Зарко Милошевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zarko-miloshevski/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 20:07:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зарко Милошевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zarko-miloshevski/ 32 32 Костовски: Милошевски е професионалец и добро ќе ја води АНБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-miloshevski-e-profesionalets-i-dobro-ke-ja-vodi-anb/ Wed, 28 Dec 2022 20:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=591180

Заре Милошевски има признаена биографија, има дипломи, школуван е во САД. Станува збор за квалитетен кадар кој АНБ ќе ја води добро и во вистинска насока, изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека Милошевски е познат и докажан професионалец, за разлика од Сашо Мијалков, кој ја водеше поранешната УБК и кој, како што кажа Костовски, имаше криминално досие и беше посветен во партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Од тука е мојата перцепција дека АНБ во наредниот период ќе работи квалитетно, професионално, независно и во интерес на граѓаните, рече Костовски.

Пратеникот кажа дека не може да се стави равенство меѓу сите вработени во безбедносните структури, дека сите биле како Сашо Мијалков и кажа дека голем број луѓе преминале од УБК во АНБ и соодветно си ја вршат работата, но проблемот бил во лидерството.

The post Костовски: Милошевски е професионалец и добро ќе ја води АНБ appeared first on Република.

]]>

Заре Милошевски има признаена биографија, има дипломи, школуван е во САД. Станува збор за квалитетен кадар кој АНБ ќе ја води добро и во вистинска насока, изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека Милошевски е познат и докажан професионалец, за разлика од Сашо Мијалков, кој ја водеше поранешната УБК и кој, како што кажа Костовски, имаше криминално досие и беше посветен во партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ.
Од тука е мојата перцепција дека АНБ во наредниот период ќе работи квалитетно, професионално, независно и во интерес на граѓаните, рече Костовски.
Пратеникот кажа дека не може да се стави равенство меѓу сите вработени во безбедносните структури, дека сите биле како Сашо Мијалков и кажа дека голем број луѓе преминале од УБК во АНБ и соодветно си ја вршат работата, но проблемот бил во лидерството.

The post Костовски: Милошевски е професионалец и добро ќе ја води АНБ appeared first on Република.

]]>
Зарко Милошевски ја заташкува истрагата за Онишченко, Комисијата составена од негови блиски луѓе, за тој да се пере од одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zarko-miloshevski-ja-zatashkuva-istragata-za-onishchenko-komisijata-sostavena-od-negovi-bliski-lugje-za-toj-da-se-pere-od-odgovornost/ Sun, 25 Dec 2022 09:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=589642

Зарко Милошевски ја заташкува истрагата за Онишченко, Комисијата составена од негови блиски луѓе, за тој да се пере од одговорност, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Откако Милошевски станал директор ја укинал старата Комисија, пред која веќе искази дале двајца вработени, кои учествувале во проверката, но не и тој самиот, кој ја одобрил проверката.

Комисијата која ја формирал наместо да почне од ново, се повикала на старите искази, иако од правниците во АНБ им било укажано дека мора да се повтори постапката. Комисијата составена од луѓе на Милошевски брза да го затвори целиот случај, зошто ако се спроведе детална проверка Милошевски не може да избегне одговорност, зошто тој е функционерот кој ја одобрил проверката, Онишченко нема да можел да добие државјанство без позитивната проверка одобрена од Милошевски.

Онишченко е случај, кој ако може да му се верува на Пендаровски побудил интерес за решавање и кај нашите стратешки партнери.

Владата да не ја поткопува безбедноста на државата. Ковачевски да го разреши Зарко Милошевски од директор на АНБ, и да ја запре постапката за назначување на Виктор Димовски за амбасадор во Париз, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Зарко Милошевски ја заташкува истрагата за Онишченко, Комисијата составена од негови блиски луѓе, за тој да се пере од одговорност appeared first on Република.

