тие одново го обликуваат, повторно се претставуваат и на површина го вадат тој меѓупростор. „Ничија сопственост, потенцијално да биде на двајцата“. Публиката е присутна како уште едно стојалиште, одраз на пријателството на овие двајца и неговата потреба од сведок.

Од 21 часот во кино „Фросина“ во МКЦ е закажан украинскиот перформанс „Танцот на смртта“.

Перформанс „Танцот на смртта“, е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија. Брилијантната украинска музичка и изведувачка група „Ќерките на Дак“ од Киев, се стекнаа со меѓународна популарност затоа што шест актерки и пејачки ги раскажуваат приказните на жени од Украина – приказни за војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова го има променето нивниот однос кон животот.

Нашиот тим во Современиот уметнички центар Дак одлучи да започне театарски перформанси во странство, зашто сфативме дека по започнувањето на инвазијата, европското општество повеќе нема да реагира како што беше во првите недели или месеци. Војната полека почнуваше да бледнее и се движеше од вестите на насловна страница до споредни вест. Ни требаа чекори да создадеме нешто што длабоко ќе резонира со народот“ – вели режисерот на кабарето Влад Троитски.

Ќерките на Дак се движат меѓу нивните виртуозни меѓужанровски композиции, меѓу етното, панкот, кабарето и водвил – и не само за да се наслика насилната природа на еден конфликт на еден многу моќен начин, но и за да се обрати кон хуманоста и солидарноста. На сцената се шест жени-артисти, музичарки, актерки, Украинки. Со нас се соочуваат за да пружат отпор, за да се борат, за да продолжат да живеат; ја прераскажуваат војната и нејзиното безимено насилство, корнењето на нивните корења од татковината, прогонот, она за кое што не се зборува. Со огромна сила и ранливост, неуморно го раскажуваат нивното заминување и пристигнување, раскажувајќи ја приказната на оние што останале.

The post Хит-перформансите „Сè што е важно“ и „Танцот на смртта“ за затворање на МОТ appeared first on Република.

]]>

49. издание на Млад отворен театар (МОТ) во Скопје се затвора вечерва со два хит перформанси. Во Младински културен центар (МКЦ) во салата „25 мај“ од 19 часот е „Сè што е важно“ од Грција. Двајцата интерпретатори, но исто така и пријатели, соработници и уметнички партнери, навлегуваат во заедничката архива на сценските движења, танцови практики и белешки, кои иако црпат од минатото, сé создаваат во сегашноста и на сцена. Две години по последна претстава „Луси“, туторијал за еден ритуал, соработката меѓу Марта Пасакопулу и Арис Пападопулос е ставена под микроскоп и испитувана во обид да се изглуми пријателство на сцена. Во процесот на откривање, што е вистински важно, тие одново го обликуваат, повторно се претставуваат и на површина го вадат тој меѓупростор. „Ничија сопственост, потенцијално да биде на двајцата“. Публиката е присутна како уште едно стојалиште, одраз на пријателството на овие двајца и неговата потреба од сведок. Од 21 часот во кино „Фросина“ во МКЦ е закажан украинскиот перформанс „Танцот на смртта“. Перформанс „Танцот на смртта“, е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија. Брилијантната украинска музичка и изведувачка група „Ќерките на Дак“ од Киев, се стекнаа со меѓународна популарност затоа што шест актерки и пејачки ги раскажуваат приказните на жени од Украина – приказни за војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова го има променето нивниот однос кон животот.
Нашиот тим во Современиот уметнички центар Дак одлучи да започне театарски перформанси во странство, зашто сфативме дека по започнувањето на инвазијата, европското општество повеќе нема да реагира како што беше во првите недели или месеци. Војната полека почнуваше да бледнее и се движеше од вестите на насловна страница до споредни вест. Ни требаа чекори да создадеме нешто што длабоко ќе резонира со народот“ – вели режисерот на кабарето Влад Троитски.
Ќерките на Дак се движат меѓу нивните виртуозни меѓужанровски композиции, меѓу етното, панкот, кабарето и водвил – и не само за да се наслика насилната природа на еден конфликт на еден многу моќен начин, но и за да се обрати кон хуманоста и солидарноста. На сцената се шест жени-артисти, музичарки, актерки, Украинки. Со нас се соочуваат за да пружат отпор, за да се борат, за да продолжат да живеат; ја прераскажуваат војната и нејзиното безимено насилство, корнењето на нивните корења од татковината, прогонот, она за кое што не се зборува. Со огромна сила и ранливост, неуморно го раскажуваат нивното заминување и пристигнување, раскажувајќи ја приказната на оние што останале.

The post Хит-перформансите „Сè што е важно“ и „Танцот на смртта“ за затворање на МОТ appeared first on Република.

]]>
Јаневска: На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, во спротивно ќе бидат затворени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-desetina-instituti-im-dadovme-rok-od-tri-mesetsi-da-gi-popravat-neregularnostite-vo-sprotivno-ke-bidat-zatvoreni/ Tue, 19 Nov 2024 10:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=839565

Министерството за образование и наука досега има направено ревизија на 15 институти, а во моментов се прави ревизија на уште пет, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.

Има дополнително два, за кои деновиве треба да заврши процедурата, и да бидат затворени. На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, коишто се најдени. Но, според извештаите кои ги читав многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите, изјави Јаневска.

Таа мисли дека е добро за високото образование и науката во земјава конечно да се воведе ред, а секој, како што вели Јаневска, којшто исполнува услови ќе функционира „како што и многу пати сум рекла, секој кој не работи по Закон нема и да функционира“.

The post Јаневска: На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, во спротивно ќе бидат затворени appeared first on Република.

Јаневска: Затворивме два научни институти и во најскоро време ќе затвориме уште два https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-zatvorivme-dva-nauchni-instituti-i-vo-najskoro-vreme-ke-zatvorime-ushte-dva/ Thu, 07 Nov 2024 10:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=835091

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.

Во изјава за медиумите денеска таа посочи дека неправилности нема само на универзитети, туку и на институти и дека „комплетно е завршен процесот на затворање на два института“, но не откри за кои институти се работи.

Дозволете да ги затвориме и транспарентно ќе објавиме. Во овој момент, најверојатно, продолжува и за уште три, но треба да заврши и ќе имаме информација, изјави Јаневска претпладнево при посетата на средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип по повод неговото трансформирање во регионален центар за средно стручно образование и обука.

Кај дел од универзитетите, рече, сосема е при крај процесот односно постапиле со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори.

На новинарско прашање дали инспекции има и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговори дека и таму имало една контрола од која се чека извештајот, нагласувајќи дека сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот. Секаде каде што ќе бидат завршени процесите, истакна Јаневска, јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите.

Во интервју за Радио Слободна Европа во неделата министерката посочи дека се утврдени неправилности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга.

На Државниот универзитет Тетово, како што рече, е утврдено нелегален избор на двајца наставници и дека таму инспекцискиот надзор сè уште трае.

Имаме проблеми на универзитетот „Апостол Павле“ и таму се утврдени нерегуларности. Имаше сериозен проблем на универзитетот во Струга, таму го затворивме смерот за медицински науки. Тоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи....Затворивме два научни институти и мислам дека во брзо, во најскоро време, ќе затвориме уште два, рече Јаневска.

На прашањето дали ќе се затворат универзитети, министерката во интервјуто одговори дека тоа во овој момент не може да го тврди, но инспекцискиот надзор, како што рече, „ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен“. 

The post Јаневска: Затворивме два научни институти и во најскоро време ќе затвориме уште два appeared first on Република.

Со музика на Жан-Мишел Жар ќе се затворат Параолимписките игри во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/so-muzika-na-zhan-mishel-zhar-ke-se-zatvorat-paraolimpiskite-igri-vo-pariz/ Sat, 07 Sep 2024 16:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=814172

Свеченото затворање на Параолимписките игри, закажано за в недела на „Стад де Франс“, ќе биде во форма на голем концерт на електронска музика на кој ќе настапат 24 уметници и диџеи, а едночасовниот сет ќе го отвори и затвори францускиот пионер на електронската музика Жан-Мишел Жар (76), соопштија денеска организаторите.

Покрај него ќе настапат и Martin Solveig, Kavinsky, Cassius, Kungs, The Avener, Ofenbach, Polo & Pan, Agoria, DJ Falcon …

Тоа можете да го замислите како најголемиот ноќен клуб во Франција, им рече на новинарите уметничкиот директор на церемонијата Париз 2024 година, Томас Жоли.

