засолништа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasolnishta/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 14:46:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png засолништа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasolnishta/ 32 32 Јапонија ќе ќе гради засолништа за во случај да избие конфликт во Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-ke-ke-gradi-zasolnishta-za-vo-sluchaj-da-izbie-konflikt-vo-tajvan/ Mon, 01 Apr 2024 14:34:41 +0000 https://republika.mk/?p=760994

Јапонската Влада се подготвува да изгради подземни цивилни засолништа направени од челичен армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри за во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван.

Засолништата ќе се градат на островите во префектурата Окинава, кои се најблиску до Тајван, пишува јапонскиот весник „Асахи Шимбун“.

Како што се наведува, објектите ќе се градат во општините Ишигаки, Мијакоџима, Јонагуни, Такетоми и Тарама, кои се наоѓаат на оддалечените острови од каде што евакуацијата е можна само со авион и брод.

Засолништата ќе бидат достапни за оние кои не можат навреме да се евакуираат, додека за останатите е смислен план за евакуација. Во објектите ќе се складира доволно храна и вода за најмалку две недели, а секој човек треба да има околу два квадратни метри за себе.

Локалните власти соопштија дека кога нема да бидат во употреба, засолништата може да се користат за состаноци и други собири.

The post Јапонија ќе ќе гради засолништа за во случај да избие конфликт во Тајван appeared first on Република.

]]>

Јапонската Влада се подготвува да изгради подземни цивилни засолништа направени од челичен армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри за во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван. Засолништата ќе се градат на островите во префектурата Окинава, кои се најблиску до Тајван, пишува јапонскиот весник „Асахи Шимбун“. Како што се наведува, објектите ќе се градат во општините Ишигаки, Мијакоџима, Јонагуни, Такетоми и Тарама, кои се наоѓаат на оддалечените острови од каде што евакуацијата е можна само со авион и брод. Засолништата ќе бидат достапни за оние кои не можат навреме да се евакуираат, додека за останатите е смислен план за евакуација. Во објектите ќе се складира доволно храна и вода за најмалку две недели, а секој човек треба да има околу два квадратни метри за себе. Локалните власти соопштија дека кога нема да бидат во употреба, засолништата може да се користат за состаноци и други собири.

The post Јапонија ќе ќе гради засолништа за во случај да избие конфликт во Тајван appeared first on Република.

]]>
Полска ќе го зголеми бројот на засолништа, се плаши дека ќе биде нападната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-kje-go-zgolemi-brojot-na-zasolnishta-se-plashi-deka-kje-bide-napadnata/ Sat, 19 Nov 2022 15:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=575897

Министерот за внатрешни работи на Полска Мариуш Камински денеска изјави дека во Полска ќе се зголеми бројот на засолништа.

Камински за радио станицата РМФ изјави дека во моментов во Полска се врши попис на постоечките засолништа, по налог на Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за неколку десетици илјади локации со кои располагаат локалните самоуправи. Оваа листа ќе ја завршиме кон средината на декември. Мораме да го зголемиме бројот на места кои на нашите граѓани ќе им го обезбедат потребното засолниште – рече Камински.

The post Полска ќе го зголеми бројот на засолништа, се плаши дека ќе биде нападната appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Полска Мариуш Камински денеска изјави дека во Полска ќе се зголеми бројот на засолништа. Камински за радио станицата РМФ изјави дека во моментов во Полска се врши попис на постоечките засолништа, по налог на Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за неколку десетици илјади локации со кои располагаат локалните самоуправи. Оваа листа ќе ја завршиме кон средината на декември. Мораме да го зголемиме бројот на места кои на нашите граѓани ќе им го обезбедат потребното засолниште – рече Камински.

The post Полска ќе го зголеми бројот на засолништа, се плаши дека ќе биде нападната appeared first on Република.

]]>
Валкани тунели, нефункционални аларми – како изгледаат бункерите за евакуација во Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/valkani-tuneli-nefunkcionalni-alarmi-kako-izgledaat-bunkerite-za-evakuacija-vo-makedonija/ Tue, 24 May 2022 10:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=506174

Засолништата за евакуација во Македонија имаат капацитет за 18% од населението, а системот за алармирање е нефункционален, со застарен и неефикасен начин на командување, анализира „Види вака“.

Доколку се случува поголема опасност, 200-те сирени низ државата нема да бидат вклучени, алармира медиумот, кој ѕирна во македонските бункери.

The post Валкани тунели, нефункционални аларми – како изгледаат бункерите за евакуација во Македонија? appeared first on Република.

]]>

Засолништата за евакуација во Македонија имаат капацитет за 18% од населението, а системот за алармирање е нефункционален, со застарен и неефикасен начин на командување, анализира „Види вака“. Доколку се случува поголема опасност, 200-те сирени низ државата нема да бидат вклучени, алармира медиумот, кој ѕирна во македонските бункери.

The post Валкани тунели, нефункционални аларми – како изгледаат бункерите за евакуација во Македонија? appeared first on Република.

]]>
Станиците на метрото во Киев станаа импровизирани засолништа, луѓето го напуштаат главниот град на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stanicite-na-metroto-vo-kiev-stanaa-improvizirani-zasolnishta-lugjeto-go-napushtaat-glavniot-grad-na-ukraina/ Thu, 24 Feb 2022 08:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=462854

Станици на метрото станаа импровизирани засолништа во главниот град на Украина, Киев. Очевидци за Си-Ен-Ен тврдат дека станиците се полни со луѓе, организирани во групи, кои носат со себе залихи.

Додека ги слушаме звуците од воздушниот напад, можете да замислите колку испаничени се луѓето во градот, станувајќи од своите кревети потресени од експлозиите, што ги има насекаде околу нас, изјави за Си-Ен-Ен, Метју Ченс во Киев.

Се додава дека „целиот сообраќај се движи во една насока… луѓето возат најбрзо што можат, со цел да стигнат на запад кон побезбедните подрачја“, можеби „кон Полска, оддалечена оттаму околу три до пет часа со автомобил“

The post Станиците на метрото во Киев станаа импровизирани засолништа, луѓето го напуштаат главниот град на Украина appeared first on Република.