]]>

Зарко Милошевски ја заташкува истрагата за Онишченко, Комисијата составена од негови блиски луѓе, за тој да се пере од одговорност, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Откако Милошевски станал директор ја укинал старата Комисија, пред која веќе искази дале двајца вработени, кои учествувале во проверката, но не и тој самиот, кој ја одобрил проверката. Комисијата која ја формирал наместо да почне од ново, се повикала на старите искази, иако од правниците во АНБ им било укажано дека мора да се повтори постапката. Комисијата составена од луѓе на Милошевски брза да го затвори целиот случај, зошто ако се спроведе детална проверка Милошевски не може да избегне одговорност, зошто тој е функционерот кој ја одобрил проверката, Онишченко нема да можел да добие државјанство без позитивната проверка одобрена од Милошевски. Онишченко е случај, кој ако може да му се верува на Пендаровски побудил интерес за решавање и кај нашите стратешки партнери. Владата да не ја поткопува безбедноста на државата. Ковачевски да го разреши Зарко Милошевски од директор на АНБ, и да ја запре постапката за назначување на Виктор Димовски за амбасадор во Париз, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Зарко Милошевски ја заташкува истрагата за Онишченко, Комисијата составена од негови блиски луѓе, за тој да се пере од одговорност appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Зарко Милошевски го заташкува случајот со Онишченко со нова Комисија од негови блиски луѓе, затоа што тој е директно одговорен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-zarko-miloshevski-go-zatashkuva-sluchajot-so-onishchenko-so-nova-komisija-od-negovi-bliski-lugje-zatoa-shto-toj-e-direktno-odgovoren/ Sat, 24 Dec 2022 13:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=589478

Зарко Милошевски е најодговорен за давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, тој е функционерот од АНБ кој со свој потпис ја одобрил позитивната проверка пратена до МВР, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Милошевски наместо да биде суспендиран и да се спроведе независна истрага за целиот случај, тој е именуван за директорт на АНБ од страна на Ковачевски, а со тоа тој може и да влијае на истрагата.

Зарко Милошевски не чекал многу, и по назначувањето почнува да влијае на истрагата. Предмет на истрага биле двајца вработени во АНБ, но не и Милошевски, како крајно потпишан, а со тоа и најодговорен.

Зарко Милошевски ја расформирал дисциплинската комисија која веќе работела на случајот и формирал нова комисија. Новата Комисија е составена од блиски луѓе на Зарко Милошевски. Комисијата почнува истрага од ново, но врз стара основа.

Да појасниме подетално, Комисијата која ја формира Зарко Милошевски почнува од ново, но ги зема во предвид исказите дадени пред старата комисија. Според нашите сознанија правниците во АНБ им укажале на членовите на Комисијата дека прават суштинска повреда, затоа што се работи за нова постапка и дека се треба да се повтори. На членовите на Комисијата им било укажано дека не можат да важат истите искази, и дека мора формално правно да се даде нов исказ со нови записници и докази, но тие биле замолчувани.

Каде е суштината? Милошевски со формирањето на нова Комисија не ги штити двајцата вработени во АНБ против кои е покрената постапката, туку себе си, бидејќи тие хиерархиски се под него, а тој бил функционерот кој ја одобрил проверката.

Формирањето на нова Комисија составена од блиски луѓе на Зарко Милошевски има само за цел да ја заташка реалната истрага. Зарко Милошевски знае дека е директно одговорен во постапката за давање на државјанство на Онишченко, бидејќи тој ја одобрил позитивната проверка, а Виктор Димовски го потпишал актот што тој го одобрил.

Зарко Милошевски и Виктор Димовски морале да знаат на кого даваат државјанство. Тие се први лица во АНБ и неможе да се вадат на пропусти на пониските ешалони, дотолку повеќе што функцијата на Милошевски е одобрување на проверката, и тој морал да се запознае со случајот. Затоа оставка од Зарко Милошевски и запирање на постапката за испраќање на Виктор Димовски за амбасадор во Париз, рече Ковачки.

The post Ковачки: Зарко Милошевски го заташкува случајот со Онишченко со нова Комисија од негови блиски луѓе, затоа што тој е директно одговорен appeared first on Република.