Во изјава за парискиот весник „Паризиен“, 76-годишниот Жар не го криеше задоволството, велејќи дека е многу среќен што учествува во „прославата на спортот и француската електро музика во сета нејзина различност“.

Како и за време на церемонијата на отворањето на Параолимписките игри, на кои настапија уметници со попреченост и танчари кои користат патерици или инвалидски колички, подиумот ќе биде отворен за сите.

На Параолимписките игри 2024 во Париз учествуваа 4.400 спортисти од 168 земји, меѓу кои и македонската параолимпијка во стрелаштво Оливера Наковска – Бикова.

The post Со музика на Жан-Мишел Жар ќе се затворат Параолимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Свеченото затворање на Параолимписките игри, закажано за в недела на „Стад де Франс“, ќе биде во форма на голем концерт на електронска музика на кој ќе настапат 24 уметници и диџеи, а едночасовниот сет ќе го отвори и затвори францускиот пионер на електронската музика Жан-Мишел Жар (76), соопштија денеска организаторите. Покрај него ќе настапат и Martin Solveig, Kavinsky, Cassius, Kungs, The Avener, Ofenbach, Polo & Pan, Agoria, DJ Falcon …
Тоа можете да го замислите како најголемиот ноќен клуб во Франција, им рече на новинарите уметничкиот директор на церемонијата Париз 2024 година, Томас Жоли.
Во изјава за парискиот весник „Паризиен“, 76-годишниот Жар не го криеше задоволството, велејќи дека е многу среќен што учествува во „прославата на спортот и француската електро музика во сета нејзина различност“. Како и за време на церемонијата на отворањето на Параолимписките игри, на кои настапија уметници со попреченост и танчари кои користат патерици или инвалидски колички, подиумот ќе биде отворен за сите. На Параолимписките игри 2024 во Париз учествуваа 4.400 спортисти од 168 земји, меѓу кои и македонската параолимпијка во стрелаштво Оливера Наковска – Бикова.  

The post Со музика на Жан-Мишел Жар ќе се затворат Параолимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>
Свечено затворање на фестивалот „Преку езерото“ и доделување на наградите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svecheno-zatvorane-na-festivalot-preku-ezeroto-i-dodeluvane-na-nagradite/ Sun, 11 Aug 2024 15:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=805479

На финалната вечер на „Преку езерото“ во недела на 11 август во Дојран ќе бидат прикажани следниве наслови:

НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година
20.00 Часот
ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024
ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска

Свечено затворање на фестивалот
Доделување на фестивалските награди
Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови

22.30
ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024,
ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА
ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција

The post Свечено затворање на фестивалот „Преку езерото“ и доделување на наградите appeared first on Република.

]]>

На финалната вечер на „Преку езерото“ во недела на 11 август во Дојран ќе бидат прикажани следниве наслови: НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година 20.00 Часот ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024 ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска Свечено затворање на фестивалот Доделување на фестивалските награди Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови 22.30 ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024, ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција

The post Свечено затворање на фестивалот „Преку езерото“ и доделување на наградите appeared first on Република.

]]>
Од грчка митологија до Том Круз – Франција најавува спектакуларно затворање на Олимпијадата https://arhiva3.republika.mk/scena/od-grchka-mitologija-do-tom-kruz-frantsija-najavuva-spektakularno-zatvorane-na-olimpijadata/ Sun, 11 Aug 2024 11:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=805514

Откако ја режираше церемонијата на отворање со ѕвезди, на која на голема врата на сцената се врати Селин Дион, уметничкиот директор на Олимпијадата во Париз, Томас Жоли, ангажира едно од најголемите имиња во Холивуд за церемонијата на затворање на Игрите на 11 август.

Том Круз, кој моментално го снима „Mission: Impossible 8“ во Европа и присуствуваше на церемонијата на отворање покрај натпреварите во женска гимнастика и пливање, ќе биде еден од главните моменти на церемонијата на затворање, потврди извор близок до организацискиот комитет на Олимпијадата.

Како што објави францускиот блог Sortir à Paris во мај, Круз бил фатен како снима сцена додека возел мотоцикл со големо знаме. Потоа замина од Триумфалната капија и возеше по иконската авенија Шанзелизе. Актерот, кој минатата недела ја доби титулата витез во престижната француска Легија на честа , ќе го предаде знамето на Лос Анџелес за Игрите во 2028 година.

Претставниците на Круз не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар.

Насловена „Рекорди“ и домаќин на затворен простор на сцената од 2.800 квадратни метри на Стад де Франс, церемонијата на затворање ветува „нови толкувања“ и „ќе ги одведе гледачите на патување низ времето, и минатото и иднината“, изјавија организаторите. Шоуто ќе направи пресвртници низ историјата на Олимписките игри, за кои се верува дека датира од Античка Грција.

Шоуто – за кое организаторите ветуваат дека ќе ги собере „светски познатите изведувачи“ и „над сто изведувачи, акробати, танчери и циркуски уметници“ – ќе вклучува и перформанс поставен во дистописка средина, како дополнение на кореографија со петте на Олимпијадата испреплетени прстени кои ги претставуваат петте светски континенти.

Најтешката задача на организаторите за церемонијата на затворање ќе биде да се совпадне со возбудата и емоциите на изведбата на Селин Дион на основата на Ајфеловата кула и музичкиот чин на Лејди Гага инспириран од кабаре покрај реката Сена. Од друга страна, бидејќи церемонијата на затворање се одржува во затворен простор, организаторите веројатно заштедуваат многу време обидувајќи се да го предвидат времето. Церемонијата на отворањето, која го одбележа првиот пат во модерната историја настанот да се одржи целосно на отворено, на крајот се одржа под пороен дожд и ја принуди Гага однапред да го сними својот настап.

И покрај тоа што церемонијата на отварање предизвика контраверзи, главно меѓу конзервативните христијани, таа исто така беше широко прославена. Креативниот тим зад шоуто е меѓу финалистите за годинешните награди за иновации на IBC кои ги почитуваат заедничките иницијативи во медиумите, забавата и технологијата.

The post Од грчка митологија до Том Круз – Франција најавува спектакуларно затворање на Олимпијадата appeared first on Република.

]]>

Откако ја режираше церемонијата на отворање со ѕвезди, на која на голема врата на сцената се врати Селин Дион, уметничкиот директор на Олимпијадата во Париз, Томас Жоли, ангажира едно од најголемите имиња во Холивуд за церемонијата на затворање на Игрите на 11 август.
 
Том Круз, кој моментално го снима „Mission: Impossible 8“ во Европа и присуствуваше на церемонијата на отворање покрај натпреварите во женска гимнастика и пливање, ќе биде еден од главните моменти на церемонијата на затворање, потврди извор близок до организацискиот комитет на Олимпијадата. Како што објави францускиот блог Sortir à Paris во мај, Круз бил фатен како снима сцена додека возел мотоцикл со големо знаме. Потоа замина од Триумфалната капија и возеше по иконската авенија Шанзелизе. Актерот, кој минатата недела ја доби титулата витез во престижната француска Легија на честа , ќе го предаде знамето на Лос Анџелес за Игрите во 2028 година.
 
Претставниците на Круз не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар. Насловена „Рекорди“ и домаќин на затворен простор на сцената од 2.800 квадратни метри на Стад де Франс, церемонијата на затворање ветува „нови толкувања“ и „ќе ги одведе гледачите на патување низ времето, и минатото и иднината“, изјавија организаторите. Шоуто ќе направи пресвртници низ историјата на Олимписките игри, за кои се верува дека датира од Античка Грција. Шоуто – за кое организаторите ветуваат дека ќе ги собере „светски познатите изведувачи“ и „над сто изведувачи, акробати, танчери и циркуски уметници“ – ќе вклучува и перформанс поставен во дистописка средина, како дополнение на кореографија со петте на Олимпијадата испреплетени прстени кои ги претставуваат петте светски континенти. Најтешката задача на организаторите за церемонијата на затворање ќе биде да се совпадне со возбудата и емоциите на изведбата на Селин Дион на основата на Ајфеловата кула и музичкиот чин на Лејди Гага инспириран од кабаре покрај реката Сена. Од друга страна, бидејќи церемонијата на затворање се одржува во затворен простор, организаторите веројатно заштедуваат многу време обидувајќи се да го предвидат времето. Церемонијата на отворањето, која го одбележа првиот пат во модерната историја настанот да се одржи целосно на отворено, на крајот се одржа под пороен дожд и ја принуди Гага однапред да го сними својот настап. И покрај тоа што церемонијата на отварање предизвика контраверзи, главно меѓу конзервативните христијани, таа исто така беше широко прославена. Креативниот тим зад шоуто е меѓу финалистите за годинешните награди за иновации на IBC кои ги почитуваат заедничките иницијативи во медиумите, забавата и технологијата.

