заштеда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zashteda/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 10:49:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заштеда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zashteda/ 32 32 Мајстор открива неколку трикови: Ќе заштедите струја ако вака ја наместите климата во вашиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/majstor-otkriva-nekolku-trikovi-ke-zashtedite-struja-ako-vaka-ja-namestite-klimata-vo-vashiot-dom/ Sun, 16 Jun 2024 12:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=788091

Клима уредите се спас за летните горештини, но доведуваат и до зголемена потрошувачка на струја. Сепак, постојат начини како рационално да се користи клима уредот и да не се трошат многу пари.

За оваа тема, совети за „Ало“ дава електричарот Рајко Станојевиќ.

Клима уредите работат најефикасно кога се со полна брзина, наместо да работат во пократки интервали со помала брзина. Според неговите препораки, подобро е да се остави клима уредот да работи со полна моќност, но пократко. Овој режим на работа не само што може да заштеди пари, туку и поефикасно ќе ја отстрани влагата од просторијата.

Кога станува збор за термостатот, со негово поставување на повисока температура може да се постигне значителна заштеда. Доколку разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната температура не е поголема од седум степени, клима уредот ќе троши помалку енергија. Според некои податоци, секој степен повисок на термостатот може да резултира со заштеда на енергија од три до пет проценти.

Поставете го термостатот на оптимална температура што ќе ви овозможи да ви биде удобно, но нема да го преоптоварите уредот. Препорачаната температура за ладење е помеѓу 24 °C и 26 °C. Секој степен помалку може да ја зголеми потрошувачката на енергија за околу 6 проценти.

Ако вашиот клима уред има функција на тајмер, користете ја за автоматско вклучување или исклучување на уредот во одредено време. На пример, можете да го програмирате да се вклучува еден час пред да се вратите дома, наместо да работи цел ден.

Редовното чистење на филтерот и одржувањето на клима уредот може да ја подобри неговата ефикасност и да ја намали потрошувачката на енергија. Нечистите филтри може да го ограничат протокот на воздух и да го принудат уредот да работи понапорно.

Проверете дали прозорците и вратите се затворени кога го користите клима уредот за да спречите ладниот воздух да излезе. Ова ќе овозможи побрзо ладење на просторот и ќе спречи губење на енергија. Исто така, затемнете ги прозорците или користете завеси за да ја намалите директната сончева светлина што влегува во просторијата.

Сончевата светлина може да го загрее просторот, што може да бара зголемена работа на клима уредот. Ако размислувате да го замените вашиот клима уред, размислете за купување на енергетски поефикасен модел. Поновите уреди често имаат подобри перформанси и помала потрошувачка на енергија во споредба со постарите модели.

The post Мајстор открива неколку трикови: Ќе заштедите струја ако вака ја наместите климата во вашиот дом appeared first on Република.

]]>

Клима уредите се спас за летните горештини, но доведуваат и до зголемена потрошувачка на струја. Сепак, постојат начини како рационално да се користи клима уредот и да не се трошат многу пари. За оваа тема, совети за „Ало“ дава електричарот Рајко Станојевиќ. Клима уредите работат најефикасно кога се со полна брзина, наместо да работат во пократки интервали со помала брзина. Според неговите препораки, подобро е да се остави клима уредот да работи со полна моќност, но пократко. Овој режим на работа не само што може да заштеди пари, туку и поефикасно ќе ја отстрани влагата од просторијата. Кога станува збор за термостатот, со негово поставување на повисока температура може да се постигне значителна заштеда. Доколку разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната температура не е поголема од седум степени, клима уредот ќе троши помалку енергија. Според некои податоци, секој степен повисок на термостатот може да резултира со заштеда на енергија од три до пет проценти. Поставете го термостатот на оптимална температура што ќе ви овозможи да ви биде удобно, но нема да го преоптоварите уредот. Препорачаната температура за ладење е помеѓу 24 °C и 26 °C. Секој степен помалку може да ја зголеми потрошувачката на енергија за околу 6 проценти. Ако вашиот клима уред има функција на тајмер, користете ја за автоматско вклучување или исклучување на уредот во одредено време. На пример, можете да го програмирате да се вклучува еден час пред да се вратите дома, наместо да работи цел ден. Редовното чистење на филтерот и одржувањето на клима уредот може да ја подобри неговата ефикасност и да ја намали потрошувачката на енергија. Нечистите филтри може да го ограничат протокот на воздух и да го принудат уредот да работи понапорно. Проверете дали прозорците и вратите се затворени кога го користите клима уредот за да спречите ладниот воздух да излезе. Ова ќе овозможи побрзо ладење на просторот и ќе спречи губење на енергија. Исто така, затемнете ги прозорците или користете завеси за да ја намалите директната сончева светлина што влегува во просторијата. Сончевата светлина може да го загрее просторот, што може да бара зголемена работа на клима уредот. Ако размислувате да го замените вашиот клима уред, размислете за купување на енергетски поефикасен модел. Поновите уреди често имаат подобри перформанси и помала потрошувачка на енергија во споредба со постарите модели.

The post Мајстор открива неколку трикови: Ќе заштедите струја ако вака ја наместите климата во вашиот дом appeared first on Република.

]]>
Kако климата да ви работи, а да заштедите струја? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kako-klimata-da-vi-raboti-a-da-zashtedite-struja/ Thu, 10 Aug 2023 20:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=670941

Можеби ќе ви се чини како непотребно трошење на електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доста на пари, а клима уредот на тој начин работи подобро.

Всушност, системот на разладување на просторот најефикасен е кога работи со полна брзина, отколку кога работи во кратки периоди со помала брзина, со цел да се одржи константна температура во текот на целиот ден.

Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја избрка влагата од вашиот дом.

Електична енергија може да се заштеди и доколку термостатот на клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната не смее да биде поголема од 7 до 10 степени).

Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 % помалку енергија со секој степен погоре на термостатот.

За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени целзиусови, додека не сте дома.

The post Kако климата да ви работи, а да заштедите струја? appeared first on Република.

]]>

Можеби ќе ви се чини како непотребно трошење на електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доста на пари, а клима уредот на тој начин работи подобро. Всушност, системот на разладување на просторот најефикасен е кога работи со полна брзина, отколку кога работи во кратки периоди со помала брзина, со цел да се одржи константна температура во текот на целиот ден. Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја избрка влагата од вашиот дом. Електична енергија може да се заштеди и доколку термостатот на клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната не смее да биде поголема од 7 до 10 степени). Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 % помалку енергија со секој степен погоре на термостатот. За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени целзиусови, додека не сте дома.