]]>

Зарко Милошевски е најодговорен за давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, тој е функционерот од АНБ кој со свој потпис ја одобрил позитивната проверка пратена до МВР, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. -Милошевски наместо да биде суспендиран и да се спроведе независна истрага за целиот случај, тој е именуван за директорт на АНБ од страна на Ковачевски, а со тоа тој може и да влијае на истрагата. Зарко Милошевски не чекал многу, и по назначувањето почнува да влијае на истрагата. Предмет на истрага биле двајца вработени во АНБ, но не и Милошевски, како крајно потпишан, а со тоа и најодговорен. Зарко Милошевски ја расформирал дисциплинската комисија која веќе работела на случајот и формирал нова комисија. Новата Комисија е составена од блиски луѓе на Зарко Милошевски. Комисијата почнува истрага од ново, но врз стара основа. Да појасниме подетално, Комисијата која ја формира Зарко Милошевски почнува од ново, но ги зема во предвид исказите дадени пред старата комисија. Според нашите сознанија правниците во АНБ им укажале на членовите на Комисијата дека прават суштинска повреда, затоа што се работи за нова постапка и дека се треба да се повтори. На членовите на Комисијата им било укажано дека не можат да важат истите искази, и дека мора формално правно да се даде нов исказ со нови записници и докази, но тие биле замолчувани. Каде е суштината? Милошевски со формирањето на нова Комисија не ги штити двајцата вработени во АНБ против кои е покрената постапката, туку себе си, бидејќи тие хиерархиски се под него, а тој бил функционерот кој ја одобрил проверката. Формирањето на нова Комисија составена од блиски луѓе на Зарко Милошевски има само за цел да ја заташка реалната истрага. Зарко Милошевски знае дека е директно одговорен во постапката за давање на државјанство на Онишченко, бидејќи тој ја одобрил позитивната проверка, а Виктор Димовски го потпишал актот што тој го одобрил. Зарко Милошевски и Виктор Димовски морале да знаат на кого даваат државјанство. Тие се први лица во АНБ и неможе да се вадат на пропусти на пониските ешалони, дотолку повеќе што функцијата на Милошевски е одобрување на проверката, и тој морал да се запознае со случајот. Затоа оставка од Зарко Милошевски и запирање на постапката за испраќање на Виктор Димовски за амбасадор во Париз, рече Ковачки.

The post Ковачки: Зарко Милошевски го заташкува случајот со Онишченко со нова Комисија од негови блиски луѓе, затоа што тој е директно одговорен appeared first on Република.

]]>
Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-e-sledno-onishchenko-sam-kje-si-ja-vodi-istragata/ Sat, 24 Dec 2022 09:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=589410

Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД.

Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот!
Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ.Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија.
Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста, порачуваат од партијата.

The post Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД.
Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот! Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ.Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија. Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста, порачуваат од партијата.

The post Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? appeared first on Република.

]]>
Каква е улогата на Зарко Милошевски во „27 април“, и до каде е истрагата за позитивното мислење за државјанството на Онишченко ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kakva-e-ulogata-na-zarko-miloshevski-vo-27-april-i-do-kade-e-istragata-za-pozitivnoto-mislenje-za-drzavjanstvoto-na-onishchenko/ Fri, 23 Dec 2022 08:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=589003

Зарко Милошевски е началник на единицата за екстремизам при УБК за време на настаните од 27 април. Голем дел од структури во УБК беа дел од судски процеси, дури и тогашниот директор Атанасовски, само Милошевски не беше дел од никаква постапка.
Зошто Милошевски не бил дел од судски постапки и кој го штити?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Зарко Милошевски директно или индиректно бил дел од голем број случаи за кои негови колеги се дел од постапки, а тој не е. Таков е и најновиот случај со давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, кој според изјавите на Пендаровски се мешал и во изборите во САД.

Дури и според Пендаровски има спорни моменти во назначувањето на Милошевски за директор на АНБ, бидејќи случајот Онишченко сериозно го нарушува угледот на Македонија во НАТО.

Зарко Милошевски е функционерот од АНБ кој ја потпишува позитивната проверка за Онишченко, и тој е значаен фактор од кого зависело дали Онишченко ќе добие дежавјанство или не.

Владата мора да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, дотолку повеќе што се спроведува истрага за случајот Онишченко, во кој тој е директно вмешан, а Милошевски да каже каква е неговата улога и во 27 април.