The post Од грчка митологија до Том Круз – Франција најавува спектакуларно затворање на Олимпијадата appeared first on Република.

]]>
Jубилејното 45. „Скопско лето“ се затвора вечерва со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejnoto-45-skopsko-leto-se-zatvora-vecherva-so-kontsert-na-kamerniot-orkestar-na-muzichka-mladina-na-makedonija-sasha-nikolovski-gumar/ Wed, 31 Jul 2024 07:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=801882

Jубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ свечено ќе се затвори вечерва, 31.07.2024г. (среда) со почеток во 20:30ч. во Сули ан, со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Солисти:
Симеон Гошев – виолина
Енис Аљи – виолончело

Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во изведбата на дела од А. Вивалди, Р. Аврамовски, Д. Попер, Т. Зографски и Д. Шуплевски.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид 1986г.

Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на југоисточна Европа, составен е од студенти на ФМУ – Скопје, но и од гости и млади музичари од други земји. Во досегашниот период имаат учествувано 350 млади, како и голем број на млади, но и афирмирани светски солисти.
Со своето музицирање во сиот овој период се наметна на музичката јавност, не само како неопходност, туку и како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Корунвски, С. Николовски – Ѓумар, В. Николовски – Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Иван Еминовиќ, со постојана тенденција за промоција на млади диригенти и солисти.
Оркестарот има реализирано повеќе од 100 концерти, добивајќи голем број високо позитивни критики, но и национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар, оркестарот има изведувано дела од современи и од македонски автори.
Како признание за постигнатите резултати во 1995г. Оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50 годишнината од основањето на Светската федерација на Музичка младина.
Оркестарот има остварено повеќе ТВ и радио снимки, како и сопствена ЦД продукција (5 изданија). Веќе 37 години завршниот концерт на Летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.

Иван Еминовиќ е роден во Скопје. Музика започнува да изучува на 6-годишна возраст, посетувајќи најпрвин на одделот по пијано во нижото музичко училиште, а потоа и средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски – Ѓумар, каде во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композицијата, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал повеќе број концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија (Државен музички натпревар во Скопје, меѓународниот натпревар во рамките на фестивалот „Интерфест“ – Битола, фестивалот ЕРТА во Осијек, Хрватска и други). Во јули 2018 диригира со Сараевската филхармонија по повод отварање на Башчаршиски ноќи во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќи продукции на Македонската опера и балет меѓу кои Травијата, Набуко, Дамата со камелии, Кармина Бурана, Севилски бербер, Кавалерија Рустикана, Жизел, Риголето, Евгениј Онегин, Адриана Лекуврер, Дон Џовани, Турандот, Реквием – Моцарт, како и многубројни концерти. 

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

The post Jубилејното 45. „Скопско лето“ се затвора вечерва со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ appeared first on Република.

]]>

Jубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ свечено ќе се затвори вечерва, 31.07.2024г. (среда) со почеток во 20:30ч. во Сули ан, со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Солисти: Симеон Гошев – виолина Енис Аљи – виолончело Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во изведбата на дела од А. Вивалди, Р. Аврамовски, Д. Попер, Т. Зографски и Д. Шуплевски. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид 1986г.
Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на југоисточна Европа, составен е од студенти на ФМУ – Скопје, но и од гости и млади музичари од други земји. Во досегашниот период имаат учествувано 350 млади, како и голем број на млади, но и афирмирани светски солисти.
Со своето музицирање во сиот овој период се наметна на музичката јавност, не само како неопходност, туку и како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Корунвски, С. Николовски – Ѓумар, В. Николовски – Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Иван Еминовиќ, со постојана тенденција за промоција на млади диригенти и солисти.
Оркестарот има реализирано повеќе од 100 концерти, добивајќи голем број високо позитивни критики, но и национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар, оркестарот има изведувано дела од современи и од македонски автори.
Како признание за постигнатите резултати во 1995г. Оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50 годишнината од основањето на Светската федерација на Музичка младина.
Оркестарот има остварено повеќе ТВ и радио снимки, како и сопствена ЦД продукција (5 изданија). Веќе 37 години завршниот концерт на Летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.
Иван Еминовиќ е роден во Скопје. Музика започнува да изучува на 6-годишна возраст, посетувајќи најпрвин на одделот по пијано во нижото музичко училиште, а потоа и средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски – Ѓумар, каде во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композицијата, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал повеќе број концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија (Државен музички натпревар во Скопје, меѓународниот натпревар во рамките на фестивалот „Интерфест“ – Битола, фестивалот ЕРТА во Осијек, Хрватска и други). Во јули 2018 диригира со Сараевската филхармонија по повод отварање на Башчаршиски ноќи во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќи продукции на Македонската опера и балет меѓу кои Травијата, Набуко, Дамата со камелии, Кармина Бурана, Севилски бербер, Кавалерија Рустикана, Жизел, Риголето, Евгениј Онегин, Адриана Лекуврер, Дон Џовани, Турандот, Реквием – Моцарт, како и многубројни концерти.    Билетите се во продажба на karti.com.mk.

The post Jубилејното 45. „Скопско лето“ се затвора вечерва со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ appeared first on Република.

]]>
„Неочекувана среќа“ на Вуди Ален го затвора 23. издание на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/neochekuvana-sreka-na-vudi-alen-go-zatvora-23-izdanie-na-sinedejs/ Wed, 17 Jul 2024 08:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=797595

Најновиот филм на Вуди Ален, „Неочекувана среќа“ вечерва во паркот зад Младински културен центар (МКЦ) во 20,30 часот го затвора 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почна на 11 јули.

Новиот филм на Вуди Ален е оригинален, забавен, длабински, неповторливо повторлив и што сè не, вели организаторот.

Фани и Жан се навидум совршен брачен пар. Обајцата се професионално остварени, живеат во прекрасен стан во ексклузивна населба во Париз и се чини дека се вљубени исто како и првиот ден. Но кога Фани случајно наидува на својот поранешен соученик, Алан, сосема го губи умот. Наскоро повторно се гледаат и почнуваат да стануваат сè поблиски и поблиски…

Според програмата, во 19,30 часот во кино „Фросина“ во МКЦ Living Music Project, а од 23 часот на платото пред МКЦ диџеј сет на Џано Куч Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов.

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post „Неочекувана среќа“ на Вуди Ален го затвора 23. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Најновиот филм на Вуди Ален, „Неочекувана среќа“ вечерва во паркот зад Младински културен центар (МКЦ) во 20,30 часот го затвора 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почна на 11 јули.
Новиот филм на Вуди Ален е оригинален, забавен, длабински, неповторливо повторлив и што сè не, вели организаторот.
Фани и Жан се навидум совршен брачен пар. Обајцата се професионално остварени, живеат во прекрасен стан во ексклузивна населба во Париз и се чини дека се вљубени исто како и првиот ден. Но кога Фани случајно наидува на својот поранешен соученик, Алан, сосема го губи умот. Наскоро повторно се гледаат и почнуваат да стануваат сè поблиски и поблиски… Според програмата, во 19,30 часот во кино „Фросина“ во МКЦ Living Music Project, а од 23 часот на платото пред МКЦ диџеј сет на Џано Куч Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов. Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post „Неочекувана среќа“ на Вуди Ален го затвора 23. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
52. ФЕСТ во Белград затворен со „Рускиот конзул“: Овации и аплауз за Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/52-fest-vo-belgrad-zatvoren-so-ruskiot-konzul-ovatsii-i-aplauz-za-meto-jovanovski-i-zharko-laushevik/ Tue, 05 Mar 2024 10:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=751426

Во Белград премиерно беше прикажан филмот „Рускиот конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ, со што беше затворен 52. ФЕСТ.

Филмот „Рускиот конзул“ ѝ носи на публиката приказна која не враќа во драматичните години од косовската криза која ќе го дефинира идниот соживот на Србите и Албанците на Косово.