The post Kако климата да ви работи, а да заштедите струја? appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Во јануари домаќинствата имаат за 14 % просечна заштеда на електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-vo-januari-domakinstvata-imaat-za-14-prosechna-zashteda-na-elektrichnata-energija/ Wed, 15 Feb 2023 12:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=609296

Домаќинствата за 14% ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија располага, а се од Електродистрибуција. Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 GWh (349.830.666 kWh), додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на електрична енергија и истата изнесувала 408 GWh, известува РКЕ.

Од јануари од како на сила е новата цена на електрична енергија која за 99,2 % од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 %, споредбено со истиот период од минатата година - изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јануари донесе одлука со која за 20,15 % се намали цената на електричната енергија за над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок се намалува за 4,11 %.

The post Бислимоски: Во јануари домаќинствата имаат за 14 % просечна заштеда на електричната енергија appeared first on Република.

Министерството за финансии во октомври со заштеди од 44 отсто на електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-finansii-vo-oktomvri-so-zashtedi-od-44-otsto-na-elektrichnata-energija/ Tue, 29 Nov 2022 12:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=579591

Министерството за финансии во октомври 2022 година со примена на мерките за заштеда на електрична енергија евидентира помала потрошувачка од 44 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година.

Заштедата е резултат на примена на мерките, не само во централниот објект на Министерството за финансии, туку и во 34-те подрачни одделенија и 17 трезорски канцеларии низ целата држава, велат од Министерството за финансии.

Според податоците на министерството, во текот на октомври 2022 година биле потрошени помалку 100.000 киловат часови.

-Примената на мерките обезбеди заштеда на електрична енергија во текот на септември 2022 за 32 проценти, нагласуваат од министерството.

Оттаму истакнуваат дека вработените во Министерството за финансии ќе продолжат и во наредниот период со примената на воведените мерки, што, како што велат, овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот процес на работа.

-Мерките што ги презема Министерството за финансии се дел од пакетот што го усвои Владата со цел да се намали потрошувачката на електричната енергија кај државните и јавните институции, со цел да имаме сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата. Пакетот содржеше и препораки за заштеди до населението и компаниите, велат од Министерството за финансии.

The post Министерството за финансии во октомври со заштеди од 44 отсто на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии во октомври 2022 година со примена на мерките за заштеда на електрична енергија евидентира помала потрошувачка од 44 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година. Заштедата е резултат на примена на мерките, не само во централниот објект на Министерството за финансии, туку и во 34-те подрачни одделенија и 17 трезорски канцеларии низ целата држава, велат од Министерството за финансии. Според податоците на министерството, во текот на октомври 2022 година биле потрошени помалку 100.000 киловат часови. -Примената на мерките обезбеди заштеда на електрична енергија во текот на септември 2022 за 32 проценти, нагласуваат од министерството. Оттаму истакнуваат дека вработените во Министерството за финансии ќе продолжат и во наредниот период со примената на воведените мерки, што, како што велат, овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот процес на работа. -Мерките што ги презема Министерството за финансии се дел од пакетот што го усвои Владата со цел да се намали потрошувачката на електричната енергија кај државните и јавните институции, со цел да имаме сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата. Пакетот содржеше и препораки за заштеди до населението и компаниите, велат од Министерството за финансии.

The post Министерството за финансии во октомври со заштеди од 44 отсто на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Државните институции во октомври заштедиле 24 отсто електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/drzavnite-institucii-vo-oktomvri-zashtedile-24-otsto-elektrichna-energija/ Tue, 22 Nov 2022 10:08:19 +0000 https://republika.mk/?p=576850

Трендот на намалување на потрошувачката на струја од страна на државните институции продолжува и во октомври. Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. При тоа најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22, кај Кабинетот на претседателот на државата 24, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 отсто - рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Ако се земат во предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, нагласи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто.

Согласно податоците потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33 отсто. Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94 отсто. Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50 отсто, кај Министерство за локална самоуправа 58, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44 отсто, кај Министерството за труд и социјална политика 40, Министерството за економија заштедило 30 отсто електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи - прецизира Бектеши.

Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година, како што кажа, се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто.

Согласно податоците содржани во табеларниот приказ произлегува дека 15 субјекти оствариле заштеди од минимум 15 отсто во октомври 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година - рече Бектеши.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто.

Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто - посочи Бектеши.

Овие податоци за заштеда на електрична енергија, порача, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Упати апел до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија.

Со рационално трошење на струјата ќе се овозможи намалување на сметките за струја и за граѓаните и за компаниите кои ќе станат поконкурентни. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки се со цел оваа енергетска криза која ја зафати цела Европа да има најмали негативни ефекти за граѓаните, а со заеднички напори и штедење да има и најмали негативни ефекти за целата држава - потенцира Бектеши.

The post Државните институции во октомври заштедиле 24 отсто електрична енергија appeared first on Република.

Министерството за финансии се пофали дека заштедило струја од 32 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-finansii-se-pofali-deka-zashtedilo-struja-od-32-otsto/ Wed, 26 Oct 2022 12:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=565866

Министерството за финансии (МФ) со рационално користење на енергијата, согласно задолженијата дадени од Владата за заштеда на електрична енергија, во септември 2022 година направи заштедило 32 отсто на потрошувачката во споредба со потрошената електрична енергија во септември 2021 година.

Заштедата, не значи само финансиски бенефит, во период кога се соочуваме со недостаток на енергенси на глобално ниво, а особено на европското тло, тоа е придонес кон безбедно и сигурно снабдување со електрична енергија. Тоа ќе овозможи периодот што ни претстои и кога има зголемена потрошувачка на електрична енергија, заради затоплување, да го поминеме во топли простории и да не се соочиме со рестрикции, велат од МФ.

Нагласуваат дека секој може да даде придонес кон стабилноста со снабдување со електрична енергија и дека тоа директно зависи и од нашите поединечни однесувања.

Затоа Министерството за финансии, како и останатите институции, спроведе мерки што не го нарушуваат процесот на работа и безбедните услови за работа, а при тоа се обезбеди заштеда од 32 отсто. За тоа имаат придонес и вработените со своето одговорно однесување. Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветни за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци, посочуваат од МФ.

Оттаму велат дека малата промена на навиките значи многу во оваа криза, а да се задржи комфорната зона за сите.

Изгаснете ги сијалиците кога за тоа нема потреба, тоа ние го направивме во септември, искористете ја дневната светлина, тоа штеди и на осветлување и на загревање на просторијата, компјутерот исклучете го кога не ви треба, тоа исто го направија нашите вработени. Во ходниците светлата се вклучуваат на сензор и се осветлени само кога е тоа неопходно. Тоа се мерките што не донесоа до 32 отсто пониска потрошувачка. Да продолжиме и да се обидеме сите да дадеме придонес кон надминување на оваа криза со најмалку последици за сите нас. Електричната енергија е добро што на сите ни е потребно, порачуваат од Министерството за финансии.

The post Министерството за финансии се пофали дека заштедило струја од 32 отсто appeared first on Република.

Со греење на нула, намалено осветлување и други дополнителни мерки, така заштеди ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-greenje-na-nula-namaleno-osvetluvanje-i-drugi-dopolnitelni-merki-taka-zashtedi-esm/ Thu, 20 Oct 2022 12:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=563598

АД ЕСМ треба да биде пример како да се штеди енергијата, зашто ние ја произведуваме, рече денеска генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски.

Одговорајќи на новинарско прашање како ЕСМ успеа да заштеди струја кога фасадата на зградата се уште не е направена, Ковачевски одговори дека освен што максимално се почитувале мерките препорачани од Владата, во претпријатието има и други, дополнителни мерки.

Намалено скроз на нула греењето, намалени осветлувањата, намалена другата потрошувачка. ЕСМ не е само ЕСМ како дирекција, има и свои подружници, има и свои испостави. Максимално се придржуваме кон мерките на штедење што ги препорача Владата, меѓутоа не само препораката од Владата, ние имаме и дополнителни мерки. Како компанија имаме и други начини како да заштедиме енергија. Сметам дека така ќе продолжиме и во наредниот период. ЕСМ треба да биде пример како треба да се штеди енергијата затоа што ние ја произведуваме. Иако за нас енергијата е евтина, можеме да ја користиме во периоди кога сакаме и колку сакаме, но штедењето ќе значи дека таа енергија што ќе ја заштедиме, ќе ја пласираме во системот на испорака на енергија и таму ќе може да ја наплатиме и дополнително да го заштитиме системот во државата да биде сигурен и стабилен - рече Ковачевски.

Во наредните неколку денови ЕСМ ќе излезе со точно и прецизно објаснување како и на кој начин ги направила заштедите на струја во септември, колку изнесува тоа финансиски и каков е планот за наредниот период.

Имаме производна цена и цена на берзите. Доколку ја купувавме таа енергија сигурно ќе беше многу повеќе. По производната цена ќе излеземе во текот на наредните неколку денови со точно и прецизно објаснување како и на кој начин ги направи овие заштеди ЕСМ, колку заштеди финансиски и како е планот за наредниот период. Оставете во наредните неколку денови и официјално ќе биде соопштено на кој начин ги правиме заштедите, не само во дирекцијата, туку и во нашите производни единици - нагласи Ковачевски.

Владата вчера соопшти дека најголема заштеда на струја минатиот месец, по донесувањето на одлуката за рационално трошење струја, направила административната зграда на АД ЕСМ со вкупно 75 отсто.

The post Со греење на нула, намалено осветлување и други дополнителни мерки, така заштеди ЕСМ appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ треба да биде пример како да се штеди енергијата, зашто ние ја произведуваме, рече денеска генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски. Одговорајќи на новинарско прашање како ЕСМ успеа да заштеди струја кога фасадата на зградата се уште не е направена, Ковачевски одговори дека освен што максимално се почитувале мерките препорачани од Владата, во претпријатието има и други, дополнителни мерки.
Намалено скроз на нула греењето, намалени осветлувањата, намалена другата потрошувачка. ЕСМ не е само ЕСМ како дирекција, има и свои подружници, има и свои испостави. Максимално се придржуваме кон мерките на штедење што ги препорача Владата, меѓутоа не само препораката од Владата, ние имаме и дополнителни мерки. Како компанија имаме и други начини како да заштедиме енергија. Сметам дека така ќе продолжиме и во наредниот период. ЕСМ треба да биде пример како треба да се штеди енергијата затоа што ние ја произведуваме. Иако за нас енергијата е евтина, можеме да ја користиме во периоди кога сакаме и колку сакаме, но штедењето ќе значи дека таа енергија што ќе ја заштедиме, ќе ја пласираме во системот на испорака на енергија и таму ќе може да ја наплатиме и дополнително да го заштитиме системот во државата да биде сигурен и стабилен - рече Ковачевски.
Во наредните неколку денови ЕСМ ќе излезе со точно и прецизно објаснување како и на кој начин ги направила заштедите на струја во септември, колку изнесува тоа финансиски и каков е планот за наредниот период.
Имаме производна цена и цена на берзите. Доколку ја купувавме таа енергија сигурно ќе беше многу повеќе. По производната цена ќе излеземе во текот на наредните неколку денови со точно и прецизно објаснување како и на кој начин ги направи овие заштеди ЕСМ, колку заштеди финансиски и како е планот за наредниот период. Оставете во наредните неколку денови и официјално ќе биде соопштено на кој начин ги правиме заштедите, не само во дирекцијата, туку и во нашите производни единици - нагласи Ковачевски.
Владата вчера соопшти дека најголема заштеда на струја минатиот месец, по донесувањето на одлуката за рационално трошење струја, направила административната зграда на АД ЕСМ со вкупно 75 отсто.

The post Со греење на нула, намалено осветлување и други дополнителни мерки, така заштеди ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Сите министерства имаат заштеда на струја оти знаеја дека ако не го направат тоа ќе имаше смена на министрите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachevski-site-ministerstva-imaat-zashteda-na-struja-oti-znaeja-deka-ako-ne-go-napravat-toa-kje-imashe-smena-na-ministrite/ Sat, 15 Oct 2022 12:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=561445

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија - изјави денеска премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Тој додаде дека штом ќе бидат усогласени барањата на компанијата, на стопанството, со регулативите за кои е задолжена РКЕ, ќе се излезе со финална солуција како ќе изгледа префрлањето на нови институции на регулираниот пазар.

Нормално дека останува на РКЕ да го разгледа во детали барањето кое што го има не само Владата, туку и другите институции и на крајот да најдеме солуција. Досега се покажа дека со напорна работа, со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени како што изнајде решение за субвенционирање на 80 проценти од цената на електрична енергија на граѓаните и на две третини од електричната енергија на регулиранот пазар за малите потрошувачи за 72 илјади компании, сметам дека и за ова ќе се изнајде решение - рече Ковачевски.

Тој потенцира оти цената на струјата ја одредува РКЕ и оти таа зависи од многу фактори, а не само од еден.

Зависи од цената на енергенсите која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на транспортот која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на основните суровини што се користат за одржување на електроенергетските постројки, зависи од цената на гасот, зависи од цената на мазутот, на јагленот итн. Од ова одлука, исто така, може да зависи, меѓутоа префрлањето на основните и на средните училишта на регулираниот пазар има многу помало учество од тоа што го имаат порастот на цените на другите енергенси ако ја погледнете формулата за формирање на цената, рече Ковачевски по посетата на болницата во Гостивар.

Во врска со информациите за заштедата на струја за над 18 проценти од страна на сите институции во септември годинава споредено со истиот период лани, Ковачевски истакна дека сите министерства имале таква заштеда знаејќи дека ако не го направат тоа ќе имало смена на министрите.

