Засолниште во времето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasolnishte-vo-vremeto/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 14:41:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Засолниште во времето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasolnishte-vo-vremeto/ 32 32 Бугарскиот писател Георги Господинов ја доби Букеровата награда за романот „Засолниште во времето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bugarskiot-pisatel-georgi-gospodinov-ja-dobi-bukerovata-nagrada-za-romanot-zasolnishte-vo-vremeto/ Wed, 24 May 2023 14:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=644282

Бугарскиот писател Георги Господинов ја доби престижната меѓународна Букерова награда за романот „Засолниште во времето“. Ова е првпат бугарски писател да ја добие оваа престижна литературна награда.

Претседателката на жири-комисијата, Лејла Слимани, го опиша романот како „брилијантен, полн со иронија и меланхолија“.

Се работи за многу длабока тема која се занимава со современо и филозофско прашање – што се случува со нас кога нашите спомени исчезнуваат?“, додава Слимани.

Во „Засолниште во времето“ се раскажува приказна за отворање на „клиника за минатото“ која нуди ветувачки третман за пациенти со Алцхајмерова болест. Секој кат од клиниката прикажува една деценија во најситни детали, каде се` – од мебелот, цигарите и пијалаците се од таа ера, па до весници кои го опфаќаат секој ден од декадата. Како што се шири зборот за оваа клиника, во неа започнуваат да бараат прибежиште и здрави луѓе за да избегаат од хоророт на модерниот живот.

Според Слимани, романот отвора прашања за начинот на кој нашите спомени го чуваат идентитетот и нашиот интимен наратив.

Но, истовремено тоа е и голем роман за Европа, континентот на кому му е потребна иднина, каде минатото се менува и носталгијата е отров. Ни дава перспектива на гостината на земји како Бугарија, кои беа во срцето на идеолошкиот конфликт меѓу Западот и комунистичкиот свет, додаваа таа.

Паричната награда од 50.000 фунти ќе биде поделена помеѓу авторот и преведувачот и се доделува секоја година за роман или збирка на кратки раскази кој е преведен на англиски од било кој светски јазик и кој е објавен во Велика Британија или Ирска.

Романот „Засолниште во времето“, кој излезе кон крајот на 2021, на македонски јазик го објави издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Душко Крстевски, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Други дела на Господинов кои се објавени на македонски јазик се: „Природен роман“ („Темплум“/„Или-Или“), „И други приказни“ („Темплум“), „Балади и распади“ („Блесок“), „Физика на тагата“ („Или-Или“), „И сè стана месечина“ („Или-Или“) и „Сите наши тела“ („Или-Или“).

The post Бугарскиот писател Георги Господинов ја доби Букеровата награда за романот „Засолниште во времето“ appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот писател Георги Господинов ја доби престижната меѓународна Букерова награда за романот „Засолниште во времето“. Ова е првпат бугарски писател да ја добие оваа престижна литературна награда. Претседателката на жири-комисијата, Лејла Слимани, го опиша романот како „брилијантен, полн со иронија и меланхолија“.
Се работи за многу длабока тема која се занимава со современо и филозофско прашање – што се случува со нас кога нашите спомени исчезнуваат?“, додава Слимани.
Во „Засолниште во времето“ се раскажува приказна за отворање на „клиника за минатото“ која нуди ветувачки третман за пациенти со Алцхајмерова болест. Секој кат од клиниката прикажува една деценија во најситни детали, каде се` – од мебелот, цигарите и пијалаците се од таа ера, па до весници кои го опфаќаат секој ден од декадата. Како што се шири зборот за оваа клиника, во неа започнуваат да бараат прибежиште и здрави луѓе за да избегаат од хоророт на модерниот живот. Според Слимани, романот отвора прашања за начинот на кој нашите спомени го чуваат идентитетот и нашиот интимен наратив.
Но, истовремено тоа е и голем роман за Европа, континентот на кому му е потребна иднина, каде минатото се менува и носталгијата е отров. Ни дава перспектива на гостината на земји како Бугарија, кои беа во срцето на идеолошкиот конфликт меѓу Западот и комунистичкиот свет, додаваа таа.
Паричната награда од 50.000 фунти ќе биде поделена помеѓу авторот и преведувачот и се доделува секоја година за роман или збирка на кратки раскази кој е преведен на англиски од било кој светски јазик и кој е објавен во Велика Британија или Ирска. Романот „Засолниште во времето“, кој излезе кон крајот на 2021, на македонски јазик го објави издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Душко Крстевски, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Други дела на Господинов кои се објавени на македонски јазик се: „Природен роман“ („Темплум“/„Или-Или“), „И други приказни“ („Темплум“), „Балади и распади“ („Блесок“), „Физика на тагата“ („Или-Или“), „И сè стана месечина“ („Или-Или“) и „Сите наши тела“ („Или-Или“).

The post Бугарскиот писател Георги Господинов ја доби Букеровата награда за романот „Засолниште во времето“ appeared first on Република.

]]>
На први декември во МКЦ промоција на романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-prvi-dekemvri-vo-mkc-promocija-na-romanot-zasolnishte-vo-vremeto-od-georgi-gospodinov/ Thu, 24 Nov 2022 14:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=577897

На први декември, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател Георги Господинов, во издание на „Или-Или“.

По фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа, Георги Господинов, на радост на бројните читатели доаѓа во Скопје, најавува организаторот.

Модератор ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава, вели за најновиот роман на Господинов Сандро Веронези, автор на „Колибри“ и „Тивок хаос“, двоен добитник на Premio Strega.

„Ле Фигаро“ за книгата ќе напише:

Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално.

The post На први декември во МКЦ промоција на романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов appeared first on Република.

]]>

На први декември, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател Георги Господинов, во издание на „Или-Или“.
По фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа, Георги Господинов, на радост на бројните читатели доаѓа во Скопје, најавува организаторот.
Модератор ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска. Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.