The post Каква е улогата на Зарко Милошевски во „27 април“, и до каде е истрагата за позитивното мислење за државјанството на Онишченко ? appeared first on Република.

]]>

Зарко Милошевски е началник на единицата за екстремизам при УБК за време на настаните од 27 април. Голем дел од структури во УБК беа дел од судски процеси, дури и тогашниот директор Атанасовски, само Милошевски не беше дел од никаква постапка. Зошто Милошевски не бил дел од судски постапки и кој го штити?, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Зарко Милошевски директно или индиректно бил дел од голем број случаи за кои негови колеги се дел од постапки, а тој не е. Таков е и најновиот случај со давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, кој според изјавите на Пендаровски се мешал и во изборите во САД. Дури и според Пендаровски има спорни моменти во назначувањето на Милошевски за директор на АНБ, бидејќи случајот Онишченко сериозно го нарушува угледот на Македонија во НАТО. Зарко Милошевски е функционерот од АНБ кој ја потпишува позитивната проверка за Онишченко, и тој е значаен фактор од кого зависело дали Онишченко ќе добие дежавјанство или не. Владата мора да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, дотолку повеќе што се спроведува истрага за случајот Онишченко, во кој тој е директно вмешан, а Милошевски да каже каква е неговата улога и во 27 април.

The post Каква е улогата на Зарко Милошевски во „27 април“, и до каде е истрагата за позитивното мислење за државјанството на Онишченко ? appeared first on Република.

]]>
Дали шефица на новиот директор на АНБ е поранешна шефица на Мијалков во УБК? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-shefica-na-noviot-direktor-na-anb-e-poraneshna-shefica-na-mijalkov-vo-ubk/ Wed, 21 Dec 2022 10:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=588312

Нова шефица на кабинетот на новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е Даниела Божиновска која беше екс шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, објави „Хроника.мк“.

Околу изборот на Зарко Миилошевски се крена голема прашина бидејќи тој е потписник и на белешката со која се доделува пасош на контраверзниот украинец Онишченко.

Што се однесува до новиот шеф на кабинет на Зарко Милошевски, Даниела Божиновска нема НАТО безбедносен сертификат иако има само национален.

The post Дали шефица на новиот директор на АНБ е поранешна шефица на Мијалков во УБК? appeared first on Република.

]]>

Нова шефица на кабинетот на новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е Даниела Божиновска која беше екс шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, објави „Хроника.мк“. Околу изборот на Зарко Миилошевски се крена голема прашина бидејќи тој е потписник и на белешката со која се доделува пасош на контраверзниот украинец Онишченко. Што се однесува до новиот шеф на кабинет на Зарко Милошевски, Даниела Божиновска нема НАТО безбедносен сертификат иако има само национален.

The post Дали шефица на новиот директор на АНБ е поранешна шефица на Мијалков во УБК? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на АНБ бил дел од началниците на УБК во време на прислушувањето во 2015-та https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-direktorot-na-anb-bil-del-od-nachalnicite-na-ubk-vo-vreme-na-prislushuvanjeto-vo-2015-ta/ Tue, 20 Dec 2022 07:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=587865

Скандалот со изборот на нов директор на АНБ добива нови и нови димензии. Кадарот на Зечевиќ и Ковачевски, новиот директор Зарко Милошевски бил дел од тимот началници на УБК во 2015. Со тоа логично се поставува прашањето дали Милошевски бил дел од скандалот со нелегалното прислушкување во 2015 година? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој сомнеж се надоврзува на низата други дамки во кариерата на Милошевски. Прво излезе на виделина дека новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е потписникот на документот со кој му се овозможило државјанство на Онишченко, лицето од американската црна листа. Со ова всушност испаѓа дека кадарот на Ковачевски и Зечевиќ и најодговорен за меѓународниот срам кој ја задеси Македонија. Дополнително, Милошевски бил Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Трето, пуленот на Ковачевски и Зечевиќ, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили. Ковачевски и Зечевиќ нека не се кријат и нека излезат во јавноста да одговорат за ова. Тие го именуваа и сега тие се одговорни да кажат како може еден човек со толкав багаж зад себе да биде прв човек на АНБ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посебно Ковачевски треба да знае дека свесно или не на крајот целата одговорност за партизирањето и криминализирањето на институциите ја зема врз себе и за сето тоа ќе одговара, додаваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на АНБ бил дел од началниците на УБК во време на прислушувањето во 2015-та appeared first on Република.