The post Ковачевски: Сите министерства имаат заштеда на струја оти знаеја дека ако не го направат тоа ќе имаше смена на министрите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.
Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија - изјави денеска премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.
Тој додаде дека штом ќе бидат усогласени барањата на компанијата, на стопанството, со регулативите за кои е задолжена РКЕ, ќе се излезе со финална солуција како ќе изгледа префрлањето на нови институции на регулираниот пазар.
Нормално дека останува на РКЕ да го разгледа во детали барањето кое што го има не само Владата, туку и другите институции и на крајот да најдеме солуција. Досега се покажа дека со напорна работа, со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени како што изнајде решение за субвенционирање на 80 проценти од цената на електрична енергија на граѓаните и на две третини од електричната енергија на регулиранот пазар за малите потрошувачи за 72 илјади компании, сметам дека и за ова ќе се изнајде решение - рече Ковачевски.
Тој потенцира оти цената на струјата ја одредува РКЕ и оти таа зависи од многу фактори, а не само од еден. Зависи од цената на енергенсите која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на транспортот која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на основните суровини што се користат за одржување на електроенергетските постројки, зависи од цената на гасот, зависи од цената на мазутот, на јагленот итн. Од ова одлука, исто така, може да зависи, меѓутоа префрлањето на основните и на средните училишта на регулираниот пазар има многу помало учество од тоа што го имаат порастот на цените на другите енергенси ако ја погледнете формулата за формирање на цената, рече Ковачевски по посетата на болницата во Гостивар. Во врска со информациите за заштедата на струја за над 18 проценти од страна на сите институции во септември годинава споредено со истиот период лани, Ковачевски истакна дека сите министерства имале таква заштеда знаејќи дека ако не го направат тоа ќе имало смена на министрите.

The post Ковачевски: Сите министерства имаат заштеда на струја оти знаеја дека ако не го направат тоа ќе имаше смена на министрите appeared first on Република.

]]>
Правилото 50/20/30: Совети за заштеда на супер богатите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/praviloto-50-20-30-soveti-za-zashteda-na-super-bogatite/ Tue, 27 Sep 2022 13:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=554603

Додека сонуваме да бидеме милионери, всушност гледаме како да преживееме со она што го имаме. А тоа е се повеќе вистинска уметност. Во сè, барем малку можат да помогнат советите на супербогатите луѓе ширум светот кои очигледно знаат да управуваат со парите. И ако не штедеа и само се расфрлаа, во одреден момент ќе им се стопи богатството. И што велат тие?

Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе на планетата, меѓу другото, користи купони за да пазарува во продавници за брза храна. Значи, само затоа што имате пари не значи дека треба да ги трошите на работи кои можат да се купат поевтино.

Плати во готово

Плаќањето за работи со готовина е еден од најдобрите совети за заштеда на пари. Тоа е нешто што ќе го слушнете секогаш кога се дискутира за управување со пари. И тоа не без причина. Трошењето готовина е сепак потешко од трошењето со кредитна картичка, за која велат дека не ја ни чувствувате – додека не дојде сето тоа одеднаш. Се чини дека едноставно немаме осет колку пари сме дале додека не ни поминат низ раце, па може да потрошиме и она што не би требале.

Пробајте го правилото 50/20/30

Кое е правилото 50-20-30? Тоа е шаблон кој вели да се обидете да одвоите 50% од приходите за трошоци, сметки и слично, 30% за вашите желби и потреби и 20% за заштеди. Правилото доаѓа од сенаторката Елизабет Ворен, која го преточи во книга.

Вежбајте финансиска хигиена

Практикувањето финансиска хигиена е клучно. Богатите луѓе добро управуваат со своите пари благодарение на добрите финансиски навики. Така, како што ги миете забите секој ден, така треба да се грижите за буџетот, заштедите, инвестициите и трошоците на месечно, па дури и неделно ниво.

The post Правилото 50/20/30: Совети за заштеда на супер богатите appeared first on Република.

]]>

Додека сонуваме да бидеме милионери, всушност гледаме како да преживееме со она што го имаме. А тоа е се повеќе вистинска уметност. Во сè, барем малку можат да помогнат советите на супербогатите луѓе ширум светот кои очигледно знаат да управуваат со парите. И ако не штедеа и само се расфрлаа, во одреден момент ќе им се стопи богатството. И што велат тие? Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе на планетата, меѓу другото, користи купони за да пазарува во продавници за брза храна. Значи, само затоа што имате пари не значи дека треба да ги трошите на работи кои можат да се купат поевтино. Плати во готово Плаќањето за работи со готовина е еден од најдобрите совети за заштеда на пари. Тоа е нешто што ќе го слушнете секогаш кога се дискутира за управување со пари. И тоа не без причина. Трошењето готовина е сепак потешко од трошењето со кредитна картичка, за која велат дека не ја ни чувствувате – додека не дојде сето тоа одеднаш. Се чини дека едноставно немаме осет колку пари сме дале додека не ни поминат низ раце, па може да потрошиме и она што не би требале. Пробајте го правилото 50/20/30 Кое е правилото 50-20-30? Тоа е шаблон кој вели да се обидете да одвоите 50% од приходите за трошоци, сметки и слично, 30% за вашите желби и потреби и 20% за заштеди. Правилото доаѓа од сенаторката Елизабет Ворен, која го преточи во книга. Вежбајте финансиска хигиена Практикувањето финансиска хигиена е клучно. Богатите луѓе добро управуваат со своите пари благодарение на добрите финансиски навики. Така, како што ги миете забите секој ден, така треба да се грижите за буџетот, заштедите, инвестициите и трошоците на месечно, па дури и неделно ниво.

The post Правилото 50/20/30: Совети за заштеда на супер богатите appeared first on Република.

]]>
Мерки од 1 септември: Исклучување компјутери по работа, клими до 20 степени, работа во потемно… https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/merki-od-1-septemvri-iskluchuvanje-kompjuteri-po-rabota-klimi-do-20-stepeni-rabota-vo-potemno/ Tue, 16 Aug 2022 12:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=540976

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во сезоната на ладење температурата на климатизерите да биде 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, намалување на осветлувањето на улиците, патиштата, плоштадите на минимум … Ова се дел од задолженијата и препораките кои денеска ги донесе Владата на предлог на Министерството за економија за намалување на потрошувачката на електрична и на топлинска енергија со цел да имаме безбедна зима. Овие задолженија ќе бидат во сила од 1 септември годинава до 31 март 2023 година.

Прогнозите се дека ќе преживееме една од најтешките зими на енергетски план не само во нашата земја туку сите земји во регионот и во Европа, рече министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција на која ги претстави сетот мерки и препораки.

Тој посочи дека со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување и крајна цел пониски сметки за струја Министерството за економија подготви план и препораки на заштеда на струја за безбедна зима.