Главниот лик на оваа филмска сага е српскиот лекар Илија Југовиќ (Небојша Дугалиќ), кој по казна е префрлен во болница во Призрен. Таму се среќава со професорот по историја (Жарко Лаушевиќ), навидум психијатриски пациент кој тврди дека наскоро „Русија повторно ќе стане Русија, а Косово повторно ќе биде српско“. Локалните албански моќници, сепаратисти, се вртат против Божовиќ. Тие се обидуваат да го избркаат Божовиќ, но доктор Југовиќ застанува во негова заштита.

https://www.youtube.com/watch?v=Q92_kWO9yoo

Покрај Жарко Лаушевиќ и Небојша Дугалиќ, во актерската екипа се и Паулина Манов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Менсур Шафќиу, Константин Фиданов, Петар Зекавица, Мето Јовановски, Нада Мацанковиќ, Енвер Петроци и др.

По прикажувањето на филмот, екипата на оваа продукција и се поклони на публиката, а овации и големите аплаузи беа наменети за Жарко Лаушевиќ, кој ја толкуваше главната улога – ликот на рускиот конзул Иван Стјепановиќ Јастребов и за Мето Јовановски.

View this post on Instagram

A post shared by FEST Belgrade (@fest_belgrade)

И двајцата актери починаа минатата година и не ја дочекаа премиерата на филмот кој беше нивното последно филмско остварување.

The post 52. ФЕСТ во Белград затворен со „Рускиот конзул“: Овации и аплауз за Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ appeared first on Република.

]]>

Во Белград премиерно беше прикажан филмот „Рускиот конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ, со што беше затворен 52. ФЕСТ. Филмот „Рускиот конзул“ ѝ носи на публиката приказна која не враќа во драматичните години од косовската криза која ќе го дефинира идниот соживот на Србите и Албанците на Косово. Главниот лик на оваа филмска сага е српскиот лекар Илија Југовиќ (Небојша Дугалиќ), кој по казна е префрлен во болница во Призрен. Таму се среќава со професорот по историја (Жарко Лаушевиќ), навидум психијатриски пациент кој тврди дека наскоро „Русија повторно ќе стане Русија, а Косово повторно ќе биде српско“. Локалните албански моќници, сепаратисти, се вртат против Божовиќ. Тие се обидуваат да го избркаат Божовиќ, но доктор Југовиќ застанува во негова заштита. https://www.youtube.com/watch?v=Q92_kWO9yoo Покрај Жарко Лаушевиќ и Небојша Дугалиќ, во актерската екипа се и Паулина Манов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Менсур Шафќиу, Константин Фиданов, Петар Зекавица, Мето Јовановски, Нада Мацанковиќ, Енвер Петроци и др. По прикажувањето на филмот, екипата на оваа продукција и се поклони на публиката, а овации и големите аплаузи беа наменети за Жарко Лаушевиќ, кој ја толкуваше главната улога – ликот на рускиот конзул Иван Стјепановиќ Јастребов и за Мето Јовановски.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by FEST Belgrade (@fest_belgrade)

И двајцата актери починаа минатата година и не ја дочекаа премиерата на филмот кој беше нивното последно филмско остварување.  

The post 52. ФЕСТ во Белград затворен со „Рускиот конзул“: Овации и аплауз за Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ appeared first on Република.

]]>
„Весна и Власта“ – уметнички перформанс за затворање на АКТО 18 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-i-vlasta-umetnichki-performans-za-zatvorane-na-akto-18/ Wed, 13 Dec 2023 16:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=722649

В сабота, на 16 декември, на Академската сцена на Факултатот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи уметничкиот перформанс „Весна и Власта“ кон достоинството (на стареењето) на уметниците Власта Делимар и Весна Стилиновиќ, како дел од програмата на фестивалот АКТО 18.

Весна Стилиновиќ и Власта Делимар замислија заедничка претстава во која низ елементарен ерос ги поврзуваат нивните сличности, но и разлики. Но, тие преку ова пријателство не сакаат да бидат едно, тие сакаат да бидат две. Весна има 78 години, а Власта 67. Весна е актерка, додека Власта е изведувачка. Весна и Власта одлучија нивното стареење да биде успешно, активно и здраво стареење, бидејќи старењеето не значи пропаѓање, туку зголемување на сопствениот потенцијал. Затоа, да се старее значи да се расте.

Современата геронтологија на различни начини се обидува да ја подигне свеста за стигмата на општеството кон стареењето и старите личности и ни нуди различни можности за подобрување на начините на живот. Фотографиите на Весна Стилиновиќ се приказ на трансформацијата низ која таа во својата актерска кариера често станувала некој друг. Меѓутоа, нејзиниот нов простор на нова егзистенција ѝ „подарил“ нов простор за слобода што некако ја довел во примарната форма на духот, во исконскиот живот што го придвижува нејзиното битие при најмало навестување на движење.

Изведбениот проект е резултат на пријателството и соработката на две уметници - Весна Стилиновиќ и Власта Делимар. Весна и Власта го избираат стареењето како тема на нивната соработка. Како и многу други природни, неизбежни биолошки факти, оваа животна возраст е социјално и економски стигматизирана и маргинализирана. Културата на младоста, брзината и напредокот тешко ја прифаќа неизбежноста на промените и ја отфрла природноста на животните циклуси. Овие жени, уметници, се среќаваат и се соочуваат со стареењето од лична перспектива, доведувајќи го во прашање сопствениот живот, работа, но и емоционалните и психолошките позиции во кои моментално се наоѓаат. На овој начин, оваа претстава станува документ за времето, моментот, личноста и стигмата, но и извртување на парадигмата што го дефинира стареењето како нешто непожелно - со својата неумоливост - скандалозно, срамно, означувајќи го самиот факт на постоењето со тешко-сварливата болка што ја наследуваме со доаѓањето во светот. Несовршеноста, несоодветноста на животот, тиранијата на телото што нѐ прави само една етапа во времето и просторот, секогаш во потрага по подобри, потрајни и посвети модалитети на измисленото јас.

Настанот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Факултет за драмски уметности (ФДУ) – Скопје.

The post „Весна и Власта“ – уметнички перформанс за затворање на АКТО 18 appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 16 декември, на Академската сцена на Факултатот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи уметничкиот перформанс „Весна и Власта“ кон достоинството (на стареењето) на уметниците Власта Делимар и Весна Стилиновиќ, како дел од програмата на фестивалот АКТО 18. Весна Стилиновиќ и Власта Делимар замислија заедничка претстава во која низ елементарен ерос ги поврзуваат нивните сличности, но и разлики. Но, тие преку ова пријателство не сакаат да бидат едно, тие сакаат да бидат две. Весна има 78 години, а Власта 67. Весна е актерка, додека Власта е изведувачка. Весна и Власта одлучија нивното стареење да биде успешно, активно и здраво стареење, бидејќи старењеето не значи пропаѓање, туку зголемување на сопствениот потенцијал. Затоа, да се старее значи да се расте. Современата геронтологија на различни начини се обидува да ја подигне свеста за стигмата на општеството кон стареењето и старите личности и ни нуди различни можности за подобрување на начините на живот. Фотографиите на Весна Стилиновиќ се приказ на трансформацијата низ која таа во својата актерска кариера често станувала некој друг. Меѓутоа, нејзиниот нов простор на нова егзистенција ѝ „подарил“ нов простор за слобода што некако ја довел во примарната форма на духот, во исконскиот живот што го придвижува нејзиното битие при најмало навестување на движење. Изведбениот проект е резултат на пријателството и соработката на две уметници - Весна Стилиновиќ и Власта Делимар. Весна и Власта го избираат стареењето како тема на нивната соработка. Како и многу други природни, неизбежни биолошки факти, оваа животна возраст е социјално и економски стигматизирана и маргинализирана. Културата на младоста, брзината и напредокот тешко ја прифаќа неизбежноста на промените и ја отфрла природноста на животните циклуси. Овие жени, уметници, се среќаваат и се соочуваат со стареењето од лична перспектива, доведувајќи го во прашање сопствениот живот, работа, но и емоционалните и психолошките позиции во кои моментално се наоѓаат. На овој начин, оваа претстава станува документ за времето, моментот, личноста и стигмата, но и извртување на парадигмата што го дефинира стареењето како нешто непожелно - со својата неумоливост - скандалозно, срамно, означувајќи го самиот факт на постоењето со тешко-сварливата болка што ја наследуваме со доаѓањето во светот. Несовршеноста, несоодветноста на животот, тиранијата на телото што нѐ прави само една етапа во времето и просторот, секогаш во потрага по подобри, потрајни и посвети модалитети на измисленото јас. Настанот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Факултет за драмски уметности (ФДУ) – Скопје.

The post „Весна и Власта“ – уметнички перформанс за затворање на АКТО 18 appeared first on Република.

]]>
Кривична против охриѓанец, ја истепал својата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-protiv-ohriganets-ja-istepal-svojata-sopruga/ Thu, 14 Sep 2023 13:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=681919

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот М. С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и неизвршување судска одлука, извести СВР Охрид.

