заштитна опрема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zashtitna-oprema/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Jul 2022 07:33:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заштитна опрема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zashtitna-oprema/ 32 32 Наместо заштитна опрема за докторите купил очила за заварување: Директор на болница во БиХ доби 10 месеци затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/namesto-zashtitna-oprema-za-doktorite-kupil-ochila-za-zavaruvanje-direktor-na-bolnica-vo-bih-dobi-10-meseci-zatvor/ Tue, 19 Jul 2022 07:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=530848

Директор на болница во Босна и Херцеговина е осуден на 10 месеци затвор затоа што за време на пандемијата на корон авирусот набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување наместо наменети за контакт со заразени пациенти.

Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ, со процена дека десет месеци затвор е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет, ​​а во текот на судењето вратил нешто повеќе од 40 илјади евра за штетата што ја нанел на градскиот буџет. Тој самиот ја признал вината и е осуден за несовесно работење, а делот од обвинението во којшто се товари за корупција, е отфрлен.

Обвинението е покренато откако се покажа дека Гајиќ склучил договор за набавка на заштитна опрема за болницатаод фирма која воопшто не била регистрирана за тргување со медицинска опрема. Станува збор за патничка агенција од Бања Лука.

Договорот вредел нешто помалку од 140 илјади конвертибилни марки или околу 70 илјади евра.

Наместо заштитни одела, во болницата биле доставени костими без декларација, а наместо професионални заштитни очила пристигнале очила за заварување. Сѐ тоа е купено по цена под 30 илјади евра.

Уапсен е и директорот на агенцијата, Саша Марковиќ, како и директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Жељковиќ.

The post Наместо заштитна опрема за докторите купил очила за заварување: Директор на болница во БиХ доби 10 месеци затвор appeared first on Република.

]]>

Директор на болница во Босна и Херцеговина е осуден на 10 месеци затвор затоа што за време на пандемијата на корон авирусот набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување наместо наменети за контакт со заразени пациенти. Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ, со процена дека десет месеци затвор е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет, ​​а во текот на судењето вратил нешто повеќе од 40 илјади евра за штетата што ја нанел на градскиот буџет. Тој самиот ја признал вината и е осуден за несовесно работење, а делот од обвинението во којшто се товари за корупција, е отфрлен. Обвинението е покренато откако се покажа дека Гајиќ склучил договор за набавка на заштитна опрема за болницатаод фирма која воопшто не била регистрирана за тргување со медицинска опрема. Станува збор за патничка агенција од Бања Лука. Договорот вредел нешто помалку од 140 илјади конвертибилни марки или околу 70 илјади евра. Наместо заштитни одела, во болницата биле доставени костими без декларација, а наместо професионални заштитни очила пристигнале очила за заварување. Сѐ тоа е купено по цена под 30 илјади евра. Уапсен е и директорот на агенцијата, Саша Марковиќ, како и директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Жељковиќ.

The post Наместо заштитна опрема за докторите купил очила за заварување: Директор на болница во БиХ доби 10 месеци затвор appeared first on Република.

]]>