заштатиа на авторски права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zashtatia-na-avtorski-prava/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jul 2023 06:49:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заштатиа на авторски права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zashtatia-na-avtorski-prava/ 32 32 Владата да ја активира Комисијата за посредување во авторските и сродните права и да ги заштити уметниците, бара АЗАС https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vladata-da-ja-aktivira-komisijata-za-posreduvane-vo-avtorskite-i-srodnite-prava-i-da-gi-zashtiti-umetnitsite-bara-azas/ Thu, 06 Jul 2023 06:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=658525

Речиси 60 организации од целиот свет кои ги претставуваат аудио-визуелните автори и изведувачи го искажаа нивното незадоволство и загриженост за долгогодишното статус-кво во земјава во однос на регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава и неможноста Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС да почне со колектирање на средства од аудиовизуелните дела.

АЗАС, иако е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во согласност со ЗАПСП, и има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, уште од септември 2018 година, сè уште не може да започне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна Комисија за посредување во авторските и сродните права која треба да ја одобри тарифата, а со новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права се предвидува  во рок од шест месеци од влегувањето во сила (осум дена од објавувањето во Службен весник) на овој закон, сите дозволи за колективно управување, вклучително и дозволата издадена на АЗАС да престане да важи.

АЗАС се надева дека надлежните ќе придонесат за Владата сериозно да му пристапи на ова прашање и што е можно поскоро да најде начини за решавање на истото со цел да се заштитат поголемиот дел од македонските автори, продуценти и изведувачи, и да се обезбеди фер, ефикасно и транспарентно применување и распределување на нивните колективни права.

Предложената одредба е целосно погрешна и неуставна и спротивна на Директивите на ЕУ за колективно управување, пред сѐ затоа што веќе стекнатите законски права (дозволи) не може да се одземат. Нагласуваме, АЗАС има дозвола речиси 5 години и додека чека државата да ги исполни законските обврски за да почне со работа, државата ќе ѝ ја одземе оваа дозвола. Овој вид на стекнато право (дозвола) врз основа на закон не може да престане да важи на овој начин. Ова ја прави ситуацијата за меѓународните и домашните аудио-визуелни актери тотално неприфатлива – пишуваат организациите и асоцијациите на аудио-визуелните изведувачи од Латинска Америка, Франција, Словенија, Шпанија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Грција, Португалија, Србија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Зимбабве, Кенија, кои се залагаат за правата на изведувачите и нивното транспарентно, праведно и ефикасно колективно управување, обезбедувајќи им на изведувачите правично учество во искористувањето на нивните аудио-визуелни изведби преку границите.

Тие додаваат дека секоја акција насочена кон лишување на македонските режисери и сценаристи од нивното легитимно право да управуваат со нивните дела преку одземање на лиценцата на АЗАС, нивното единствено претставничко тело, би имало далекусежни последици за овие творци, како на домашно така и на глобално ниво.

Ја повикуваме македонската Влада и нејзините релевантни комисии да размислат за нивните претходни одлуки и да ги преземат неопходните чекори и да ја активираат „Комисијата за посредување во авторските и сродните права“ за да може АЗАС да им помогне во имплементацијата на Директивата за авторски права на ЕУ (2019/790) и Директивата на ЕУ за онлајн радиодифузија (2019/789), бидејќи и двете директиви имаат за цел да ги модернизираат европските правила за авторски права и да им овозможат на потрошувачите, медиумските дистрибутери и креаторите да го искористат максимумот од единствениот дигитален пазар – повикуваат тие.

За генералниот директор на АИПА Словенија, кој неодамна имаше неколку средба со претставници на Секретаријатот за европски прашања, Министерството за култура, Владата и Собранието, неприфатливо е да се одолговлекува целиот процес на одоброување на тарифата. За Штиберник тоа државата нема да ја чини ништо, во исто време ќе има и нови продонеси и нови работни места за доброто на Македонија.