„Тој, на 30.8.2023, околу 18.30 часот, во семејната куќа физички ја нападнал сопругата, со што постапил спротивно на решението од Основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство“, додаваат од СВР Охрид.

The post Кривична против охриѓанец, ја истепал својата сопруга appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот М. С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и неизвршување судска одлука, извести СВР Охрид. „Тој, на 30.8.2023, околу 18.30 часот, во семејната куќа физички ја нападнал сопругата, со што постапил спротивно на решението од Основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство“, додаваат од СВР Охрид.  

The post Кривична против охриѓанец, ја истепал својата сопруга appeared first on Република.

]]>
Вечерва свечено се затвораат „Струшките вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-svecheno-se-zatvoraat-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Sun, 27 Aug 2023 10:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=676268

Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва на Мостот на поезијата свечено ќе се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“, со почеток во 20:30 часот.

Награди ќе им бидат врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

На фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), кој годинава се одржува од 24 до 28 август под мотото „Чувствотворен јазик“, настапуваат повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Во рамки на програмата во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен Венец“, Влада Урошевиќ.

На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот.

Во рамки на програмата на СВП беше организиран и специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“.

По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП беше отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет.

Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година беше издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и философ Иван Џепароски.

Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје.
Програмата на фестивалот целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП.

The post Вечерва свечено се затвораат „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва на Мостот на поезијата свечено ќе се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“, со почеток во 20:30 часот. Награди ќе им бидат врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. На фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), кој годинава се одржува од 24 до 28 август под мотото „Чувствотворен јазик“, настапуваат повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Во рамки на програмата во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен Венец“, Влада Урошевиќ. На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот. Во рамки на програмата на СВП беше организиран и специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“. По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП беше отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет. Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година беше издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и философ Иван Џепароски. Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје. Програмата на фестивалот целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП.

The post Вечерва свечено се затвораат „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
„Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски вечерва ќе го затвори „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/posledniot-balkanski-vampir-na-dejan-dukovski-vo-rezhija-na-aleksandar-popovski-vecherva-ke-go-zatvori-vojdan-chernodrinski/ Fri, 16 Jun 2023 08:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=651985

Со претставата „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечерва во 20 часот ќе биде затворен 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Новата претстава, која имаше премиера пред еден месец во Нови Сад со нетрпение ја очекува фестивалската публика, а ќе се игра во чест на наградените театарски уметници. Наградите ќе бидат соопштени денеска на пладне, на прес конференција, а жирито е во состав: Јанко Љумовиќ, продуцент и професор на Факултет за драмски уметности од Црна Гора, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, двајцата менаџери на театри во Србија.

Преведувач од македонски јазик на текстот е Вера Василиќ, драматург - Николина Ѓукановиќ, сценографијата е на Александар Поповски и Жељко Пишкориќ, а костимите – на Миа Поповска. Музиката е на нашиот композитор Марјан Неќак, а кореографијата – на Сташа Зуровац. Улогите ги толкуваат: Тања Пјевац, Ненад Пеќинар, Милован Филиповиќ, Марко Марковиќ, Игор Павловиќ, Милорад Капор, Душан Јакишиќ, Бранислав Јерковиќ Вишња Обрадовиќ, Јована Балашевиќ и Јована Стипиќ-Радошевиќ.

Кога прв пат правев претстава на тема Дракула и вампири, судбината ме спои со човек роден во местото во кое е роден и Влад Цепеш, попознат како Дракула. Човекот ми го покажа портретот на Влад Цепеш и гордо ми го покажа својот профил. Тоа беше истата личност. Побарав да ми раскаже сѐ за вампирите. На тоа, тој скокна и почна да ме навредува, дека не знам ништо, дека Романија никогаш немала вампири и дека Влад бил голем владетел и човек. Подоцна дознав дека бил во право, Романија нема вампир во својата митологија, а го добила благодарение на Брам Стокер кој својот роман, што на почетокот се викал Гроф Вампир, подоцна го менува во Гроф Дракула поради записи кои ги нашол поврзани со Влад Цепеш. Но... ние имаме вампири. Тромеѓата меѓу Македонија, Србија и Бугарија во своите митови и народни преданија содржи приказни за вампири. Нашите вампири се малку поинакви од оној класичниот. Тие пеат и танцуваат по крововите и серат низ оџаците, и спијат со стоката... Кај Марко Цепенков постои приказна за познатиот ловец на вампири од Прилеп. Неговото име е Курта и тој, како што вели легендата, настанал од повампирен татко – вели Дуковски.

Важна книга за значењето на Коле Чашуле за македонската култура беше промовирана вчера на претстпоследниот ден од фестивалот. Станува збор за „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска, издание што го помогнаа Факултетот за драмски уметности, издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумно Министерството за култура.

Театролошка, научно втемелена, лесно читлива и во секоја смисла компактна книга која ги опфаќа сите аспекти на театрологијата. Ова е за почит, оцени театрологот Јелена Лужина на промоцијата на книгата „Чашуле: Приказнувачот“ од театрологот Ана Стојаноска, како дел од програмата „Автор во фокус“.

Книгата има нагласено емотивен однос, кој на таа научност не ѝ пречи, туку ѝ додава дополнителни валери, рече Лужина ,која додавајќи и своја емотивност, го спомена своето сеќавање од првиот контакт со Стојаноска кога Лужина ја оформувала новата класа магистранти.
- Разговарав со секој кандидат. Се појавува една црнокоса девојка, сигурна во себе. Ја прашувам: „Дали навистина сакате овде да бидете?“, а таа дрско ми одговори: „Да, се разбира!“ Така почнаа сите приказни, кои нема догледно да завршат. Во сето ова постои и еден приказнувач. Коле Чашуле, рече Лужина на промоцијата, напоменувајќи дека Чашуле на Стојаноска секојдневно, од првата нивна средба ѝ давал задачи како да пишува.

- Беше логично Ана еден ден да ја направи оваа книга. Ја направи во една хибридна форма. Тоа е и не е монографија. На тие црни страници во средината на книгата, тоа е чиста театрологија. Егзактна наука со факти. А белите страници се хибриден жанр. Во книгата се толкуваат два клучни момента во македонската театрологија. Првиот е со „Вејка на ветрот“, зашто оттука тргнува модернизмот во македонската драмска литература. Македонскиот модернизам тргна од Прилеп. Втората фаза е 1961 година со пиесата на Чашуле „Црнила“. Тоа беше најава на постдрамската историја. „Црнила“ беше првата претстава која доби награда надвор од Македонија (во 1962 година на „Стериино позорје“). Стојаноска од безбедна дистанца ги толкува тие сериозни поместувања како што треба да се толкуваат денес. Ова е исклучително ретко дело какво што досега немавме во македонската театролошка литература, а можеби и воопшто во литературата, хибридно по својата содржина, темелно испишано и направено, дело кое може да се преведе на кој било јазик и да добие највисоки награди, рече театрологот Јелена Лужина и сопруга на писателот и драмскиот автор Коле Чашуле.

Авторката Ана Стојаноска нагласи дека 14 години сакала да ја напише книгата, а емотивноста била неминовна.

Тој беше мојот втор татко. Имав двајца татковци и тие не се со мене. Среќна сум и благодарна што ги имав. Сакав да направам книга која ќе спои неколку различни работи: ќе го спои моето сеќавање за него преку моја театролошка анализа, со една книжевна анализа на крајот, зашто сметам дека еден дел од неговото прозно творештво не е доволно добро обработено во македонската книжевна наука. Оваа книга има неколку различни страни и една од најважните ми е што излезе онака како што ја замислив. Во средишниот дел, на црна хартија со бели букви, е реконструкцијата на „Црнила ремикс“, една од најважните претстави што ни се случи во последниве години во македонскиот театар, објасни Стојаноска.

За авторката, во „Црнила ремикст“ пиесата на Чашуле е протолкувана на најсуштествен начин.

Додека се промовира книгата ја слушате музиката на Дарко Димитриовски која ја направи за „Црнила ремикс“. Во тој период немав театролошки предизвик, беше некој летаргичен период. Се’ додека во 2018 година на МОТ не ја видов „Црнила ремикс“. Кога ги видов тие млади луѓе што решиле да направат хип-хоп театар, повторно ми го вратија предизвикот, рече на промоцијата авторката Стојаноска, која на крајот препорача:

Книгата можете да ја читате како што сакате. Или само да ја разгледате. Ако со оваа книга барем малку придонесам во македонската култура, ќе бидам благодарна.