Препораките, укажувањата и задолженијата се поделени во повеќе категории пред се во зависност дали се работи за домаќинства, компании или простории на јавни објекти во сопственост на државата – како министерства, агенции, органите на државна управа, општините и градот Скопје, рече Бектеши.

За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки за штедење на електрична енергија, а за институциите се предвидени конкретни задолженија.

Целта која треба да се постигне е намалување на потрошувачка на електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, рече Бектеши.

Доколку не се постигне оваа цел ќе има санкции за сите раководители на институциите предвидени со посебна одлука и со заклучок од страна на Владата, додаде министерот.
Задолженијата за јавните објекти се однесуваа на оние кои се во сопственост на државата – министерства, агенции органи во државната управа и сл.

Така, сите државни и јавни институции и државни претпријатија се задолжени:

  • Да го исклучат декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици,
  • Да не се користи осветлување во внатрешните простории во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина,
  • Во јавните објекти во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени,
  • Просториите да се проветруваат кратко и интензивно,
  • Исклучување на светилките кога се напуштаат просториите или може да се користи дневна светлина,
  • Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што се неопходни,
  • Да се исклучуваат сите компјутери по завршување на работата,
  • Да се заменат каде што има финансиска можност старите светилки со нови поефикасни светилки,
  • Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела односно клима уредите во работните простории,
  • Се препорачува до јавните претпријатија во рамките на буџетите инсталирање на колекторски системи за загревање на вода,
  • Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот,
  • Да се инсталираат интелигентни системи за управување на потрошувачката на енергија.

За да се реализираат сите овие задолженија сите институции на централно ниво и државни претпријатија од редот на вработените ќе треба да определат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено по завршување на работното време со цел намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за 15 отсто споредено со истиот месец минатата година, рече Бектеши.

Раководителите секој месец ќе имаат задолженија да доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата извештај за потрошувачката на енергија во претходниот месец како и податок за споредба со истиот месец претходната година најдоцна до 15-ти во тековниот месец.

Препораки има и за домаќинствата – тие потпаѓаат под стандардните препораки за заштеда на струјата што Министерството за економија ќе ги објави на интернет страницата на министерството, а тоа ќе го сторат и енергетските компании. Истото се однесува и за препораките за бизнис заедницата.

Во делот на јавните патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици плоштади и други објекти. Овие препораки важат и за локалната самоуправа и апелирам ЗЕЛС да ги информира сите општини, со цел преку нивните совети да се донесат соодветни мерки, рече Бектеши.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевскипосочи дека се прават напори да се зголеми производството и за да се задоволат потребите на потрошувачите, најавувајќи дека компанијата ќе произведе  15 отсто повеќе електрична енергија од лани, пред се како резултат на поголемо производство кај термоелектраните. Производството кај хидроелектраните е значајно помало.

Планот за производство на електрична енергија се базира на зголемен ископ на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, за да се задоволат потребите на двата блока во РЕК „Битола“. Исто така има и увоз јаглен за подобрување на калоричноста, рече Ковачевски додавајќи дека ТЕЦ „Неготино работи со половина капацитет, односно со еден котел, како и дека интензивно се прават залихи на мазут со цел да може да се користат кога ќе се зголеми потрошувачката.

Во однос на следната грејна сезона и на системот за централно греење во Скопје, Ковачевски рече дека доколку АД ЕСМ го добие тендерот, за што веќе се основани три трговски друшвтва, смета дека ќе бидат задоволени потребите. Со цел да се обезбеди континуирано снабдување на топлинска енергија на потрошувачите во Скопје, сепак, како што посочи, ќе треба и финансиска помош од Владата.

Ковачевски исто така рече дека за снабдување со топлинска енергија на Битола и други две општини, ќе се формира трговско друштво.

Во ЕСМ се преземени и мерки за намалување на непродуктивните трошоци, кои како што вели Ковалчевски се намалени за 50 милиони евра.

The post Мерки од 1 септември: Исклучување компјутери по работа, клими до 20 степени, работа во потемно… appeared first on Република.

]]>

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во сезоната на ладење температурата на климатизерите да биде 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, намалување на осветлувањето на улиците, патиштата, плоштадите на минимум … Ова се дел од задолженијата и препораките кои денеска ги донесе Владата на предлог на Министерството за економија за намалување на потрошувачката на електрична и на топлинска енергија со цел да имаме безбедна зима. Овие задолженија ќе бидат во сила од 1 септември годинава до 31 март 2023 година.
Прогнозите се дека ќе преживееме една од најтешките зими на енергетски план не само во нашата земја туку сите земји во регионот и во Европа, рече министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција на која ги претстави сетот мерки и препораки.
Тој посочи дека со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување и крајна цел пониски сметки за струја Министерството за економија подготви план и препораки на заштеда на струја за безбедна зима.
Препораките, укажувањата и задолженијата се поделени во повеќе категории пред се во зависност дали се работи за домаќинства, компании или простории на јавни објекти во сопственост на државата – како министерства, агенции, органите на државна управа, општините и градот Скопје, рече Бектеши.
За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки за штедење на електрична енергија, а за институциите се предвидени конкретни задолженија.
Целта која треба да се постигне е намалување на потрошувачка на електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, рече Бектеши.
Доколку не се постигне оваа цел ќе има санкции за сите раководители на институциите предвидени со посебна одлука и со заклучок од страна на Владата, додаде министерот. Задолженијата за јавните објекти се однесуваа на оние кои се во сопственост на државата – министерства, агенции органи во државната управа и сл. Така, сите државни и јавни институции и државни претпријатија се задолжени:
  • Да го исклучат декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици,
  • Да не се користи осветлување во внатрешните простории во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина,
  • Во јавните објекти во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени,
  • Просториите да се проветруваат кратко и интензивно,
  • Исклучување на светилките кога се напуштаат просториите или може да се користи дневна светлина,
  • Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што се неопходни,
  • Да се исклучуваат сите компјутери по завршување на работата,
  • Да се заменат каде што има финансиска можност старите светилки со нови поефикасни светилки,
  • Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела односно клима уредите во работните простории,
  • Се препорачува до јавните претпријатија во рамките на буџетите инсталирање на колекторски системи за загревање на вода,
  • Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот,
  • Да се инсталираат интелигентни системи за управување на потрошувачката на енергија.
За да се реализираат сите овие задолженија сите институции на централно ниво и државни претпријатија од редот на вработените ќе треба да определат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено по завршување на работното време со цел намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за 15 отсто споредено со истиот месец минатата година, рече Бектеши.
Раководителите секој месец ќе имаат задолженија да доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата извештај за потрошувачката на енергија во претходниот месец како и податок за споредба со истиот месец претходната година најдоцна до 15-ти во тековниот месец. Препораки има и за домаќинствата – тие потпаѓаат под стандардните препораки за заштеда на струјата што Министерството за економија ќе ги објави на интернет страницата на министерството, а тоа ќе го сторат и енергетските компании. Истото се однесува и за препораките за бизнис заедницата. Во делот на јавните патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици плоштади и други објекти. Овие препораки важат и за локалната самоуправа и апелирам ЗЕЛС да ги информира сите општини, со цел преку нивните совети да се донесат соодветни мерки, рече Бектеши. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевскипосочи дека се прават напори да се зголеми производството и за да се задоволат потребите на потрошувачите, најавувајќи дека компанијата ќе произведе  15 отсто повеќе електрична енергија од лани, пред се како резултат на поголемо производство кај термоелектраните. Производството кај хидроелектраните е значајно помало.
Планот за производство на електрична енергија се базира на зголемен ископ на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, за да се задоволат потребите на двата блока во РЕК „Битола“. Исто така има и увоз јаглен за подобрување на калоричноста, рече Ковачевски додавајќи дека ТЕЦ „Неготино работи со половина капацитет, односно со еден котел, како и дека интензивно се прават залихи на мазут со цел да може да се користат кога ќе се зголеми потрошувачката.
Во однос на следната грејна сезона и на системот за централно греење во Скопје, Ковачевски рече дека доколку АД ЕСМ го добие тендерот, за што веќе се основани три трговски друшвтва, смета дека ќе бидат задоволени потребите. Со цел да се обезбеди континуирано снабдување на топлинска енергија на потрошувачите во Скопје, сепак, како што посочи, ќе треба и финансиска помош од Владата. Ковачевски исто така рече дека за снабдување со топлинска енергија на Битола и други две општини, ќе се формира трговско друштво. Во ЕСМ се преземени и мерки за намалување на непродуктивните трошоци, кои како што вели Ковалчевски се намалени за 50 милиони евра.

