затвор идризово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvor-idrizovo/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 09:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затвор идризово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvor-idrizovo/ 32 32 Затвореници дивееле и кршеле во канцеларија на „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorenitsi-diveele-i-krshele-vo-kantselarija-na-idrizovo/ Fri, 01 Nov 2024 09:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=833005

Во средата во 18.20 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово било пријавено дека околу 17.00 часот во канцеларија на полуотворено одделение во установата осудените лица В.К.(20) од Дебар, А.З.(21) од Скопје и А.А.(27) од с.Сарај,скопско, со тврди предмети искршиле дел од инвентарот.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

 

The post Затвореници дивееле и кршеле во канцеларија на „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Во средата во 18.20 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово било пријавено дека околу 17.00 часот во канцеларија на полуотворено одделение во установата осудените лица В.К.(20) од Дебар, А.З.(21) од Скопје и А.А.(27) од с.Сарај,скопско, со тврди предмети искршиле дел од инвентарот. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.  

The post Затвореници дивееле и кршеле во канцеларија на „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Таравари: Се размислува дали модуларната болница кај Инфективната да ја преземе Министерството за одбрана или пак да се пренесе во Затворот Идризово https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-se-razmisluva-dali-modularnata-bolnitsa-kaj-infektivnata-da-ja-prezeme-ministerstvoto-za-odbrana-ili-pak-da-se-prenese-vo-zatvorot-idrizovo/ Thu, 19 Sep 2024 10:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=817736

Се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак таа да се пренесе во Затворот Идризово, изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој беше во посета на Болницата во Штип.

Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово.

За модуларната болница на Инфективна клиника веќе има одлука на Влада со која таа болница треба да ја преземе Министерството за одбрана. Има и друга идеја бидејќи треба болница во затворот во Идризово. Сега сме во дилема дали таа модуларна болница да ја пренесеме таму за да служи како амбуланта во Затворот Идризово – изјави Таравари, при посетата на Клиничката болница Штип.

Во однос на модуларната болница во Штип, што е во функција од март 2021 година, Таравари рече дека треба да се размисли рационално како да се искористи каде што има потреба.

Во тек на ковид пандемијата, со одлука на Министерството за здравство, беа изградени модуларни болници во 16 градови низ државава.

 

The post Таравари: Се размислува дали модуларната болница кај Инфективната да ја преземе Министерството за одбрана или пак да се пренесе во Затворот Идризово appeared first on Република.

]]>

Се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак таа да се пренесе во Затворот Идризово, изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој беше во посета на Болницата во Штип. Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово. За модуларната болница на Инфективна клиника веќе има одлука на Влада со која таа болница треба да ја преземе Министерството за одбрана. Има и друга идеја бидејќи треба болница во затворот во Идризово. Сега сме во дилема дали таа модуларна болница да ја пренесеме таму за да служи како амбуланта во Затворот Идризово – изјави Таравари, при посетата на Клиничката болница Штип. Во однос на модуларната болница во Штип, што е во функција од март 2021 година, Таравари рече дека треба да се размисли рационално како да се искористи каде што има потреба. Во тек на ковид пандемијата, со одлука на Министерството за здравство, беа изградени модуларни болници во 16 градови низ државава.  

The post Таравари: Се размислува дали модуларната болница кај Инфективната да ја преземе Министерството за одбрана или пак да се пренесе во Затворот Идризово appeared first on Република.

]]>
Затворски чувар нападна колега во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorski-chuvar-napadna-kolega-vo-idrizovo/ Mon, 03 Jun 2024 16:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=784459

Ноќваво 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Затворски чувар нападна колега во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Ноќваво 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Затворски чувар нападна колега во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Тепачка меѓу осуденици во затворот во Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-megu-osudenitsi-vo-zatvorot-vo-idrizovo/ Sat, 01 Jun 2024 18:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=783948

Во СВР Скопје вчера во 22:00 часот било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тепачка меѓу осуденици во затворот во Идризово appeared first on Република.