Исто така се одржаа и разговори на тркалезна маса за четири претстави од официјалната програма – „Балконот“ на Албанскиот театар, „Женска гардероба“ на Театар Комедија, а доцна по полноќ публиката имаше средба и со екипите на „My Name is Medejа“ на Народниот театар од Битола и „Несфатената цивилизација“ на Охридскиот театар.

Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ се: Министерството за култура и Општина Прилеп.

The post „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски вечерва ќе го затвори „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечерва во 20 часот ќе биде затворен 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Новата претстава, која имаше премиера пред еден месец во Нови Сад со нетрпение ја очекува фестивалската публика, а ќе се игра во чест на наградените театарски уметници. Наградите ќе бидат соопштени денеска на пладне, на прес конференција, а жирито е во состав: Јанко Љумовиќ, продуцент и професор на Факултет за драмски уметности од Црна Гора, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, двајцата менаџери на театри во Србија. Преведувач од македонски јазик на текстот е Вера Василиќ, драматург - Николина Ѓукановиќ, сценографијата е на Александар Поповски и Жељко Пишкориќ, а костимите – на Миа Поповска. Музиката е на нашиот композитор Марјан Неќак, а кореографијата – на Сташа Зуровац. Улогите ги толкуваат: Тања Пјевац, Ненад Пеќинар, Милован Филиповиќ, Марко Марковиќ, Игор Павловиќ, Милорад Капор, Душан Јакишиќ, Бранислав Јерковиќ Вишња Обрадовиќ, Јована Балашевиќ и Јована Стипиќ-Радошевиќ.
Кога прв пат правев претстава на тема Дракула и вампири, судбината ме спои со човек роден во местото во кое е роден и Влад Цепеш, попознат како Дракула. Човекот ми го покажа портретот на Влад Цепеш и гордо ми го покажа својот профил. Тоа беше истата личност. Побарав да ми раскаже сѐ за вампирите. На тоа, тој скокна и почна да ме навредува, дека не знам ништо, дека Романија никогаш немала вампири и дека Влад бил голем владетел и човек. Подоцна дознав дека бил во право, Романија нема вампир во својата митологија, а го добила благодарение на Брам Стокер кој својот роман, што на почетокот се викал Гроф Вампир, подоцна го менува во Гроф Дракула поради записи кои ги нашол поврзани со Влад Цепеш. Но... ние имаме вампири. Тромеѓата меѓу Македонија, Србија и Бугарија во своите митови и народни преданија содржи приказни за вампири. Нашите вампири се малку поинакви од оној класичниот. Тие пеат и танцуваат по крововите и серат низ оџаците, и спијат со стоката... Кај Марко Цепенков постои приказна за познатиот ловец на вампири од Прилеп. Неговото име е Курта и тој, како што вели легендата, настанал од повампирен татко – вели Дуковски.
Важна книга за значењето на Коле Чашуле за македонската култура беше промовирана вчера на претстпоследниот ден од фестивалот. Станува збор за „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска, издание што го помогнаа Факултетот за драмски уметности, издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумно Министерството за култура. Театролошка, научно втемелена, лесно читлива и во секоја смисла компактна книга која ги опфаќа сите аспекти на театрологијата. Ова е за почит, оцени театрологот Јелена Лужина на промоцијата на книгата „Чашуле: Приказнувачот“ од театрологот Ана Стојаноска, како дел од програмата „Автор во фокус“.
Книгата има нагласено емотивен однос, кој на таа научност не ѝ пречи, туку ѝ додава дополнителни валери, рече Лужина ,која додавајќи и своја емотивност, го спомена своето сеќавање од првиот контакт со Стојаноска кога Лужина ја оформувала новата класа магистранти. - Разговарав со секој кандидат. Се појавува една црнокоса девојка, сигурна во себе. Ја прашувам: „Дали навистина сакате овде да бидете?“, а таа дрско ми одговори: „Да, се разбира!“ Така почнаа сите приказни, кои нема догледно да завршат. Во сето ова постои и еден приказнувач. Коле Чашуле, рече Лужина на промоцијата, напоменувајќи дека Чашуле на Стојаноска секојдневно, од првата нивна средба ѝ давал задачи како да пишува.
- Беше логично Ана еден ден да ја направи оваа книга. Ја направи во една хибридна форма. Тоа е и не е монографија. На тие црни страници во средината на книгата, тоа е чиста театрологија. Егзактна наука со факти. А белите страници се хибриден жанр. Во книгата се толкуваат два клучни момента во македонската театрологија. Првиот е со „Вејка на ветрот“, зашто оттука тргнува модернизмот во македонската драмска литература. Македонскиот модернизам тргна од Прилеп. Втората фаза е 1961 година со пиесата на Чашуле „Црнила“. Тоа беше најава на постдрамската историја. „Црнила“ беше првата претстава која доби награда надвор од Македонија (во 1962 година на „Стериино позорје“). Стојаноска од безбедна дистанца ги толкува тие сериозни поместувања како што треба да се толкуваат денес. Ова е исклучително ретко дело какво што досега немавме во македонската театролошка литература, а можеби и воопшто во литературата, хибридно по својата содржина, темелно испишано и направено, дело кое може да се преведе на кој било јазик и да добие највисоки награди, рече театрологот Јелена Лужина и сопруга на писателот и драмскиот автор Коле Чашуле. Авторката Ана Стојаноска нагласи дека 14 години сакала да ја напише книгата, а емотивноста била неминовна.
Тој беше мојот втор татко. Имав двајца татковци и тие не се со мене. Среќна сум и благодарна што ги имав. Сакав да направам книга која ќе спои неколку различни работи: ќе го спои моето сеќавање за него преку моја театролошка анализа, со една книжевна анализа на крајот, зашто сметам дека еден дел од неговото прозно творештво не е доволно добро обработено во македонската книжевна наука. Оваа книга има неколку различни страни и една од најважните ми е што излезе онака како што ја замислив. Во средишниот дел, на црна хартија со бели букви, е реконструкцијата на „Црнила ремикс“, една од најважните претстави што ни се случи во последниве години во македонскиот театар, објасни Стојаноска.
За авторката, во „Црнила ремикст“ пиесата на Чашуле е протолкувана на најсуштествен начин. Додека се промовира книгата ја слушате музиката на Дарко Димитриовски која ја направи за „Црнила ремикс“. Во тој период немав театролошки предизвик, беше некој летаргичен период. Се’ додека во 2018 година на МОТ не ја видов „Црнила ремикс“. Кога ги видов тие млади луѓе што решиле да направат хип-хоп театар, повторно ми го вратија предизвикот, рече на промоцијата авторката Стојаноска, која на крајот препорача:
Книгата можете да ја читате како што сакате. Или само да ја разгледате. Ако со оваа книга барем малку придонесам во македонската култура, ќе бидам благодарна.
Исто така се одржаа и разговори на тркалезна маса за четири претстави од официјалната програма – „Балконот“ на Албанскиот театар, „Женска гардероба“ на Театар Комедија, а доцна по полноќ публиката имаше средба и со екипите на „My Name is Medejа“ на Народниот театар од Битола и „Несфатената цивилизација“ на Охридскиот театар. Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ се: Министерството за култура и Општина Прилеп.  

The post „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски вечерва ќе го затвори „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, објаснете им на битолчани зошто прифаќате за 100 милиони евра кредит да го затворите РЕК Битола и да оставите 4.000 луѓе на улица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-objasnete-im-na-bitolchani-zoshto-prifakjate-za-100-milioni-evra-kredit-da-go-zatvorite-rek-bitola-i-da-ostavite-4-000-lugje-na-ulica/ Tue, 25 Oct 2022 15:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=565554

Силно и одлучно кон иднината, господине заменски премиер, сигурно не е планот за затворање на РЕК Битола и РЕК Осломеј, сигурно не е оставањето на улица на илјадници граѓани и директен и неизбежен економски колапс на Битола и битолчани. Одговорете им на битолчани зошто сте се обрзале со потпишувањето на кредитот од 100 милиони евра, дека до крајот на 2023 година ќе го затворите Осломеј, а до крајот на 2027 ќе го затворите и РЕК Битола.

Ова денеска од премиерот Димитар Ковачевски го побара Горан Исаков, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Свесни сте, му порача тој, дека тоа директно значи 4 илјади луѓе без леб, а уште дури четириесеттина илјади луѓе сериозно ќе бидат економски загрозени.