Тоа е голема штета, на прво место за македонските актери, автори и продуценти затоа што македонскиот филм во изминатите неколку години има одлични резултати и познат е во странство. Тоа значи дека организации како АЗАС во Македонија, во цела Европа и светот добиваат пари и во име на македонските актери, автори и продуценти, а тие пари не може да дојдат до Македонија поради моменталната ситуација - изјави Штиберник.

За Хозе Мариа Монтес, директор за интернационална соработка во AISGE од Шпанија, освен важноста за заштита на правата на авторите, изведувачите и продуцентите во аудиовизуелниот сектор и обезбедувањето нивно транспарентно и ефективно колективно управување, спроведувањето на колективното управување со таквите права преку АЗАС ќе ја усогласи Македонија со воспоставените европски практики.

Со воспоставување модерен систем за заштита и остварување на овие права, Македонија може да обезбеди правично наградување, да ја зајакне правната сигурност и да ги поттикне инвестициите и соработката во аудиовизуелната индустрија. Оваа усогласеност со меѓународните стандарди ќе придонесе за растот и конкурентноста на секторот, во корист и на носителите на правата и на потрошувачите – додава тој.

The post Владата да ја активира Комисијата за посредување во авторските и сродните права и да ги заштити уметниците, бара АЗАС appeared first on Република.

]]>

Потребно е итно решавање на статус-квото за регулирање на аудиовизуелните авторски права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potrebno-e-itno-reshavane-na-status-kvoto-za-regulirane-na-audiovizuelnite-avtorski-prava/ Thu, 23 Feb 2023 16:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=612400

Македонските  автори и изведувачи трпат големи загуби додека донесувањето на тарифникот за регулирање на аудиовизуелните авторски права е закочен кај Комисијата за посредување во авторското право и сродните права. Потребно е што поскоро решавање на оваа состојба, се согласија претставниците од европските асоцијации и организации за заштита и посредување со авторските и сродни права денеска во Скопје и Секретаријатот за европски прашања и Министерството за култура коишто вчера одржаа итен состанок за решавање на повеќегодинешниот статус кво за регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава.

На средбата што ја организираше Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС  присуствуваа Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Методија Димовски, Државниот секретар и заменик главен преговарач, Дрита Абдуи Халили, Раководителот на Одделението за авторското право и сродните права при Министерството за култура, Ацо Стефаноски, претставници на АЗАС, како и високи претставници на партнерските организации на АЗАС од Европа и тоа, Реми Деросиер, Генерален директор на SCAPR (Societies’ Council for the Collective Management of Performers’ Rights) од Белгија, Сесил Деспрингр, Генерален секретар на SAA (Society of Audiovisual Authors) од Белгија, Хозе Мариа Монтес од Шпанија, директор за интернационална соработка во AISGE Шпанија, Јоан Каес, Генерален секретар на AEPO ARTIS од Белгија, Грегор Штиберник, генерален директор на Словенечката организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права на изведувачите, авторите и филмските продуценти АИПА од Словенија и Петар Кеп, правник и оперативен менаџер во АИПА Словенија.

АЗАС, иако е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во согласност со ЗАПСП, и има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, уште од септември 2018 година, сè уште не може да започне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна Комисија за посредување во авторските и сродните права која треба да ја одобри тарифата.

За меѓународната заедница во која членува АЗАС заедно со гореспоменатите претставници од европските асоцијации, е неприфатливо по речиси четири години да не се помрднува од статус кво и да не се одобрува тарифата.

Јоан Каес од Белгија рече дека во Македониоја имаме неверојатно добар закон, добра дозвола, но неприфатливо е како не се дозволува сето тоа да стане пракса и порача дека мора да се дозволи АЗАС да почне со работа како би можело да се докаже таа легислатива во пракса.

Деспрингр надополни дека се удрени темелите за една неверојатно добра работа, но нејасно е што е тоа што не дозволува да се одобри тарифата и побара одговор кога оваа ситуација би се решила.

Мариа Монтес се фокусираше на домашните автори и изведувачи и рече:

-  Mакедонскиот филм во последните години успешно циркулира низ светот, но поради проблемот што го кочи АЗАС, локалните автори и изведувачи не се во можност да ги добијат заслугите за авторските права што им следуваат. Заради нив е неопходно да се одобри тарифата што побрзо.