]]>

Во СВР Скопје вчера во 22:00 часот било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тепачка меѓу осуденици во затворот во Идризово appeared first on Република.

]]>
Обвинителството испитува кој и зошто го запали автомобилот на директорот Јовановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ispituva-koj-i-zoshto-go-zapali-avtomobilot-na-direktorot-jovanovski/ Wed, 15 May 2024 13:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=778392

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата.

Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија, информираат од ЈОРМ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-avtomobilot-na-direktorot-na-zatvorot-idrizovo/

Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

The post Обвинителството испитува кој и зошто го запали автомобилот на директорот Јовановски appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата.
Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија, информираат од ЈОРМ.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-avtomobilot-na-direktorot-na-zatvorot-idrizovo/ Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј.. Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

The post Обвинителството испитува кој и зошто го запали автомобилот на директорот Јовановски appeared first on Република.

]]>
Филмско бегство се подговувало во Идризово – пронајдени два тунела низ кои затворениците требало да избегаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/filmsko-begstvo-se-podgovuvalo-vo-idrizovo-pronajdeni-dva-tunela-niz-koi-zatvorenitsite-trebalo-da-izbegaat/ Thu, 11 Apr 2024 21:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=765156

Филмско бегство се подговувало во најголемиот македонски затвор КПД Идризово. Во затворот се откриени два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници. Бекството е спречено, а полицијата вршела претрес во затворот, пренесува „360 степени“.

Во единственото официјално соопштение од Обвинителството што е објавено досега, потврдено е дека имало претрес во КПД Идризово со цел, како што е наведено „за обезбедување доказен материјал“.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ ’Идризово’ – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“ – соопштија од Обвинителството.

Претресот во повеќе простории на затворот Идризово потврден е и од МВР.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.4.2024 г.) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ ’Идризово’, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривичноправни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“ – соопштија од МВР.

The post Филмско бегство се подговувало во Идризово – пронајдени два тунела низ кои затворениците требало да избегаат appeared first on Република.

]]>

Филмско бегство се подговувало во најголемиот македонски затвор КПД Идризово. Во затворот се откриени два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници. Бекството е спречено, а полицијата вршела претрес во затворот, пренесува „360 степени“. Во единственото официјално соопштение од Обвинителството што е објавено досега, потврдено е дека имало претрес во КПД Идризово со цел, како што е наведено „за обезбедување доказен материјал“.
Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ ’Идризово’ – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“ – соопштија од Обвинителството.
Претресот во повеќе простории на затворот Идризово потврден е и од МВР.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.4.2024 г.) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ ’Идризово’, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривичноправни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“ – соопштија од МВР.

The post Филмско бегство се подговувало во Идризово – пронајдени два тунела низ кои затворениците требало да избегаат appeared first on Република.

]]>
Рација во „Идризово“, упаднаа специјалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ratsija-vo-idrizovo-upadnaa-spetsijaltsi/ Thu, 11 Apr 2024 10:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=764908

Од утрово се случува голема полициска акција во КПУ „Идризово“. Според информацијата, акцијата следувала по сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот.

Од ОЈО велат дека акцијата е координирана од Основното јавно обвинителство Скопје поради сомневања за кривично-правни дејствија. Претресите се со цел обезбедување доказен материјал.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Лани во октомври најмалку десет полицајци и дел од затворениците беа повредени при судир кој настанал во затворот Идризово. Затворениците пружиле отпор на обидот на полицијата да изврши претрес во ќелиите, но полицајците ги совладале, рекоа тогаш од МВР. При претресот беа најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога.

Во меѓувреме, во најголемиот македонски затвор сѐ уште е на сила кризната мерка со која овој затвор надворешно е обезбедуван од војска и полиција.

The post Рација во „Идризово“, упаднаа специјалци appeared first on Република.

