заробеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zarobenici/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 11:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заробеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zarobenici/ 32 32 Русија и Украина разменија по 103 воени заробеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-ukraina-razmenija-po-103-voeni-zarobenitsi/ Sat, 14 Sep 2024 11:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=816307

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Украина размениле 103 воени заробеници, пренесува БТА.

Како дел од размената, во Русија се вратени војници заробени за време на украинската офанзива во руската област Курск.

Размената била договорена во преговори меѓу Москва и Киев со посредство на Обединетите Арапски Емирати.

Засега нема потврда за рамената на воени заробеници и од украинска страна.

The post Русија и Украина разменија по 103 воени заробеници appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Украина размениле 103 воени заробеници, пренесува БТА. Како дел од размената, во Русија се вратени војници заробени за време на украинската офанзива во руската област Курск. Размената била договорена во преговори меѓу Москва и Киев со посредство на Обединетите Арапски Емирати. Засега нема потврда за рамената на воени заробеници и од украинска страна.

The post Русија и Украина разменија по 103 воени заробеници appeared first on Република.

]]>
Во Вашингтон, Берлин и Москва пристигнаа авионите со ослободени затвореници во најголемата размена меѓу Русија и Западот по Студената војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-vashington-berlin-i-moskva-pristignaa-avionite-so-oslobodeni-zatvorenitsi-vo-najgolemata-razmena-megu-rusija-i-zapadot-po-studenata-vojna/ Fri, 02 Aug 2024 07:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=802525

Неколку затвореници ослободени од Русија во историска размена со Западот, вклучително и новинарот Еван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан, пристигнаа синоќа во САД.

Ослободените затвореници, ноќеска, пред полноќ, во воздухопловната база Ендрус, во близина на Вашингтон, ги пречекаа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, на аеродромот „Внуково“ во Москва ги пречека осумте руски граѓани ослободени во големата размена на затвореници меѓу Москва и Западот при што тој им се заблагодари.

Би сакал да ви честитам, многу ви благодарам, рече тој откако прегрна неколкумина од нив на пистата, како што прикажа руската телевизија.

Тој особено им се заблагодари на оние кои служат во руската армија за „нивната лојалност“.

Заедно со Путин, на аеродромот беа и министерот за одбрана Андреј Белоусов и директорот на ФСБ Александар Бортников, јавија руските медиуми.

На аеродромот во Келн, неколкумина затвореници ослободени од Русија и Белорусија ги пречека германскиот канцелар Олаф Шолц, кој притоа кажа дека дел од нив биле „исплашени за своите животи“.

-Беше многу емотивно, изјави Шолц по средбата зад затворени врати со ослободените, наведувајќи дека „многумина не очекуваа да бидат ослободени и се полни со емоции бидејќи конечно се слободни“.

Дополнително, „многумина се плашеа за своето здравје, но и за својот живот, мора да се каже“, додаде германскиот канцелар.

Размената на вкупно 26 затвореници од Русија и неколку западни земји ја координираше Турција.

Во размената беа вклучени лица од затворите во седум земји (САД, Германија, Полска, Словенија, Норвешка, Русија и Белорусија)“, соопшти синоќа турското претседателство.

Во транспортот на ослободените затвореници беа ангажирани седум авиони.

The post Во Вашингтон, Берлин и Москва пристигнаа авионите со ослободени затвореници во најголемата размена меѓу Русија и Западот по Студената војна appeared first on Република.

