затварање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvaranje/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Aug 2023 09:04:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затварање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zatvaranje/ 32 32 Познат бренд ги затвора продавниците во земјите со германско говорно подрачје: Стотици луѓе ќе останат без работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poznat-brend-gi-zatvora-prodavnitsite-vo-zemjite-so-germansko-govorno-podrachje-stotitsi-luge-ke-ostanat-bez-rabota/ Fri, 04 Aug 2023 09:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=668585

Познатиот француски бренд на природна козметика „Ив Рошер“, основан во 1965 година во Ла Гацилија од францускиот визионер Ив Рошер, вчера ја објави веста за затворање на продавницата во Штутгарт, каде што се наоѓа седиштето на трговскиот синџир за Германија, пренесува магазинот „Феникс“.

„Ив Рошер“ ќе продолжи со онлајн продажба, но со затворањето на продавниците, погодени се стотици вработени, пренесува N1.

„Со постоечкиот бизнис модел „Ив Рошер“ повеќе не може да работи одржливо и успешно. Продавниците ќе бидат постепено затворени во наредните месеци“, соопштија од централата за продажба за германското говорно подрачје во Штутгарт-Вајхинген.

Според претходните информации, компанијата има околу 140 подружници во земјите од германското говорно подрачје. Затворањето на филијалата ќе погоди 350 вработени, се наведува во соопштението на синџирот.

The post Познат бренд ги затвора продавниците во земјите со германско говорно подрачје: Стотици луѓе ќе останат без работа appeared first on Република.

]]>

Познатиот француски бренд на природна козметика „Ив Рошер“, основан во 1965 година во Ла Гацилија од францускиот визионер Ив Рошер, вчера ја објави веста за затворање на продавницата во Штутгарт, каде што се наоѓа седиштето на трговскиот синџир за Германија, пренесува магазинот „Феникс“. „Ив Рошер“ ќе продолжи со онлајн продажба, но со затворањето на продавниците, погодени се стотици вработени, пренесува N1. „Со постоечкиот бизнис модел „Ив Рошер“ повеќе не може да работи одржливо и успешно. Продавниците ќе бидат постепено затворени во наредните месеци“, соопштија од централата за продажба за германското говорно подрачје во Штутгарт-Вајхинген. Според претходните информации, компанијата има околу 140 подружници во земјите од германското говорно подрачје. Затворањето на филијалата ќе погоди 350 вработени, се наведува во соопштението на синџирот.

The post Познат бренд ги затвора продавниците во земјите со германско говорно подрачје: Стотици луѓе ќе останат без работа appeared first on Република.

]]>
Во овој град е наредено 5 дневно заклучување и мерење температура неколку пати на ден поради „респираторна болест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ovoj-grad-e-naredeno-5-dnevno-zakluchuvane-i-merene-temperatura-nekolku-pati-na-den-poradi-respiratorna-bolest/ Wed, 25 Jan 2023 08:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=600713

Севернокорејските власти наредија петдневно заклучување на жителите во главниот град Пјонгјанг поради појава на „респираторни заболувања“.

Ова е прва ваква мерка откако Северна Кореја прогласи победа над Ковид-19 на 19 август 2022 година.

На жителите на Пјонгјанг им е наредено да останат дома од среда до недела.

Жителите на Пјонгјанг, исто така, мора да мерат температура неколку пати на ден, објави НК њуз со седиште во Сеул.

Во извештајот не се спомнува Ковид-19, но се вели дека настинката е меѓу новите болести кои моментално се шират низ главниот град на Северна Кореја.

The post Во овој град е наредено 5 дневно заклучување и мерење температура неколку пати на ден поради „респираторна болест“ appeared first on Република.

]]>

Севернокорејските власти наредија петдневно заклучување на жителите во главниот град Пјонгјанг поради појава на „респираторни заболувања“. Ова е прва ваква мерка откако Северна Кореја прогласи победа над Ковид-19 на 19 август 2022 година. На жителите на Пјонгјанг им е наредено да останат дома од среда до недела. Жителите на Пјонгјанг, исто така, мора да мерат температура неколку пати на ден, објави НК њуз со седиште во Сеул. Во извештајот не се спомнува Ковид-19, но се вели дека настинката е меѓу новите болести кои моментално се шират низ главниот град на Северна Кореја.

The post Во овој град е наредено 5 дневно заклучување и мерење температура неколку пати на ден поради „респираторна болест“ appeared first on Република.

]]>
Азески: Aко Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-ako-vladata-ne-pomogne-kje-ima-zatvoranja-na-kompanii-i-otpushtanja/ Thu, 21 Jul 2022 11:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=531798

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Во Комората во овој момент 1 000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените - изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата.

Побаравме енергично Владата да помогне и да се произнесе по ова прашање. Вечерва имаме средба со премиерот, а вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде Комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа средба со премиерот веројатно ќе одржи за десетина дена - истакна Азески.

Според него, искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство.

Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените - рече Азески.

The post Азески: Aко Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања appeared first on Република.

]]>

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.