]]>

Од утрово се случува голема полициска акција во КПУ „Идризово“. Според информацијата, акцијата следувала по сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот. Од ОЈО велат дека акцијата е координирана од Основното јавно обвинителство Скопје поради сомневања за кривично-правни дејствија. Претресите се со цел обезбедување доказен материјал. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Лани во октомври најмалку десет полицајци и дел од затворениците беа повредени при судир кој настанал во затворот Идризово. Затворениците пружиле отпор на обидот на полицијата да изврши претрес во ќелиите, но полицајците ги совладале, рекоа тогаш од МВР. При претресот беа најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога. Во меѓувреме, во најголемиот македонски затвор сѐ уште е на сила кризната мерка со која овој затвор надворешно е обезбедуван од војска и полиција.

The post Рација во „Идризово“, упаднаа специјалци appeared first on Република.

]]>
Затвореник се обидел да избега од „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorenik-se-obidel-da-izbega-od-idrizovo/ Sat, 03 Feb 2024 18:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=740073

Осуденик се обидел да избега од затворот „Идризово“, но бил спречен од вработените, информираат од МВР.

На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

The post Затвореник се обидел да избега од „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Осуденик се обидел да избега од затворот „Идризово“, но бил спречен од вработените, информираат од МВР. На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

The post Затвореник се обидел да избега од „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Жител на Здруње испратен во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-zdrune-ispreten-vo-idrizovo/ Sat, 20 Jan 2024 17:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=734981

На 19.01.2024 во 19.40 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го привеле Ѓ.М.(35) од село Здуње, гостиварско. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.

The post Жител на Здруње испратен во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

На 19.01.2024 во 19.40 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го привеле Ѓ.М.(35) од село Здуње, гостиварско. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.

The post Жител на Здруње испратен во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Еден ден издржаа без храна: Затворениците го прекинаа штрајкот со глад https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-den-izdrzhaa-bez-hrana-zatvorenitsite-go-prekinaa-shtrajkot-so-glad/ Tue, 31 Oct 2023 15:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=696758

Вкупно 213 осуденици од полуотвореното одделение во „К.П.У. „Идризово“ го прекинаа попладнево штрајкот со глад кој го почнаа изутрината, потврди за МИА заменик-директорот на установата Феми Јонузи.

Тој информира дека осудениците биле посетени од страна на Народниот правобранител, од тимови на Управата за извршување на санкции. Посочи дека на повредените осуденици постојано им се пружа медицинска помош.

Јонузи потенцира дека тимови на Управата за извршување на санкции разговараат со затворениците, вработените и управата на затворот за да се надмине проблемот и да се утврди фактичката состојба.

Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ вчера побараа средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно, како што најавија ќе почнат штрајк со глад.

Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдија вчера дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение.

- Ние осудениците од Н.П.О-одд при К.П.У. „Идризово“ ве известуваме дека од утре, 31 октомври, стапуваме во штрајк со глад поради тешко повредените осуденици на кои не им се укажува лекарска заштита иако се со тешки телесни повреди како последица од полициската акција, се наведува во писмото.

Министерството за внатрешни работи викендов соопшти дека при претрес во полуотвореното одделение во „Идризово“ се повредени 10 полицајци при судир со група затвореници кои пружиле отпор. При претресот, пронајдени се 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога

The post Еден ден издржаа без храна: Затворениците го прекинаа штрајкот со глад appeared first on Република.

]]>

Вкупно 213 осуденици од полуотвореното одделение во „К.П.У. „Идризово“ го прекинаа попладнево штрајкот со глад кој го почнаа изутрината, потврди за МИА заменик-директорот на установата Феми Јонузи. Тој информира дека осудениците биле посетени од страна на Народниот правобранител, од тимови на Управата за извршување на санкции. Посочи дека на повредените осуденици постојано им се пружа медицинска помош. Јонузи потенцира дека тимови на Управата за извршување на санкции разговараат со затворениците, вработените и управата на затворот за да се надмине проблемот и да се утврди фактичката состојба. Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ вчера побараа средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно, како што најавија ќе почнат штрајк со глад. Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдија вчера дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение. - Ние осудениците од Н.П.О-одд при К.П.У. „Идризово“ ве известуваме дека од утре, 31 октомври, стапуваме во штрајк со глад поради тешко повредените осуденици на кои не им се укажува лекарска заштита иако се со тешки телесни повреди како последица од полициската акција, се наведува во писмото. Министерството за внатрешни работи викендов соопшти дека при претрес во полуотвореното одделение во „Идризово“ се повредени 10 полицајци при судир со група затвореници кои пружиле отпор. При претресот, пронајдени се 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога

The post Еден ден издржаа без храна: Затворениците го прекинаа штрајкот со глад appeared first on Република.