]]>

Неколку затвореници ослободени од Русија во историска размена со Западот, вклучително и новинарот Еван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан, пристигнаа синоќа во САД. Ослободените затвореници, ноќеска, пред полноќ, во воздухопловната база Ендрус, во близина на Вашингтон, ги пречекаа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, на аеродромот „Внуково“ во Москва ги пречека осумте руски граѓани ослободени во големата размена на затвореници меѓу Москва и Западот при што тој им се заблагодари. Би сакал да ви честитам, многу ви благодарам, рече тој откако прегрна неколкумина од нив на пистата, како што прикажа руската телевизија. Тој особено им се заблагодари на оние кои служат во руската армија за „нивната лојалност“. Заедно со Путин, на аеродромот беа и министерот за одбрана Андреј Белоусов и директорот на ФСБ Александар Бортников, јавија руските медиуми. На аеродромот во Келн, неколкумина затвореници ослободени од Русија и Белорусија ги пречека германскиот канцелар Олаф Шолц, кој притоа кажа дека дел од нив биле „исплашени за своите животи“. -Беше многу емотивно, изјави Шолц по средбата зад затворени врати со ослободените, наведувајќи дека „многумина не очекуваа да бидат ослободени и се полни со емоции бидејќи конечно се слободни“. Дополнително, „многумина се плашеа за своето здравје, но и за својот живот, мора да се каже“, додаде германскиот канцелар. Размената на вкупно 26 затвореници од Русија и неколку западни земји ја координираше Турција. Во размената беа вклучени лица од затворите во седум земји (САД, Германија, Полска, Словенија, Норвешка, Русија и Белорусија)“, соопшти синоќа турското претседателство. Во транспортот на ослободените затвореници беа ангажирани седум авиони.

The post Во Вашингтон, Берлин и Москва пристигнаа авионите со ослободени затвореници во најголемата размена меѓу Русија и Западот по Студената војна appeared first on Република.

]]>
Ако до 10 март не ги ослободат заложниците, ќе тргнеме во офанзива, најави член на воениот кабинет на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-do-10-mart-ne-gi-oslobodat-zalozhnitsite-ke-trgneme-vo-ofanziva-najavi-chlen-na-voeniot-kabinet-na-izrael/ Mon, 19 Feb 2024 20:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=745830

Член на израелскиот воен кабинет посочи дека копнената инвазија на Рафах може да започне околу Рамазан, односно на 10 март.

„Ако нашите заложници не се дома до Рамазан, борбите ќе продолжат во областа Рафах“, рече пензионираниот генерал Бени Ганц, кој е дел од тричлениот воен кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ова е првпат израелските лидери јавно да разговараат за временската рамка за копнена офанзива во Рафах, каде што повеќе од половина од 2,3 милиони жители на енклавата побарале засолниште.

Коментарите на Ганц доаѓаат откако Нетанјаху ги отфрли повиците за запирање на воената офанзива во Газа и вети дека „ќе ја заврши работата“.

Тој исто така рече дека барањата на владејачката милитантна група Хамас во Газа се „измама“.

Соединетите Американски Држави, главниот сојузник на Израел, велат дека и понатаму се надеваат дека ќе посредуваат во договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Вашингтон, исто така, рече дека ќе стави вето на друга нацрт-резолуција на ОН која повикува на прекин на огнот, при што амбасадорот на ОН предупреди на мерки кои би можеле да ја загрозат „можноста за трајно решавање на непријателствата“.

The post Ако до 10 март не ги ослободат заложниците, ќе тргнеме во офанзива, најави член на воениот кабинет на Израел appeared first on Република.

]]>

Член на израелскиот воен кабинет посочи дека копнената инвазија на Рафах може да започне околу Рамазан, односно на 10 март. „Ако нашите заложници не се дома до Рамазан, борбите ќе продолжат во областа Рафах“, рече пензионираниот генерал Бени Ганц, кој е дел од тричлениот воен кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ова е првпат израелските лидери јавно да разговараат за временската рамка за копнена офанзива во Рафах, каде што повеќе од половина од 2,3 милиони жители на енклавата побарале засолниште. Коментарите на Ганц доаѓаат откако Нетанјаху ги отфрли повиците за запирање на воената офанзива во Газа и вети дека „ќе ја заврши работата“. Тој исто така рече дека барањата на владејачката милитантна група Хамас во Газа се „измама“. Соединетите Американски Држави, главниот сојузник на Израел, велат дека и понатаму се надеваат дека ќе посредуваат во договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Вашингтон, исто така, рече дека ќе стави вето на друга нацрт-резолуција на ОН која повикува на прекин на огнот, при што амбасадорот на ОН предупреди на мерки кои би можеле да ја загрозат „можноста за трајно решавање на непријателствата“.