Силно и одлучно кон иднината господине заменски премиер, на Битола и должите одговори за двојното повисоката електрична енергија што ќе ја плаќаат граѓаните оваа зима, и за енормно зголемените цени на нафтените деривати. Битолчани, повеќе од пет години, го чекаат ветуваниот пат Битола – Меџитлија, за коj пред многу кратко време, се пофали несреќно и вашиот нов претседател на општинската организација. Силно и одлучно кон иднината господине заменски премиер, е вашата навика за цело страшно владеење на СДС најмалку четири пати да ги менувате и санирате филтрите на РЕК Битола. Да го носите цело време образованието и здравството во провалија. Да ги носите граѓаните дефинитивно на работ на основната гола животна егзистенција. Да им го уништувате постојано националното достоинство. Заменски премиере, очекуваме вечерва во Битола да им објасните на битолчани за аферата „Тајни имоти“, аферата „Броила“, за криминалот, за мафијата со марихуаната, за поделбата на пазарот на електрична енерија. И така, вечерва доаѓате, убаво е на земјоделците да им објасните зошто сеуште не ги добиле субвенциите? Зошто директно и вулгарно како централна власт се вмешувате во ингеренциите на локалната власт, водени од чисто партиски интереси? Во градот каде со векови се спојувале Истокот и Западот, градот со повеќе од 14 вековна урбана традиција исто така должите објаснување за понудата и планот културата да биде забавна категорија. Господине, заменски премиер, вашиот пат, единствено силно и одлучно кон иднината е вашето што поскоро заминување во опозиција, порача Исаков.

https://youtu.be/oMS2gwqYR8c

The post Ковачевски, објаснете им на битолчани зошто прифаќате за 100 милиони евра кредит да го затворите РЕК Битола и да оставите 4.000 луѓе на улица appeared first on Република.

]]>

Силно и одлучно кон иднината, господине заменски премиер, сигурно не е планот за затворање на РЕК Битола и РЕК Осломеј, сигурно не е оставањето на улица на илјадници граѓани и директен и неизбежен економски колапс на Битола и битолчани. Одговорете им на битолчани зошто сте се обрзале со потпишувањето на кредитот од 100 милиони евра, дека до крајот на 2023 година ќе го затворите Осломеј, а до крајот на 2027 ќе го затворите и РЕК Битола. Ова денеска од премиерот Димитар Ковачевски го побара Горан Исаков, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. Свесни сте, му порача тој, дека тоа директно значи 4 илјади луѓе без леб, а уште дури четириесеттина илјади луѓе сериозно ќе бидат економски загрозени.
Силно и одлучно кон иднината господине заменски премиер, на Битола и должите одговори за двојното повисоката електрична енергија што ќе ја плаќаат граѓаните оваа зима, и за енормно зголемените цени на нафтените деривати. Битолчани, повеќе од пет години, го чекаат ветуваниот пат Битола – Меџитлија, за коj пред многу кратко време, се пофали несреќно и вашиот нов претседател на општинската организација. Силно и одлучно кон иднината господине заменски премиер, е вашата навика за цело страшно владеење на СДС најмалку четири пати да ги менувате и санирате филтрите на РЕК Битола. Да го носите цело време образованието и здравството во провалија. Да ги носите граѓаните дефинитивно на работ на основната гола животна егзистенција. Да им го уништувате постојано националното достоинство. Заменски премиере, очекуваме вечерва во Битола да им објасните на битолчани за аферата „Тајни имоти“, аферата „Броила“, за криминалот, за мафијата со марихуаната, за поделбата на пазарот на електрична енерија. И така, вечерва доаѓате, убаво е на земјоделците да им објасните зошто сеуште не ги добиле субвенциите? Зошто директно и вулгарно како централна власт се вмешувате во ингеренциите на локалната власт, водени од чисто партиски интереси? Во градот каде со векови се спојувале Истокот и Западот, градот со повеќе од 14 вековна урбана традиција исто така должите објаснување за понудата и планот културата да биде забавна категорија. Господине, заменски премиер, вашиот пат, единствено силно и одлучно кон иднината е вашето што поскоро заминување во опозиција, порача Исаков.
https://youtu.be/oMS2gwqYR8c

The post Ковачевски, објаснете им на битолчани зошто прифаќате за 100 милиони евра кредит да го затворите РЕК Битола и да оставите 4.000 луѓе на улица appeared first on Република.

]]>
Албанија почна со затворање на средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-pochna-so-zatvoranje-na-srednite-uchilishta-povrzani-so-fetulah-gjulen/ Sat, 24 Sep 2022 08:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=553703

Албанската влада донесе одлука со која престанува со работа турското средно училиште „Мехмет Акиф Ерсој“ во Тирана.

Во одлуката потпишана од вицепремиерката Белинда Балуку, оваа образовна установа се задолжува на секој ученик да му ја достави потребната училишна документација која ќе му послужи за префрлање во друга установа и да ги врати уплатите што ги направиле родителите.

Според албанските медиуми колеџот „Мехмет Акиф Ерсој“ се вбројува меѓу „најквалитетните гимназии во периодот откако функционира во Албанија“.

Се чини дека албанската влада почна да ги реализира барањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со турските училишта во Албанија, затворајќи ги оние кои се поврзани со Фетулах Ѓулен и отворајќи го патот за училиштата кои се дел од струите на политичкиот ислам поддржани од Турција, наведува весникот „Панорама“.

Во владината одлука не е наведена причината за ваквата одлука.

Во нашата земја со години работат многу бизниси во сопственост на турски државјани, приврзаници на движењето „Фето“. Затворањето на овие објекти отсекогаш било барање на турскиот претседател Ердоган, додава весникот.

Ова е второ турско училиште во земјата на кое со одлука на владата му е ставен клуч на врата.

The post Албанија почна со затворање на средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен appeared first on Република.

]]>

Албанската влада донесе одлука со која престанува со работа турското средно училиште „Мехмет Акиф Ерсој“ во Тирана. Во одлуката потпишана од вицепремиерката Белинда Балуку, оваа образовна установа се задолжува на секој ученик да му ја достави потребната училишна документација која ќе му послужи за префрлање во друга установа и да ги врати уплатите што ги направиле родителите. Според албанските медиуми колеџот „Мехмет Акиф Ерсој“ се вбројува меѓу „најквалитетните гимназии во периодот откако функционира во Албанија“.
Се чини дека албанската влада почна да ги реализира барањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со турските училишта во Албанија, затворајќи ги оние кои се поврзани со Фетулах Ѓулен и отворајќи го патот за училиштата кои се дел од струите на политичкиот ислам поддржани од Турција, наведува весникот „Панорама“.
Во владината одлука не е наведена причината за ваквата одлука.
Во нашата земја со години работат многу бизниси во сопственост на турски државјани, приврзаници на движењето „Фето“. Затворањето на овие објекти отсекогаш било барање на турскиот претседател Ердоган, додава весникот.
Ова е второ турско училиште во земјата на кое со одлука на владата му е ставен клуч на врата.

The post Албанија почна со затворање на средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен appeared first on Република.

]]>
12. Филозофски филмски фестивал завршува вечерва со доделувањето на наградите „Златен був“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/12-filozofski-filmski-festival-zavrshuva-vecherva-so-dodeluvanjeto-na-nagradite-zlaten-buv/ Thu, 09 Jun 2022 11:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=513154