The post Мерки од 1 септември: Исклучување компјутери по работа, клими до 20 степени, работа во потемно… appeared first on Република.

]]>
ЕК може да предложи задолжителни заштеди на гас во итен план https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-moze-da-predlozi-zadolzitelni-zashtedi-na-gas-vo-iten-plan/ Tue, 19 Jul 2022 17:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=531171

Европската комисија може да издаде задолжителни цели за намалување на гасот за земјите-членки на ЕУ во кризни сценарија, како дел од вонредниот зимски енергетски план, се вели во нацрт-предлогот во кој имала увид ДПА.

Во нацрт-планот, кој може да се промени, комисијата ги повикува земјите-членки на ЕУ да продолжат со доброволните мерки за намалување на потрошувачката на гас за да се избегне кризна ситуација.

Планот доаѓа во услови на зголемена загриженост за снабдувањето со енергија на Европската унија со оглед на војната во Украина, особено во Германија околу поправките на големиот руски гасовод.

„Северен тек 1“ во моментов е во фаза на планирано годишно одржување, кое треба да заврши в четврток. Тоа целосно го запре протокот на гас.

Дури и пред да ги затвори славините овој месец заради одржување, Русија го намалуваше протокот низ Северен тек од јуни, како одмазда за европските санкции за инвазијата врз Украина, потсетува ДПА.

Комисијата денеска одби да ги коментира предлозите кои сè уште се подготвуваат, Ерик Мамер, главниот портпарол на комисијата, на прес-конференција во Брисел рече дека се разгледува „најлошото можно сценарио“.

Обврзувачката цел на Комисијата за намалување е „да обезбеди неопходно севкупно намалување во ЕУ“ за зимските енергетски резерви на блокот, се наведува во нацртот, без да се наведе точна сума што треба да се заштеди.

Од земјите-членки на ЕУ се бара да ги ажурираат националните планови за вонредни состојби за да детализираат конкретни мерки за намалување на побарувачката до септември во консултација со соседните земји.

The post ЕК може да предложи задолжителни заштеди на гас во итен план appeared first on Република.

]]>

Европската комисија може да издаде задолжителни цели за намалување на гасот за земјите-членки на ЕУ во кризни сценарија, како дел од вонредниот зимски енергетски план, се вели во нацрт-предлогот во кој имала увид ДПА. Во нацрт-планот, кој може да се промени, комисијата ги повикува земјите-членки на ЕУ да продолжат со доброволните мерки за намалување на потрошувачката на гас за да се избегне кризна ситуација. Планот доаѓа во услови на зголемена загриженост за снабдувањето со енергија на Европската унија со оглед на војната во Украина, особено во Германија околу поправките на големиот руски гасовод. „Северен тек 1“ во моментов е во фаза на планирано годишно одржување, кое треба да заврши в четврток. Тоа целосно го запре протокот на гас. Дури и пред да ги затвори славините овој месец заради одржување, Русија го намалуваше протокот низ Северен тек од јуни, како одмазда за европските санкции за инвазијата врз Украина, потсетува ДПА. Комисијата денеска одби да ги коментира предлозите кои сè уште се подготвуваат, Ерик Мамер, главниот портпарол на комисијата, на прес-конференција во Брисел рече дека се разгледува „најлошото можно сценарио“. Обврзувачката цел на Комисијата за намалување е „да обезбеди неопходно севкупно намалување во ЕУ“ за зимските енергетски резерви на блокот, се наведува во нацртот, без да се наведе точна сума што треба да се заштеди. Од земјите-членки на ЕУ се бара да ги ажурираат националните планови за вонредни состојби за да детализираат конкретни мерки за намалување на побарувачката до септември во консултација со соседните земји.

The post ЕК може да предложи задолжителни заштеди на гас во итен план appeared first on Република.

]]>
Корисни совети за тоа како да заштедите на гориво https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/korisni-soveti-za-toa-kako-da-zashtedite-na-gorivo/ Wed, 01 Jun 2022 12:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=509753

Во време кога цените на горивата надминаа 100 денари, а градските метежи се постојан проблем, останува да изнајдете начин како да ги намалите трошоците за потрошувачката на гориво и воопшто за превозот.

Многумина од возачите не знаат, но истражувањата покажуваат дека со промена на навиките во сообраќајот и со промена на техниките на возење може да се заштеди гориво, а со самото тоа и пари потребни да се набави горивото.

Ова се неколку корисни совети што ќе ви помогнат да ја намалите потрошувачката на гориво.

1. Не возете кога не морате

Ако често го користите автомобилот и во ситауции како одење на кафе со најблиските, тогаш оваа практика нема само лошо да се одрази врз потрошувачката на гориво, туку и на вашето ментално здравје. Одењето пеш е секогаш добра идеја. Размислите да стигнете на дестинацијата со велосипед. Придобивките се повеќекратни. Опција која ви стои на располагање исто така е и користењето на јавниот превоз.