The post Ако до 10 март не ги ослободат заложниците, ќе тргнеме во офанзива, најави член на воениот кабинет на Израел appeared first on Република.

]]>
Русија: Во авионот имаше 65 украински воени заробеници, одеа на размена https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rusija-vo-avionot-imashe-65-ukrainski-voeni-zarobenitsi-odea-na-razmena/ Wed, 24 Jan 2024 12:13:16 +0000 https://republika.mk/?p=736304

Голем руски воен транспортен авион Ил-76 се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот.

 

На социјалните мрежи се појави видео од падот на кое се гледа како авионот наеднаш ја губи висината, а потоа експлодира.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале во несреќата. Тие тврдат дека биле префрлени од руските сили за да бидат разменети за руски затвореници.

Гувернерот на руската област Белгород денеска изјави дека загинале сите 76 лица во авионот што се урна кај селото Јабланово. Според руските извори, 65 од нив биле украински воени заробеници кои патувале на размена.

Руското Министерство за надворешни работи тврди дека украинските сили го собориле авионот, додавајќи дека тоа е „варварски чин“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на руската агенција Тасс.

Москва не обезбеди никакви докази за ова тврдење. Руски парламентарец претходно денеска изјави дека авионот бил соборен од американска или германска ракета испратена во Украина.

The post Русија: Во авионот имаше 65 украински воени заробеници, одеа на размена appeared first on Република.

]]>

Голем руски воен транспортен авион Ил-76 се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот.   На социјалните мрежи се појави видео од падот на кое се гледа како авионот наеднаш ја губи висината, а потоа експлодира. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале во несреќата. Тие тврдат дека биле префрлени од руските сили за да бидат разменети за руски затвореници. Гувернерот на руската област Белгород денеска изјави дека загинале сите 76 лица во авионот што се урна кај селото Јабланово. Според руските извори, 65 од нив биле украински воени заробеници кои патувале на размена. Руското Министерство за надворешни работи тврди дека украинските сили го собориле авионот, додавајќи дека тоа е „варварски чин“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на руската агенција Тасс. Москва не обезбеди никакви докази за ова тврдење. Руски парламентарец претходно денеска изјави дека авионот бил соборен од американска или германска ракета испратена во Украина.

The post Русија: Во авионот имаше 65 украински воени заробеници, одеа на размена appeared first on Република.

]]>
Ќе убиваме затвореници еден по еден, ако Израел не престане со напади: Хамас се закани со ликвидација на заложниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-ubivame-zatvorenitsi-eden-po-eden-ako-izrael-ne-prestane-so-napadi-hamas-se-zakani-so-likvidatsija-na-zalozhnitsite/ Mon, 09 Oct 2023 18:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=689635

Хамас само што се закани дека ќе почне да убива израелски заложници, ако Израел продолжи да бомбардира цивилни објекти во Газа.

Милитантите соопштиле дека се обраќаат на непријателот, на јазик кој добро го познава.

Секое гаѓање на невини цивили без предупредување, ќе биде со жалење дочекано со погубување на по еден заробеник од нашиот притвор и ќе бидеме принудени да го емитуваме погубувањето - соопштила Бригада ал-Касам.

Израелската војска соопшти  претходно дека нападите на Газа ќе продолжат дури и по цена да се нанесе штета на израелските заробеници.

 

The post Ќе убиваме затвореници еден по еден, ако Израел не престане со напади: Хамас се закани со ликвидација на заложниците appeared first on Република.

]]>

Хамас само што се закани дека ќе почне да убива израелски заложници, ако Израел продолжи да бомбардира цивилни објекти во Газа. Милитантите соопштиле дека се обраќаат на непријателот, на јазик кој добро го познава. Секое гаѓање на невини цивили без предупредување, ќе биде со жалење дочекано со погубување на по еден заробеник од нашиот притвор и ќе бидеме принудени да го емитуваме погубувањето - соопштила Бригада ал-Касам. Израелската војска соопшти  претходно дека нападите на Газа ќе продолжат дури и по цена да се нанесе штета на израелските заробеници.  