Вечерва (9 јуни, 20:30) во Летното кино „Мирно лето“ завршува 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал. По 8 денови дружење со филмот и философијата, тимот на Фестивалот ќе ги соопшти добитниците на наградите „Златен був“ за најдобрите филмови според жирито и според публиката, како и специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ во краткометражната селекција.
Последната вечер е намената и за уште една проекција од Ревијалната програма: Филм-философија, со проекција на филмот „Нешто корисно“ (Something Useful, 2017) на познатата турска режисерка Пелин Есмер.
Лејла, адвокатка и поетеса, оди на средба со пријателите од средното училиште по долгогодишно игнорирање на поканите за вакви дружби. Во возот кон Измир Лејла ја запознава Канан, млада студентка по медицина, којашто сонува да стане актерка и покрај поинаквите желби на нејзиното семејство. Нивното познанство ќе ги одведе во интересно патешествие за важноста на сопствениот избор, за радоста и грижата во поврзувањето со нова личност во животот, но и за важноста на уметноста во тешките моменти од животот.
Помеѓу останатите, филмот ја доби наградата за најдобро сценарио на Меѓународниот филмски фестивал во Талин, наградите FIPRESCI на Филмскиот фестивал во Истанбул, а потоа и наградите за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра актерка во Турција.
По филмот во Летното кино „Мирно лето“ ќе се одржат и првите ФФФ дијалози, нов сегмент во фестивалската програма којшто е конципиран да овозможи директна средба меѓу филмот и философијата, низ разговори (дијалози) на режисери и професори, истражувачи, филмолози или теоретичари на филмот. Вечерва, во овој сегмент ќе учествуваат режисерката Пелин Есмер (Pelin Esmer) и професорот Сердар Озтурк (Serdar Öztürk) од Турција. Публиката ќе има можност да го проследи дијалогот и дикретно да се вклучи во дискусијата со гостите присутни во Кинотеката.
Пелин Есмер е турска писателка и режисерка на играни и документарни филмови која има студирано социологија во Истанбул, а потоа целосно се посветува на филмската уметност. Есмер ја основа филмската компанија „Синефилм“ и од 2001 година ги снима нејзините независни филмови „Колекционер“, „Игра“, „10 до 11“, „Стражарска кула“, „Нешто корисно“ и „Кралицата Лир“ коишто се прикажувани на светски познатите фестивали: Сан Себастијан, Трибека, Торонто, Сараево, Ротердам, Талин итн. Во 2020 година MUBI Turkey и MUBI International ги претставија сите филмови на Есмер во Турција и во странство со ретроспективата насловена „Патување до срцето со Пелин Есмер“. Истата година, Истанбулскиот современ филмски музеј направи ретроспектива на филмовите на Есмер како дел од нивната серија „Средба со режисерите“.
Сердар Озтурк е професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој во 2016 година го иницира публикувањето на реномираното академско списание The Journal of SineFilozofi. Проф. Озтурк, исто така, е претседател на Здружението за филм и филозофија во Турција. Фокусот на истражувањето на Озтурк е главно интердисциплинарен. Има објавено повеќе статии и дела за културната историја на Турција и за социологијата и филозофијата на филмот, објавени во национални и во меѓународни списанија. Дел од неговите публикации коишто ја истражуваат врската меѓу филозофијата и филмот се: Кинофилозофија: Патувањето кон соништата на Куросава (2016), Вовед кон Кино Филозофија (2018), и неодамна ја уредува книгата Археологија на борбата во филмовите на Кен Лоуч (2021).

The post 12. Филозофски филмски фестивал завршува вечерва со доделувањето на наградите „Златен був“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва (9 јуни, 20:30) во Летното кино „Мирно лето“ завршува 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал. По 8 денови дружење со филмот и философијата, тимот на Фестивалот ќе ги соопшти добитниците на наградите „Златен був“ за најдобрите филмови според жирито и според публиката, како и специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ во краткометражната селекција. Последната вечер е намената и за уште една проекција од Ревијалната програма: Филм-философија, со проекција на филмот „Нешто корисно“ (Something Useful, 2017) на познатата турска режисерка Пелин Есмер. Лејла, адвокатка и поетеса, оди на средба со пријателите од средното училиште по долгогодишно игнорирање на поканите за вакви дружби. Во возот кон Измир Лејла ја запознава Канан, млада студентка по медицина, којашто сонува да стане актерка и покрај поинаквите желби на нејзиното семејство. Нивното познанство ќе ги одведе во интересно патешествие за важноста на сопствениот избор, за радоста и грижата во поврзувањето со нова личност во животот, но и за важноста на уметноста во тешките моменти од животот. Помеѓу останатите, филмот ја доби наградата за најдобро сценарио на Меѓународниот филмски фестивал во Талин, наградите FIPRESCI на Филмскиот фестивал во Истанбул, а потоа и наградите за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра актерка во Турција. По филмот во Летното кино „Мирно лето“ ќе се одржат и првите ФФФ дијалози, нов сегмент во фестивалската програма којшто е конципиран да овозможи директна средба меѓу филмот и философијата, низ разговори (дијалози) на режисери и професори, истражувачи, филмолози или теоретичари на филмот. Вечерва, во овој сегмент ќе учествуваат режисерката Пелин Есмер (Pelin Esmer) и професорот Сердар Озтурк (Serdar Öztürk) од Турција. Публиката ќе има можност да го проследи дијалогот и дикретно да се вклучи во дискусијата со гостите присутни во Кинотеката. Пелин Есмер е турска писателка и режисерка на играни и документарни филмови која има студирано социологија во Истанбул, а потоа целосно се посветува на филмската уметност. Есмер ја основа филмската компанија „Синефилм“ и од 2001 година ги снима нејзините независни филмови „Колекционер“, „Игра“, „10 до 11“, „Стражарска кула“, „Нешто корисно“ и „Кралицата Лир“ коишто се прикажувани на светски познатите фестивали: Сан Себастијан, Трибека, Торонто, Сараево, Ротердам, Талин итн. Во 2020 година MUBI Turkey и MUBI International ги претставија сите филмови на Есмер во Турција и во странство со ретроспективата насловена „Патување до срцето со Пелин Есмер“. Истата година, Истанбулскиот современ филмски музеј направи ретроспектива на филмовите на Есмер како дел од нивната серија „Средба со режисерите“. Сердар Озтурк е професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој во 2016 година го иницира публикувањето на реномираното академско списание The Journal of SineFilozofi. Проф. Озтурк, исто така, е претседател на Здружението за филм и филозофија во Турција. Фокусот на истражувањето на Озтурк е главно интердисциплинарен. Има објавено повеќе статии и дела за културната историја на Турција и за социологијата и филозофијата на филмот, објавени во национални и во меѓународни списанија. Дел од неговите публикации коишто ја истражуваат врската меѓу филозофијата и филмот се: Кинофилозофија: Патувањето кон соништата на Куросава (2016), Вовед кон Кино Филозофија (2018), и неодамна ја уредува книгата Археологија на борбата во филмовите на Кен Лоуч (2021).

The post 12. Филозофски филмски фестивал завршува вечерва со доделувањето на наградите „Златен був“ appeared first on Република.

]]>
Русија ги затвора конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-gi-zatvora-konzulatite-na-letonija-litvanija-i-estonija/ Thu, 21 Apr 2022 12:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=491797

Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија и побара од нивните вработени да ја напуштат земјата како реципрочна мерка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Во соопштението руското Министерство за надворешни работи прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот конзулат во Санкт Петербург и неговата канцеларија во Псков, како и литванскиот конзулат во Санкт Петербург, пренесува „Ројтерс“.

Претходно во април, Летонија и Естонија наредија затворање на два руски конзулата поради нападите врз Украина, додека Литванија го протера рускиот амбасадор од Вилнус, а како што беше наведено, одлуката е донесена во светло на настаните во украинскиот град Буча.

The post Русија ги затвора конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија appeared first on Република.

]]>

Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија и побара од нивните вработени да ја напуштат земјата како реципрочна мерка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Во соопштението руското Министерство за надворешни работи прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот конзулат во Санкт Петербург и неговата канцеларија во Псков, како и литванскиот конзулат во Санкт Петербург, пренесува „Ројтерс“. Претходно во април, Летонија и Естонија наредија затворање на два руски конзулата поради нападите врз Украина, додека Литванија го протера рускиот амбасадор од Вилнус, а како што беше наведено, одлуката е донесена во светло на настаните во украинскиот град Буча.

The post Русија ги затвора конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија appeared first on Република.

]]>
Сопствениците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sopstvenicite-najavuvaat-zatvoranje-na-benzinskite-stanici-vo-istochniot-del-na-zemjata/ Thu, 10 Mar 2022 13:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=470705

Воведувањето нова маржа за трговците со горива, односно нејзиното драстично намалување за 33 проценти од 4.5 на три денари, ќе ги принуди сопствениците да ги затворат бензинските станици во источниот дел на државата.

Маржата и претходно беше навистина мала, но со сегашното намалување нашите загуби ќе бидат екстремно високи. Тие што ги носат овие одлуки треба да имаат предвид дека иако маржата се намалува, придонесите остануваат на исто ниво, што значи дека ние и понатаму треба да исплаќаме плати како маржата да не е променета. Дополнителен проблем, што се провлекува со години, се и дивите, подвижни, бензински станици кои што нелегално функционираат на паркинзи и каде што гориво се продава и купува во буриња. Поради сите овие крајно непазарни услови, ние нема да имаме избор и ќе ставиме клуч на нашите бензински станици – вели Гоце Хубрев, претседател на Здружението на брендирани и приватни бензински пумпи, кои што работат во источниот дел на Македонија.

The post Сопствениците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата appeared first on Република.