Градовите во Македонија не се преголеми, ниту пак локациите се премногу оддалечени едни од други за да морате постојано да бидете во автомобил. Во светот, возачите најчесто ги користат своите возила само во ситуации кога тие се навистина неопходни - носење на децата во градинка, училиште, патување до работа кога нема опција за јавен превоз и сл.

2. Редовно одржувајте го возилото

Лошата состојба на одредени делови од возилото значи и нарушување на функционалноста на системите во возилото, а тоа многу често значи и поголема потрошувачка на гориво. На пример, неисправен клима-уред значи и поголема потрошувачка на гориво. Нередовно одржуваниот мотор може да ја зголеми потрошувачката на гориво до 50%.

Само со замена на нечистите свеќички, може да ја намалите потрошувачката за 5%. Исто така, проверете ги филтрите за воздух. Тие спречуваат нечистотиите да го оштетат моторот. Замената на затнат филтер за воздух може да помогне да се подобри ефикасноста на горивото за дури 10%.

3. Загревање и стартување на моторот на возилото

Новите возила и новите техники и технологии кои се имплементирани во современите возила, ја елиминираат потребата од неколкуминутно загревање на моторот на возилото во статична состојба. Напротив, препорачливо е да се стартува моторот и веднаш да се придвижи возилото со ниско ниво на оптоварување, со што истиот ќе се загрее во движење.

4. Одржувајте ги гумите под соодветен притисок

Доколку вашите гуми се напумпани само за 1 psi (0,07 бари) помалку од оптималното, потрошувачката на горивото може да се зголеми до 3%. Затоа, пумпајте ги гумите секојпат кога полните гориво или кога одите на подалечен пат.

5. Не превезувајте непотребен товар

За секои дополнителни 45 кг што ги превезувате, потрошувачката на горивото може да се зголеми за 1-2%. Затоа, секогаш кога имате можност исчистете го вашиот автомобил од непотребните предмети што само додаваат тежина на вашиот автомобил.

Особено, извадете ги шините на покривот, доколку не ги користите. Тие може да влијаат врз аеродинамичната ефикасност на вашето возило, создавајќи отпор, што може да доведе до тоа вашиот автомобил да користи до 5% повеќе гориво.

6. Планирајте ги патувањата

Намалувањето на времето поминато во автомобилот е најлесниот начин за заштеда на гориво. За да го намалите времето на возење, искомбинирајте ги кусите патувања и задачи во едно патување.

7. Избегнувајте ги сообраќајните шпицови

Доколку можете да ги избегнете сообраќајните шпицови, ќе потрошите помалку време заглавени во сообраќајот и, како резултат на тоа, ќе потрошите помалку гориво.

8. Избегнувајте прекумерно стоење во лер

Заглавени сте во сообраќајот? Стоењето во лер нема да Ве одведе никаде, а, сепак, троши гориво. Исклучете го моторот додека чекате во колона. Како правило, доколку треба да стоите подолго од десет секунди, а Вашето возило нема инсталирано „Stop&Go“ систем, исклучете го моторот.

9. Одржувајте константна брзина

Избегнувајте нагло забрзување или кочење и обидувајте се да го одржувате управувањето што е можно порамномерно. Наглото забрзување и забавување на возилото, наглото запирање и наглото стартување на возилото значи поголема потрошувачка на гориво. За да се овозможи оптималност, потребно е да се движите во границата од 2.500 вртежи за бензински мотори и 2.000 вртежи за дизел-мотори.

Употребувајте ја контролата на возење (Cruise Control), доколку ја имате. Наместо да возите во лер по надолнина, одржувајте константни вртежи на моторот со уфрлување на менувачот во соодветен степен на пренос. Ова ќе ви помогне да одржувате константна брзина, што ќе резултира со заштеда на гориво.

10. Се исплати да се „вклопувате“ во текот на сообраќајот

Држете растојание помеѓу возилата. Особено во градскиот сообраќај, се бара „антиципативно“ возење - без големи забрзувања. Две до три секунди растојание овозможуваат оптимален стил на возење. Имајте на ум дека секое кочење значи и завршување на „моментумот“ односно на силата на забрзување на вашето возило, а тоа се одразува многу и на потрошувачката на гориво.

Се разбира, кочницата е важен дел од вашиот автомобил којшто може да ви го спаси животот, или, пак, да спаси нечив живот, но, поентата е да го следите текот на сообраќајот и почесто успорувањето да го прави моторот наместо вие.

11. Користете повисоки степени на пренос

Избегнувајте прекумерен број вртежи на моторот. Навремено менувајте ги брзините кога ја намалувате брзината или кога забрзувате. Кога возите во поголем степен на пренос, употребувате помалку гориво. Затоа, секогаш кога можете уфрлете го менувачот во повисок степен на пренос.

12. Избегнувајте голема брзина

Колку побрзо се движите, толку поголем ќе биде отпорот на ветерот и вашето возило ќе троши повеќе гориво за да ја одржи брзината. При брзина од 110 км/час потрошувачката на гориво може да се зголеми дури за 30% повеќе гориво отколку кога би возеле со 80 км/час.

13. Држете ги прозорците затворени

Ветрот што дува низ отворен прозорец го забавува движењето на вашиот автомобил. За да надоместите, веројатно ќе притиснете појако на педалата за гас. Затоа, наместо да ги отворате прозорците, користите го внатрешниот систем за вентилација во автомобилот.

14. Штедливо користете го клима-уредот

Некогаш е тешко да се избегне употребата на климата, меѓутоа, запомнете дека таа додава дополнително оптоварување на вашиот мотор. Според истражувањата на канадската влада, вклучената клима може да ја зголеми потрошувачката на гориво за дури 20%. Затоа, прилагодете го клима-уредот со разлика од надворешната температура од 4 до 5°C.

На тој начин, покрај заштеда на гориво, ќе се заштитите и од температурните шокови при влез и излез од возилото. Во умерени денови, наместо клима-уредот користите ја внатрешната вентилација на автомобилот.

15. Испланирајте месечен буџет за гориво

Иако ова директно не влијае врз потрошувачката на гориво, сепак, на долг рок, вие ќе имате значително подобра претстава колку пари всушност трошите за полнење на вашиот резервоар. Наш совет би бил да одвоите одредена сума на пари на месечно ниво и да возите онолку колку што можете според таа сума на пари, а причината е едноставна. Прво, вие нема да возите кога е непотребно, потоа, тоа нема да доведе до амортизирање на колата, и трето, тоа ќе води кон помали сервиси и, се разбира, помала потрошувачка на дневно, недено и месечно ниво.

The post Корисни совети за тоа како да заштедите на гориво appeared first on Република.