The post Ќе убиваме затвореници еден по еден, ако Израел не престане со напади: Хамас се закани со ликвидација на заложниците appeared first on Република.

]]>
Русија и Украина разменија приближно 200 воени заробеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-ukraina-razmenija-priblizhno-200-voeni-zarobenitsi/ Sun, 11 Jun 2023 17:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=650201

Русија и Украина најавија истовремено ослободување на речиси 100 војници од секоја земја, јавија британските медиуми.

Руското Министерство за одбрана во денешната објава на каналот Телеграм соопшти дека по успешно завршените преговори 94 Руси, кои биле заробени во Украина, се ослободени и истите ќе бидат однесени во медицинска установа каде што ќе бидат прегледани.

Шефот на претседателската администрација на Украина, Андриј Јермак, од друга страна, изјави дека во земјата се вратени 95 украински војници, вклучително и некои ранети. Меѓу нив има и припадници на националната гарда и граничари.

Јермак додаде дека ослободените војници учествувале во борбите во близина на градот Мариупол, кој минатата година со недели беше под руска опсада, во близина на нуклеарната централа Чернобил, која накратко беше заземена од руските сили минатата година, на Змискиот остров во Црното Море и од Бахмут, кој се уште е во центарот на непријателствата во источниот дел на земјата.

The post Русија и Украина разменија приближно 200 воени заробеници appeared first on Република.

]]>

Русија и Украина најавија истовремено ослободување на речиси 100 војници од секоја земја, јавија британските медиуми. Руското Министерство за одбрана во денешната објава на каналот Телеграм соопшти дека по успешно завршените преговори 94 Руси, кои биле заробени во Украина, се ослободени и истите ќе бидат однесени во медицинска установа каде што ќе бидат прегледани. Шефот на претседателската администрација на Украина, Андриј Јермак, од друга страна, изјави дека во земјата се вратени 95 украински војници, вклучително и некои ранети. Меѓу нив има и припадници на националната гарда и граничари. Јермак додаде дека ослободените војници учествувале во борбите во близина на градот Мариупол, кој минатата година со недели беше под руска опсада, во близина на нуклеарната централа Чернобил, која накратко беше заземена од руските сили минатата година, на Змискиот остров во Црното Море и од Бахмут, кој се уште е во центарот на непријателствата во источниот дел на земјата.

The post Русија и Украина разменија приближно 200 воени заробеници appeared first on Република.

]]>
Масовна размена на заробеници меѓу руските и украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masovna-razmena-na-zarobenici-megju-ruskite-i-ukrainskite-sili/ Thu, 03 Nov 2022 21:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=569280

Министерството за одбрана на Русија, соопшти дека како резултат на преговорите со Украина, се ослободени 107 руски војници, кои се префрлени на територијата под контрола на руските сили.

Војниците се ослободени во рамки на размена на заробеници по принципот 107 за 107.

Размената на војници со Украина ја потврди и шефот на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин.

Денеска враќаме 107 наши борци од украинските затвори. Исто толку затвореници враќаме во Киев. Од вкупниот број на ослободени, 65 се од Народните републики Доњецк и Луганск. Наскоро ќе можат да ги прегрнат своите најблиските, напиша Пушилин во објава на социјалната мрежа Телеграм.

The post Масовна размена на заробеници меѓу руските и украинските сили appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија, соопшти дека како резултат на преговорите со Украина, се ослободени 107 руски војници, кои се префрлени на територијата под контрола на руските сили. Војниците се ослободени во рамки на размена на заробеници по принципот 107 за 107. Размената на војници со Украина ја потврди и шефот на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин.
Денеска враќаме 107 наши борци од украинските затвори. Исто толку затвореници враќаме во Киев. Од вкупниот број на ослободени, 65 се од Народните републики Доњецк и Луганск. Наскоро ќе можат да ги прегрнат своите најблиските, напиша Пушилин во објава на социјалната мрежа Телеграм.

