затвор струга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvor-struga/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Dec 2022 07:41:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затвор струга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvor-struga/ 32 32 Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-sudrija-krivichniot-sud-i-zatvorot-vo-struga-za-nesproveduvanjeto-na-mijalkov-kje-se-ispituva/ Fri, 23 Dec 2022 07:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=588982

Неспроведувањето на обвинетиот Сашо Мијалков од Затворот Струга на вчерашното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје ќе го испитува Управата за извршување на санкции. Додека за Затворот во Струга ова е техничка грешка на Кривичен, од Судот велат дека тој бил уредно поканет.

Управата за извршување на санкции вчера најави дека ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.

]Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, во одговор на МИА, вели дека станува збор за техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.

Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, рече директорот Куља за МИА.

Од Кривичен, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетото лице за денешната расправа.

На денешната главна расправа, судечкиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа, велат од Кривичен суд.

Подоцна Кривичен, во соопштение до медиумите, ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга.

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Следното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 26.12.2022 година.

Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

The post Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува appeared first on Република.

]]>

Неспроведувањето на обвинетиот Сашо Мијалков од Затворот Струга на вчерашното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје ќе го испитува Управата за извршување на санкции. Додека за Затворот во Струга ова е техничка грешка на Кривичен, од Судот велат дека тој бил уредно поканет. Управата за извршување на санкции вчера најави дека ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.
]Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, во одговор на МИА, вели дека станува збор за техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.
Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, рече директорот Куља за МИА.
Од Кривичен, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетото лице за денешната расправа.
На денешната главна расправа, судечкиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа, велат од Кривичен суд.
Подоцна Кривичен, во соопштение до медиумите, ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга. Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.
Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Следното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 26.12.2022 година. Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

The post Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува appeared first on Република.

]]>
Наместо утре, Мијалков ќе се јави во затворот во Струга на 22 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/namesto-utre-mijalkov-kje-se-javi-vo-zatvorot-vo-struga-na-22-avgust/ Sun, 07 Aug 2022 17:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=537733

Поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков, нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор утре, бидејќи побарал одложување на издржувањето за две недели, дознава Телма. Наместо утре, тој во затворот ќе треба да се јави на 22 август.

Сашо Мијалков претходно се спогоди со јавното обвинителство и призна вина во случајот „Империја“, по што доби тригодишна затворска казна, а воедно му беа конфискувани 6,1 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра.

По спогодбата, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, а таму го префрли и седиштето на една од своите фирми.

Покрај Мијалков, во затворот во Струга казната (ќе) ја издржуваат уште тројца обвинети во „Империја“. И тие признаа вина и се спогодија со судот, а пред издржувањто на казната ја променија и адресата на живеење од Скопје во Охрид – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски.

The post Наместо утре, Мијалков ќе се јави во затворот во Струга на 22 август appeared first on Република.

]]>

Поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков, нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор утре, бидејќи побарал одложување на издржувањето за две недели, дознава Телма. Наместо утре, тој во затворот ќе треба да се јави на 22 август. Сашо Мијалков претходно се спогоди со јавното обвинителство и призна вина во случајот „Империја“, по што доби тригодишна затворска казна, а воедно му беа конфискувани 6,1 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра. По спогодбата, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, а таму го префрли и седиштето на една од своите фирми. Покрај Мијалков, во затворот во Струга казната (ќе) ја издржуваат уште тројца обвинети во „Империја“. И тие признаа вина и се спогодија со судот, а пред издржувањто на казната ја променија и адресата на живеење од Скопје во Охрид – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски.

The post Наместо утре, Мијалков ќе се јави во затворот во Струга на 22 август appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски: Испадна дека Струга е градот на затворски туризам, треба да се смени оваа апсурдна ситуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-ispadna-deka-struga-e-gradot-na-zatvorski-turizam-treba-da-se-smeni-ovaa-apsurdna-situacija/ Sat, 23 Jul 2022 13:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=532435

Министерството за правда ќе предложи во иднина извршувањето на затворската казна на осудениот да се врзе со неговото место на живеење во последните две години, изјави министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за радио Слободна Европа. Неговиот коментар следува откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, а претходно и бизнисменот Орце Камчев ги променија адресите на живеење во Охрид и создадоа правна основа за одржување на затворската казна во затворот во Струга.

„Испадна дека Струга е градот на затворски туризам. Се работи нели за закон од отворен тип и се разбира дека и во однос на безбедноста и условите за издржување на казната се попривилегирачки или подобри во однос на другите казнено поправни установи во нашата држава. Правна можност за тоа постои, но она што ние можеме да го направиме како правда во иднина, еве се менува и законот за извршување на санкции, каде што еве како идеја би можело да ставиме, односно би било добро „извршувањето на казната да се врзе со последните 2 години на живеалиште од пред извршување на кривичното дело. На таков начин ние би избегнале оваа апсурдна ситуација, или ситуација која можеби по малку наликува на злоупотреба или излегување од правата рамка“, вели Тупанчески во интервјуто.

Тој ги коментираше и спогодбите за вина на Камчев и Мијалков, институт преку кој на двајцата им се намали затворската казна.

„Во принцип јас конкретни пресуди не коментирам, меѓутоа можам да зборувам за состојбите. Спогодувањето на вина претставува елемент или сегмент од прецедентното право којшто е пресликан во нашиот правен систем, посебно во Законот за кривична постапка. Идејата беше добра, во насока на тоа дека доколку постојат пододредени услови коишто се строго определени, заради економичност на постапката да се примени тој институт. Не можам да кажам дека имаме резултати на тој план. Дали имаме злоупотреба на институтот спогодување на вина е прашање за кое можеби треба да се дискутира и тоа е поразличен дискурс. Секогаш потенцирам дека казната мора да биде индивидуализирана и да биде во пропорција со неправото кое претходно било извршено, со квалитетот на неправо и она што се нарекува инкриминација. Без таква пропорција, ние не сме ја постигнале целта“, вели Тупанчески.

Инаку Мијалков призна вина за случајот и се спогоди со „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Тој ќе оди три години во затвор и ќе му се одземе имот во вредност од околу 30 милиони евра. Претходно и Камчев, постигна спогодба во „Империја“ и доби една година затвор. Истиот доби пресуда и во случајот „Плацови на Водно“ каде што со првостепена пресуда, исто така, беше осуден на едногодишна казна затвор. Покрај затворската казна, тој да уплати и пет милиони евра во државниот буџет.

The post Тупанчевски: Испадна дека Струга е градот на затворски туризам, треба да се смени оваа апсурдна ситуација appeared first on Република.