]]>

Во време кога цените на горивата надминаа 100 денари, а градските метежи се постојан проблем, останува да изнајдете начин како да ги намалите трошоците за потрошувачката на гориво и воопшто за превозот. Многумина од возачите не знаат, но истражувањата покажуваат дека со промена на навиките во сообраќајот и со промена на техниките на возење може да се заштеди гориво, а со самото тоа и пари потребни да се набави горивото. Ова се неколку корисни совети што ќе ви помогнат да ја намалите потрошувачката на гориво.

1. Не возете кога не морате

Ако често го користите автомобилот и во ситауции како одење на кафе со најблиските, тогаш оваа практика нема само лошо да се одрази врз потрошувачката на гориво, туку и на вашето ментално здравје. Одењето пеш е секогаш добра идеја. Размислите да стигнете на дестинацијата со велосипед. Придобивките се повеќекратни. Опција која ви стои на располагање исто така е и користењето на јавниот превоз. Градовите во Македонија не се преголеми, ниту пак локациите се премногу оддалечени едни од други за да морате постојано да бидете во автомобил. Во светот, возачите најчесто ги користат своите возила само во ситуации кога тие се навистина неопходни - носење на децата во градинка, училиште, патување до работа кога нема опција за јавен превоз и сл.

2. Редовно одржувајте го возилото

Лошата состојба на одредени делови од возилото значи и нарушување на функционалноста на системите во возилото, а тоа многу често значи и поголема потрошувачка на гориво. На пример, неисправен клима-уред значи и поголема потрошувачка на гориво. Нередовно одржуваниот мотор може да ја зголеми потрошувачката на гориво до 50%. Само со замена на нечистите свеќички, може да ја намалите потрошувачката за 5%. Исто така, проверете ги филтрите за воздух. Тие спречуваат нечистотиите да го оштетат моторот. Замената на затнат филтер за воздух може да помогне да се подобри ефикасноста на горивото за дури 10%.

3. Загревање и стартување на моторот на возилото

Новите возила и новите техники и технологии кои се имплементирани во современите возила, ја елиминираат потребата од неколкуминутно загревање на моторот на возилото во статична состојба. Напротив, препорачливо е да се стартува моторот и веднаш да се придвижи возилото со ниско ниво на оптоварување, со што истиот ќе се загрее во движење.

4. Одржувајте ги гумите под соодветен притисок

Доколку вашите гуми се напумпани само за 1 psi (0,07 бари) помалку од оптималното, потрошувачката на горивото може да се зголеми до 3%. Затоа, пумпајте ги гумите секојпат кога полните гориво или кога одите на подалечен пат.

5. Не превезувајте непотребен товар

За секои дополнителни 45 кг што ги превезувате, потрошувачката на горивото може да се зголеми за 1-2%. Затоа, секогаш кога имате можност исчистете го вашиот автомобил од непотребните предмети што само додаваат тежина на вашиот автомобил. Особено, извадете ги шините на покривот, доколку не ги користите. Тие може да влијаат врз аеродинамичната ефикасност на вашето возило, создавајќи отпор, што може да доведе до тоа вашиот автомобил да користи до 5% повеќе гориво.

6. Планирајте ги патувањата

Намалувањето на времето поминато во автомобилот е најлесниот начин за заштеда на гориво. За да го намалите времето на возење, искомбинирајте ги кусите патувања и задачи во едно патување.

7. Избегнувајте ги сообраќајните шпицови

Доколку можете да ги избегнете сообраќајните шпицови, ќе потрошите помалку време заглавени во сообраќајот и, како резултат на тоа, ќе потрошите помалку гориво.

8. Избегнувајте прекумерно стоење во лер

Заглавени сте во сообраќајот? Стоењето во лер нема да Ве одведе никаде, а, сепак, троши гориво. Исклучете го моторот додека чекате во колона. Како правило, доколку треба да стоите подолго од десет секунди, а Вашето возило нема инсталирано „Stop&Go“ систем, исклучете го моторот.

9. Одржувајте константна брзина

Избегнувајте нагло забрзување или кочење и обидувајте се да го одржувате управувањето што е можно порамномерно. Наглото забрзување и забавување на возилото, наглото запирање и наглото стартување на возилото значи поголема потрошувачка на гориво. За да се овозможи оптималност, потребно е да се движите во границата од 2.500 вртежи за бензински мотори и 2.000 вртежи за дизел-мотори. Употребувајте ја контролата на возење (Cruise Control), доколку ја имате. Наместо да возите во лер по надолнина, одржувајте константни вртежи на моторот со уфрлување на менувачот во соодветен степен на пренос. Ова ќе ви помогне да одржувате константна брзина, што ќе резултира со заштеда на гориво.

10. Се исплати да се „вклопувате“ во текот на сообраќајот

Држете растојание помеѓу возилата. Особено во градскиот сообраќај, се бара „антиципативно“ возење - без големи забрзувања. Две до три секунди растојание овозможуваат оптимален стил на возење. Имајте на ум дека секое кочење значи и завршување на „моментумот“ односно на силата на забрзување на вашето возило, а тоа се одразува многу и на потрошувачката на гориво. Се разбира, кочницата е важен дел од вашиот автомобил којшто може да ви го спаси животот, или, пак, да спаси нечив живот, но, поентата е да го следите текот на сообраќајот и почесто успорувањето да го прави моторот наместо вие.

11. Користете повисоки степени на пренос

Избегнувајте прекумерен број вртежи на моторот. Навремено менувајте ги брзините кога ја намалувате брзината или кога забрзувате. Кога возите во поголем степен на пренос, употребувате помалку гориво. Затоа, секогаш кога можете уфрлете го менувачот во повисок степен на пренос.

12. Избегнувајте голема брзина

Колку побрзо се движите, толку поголем ќе биде отпорот на ветерот и вашето возило ќе троши повеќе гориво за да ја одржи брзината. При брзина од 110 км/час потрошувачката на гориво може да се зголеми дури за 30% повеќе гориво отколку кога би возеле со 80 км/час.

13. Држете ги прозорците затворени

Ветрот што дува низ отворен прозорец го забавува движењето на вашиот автомобил. За да надоместите, веројатно ќе притиснете појако на педалата за гас. Затоа, наместо да ги отворате прозорците, користите го внатрешниот систем за вентилација во автомобилот.

14. Штедливо користете го клима-уредот

Некогаш е тешко да се избегне употребата на климата, меѓутоа, запомнете дека таа додава дополнително оптоварување на вашиот мотор. Според истражувањата на канадската влада, вклучената клима може да ја зголеми потрошувачката на гориво за дури 20%. Затоа, прилагодете го клима-уредот со разлика од надворешната температура од 4 до 5°C. На тој начин, покрај заштеда на гориво, ќе се заштитите и од температурните шокови при влез и излез од возилото. Во умерени денови, наместо клима-уредот користите ја внатрешната вентилација на автомобилот.