засадени дрва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasadeni-drva/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 07:53:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png засадени дрва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zasadeni-drva/ 32 32 11 нови македонски чинари во дворот на училиштето Коменски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/11-novi-makedonski-chinari-vo-dvorot-na-uchilishteto-komenski/ Thu, 26 May 2022 11:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=507471

Во дворот на Oсновното училиште Јан Амос Коменски се засадени 11 нови македонски чинари, во соработка и под покровителство со Општина Карпош на чело со градоначалникот Стевче Јакимовски.

Врзано со денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, еколошките активности во ОУ Јан Амос Коменски продолжија со литературна активност доделување книги од писателот Киро Донев за учениците од прво и петто одделение кои што беа дел од акцијата за засадување.

Еко активноста и засадувањето како иницијативи ја покажуваат грижата за состојбата на училиштата во оваа општина, а во уредувањето на школскиот двор учествуваа и самите ученици. На денешната акција во школскиот двор на Коменски беше присутен и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски

Денеска имаме убав повод да се дружиме заедно и да дадеме придонес во раззеленување на нашата општина. Воедно упатувам голема благодарност за донацијата до „Аутомотив груп“. Целта на овој настан драги деца е кај вас да се всади љубовта кон природата и здравата животна средина и нејзиното зачувување, а со присуството на писателот Киро Донев, се надевам дека кај вас ќе се поттикне и љубовта кон читањето. Ве поздравувам во име на Општината и се надевам дека соработката со ова и со другите училишта во Карпош ќе продолжи, рече Јакимовски.

Писателот Донев при доделувањето на книгите ги потпишуваше со посвета за сите ученици, а истовремено и приреди за учениците мал рецитал од својата поезија.

Имаме богатство што треба да го чуваме и негуваме, имаме јазик и писмо што н прави единствени и свои. А најдобар начин за тоа е преку книгите, преку будење на свеста за моќта на јазикот и со облагородување на духот со убава и весела мисла. Затоа е потребно, во ова време на отуѓеност, на дистанцираност и виртуелни комуникации, на децата да им ја доближиме книгата и да им ги отвориме вратите од волшебниот свет на поезијата и прозата, истакна Киро Донев.

Директорката на ООУ „Ј.А. Коменски“, Маја Старова, ја истакна важноста од организирање вакви акции.

Покрај акцијата за уредување на училишниот двор со долгогодишни автохтони дрвја, целата активност беше изведена со еднакво учество и на учениците, со што се потенцира важноста на заедничкото дејствување и грижата на сите нас за оние прашања што се од општ, јавен интерес. Ваквите примери имаат влијание и врз едукативната димензија и она што сакаме да им го пренесеме на учениците за вистинските вредности“, изјави директорка на ООУ Јан Амос Коменски, Маја Старова.

The post 11 нови македонски чинари во дворот на училиштето Коменски appeared first on Република.

]]>

Во дворот на Oсновното училиште Јан Амос Коменски се засадени 11 нови македонски чинари, во соработка и под покровителство со Општина Карпош на чело со градоначалникот Стевче Јакимовски. Врзано со денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, еколошките активности во ОУ Јан Амос Коменски продолжија со литературна активност доделување книги од писателот Киро Донев за учениците од прво и петто одделение кои што беа дел од акцијата за засадување. Еко активноста и засадувањето како иницијативи ја покажуваат грижата за состојбата на училиштата во оваа општина, а во уредувањето на школскиот двор учествуваа и самите ученици. На денешната акција во школскиот двор на Коменски беше присутен и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски