застава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zastava/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Feb 2024 14:58:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png застава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zastava/ 32 32 Фабриката „Застава“ се продава по цена од 584 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fabrikata-zastava-se-prodava-po-tsena-od-584-iljadi-evra/ Sat, 10 Feb 2024 14:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=742449

Фабриката за производство автомобили „Застава“ од Крагуевац ќе оди на продажба. Во рамки на постапката за стечај на компанијата, огласена е почетна цена од 584.000 евра за фабриката во Крагуевац, како и канцеларии и деловни простории на повеќе локации

Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници (АЛСУ) за 5 март ја објави првата продажба од стечајот на групацијата „Застава“ од Крагуевац. Продажбата ќе биде изведена по пат на јавно наддавање со почетна цена од околу 68,9 милиони динари (околу 584.000 евра).

Во пакетот се продаваат деловни простории на повеќе локации како и фабрички згради и канцеларии.

The post Фабриката „Застава“ се продава по цена од 584 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Фабриката за производство автомобили „Застава“ од Крагуевац ќе оди на продажба. Во рамки на постапката за стечај на компанијата, огласена е почетна цена од 584.000 евра за фабриката во Крагуевац, како и канцеларии и деловни простории на повеќе локации Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници (АЛСУ) за 5 март ја објави првата продажба од стечајот на групацијата „Застава“ од Крагуевац. Продажбата ќе биде изведена по пат на јавно наддавање со почетна цена од околу 68,9 милиони динари (околу 584.000 евра). Во пакетот се продаваат деловни простории на повеќе локации како и фабрички згради и канцеларии.

The post Фабриката „Застава“ се продава по цена од 584 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Приведен кумановец кој се обидел да украде „застава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-kumanovets-koj-se-obidel-da-ukrade-zastava/ Sat, 03 Feb 2024 10:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=739973

МВР соопшти дека синоќа, во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Б.К. (30) од Куманово.

Б.К. се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен кумановец кој се обидел да украде „застава“ appeared first on Република.

]]>

МВР соопшти дека синоќа, во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Б.К. (30) од Куманово. Б.К. се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен кумановец кој се обидел да украде „застава“ appeared first on Република.

]]>
Популарноста им расте: „Стокецови“ шибаат низ Делчево https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/popularnosta-im-raste-stoketsovi-shibaat-niz-delchevo/ Sat, 22 Apr 2023 16:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=633047

Во Делчево се поголем е бројот на млади вљубеници во олдтајмерите. Еден од оние кои ја наследиле љубовта кон олдтајмерите е гимназијалецот Никола Тодоровски кој веќе две години инвестира во реставрација на својата „Застава 101“, која му останала како спомен од неговиот дедо.

Автомобилот е од 1977 година, мојот дедо е прв сопственик. Ја зедов од него пред три години, а лани ја реставрирав. Има добро возење, со италијански мотор е, има уште некои поправки што треба да се завршат, вели младиот Никола, кој додава дека му претставува задоволство повременото дружење со членовите на олдтајмер клубот од Делчево.

Клубот ,,Kings of the roads" во кој членува Никола, брои околу 60-тина членови, а според претседателот на делчевското здружение Лоренцо Трајановски, радува фактот што се повеќе млади се приклучуваат кон клубот.

И нас не радува што има се повеќе млади вљубеници во старите автомобили кои сакаат да ни се приклучат. Од наша страна им даваме совети за она што им е важно. Со младите можеме да кажеме дека броиме околу шеесетина членови иако бројката дополнително ќе биде регулирана по потпишувањето на пристапници, вели Трајановски.

За делчевските вљубеници во олдтајмерите најголем проблем се регистерските таблички. Најавениот закон за менување на табличките не им оди во прилог, бидејки како што додават на запад олдтајмерите имаат посебен третман, а овде доколку те затекнат со нерегистирани кола казните се големи. Не одбиваат да платат одредена сума на пари, но потенцираат дека потребно е олеснување при регистрирањето на ваквиот вид возила.

Трајановски на дружење со своите членови информираше дека традиционалната изложба на олдтајмери во Делчево наречена „Ретро кар шоу“, кое секоја година се организира околу Велигденските празници, годинава е презакажана за август.

Поради дождот многу пати во април имавме проблеми со временските услови, што беше причина многу учесници да не можат да дојдат. Оваа година одлучивме тоа да биде август,  а друга причина е инсистирањето на нашите иселеници кои сакаат да го направиме настанот кога тие се тука. Затоа денес пред велигденски сме собрани да се видиме после подолго време и да го дефинираме точниот датум на одржување на изложбата на олдтајмери, подвлече Трајановски.

The post Популарноста им расте: „Стокецови“ шибаат низ Делчево appeared first on Република.

]]>

Во Делчево се поголем е бројот на млади вљубеници во олдтајмерите. Еден од оние кои ја наследиле љубовта кон олдтајмерите е гимназијалецот Никола Тодоровски кој веќе две години инвестира во реставрација на својата „Застава 101“, која му останала како спомен од неговиот дедо.
Автомобилот е од 1977 година, мојот дедо е прв сопственик. Ја зедов од него пред три години, а лани ја реставрирав. Има добро возење, со италијански мотор е, има уште некои поправки што треба да се завршат, вели младиот Никола, кој додава дека му претставува задоволство повременото дружење со членовите на олдтајмер клубот од Делчево.
Клубот ,,Kings of the roads" во кој членува Никола, брои околу 60-тина членови, а според претседателот на делчевското здружение Лоренцо Трајановски, радува фактот што се повеќе млади се приклучуваат кон клубот.
И нас не радува што има се повеќе млади вљубеници во старите автомобили кои сакаат да ни се приклучат. Од наша страна им даваме совети за она што им е важно. Со младите можеме да кажеме дека броиме околу шеесетина членови иако бројката дополнително ќе биде регулирана по потпишувањето на пристапници, вели Трајановски.
За делчевските вљубеници во олдтајмерите најголем проблем се регистерските таблички. Најавениот закон за менување на табличките не им оди во прилог, бидејки како што додават на запад олдтајмерите имаат посебен третман, а овде доколку те затекнат со нерегистирани кола казните се големи. Не одбиваат да платат одредена сума на пари, но потенцираат дека потребно е олеснување при регистрирањето на ваквиот вид возила. Трајановски на дружење со своите членови информираше дека традиционалната изложба на олдтајмери во Делчево наречена „Ретро кар шоу“, кое секоја година се организира околу Велигденските празници, годинава е презакажана за август.