затвор Струмица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvor-strumica/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 10:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затвор Струмица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvor-strumica/ 32 32 Директорот Борче Цветков, со мобинг наредувал да се пуштаат затвореници на слобода кога и да им текне https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-borche-tsvetkov-so-mobing-nareduval-da-se-pushtaat-zatvorenitsi-na-sloboda-koga-i-da-im-tekne/ Fri, 27 Sep 2024 08:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=820076

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична приjава против 40-годишниот Борче Цветков од Струмица, актуелен пратеник во собранието на РМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

Како што објаснуваат, пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица", во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..

Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, открива МВР.

The post Директорот Борче Цветков, со мобинг наредувал да се пуштаат затвореници на слобода кога и да им текне appeared first on Република.

]]>

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична приjава против 40-годишниот Борче Цветков од Струмица, актуелен пратеник во собранието на РМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. Како што објаснуваат, пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица", во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..
Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, открива МВР.

The post Директорот Борче Цветков, со мобинг наредувал да се пуштаат затвореници на слобода кога и да им текне appeared first on Република.

]]>
Од струмичкиот затвор во моментов се избегани 23 затвореници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-strumichkiot-zatvor-vo-momentov-se-izbegani-23-zatvorenitsi/ Wed, 07 Aug 2024 13:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=804240

Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов.

Во видео обраќање за затекнати состојби во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства.

Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите „Јас стојам зад тоа’’. Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат. Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува. Прва моја задача е се врати достоинството и работниот имунитет на вработените, изјави Ристов.

Согласно Законот за извршување на санкции и куќен ред, Ристов, посочува дека КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица и најавува носење на годишен план за работа за подобрување на стандардот на затворениците во делот на услови за живот и работа.

На предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, Владата на 24 јули годинава за ВД директор на Казнено-поправната установа „Затвор“ Струмица го именува Зоран Ристов, кој го замени ВД директор, Владимир Михајловиќ.

Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62 лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор согласно судско решение. Во затворот казна затвор издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и Радовиш.

The post Од струмичкиот затвор во моментов се избегани 23 затвореници appeared first on Република.

]]>

Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов. Во видео обраќање за затекнати состојби во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства.
Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите „Јас стојам зад тоа’’. Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат. Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува. Прва моја задача е се врати достоинството и работниот имунитет на вработените, изјави Ристов.
Согласно Законот за извршување на санкции и куќен ред, Ристов, посочува дека КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица и најавува носење на годишен план за работа за подобрување на стандардот на затворениците во делот на услови за живот и работа. На предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, Владата на 24 јули годинава за ВД директор на Казнено-поправната установа „Затвор“ Струмица го именува Зоран Ристов, кој го замени ВД директор, Владимир Михајловиќ. Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62 лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор согласно судско решение. Во затворот казна затвор издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и Радовиш.

The post Од струмичкиот затвор во моментов се избегани 23 затвореници appeared first on Република.

]]>
Однеле затвореник да заврши приватни обврски, па им избегал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odnele-zatvorenik-da-zavrshi-privatni-obvrski-pa-im-izbegal/ Fri, 22 Dec 2023 09:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=725607

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица.

Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон.

На 04.12.2023, В.Т., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица.

М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство.

The post Однеле затвореник да заврши приватни обврски, па им избегал appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон. На 04.12.2023, В.Т., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица. М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство.

The post Однеле затвореник да заврши приватни обврски, па им избегал appeared first on Република.

]]>