The post Масовна размена на заробеници меѓу руските и украинските сили appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 1.000 заробеници од „Азовстал“ префрлени во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-1-000-zarobenici-od-azovstal-prefrleni-vo-rusija/ Wed, 08 Jun 2022 07:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=512479

Повеќе од 1.000 припадници на украинските воени форации, кои се предале во Мариупол, поради истрагата се префрлени во Русија, изјавил за ТАС С извор од полицијата.

Над 1.000 луѓе од „Азовстал“ беа префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Иследниците планираат да испратат и други затвореници во Русија во наредниот период - вели изворот.

The post Повеќе од 1.000 заробеници од „Азовстал“ префрлени во Русија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 1.000 припадници на украинските воени форации, кои се предале во Мариупол, поради истрагата се префрлени во Русија, изјавил за ТАС С извор од полицијата.
Над 1.000 луѓе од „Азовстал“ беа префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Иследниците планираат да испратат и други затвореници во Русија во наредниот период - вели изворот.

The post Повеќе од 1.000 заробеници од „Азовстал“ префрлени во Русија appeared first on Република.

]]>
Заробени Британци на руска телевизија го молат Џонсон за размена за Виктор Медведчук, заробениот украински опозиционер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zarobeni-britanci-na-ruska-televizija-go-molat-dzonson-za-razmena-za-viktor-medvedchuk-zarobeniot-ukrainski-opozicioner/ Mon, 18 Apr 2022 12:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=490050

Шон Пинер и Ејден Аслин биле заробени во Украина, а на снимката објавена на руската телевизија го молат британскиот премиер Борис Џонсон да бидат разменети за заробениот украински политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела.

Не е јасно колку заробените британски милитанти можеле слободно да зборуваат.

https://www.youtube.com/watch?v=-hhpUeYc6MM

Семејството на заробениот Пинер побара тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитува меѓународното право.

Денес Украина објави и снимка на која Медведчук бара од Москва да го размени за борците во Мариупол.

https://www.youtube.com/watch?v=OxNod6T4RSU

The post Заробени Британци на руска телевизија го молат Џонсон за размена за Виктор Медведчук, заробениот украински опозиционер appeared first on Република.

]]>

Шон Пинер и Ејден Аслин биле заробени во Украина, а на снимката објавена на руската телевизија го молат британскиот премиер Борис Џонсон да бидат разменети за заробениот украински политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела. Не е јасно колку заробените британски милитанти можеле слободно да зборуваат. https://www.youtube.com/watch?v=-hhpUeYc6MM Семејството на заробениот Пинер побара тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитува меѓународното право. Денес Украина објави и снимка на која Медведчук бара од Москва да го размени за борците во Мариупол. https://www.youtube.com/watch?v=OxNod6T4RSU

The post Заробени Британци на руска телевизија го молат Џонсон за размена за Виктор Медведчук, заробениот украински опозиционер appeared first on Република.

]]>
Захарова: Украина се откажа од размена на заробеници затоа што руските заробени војници биле мачени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-ukraina-se-otkaza-od-razmena-na-zarobenici-zatoa-shto-ruskite-zarobeni-vojnici-bile-macheni/ Thu, 07 Apr 2022 08:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=484594

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Украина се договориле за конкретен план за размена на воени заробеници, но дека украинската страна се повлекла од договорот во последен момент.

Без објаснување, украинската страна ги отфрли сите договорени позиции - изјави Захарова.

https://twitter.com/mfa_russia/status/1511746374165049344?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511746374165049344%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3907509%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-42dan-svadja-u-sad-zbog-ukrajine-indija-osudila-zlocin-u-buci-cesi-kijevu-salju-tenkove-video

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, се додава дека со сигурност е утврдено дека руските затвореници биле подложени на тортура.

https://republika.mk/vesti/svet/njujork-tajms-avtentichna-snimka-od-ukrainski-vojnici-kako-ubivaat-raneti-ruski-zarobenici/