]]>
Трагите за обидот за убиство на Штекли водат кон затворот „Идризово“ и бунтот на затворениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tragite-za-obidot-za-ubistvo-na-shtekli-vodat-kon-zatvorot-idrizovo-i-buntot-na-zatvorenitsite/ Tue, 31 Oct 2023 14:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=696719

Трагите за можниот нарачател на неуспешната ликвидација на Раде Трајковски – Штекли од Ист Гејт мол водат кон затворот Идризово, дознава „Алфатв“ .Ранувањето на Штекли наводно е поврзано и со упадот на специјалците во затворот.Намерата била да се одземат телефоните на неколкумина затвореници кои се осомничени дека имаат некаква врска со пукањето.

Рацијата не е беше против начинот на кој се внесува дрога и оружје внатре. Тоа е поради пукањето во Ист Гејт. Ставени се одредени осуденици на ПИМ мерки подолго време. Телефоните беа потребни да се вештачат, конечно да се расветли кој нарачува убиства и опожарување на возила-велат изворите на „Алфатв“ .

 

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shtekli-e-dobro-deneska-si-odi-doma/

Повеќе на „Алфа.мк“

The post Трагите за обидот за убиство на Штекли водат кон затворот „Идризово“ и бунтот на затворениците appeared first on Република.

]]>

Трагите за можниот нарачател на неуспешната ликвидација на Раде Трајковски – Штекли од Ист Гејт мол водат кон затворот Идризово, дознава „Алфатв“ .Ранувањето на Штекли наводно е поврзано и со упадот на специјалците во затворот.Намерата била да се одземат телефоните на неколкумина затвореници кои се осомничени дека имаат некаква врска со пукањето. Рацијата не е беше против начинот на кој се внесува дрога и оружје внатре. Тоа е поради пукањето во Ист Гејт. Ставени се одредени осуденици на ПИМ мерки подолго време. Телефоните беа потребни да се вештачат, конечно да се расветли кој нарачува убиства и опожарување на возила-велат изворите на „Алфатв“ .   https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shtekli-e-dobro-deneska-si-odi-doma/ Повеќе на „Алфа.мк“

The post Трагите за обидот за убиство на Штекли водат кон затворот „Идризово“ и бунтот на затворениците appeared first on Република.

]]>
Фатен затвореник кој од „Идризово“ избегал во 2015 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-zatvorenik-koj-od-idrizovo-izbegal-vo-2015-godina/ Thu, 08 Jun 2023 08:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=649070

На подрачје на Аеродром синоќа околу 22:40 часот  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од скопското село Мојанци.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори), а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

The post Фатен затвореник кој од „Идризово“ избегал во 2015 година appeared first on Република.

]]>

На подрачје на Аеродром синоќа околу 22:40 часот  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од скопското село Мојанци. Од МВР денеска соопштија дека тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори), а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

The post Фатен затвореник кој од „Идризово“ избегал во 2015 година appeared first on Република.

]]>
По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-paleneto-i-brojnite-zakani-zatvorski-politsajtsi-zemaat-boleduvane-samo-za-da-ne-odat-na-rabota/ Sat, 29 Apr 2023 08:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=635200

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани.

Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“.

Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.

Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.

Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани. Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“. Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.
Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.
Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>
Специјалци го тресат затворот „Идризово“, блокирани се влезовите и излезите од две одделенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spetsijaltsi-go-tresat-zatvorot-idrizovo-blokirani-se-vlezovite-i-izlezite-od-dve-oddelenija/ Thu, 20 Apr 2023 18:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=632596

Припадници на специјалната едница на МВР повторно прават претреси во затворот „Идризово“ во кординација со затворската управа.

Како што известува „Макфакс“, блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот.

Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.

Пред извесен период беше запален автомобил на заменик-директорот на „Идризово“, а претходно уште три возила на вработени од затворот.

The post Специјалци го тресат затворот „Идризово“, блокирани се влезовите и излезите од две одделенија appeared first on Република.

]]>

Припадници на специјалната едница на МВР повторно прават претреси во затворот „Идризово“ во кординација со затворската управа. Како што известува „Макфакс“, блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот. Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари. Пред извесен период беше запален автомобил на заменик-директорот на „Идризово“, а претходно уште три возила на вработени од затворот.

The post Специјалци го тресат затворот „Идризово“, блокирани се влезовите и излезите од две одделенија appeared first on Република.

]]>
Тројца затвореници упаднале и кршеле во канцеларија во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-zatvorenitsi-upadnale-i-krshele-vo-kantselarija-vo-idrizovo/ Sat, 01 Apr 2023 07:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=625974

Во нов инцидент во „Идризово“, тројца затвореници влегле во канцеларијата во зградата на затвореното одделение, во која имало вработени лица, при што едниот од осудениците оштетил дел од инвентарот.

Како што информираа од МВР, на 30.03.2023 во 15.17 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.30 часот во канцеларија во зградата на затвореното одделение во установата, во која имало вработени лица, влегле осудениците Р.К(34), Н.З.(31) и Б.З.(32) и еден од нив оштетил дел од инвентарот.

За случајот е запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

The post Тројца затвореници упаднале и кршеле во канцеларија во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Во нов инцидент во „Идризово“, тројца затвореници влегле во канцеларијата во зградата на затвореното одделение, во која имало вработени лица, при што едниот од осудениците оштетил дел од инвентарот. Како што информираа од МВР, на 30.03.2023 во 15.17 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.30 часот во канцеларија во зградата на затвореното одделение во установата, во која имало вработени лица, влегле осудениците Р.К(34), Н.З.(31) и Б.З.(32) и еден од нив оштетил дел од инвентарот. За случајот е запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

The post Тројца затвореници упаднале и кршеле во канцеларија во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Игор Југ: Добро никој не праша каде се исфрлија десетина приколки земја од копањето? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/igor-jug-dobro-nikoj-ne-prasha-kade-se-isfrlija-desetina-prikolki-zemja-od-kopaneto/ Thu, 23 Mar 2023 11:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=622829

Се испокењавме за демек тунелот за бегство од Идризово, сите станавме комичари во обид, го искористивме за мал милион споредби, за партијашки ниски удари…А на никој не ви текна да прашате „Каде се десетте приколки земја која би требало да е исфрлена со копањето на тунелот!?“, прашува Игор Југ.

Во џепови ги прошверцувале тие што одат на викенд и на одмор!?

Иван Исцелител со супер моќи ги префрлил на друга локација!?

По милионити пат не работат како бавча!

Кој црн тунел, кое црно бегство????

Ама ете, пуста желба за лајна јадење го заслепува човекот и не му дава да ја види големата слика, а на лукавиот му проаđа фората!

Додека не замајуваат со “тунелот од Шошенк”, се отвараат нови “тунели” кои никогаш нема да бидат откриени и чие “копање” и “одржување” ние ćе го платиме, а надлежните ćе си припишат поени за “пронајдената” канализациона шахта…

Конечниот епилог :

И ВОЛКОТ СИТ И ОВЦИТЕ НА БРОЈ!!!, пишува тој.

The post Игор Југ: Добро никој не праша каде се исфрлија десетина приколки земја од копањето? appeared first on Република.

