засолниште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasolnishte/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 12:07:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png засолниште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasolnishte/ 32 32 Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-im-zatvori-vrata-na-zhrtvite-na-semejno-nasilstvo-vo-sveti-nikole-ostanaa-bez-zasolnishteto/ Thu, 15 Feb 2024 12:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=744367

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска го посети овој објект и наиде на затворени врати.

Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата, се вели во соопштението од МТСП.

Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во министерството.

Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект. Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи, велат вработените.

Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства.

Инаку, Шелтер центарот е граден со поддршка на УНДП во време на владеењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции, велат од МТСП.

The post Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето appeared first on Република.

]]>

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска го посети овој објект и наиде на затворени врати.
Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата, се вели во соопштението од МТСП.
Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во министерството.
Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект. Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи, велат вработените.
Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства. Инаку, Шелтер центарот е граден со поддршка на УНДП во време на владеењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ. Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции, велат од МТСП.

The post Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето appeared first on Република.

]]>
Анџелина Џоли бегаше во засолниште во Украина откако се огласија сирените за напад https://arhiva3.republika.mk/scena/film/andzelina-dzoli-begashe-vo-zasolnishte-vo-ukraina-otkako-se-oglasija-sirenite-za-napad/ Mon, 02 May 2022 13:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=496388

Холивудската глумица Анџелина Џоли ги изненади Украинците кога во саботата седна во кафуле во Лавов.

Џоли - која од 2011 година е специјален пратеник на УНХЦР за бегалци - дошла да разговара со раселените луѓе што нашле засолниште во Лавов, меѓу кои и деца што се на лекување поради повреди добиени во ракетниот напад на железничката станица Краматорск во почетокот на април.

46-годишната Џоли го привлекла вниманието кога се појавила во неупадлива облека во кафулето, каде што им делела автограми на оние што ја препознале.

Актерката е снимена како шета низ градот со придружба, кога се огласиле сирените за воздушен напад, па тие потрчуваат да се засолнат.

https://www.youtube.com/watch?v=Qq2UlEfS_IU

The post Анџелина Џоли бегаше во засолниште во Украина откако се огласија сирените за напад appeared first on Република.

]]>

Холивудската глумица Анџелина Џоли ги изненади Украинците кога во саботата седна во кафуле во Лавов. Џоли - која од 2011 година е специјален пратеник на УНХЦР за бегалци - дошла да разговара со раселените луѓе што нашле засолниште во Лавов, меѓу кои и деца што се на лекување поради повреди добиени во ракетниот напад на железничката станица Краматорск во почетокот на април. 46-годишната Џоли го привлекла вниманието кога се појавила во неупадлива облека во кафулето, каде што им делела автограми на оние што ја препознале. Актерката е снимена како шета низ градот со придружба, кога се огласиле сирените за воздушен напад, па тие потрчуваат да се засолнат. https://www.youtube.com/watch?v=Qq2UlEfS_IU

The post Анџелина Џоли бегаше во засолниште во Украина откако се огласија сирените за напад appeared first on Република.

]]>
Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за да ги поддржи луѓето во својата земја https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ukrainskiot-bend-selo-i-ludi-gi-objavuvaat-svoite-nastapi-vo-zivo-od-zasolnishteto-za-da-gi-poddrzi-lugjeto-vo-svojata-zemja/ Thu, 10 Mar 2022 11:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=470594

Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за да ги поддржи луѓето во својата земја и повика на мир во светот.

Членовите на бендот се од градот Харков, а на фронтменот на бендот, Алекс, му била уништена куќата за време на руската инвазија. Оттогаш со колегите живее во подрумот кој го користат како засолниште.

Алекс за Би-би-си изјавил дека покрај неговите колеги, во засолништето има и многу други луѓе. Тој рекол дека му е мило што во овие тешки моменти може да биде во засолништето каде што се чувствуваат барем малку безбедно.

Луѓето ширум светот на вестите гледаат што се случува во Украина. Не требаше да има војна. Но, никогаш не престанувајте да се борите, не се откажувајте. Слава на Украина – рекол Алекс.

https://www.youtube.com/watch?v=gFk-0V1r9Mg

The post Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за да ги поддржи луѓето во својата земја appeared first on Република.

]]>

Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за да ги поддржи луѓето во својата земја и повика на мир во светот. Членовите на бендот се од градот Харков, а на фронтменот на бендот, Алекс, му била уништена куќата за време на руската инвазија. Оттогаш со колегите живее во подрумот кој го користат како засолниште. Алекс за Би-би-си изјавил дека покрај неговите колеги, во засолништето има и многу други луѓе. Тој рекол дека му е мило што во овие тешки моменти може да биде во засолништето каде што се чувствуваат барем малку безбедно.