The post Захарова: Украина се откажа од размена на заробеници затоа што руските заробени војници биле мачени appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Украина се договориле за конкретен план за размена на воени заробеници, но дека украинската страна се повлекла од договорот во последен момент.
Без објаснување, украинската страна ги отфрли сите договорени позиции - изјави Захарова.
https://twitter.com/mfa_russia/status/1511746374165049344?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511746374165049344%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3907509%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-42dan-svadja-u-sad-zbog-ukrajine-indija-osudila-zlocin-u-buci-cesi-kijevu-salju-tenkove-video Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, се додава дека со сигурност е утврдено дека руските затвореници биле подложени на тортура. https://republika.mk/vesti/svet/njujork-tajms-avtentichna-snimka-od-ukrainski-vojnici-kako-ubivaat-raneti-ruski-zarobenici/

The post Захарова: Украина се откажа од размена на заробеници затоа што руските заробени војници биле мачени appeared first on Република.

]]>
Украина и Русија разменија заробеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-i-rusija-razmenija-zarobenici/ Tue, 05 Apr 2022 18:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=483761

Русија и Украина извршија размена на заробеници, изјави денеска руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова за време на работната посета на Владимирската област.

Последната размена беше 86 за 86, рече Москалкова, без да прецизира кој е на листите за размена.

Во исто време, размената на четворица вработени во Росатом кои останаа во Украина, според неа, пропаднала во последен момент.

Четворица работници на Росатом, за кои ја прашав украинската страна, се пронајдени, тие се живи. Не знаеме каде се сега, беа на списокот за размена, но во последен момент беа исклучени поради реципроцитет. Киев смета дека украинските цивили треба да бидат ослободени во исто толкав број, нивниот список ми е даден и сега работам на тоа, рече Москалкова.

Таа додаде дека руската страна во моментов работи на враќање на морнарите и возачите на камиони кои се нашле на територијата на Украина.

The post Украина и Русија разменија заробеници appeared first on Република.

]]>

Русија и Украина извршија размена на заробеници, изјави денеска руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова за време на работната посета на Владимирската област.
Последната размена беше 86 за 86, рече Москалкова, без да прецизира кој е на листите за размена.
Во исто време, размената на четворица вработени во Росатом кои останаа во Украина, според неа, пропаднала во последен момент.
Четворица работници на Росатом, за кои ја прашав украинската страна, се пронајдени, тие се живи. Не знаеме каде се сега, беа на списокот за размена, но во последен момент беа исклучени поради реципроцитет. Киев смета дека украинските цивили треба да бидат ослободени во исто толкав број, нивниот список ми е даден и сега работам на тоа, рече Москалкова.
Таа додаде дека руската страна во моментов работи на враќање на морнарите и возачите на камиони кои се нашле на територијата на Украина.

The post Украина и Русија разменија заробеници appeared first on Република.

]]>
Русија е подготвена да размени 500 заробени Украинци за Руси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-e-podgotvena-da-razmeni-500-zarobeni-ukrainci-za-rusi/ Mon, 21 Mar 2022 19:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=476343

Русија достави до Црвениот крст податоци за повеќе од 500 заробени Украинци кои е подготвена да ги размени за заробени Руси, изјави руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова.

Русија е подготвена да ги замени за Руси, кои се заробени од страна на Украина, изјави Москалкова.

Русија на 24 февруари почна воена интервенција во Украина, што Москва ја нарече „специјална воена операција со цел денацификација и демилитаризација на Украина“.

The post Русија е подготвена да размени 500 заробени Украинци за Руси appeared first on Република.

]]>

Русија достави до Црвениот крст податоци за повеќе од 500 заробени Украинци кои е подготвена да ги размени за заробени Руси, изјави руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова.
Русија е подготвена да ги замени за Руси, кои се заробени од страна на Украина, изјави Москалкова.
Русија на 24 февруари почна воена интервенција во Украина, што Москва ја нарече „специјална воена операција со цел денацификација и демилитаризација на Украина“.

The post Русија е подготвена да размени 500 заробени Украинци за Руси appeared first on Република.

]]>