]]>

Се испокењавме за демек тунелот за бегство од Идризово, сите станавме комичари во обид, го искористивме за мал милион споредби, за партијашки ниски удари…А на никој не ви текна да прашате „Каде се десетте приколки земја која би требало да е исфрлена со копањето на тунелот!?“, прашува Игор Југ.
Во џепови ги прошверцувале тие што одат на викенд и на одмор!? Иван Исцелител со супер моќи ги префрлил на друга локација!? По милионити пат не работат како бавча! Кој црн тунел, кое црно бегство???? Ама ете, пуста желба за лајна јадење го заслепува човекот и не му дава да ја види големата слика, а на лукавиот му проаđа фората! Додека не замајуваат со “тунелот од Шошенк”, се отвараат нови “тунели” кои никогаш нема да бидат откриени и чие “копање” и “одржување” ние ćе го платиме, а надлежните ćе си припишат поени за “пронајдената” канализациона шахта… Конечниот епилог : И ВОЛКОТ СИТ И ОВЦИТЕ НА БРОЈ!!!, пишува тој.

The post Игор Југ: Добро никој не праша каде се исфрлија десетина приколки земја од копањето? appeared first on Република.

]]>
Правилникот на „Идризово“ според кој осуденици со активни постапки не можат да користат отсуство е спротивен на Устав и дискриминирачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pravilnikot-na-idrizovo-spored-koj-osudenitsi-so-aktivni-postapki-ne-mozhat-da-koristat-otsustvo-e-sprotiven-na-ustav-i-diskriminirachki/ Sat, 21 Jan 2023 18:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=599453

Адвокатот Виктор Цветковски во интервјуто за „Република“ говореше за актуелната тема зошто осудените во затворот во „Идризово“ за кои се водат и други случаи не можат да користат погодности како отсуства.

Се работи за правилник кој не дозволува користење на погодности доколку имате други постапки.Тој е правилник што го носи министерот за правда на предлог на Управата за извршување на санкции.Важи за сите затвори и тој правилник регулира на кој начин се користат погодности.Тој правилник го донесе тогашниот министер Маневски и остана да функционира. Уште 2017 година беше кажано дека ќе го променат но тој се уште важи.Правилникот е спротивен на Устав, дискриминирачки. Постои начелото на презумција на невиност. Тоа што за некого се води постапка не значи дека ќе биде осуден, можеби ќе биде пресудата одбивателна или ослободителна.Овој правилник директно влијае на правата и погодностите на осудените лица-oбјанува Цветковски.

Нелогичноста на овој правилник се актуелизираше на случјот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска . Таа како жена мора казната да ја издржува само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира.

 

https://www.youtube.com/watch?v=0L_zodL1ouE&t=201s

The post Правилникот на „Идризово“ според кој осуденици со активни постапки не можат да користат отсуство е спротивен на Устав и дискриминирачки appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Виктор Цветковски во интервјуто за „Република“ говореше за актуелната тема зошто осудените во затворот во „Идризово“ за кои се водат и други случаи не можат да користат погодности како отсуства.
Се работи за правилник кој не дозволува користење на погодности доколку имате други постапки.Тој е правилник што го носи министерот за правда на предлог на Управата за извршување на санкции.Важи за сите затвори и тој правилник регулира на кој начин се користат погодности.Тој правилник го донесе тогашниот министер Маневски и остана да функционира. Уште 2017 година беше кажано дека ќе го променат но тој се уште важи.Правилникот е спротивен на Устав, дискриминирачки. Постои начелото на презумција на невиност. Тоа што за некого се води постапка не значи дека ќе биде осуден, можеби ќе биде пресудата одбивателна или ослободителна.Овој правилник директно влијае на правата и погодностите на осудените лица-oбјанува Цветковски.
Нелогичноста на овој правилник се актуелизираше на случјот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска . Таа како жена мора казната да ја издржува само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира.   https://www.youtube.com/watch?v=0L_zodL1ouE&t=201s

The post Правилникот на „Идризово“ според кој осуденици со активни постапки не можат да користат отсуство е спротивен на Устав и дискриминирачки appeared first on Република.

]]>