Кеп истакна дека важноста од активна работна асоцијација е огромна заради тоа што има словенечко-македонски копродукции каде сите автори и изведувачи не земаат исто и сразмерно.

Од АЗАС, пак, рекоа дека авторите и изведувачите имаат право да ја тужат Владата заради тоа што не им се дозволува да го користат тоа што претходно им е дадено од државата.

Од Владата се спремни во најбрз можен рок да ги разгледаат причините и да ги известат АЗАС и јавноста, како и да се назначат членови на Комисија за посредување во авторски и сродни права со цел одобрување на тарифникот.

The post Потребно е итно решавање на статус-квото за регулирање на аудиовизуелните авторски права appeared first on Република.

]]>

Македонските  автори и изведувачи трпат големи загуби додека донесувањето на тарифникот за регулирање на аудиовизуелните авторски права е закочен кај Комисијата за посредување во авторското право и сродните права. Потребно е што поскоро решавање на оваа состојба, се согласија претставниците од европските асоцијации и организации за заштита и посредување со авторските и сродни права денеска во Скопје и Секретаријатот за европски прашања и Министерството за култура коишто вчера одржаа итен состанок за решавање на повеќегодинешниот статус кво за регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава. На средбата што ја организираше Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС  присуствуваа Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Методија Димовски, Државниот секретар и заменик главен преговарач, Дрита Абдуи Халили, Раководителот на Одделението за авторското право и сродните права при Министерството за култура, Ацо Стефаноски, претставници на АЗАС, како и високи претставници на партнерските организации на АЗАС од Европа и тоа, Реми Деросиер, Генерален директор на SCAPR (Societies’ Council for the Collective Management of Performers’ Rights) од Белгија, Сесил Деспрингр, Генерален секретар на SAA (Society of Audiovisual Authors) од Белгија, Хозе Мариа Монтес од Шпанија, директор за интернационална соработка во AISGE Шпанија, Јоан Каес, Генерален секретар на AEPO ARTIS од Белгија, Грегор Штиберник, генерален директор на Словенечката организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права на изведувачите, авторите и филмските продуценти АИПА од Словенија и Петар Кеп, правник и оперативен менаџер во АИПА Словенија. АЗАС, иако е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во согласност со ЗАПСП, и има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, уште од септември 2018 година, сè уште не може да започне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна Комисија за посредување во авторските и сродните права која треба да ја одобри тарифата. За меѓународната заедница во која членува АЗАС заедно со гореспоменатите претставници од европските асоцијации, е неприфатливо по речиси четири години да не се помрднува од статус кво и да не се одобрува тарифата. Јоан Каес од Белгија рече дека во Македониоја имаме неверојатно добар закон, добра дозвола, но неприфатливо е како не се дозволува сето тоа да стане пракса и порача дека мора да се дозволи АЗАС да почне со работа како би можело да се докаже таа легислатива во пракса. Деспрингр надополни дека се удрени темелите за една неверојатно добра работа, но нејасно е што е тоа што не дозволува да се одобри тарифата и побара одговор кога оваа ситуација би се решила. Мариа Монтес се фокусираше на домашните автори и изведувачи и рече: -  Mакедонскиот филм во последните години успешно циркулира низ светот, но поради проблемот што го кочи АЗАС, локалните автори и изведувачи не се во можност да ги добијат заслугите за авторските права што им следуваат. Заради нив е неопходно да се одобри тарифата што побрзо. Кеп истакна дека важноста од активна работна асоцијација е огромна заради тоа што има словенечко-македонски копродукции каде сите автори и изведувачи не земаат исто и сразмерно. Од АЗАС, пак, рекоа дека авторите и изведувачите имаат право да ја тужат Владата заради тоа што не им се дозволува да го користат тоа што претходно им е дадено од државата. Од Владата се спремни во најбрз можен рок да ги разгледаат причините и да ги известат АЗАС и јавноста, како и да се назначат членови на Комисија за посредување во авторски и сродни права со цел одобрување на тарифникот.