]]>

Скандалот со изборот на нов директор на АНБ добива нови и нови димензии. Кадарот на Зечевиќ и Ковачевски, новиот директор Зарко Милошевски бил дел од тимот началници на УБК во 2015. Со тоа логично се поставува прашањето дали Милошевски бил дел од скандалот со нелегалното прислушкување во 2015 година? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Овој сомнеж се надоврзува на низата други дамки во кариерата на Милошевски. Прво излезе на виделина дека новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е потписникот на документот со кој му се овозможило државјанство на Онишченко, лицето од американската црна листа. Со ова всушност испаѓа дека кадарот на Ковачевски и Зечевиќ и најодговорен за меѓународниот срам кој ја задеси Македонија. Дополнително, Милошевски бил Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Трето, пуленот на Ковачевски и Зечевиќ, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили. Ковачевски и Зечевиќ нека не се кријат и нека излезат во јавноста да одговорат за ова. Тие го именуваа и сега тие се одговорни да кажат како може еден човек со толкав багаж зад себе да биде прв човек на АНБ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Посебно Ковачевски треба да знае дека свесно или не на крајот целата одговорност за партизирањето и криминализирањето на институциите ја зема врз себе и за сето тоа ќе одговара, додаваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на АНБ бил дел од началниците на УБК во време на прислушувањето во 2015-та appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ избраа директор на АНБ кој има зад себе низа скандали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-i-zechevikj-izbraa-direktor-na-anb-koj-ima-zad-sebe-niza-skandali/ Mon, 19 Dec 2022 09:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=587465

Кога мислевме дека АНБ од времето на Заев го допрела дното, тогаш Ковачевски и Зечевиќ не демантираа и покажаа дека можат уште полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За директор на АНБ го избраа Зарко Милошевски човек со чиј потпис му било доделено државјанството на контроверзниот Онишченко. Да биде срамот поголем Зарко Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки и на тој начин лице на црната листа на САД добило македонски пасош, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи, меѓу кои има белосветски мафијаши, дилери со дрога, платени убијци, па дури и припадник на ИСИС..

Ковачевски и Зечевиќ молчат и не даваат одговори дали новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили.

Молкот на Ковачевски и Зечевиќ значи признание на сите овие скандали врзани за името на Зарко Милошевски. Очигледно при изборот на директор на АНБ, Ковачевски и Зечевиќ не се воделе според капацитетот на кадарот и интересите на граѓаните и државата, туку се воделе чисто од партиските потреби и желби. Ете затоа безбедносната состојба е на вакво дереџе и затоа угледот на Македонија во светот е урнисан, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ избраа директор на АНБ кој има зад себе низа скандали appeared first on Република.

]]>

Кога мислевме дека АНБ од времето на Заев го допрела дното, тогаш Ковачевски и Зечевиќ не демантираа и покажаа дека можат уште полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За директор на АНБ го избраа Зарко Милошевски човек со чиј потпис му било доделено државјанството на контроверзниот Онишченко. Да биде срамот поголем Зарко Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки и на тој начин лице на црната листа на САД добило македонски пасош, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи, меѓу кои има белосветски мафијаши, дилери со дрога, платени убијци, па дури и припадник на ИСИС.. Ковачевски и Зечевиќ молчат и не даваат одговори дали новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили.
Молкот на Ковачевски и Зечевиќ значи признание на сите овие скандали врзани за името на Зарко Милошевски. Очигледно при изборот на директор на АНБ, Ковачевски и Зечевиќ не се воделе според капацитетот на кадарот и интересите на граѓаните и државата, туку се воделе чисто од партиските потреби и желби. Ете затоа безбедносната состојба е на вакво дереџе и затоа угледот на Македонија во светот е урнисан, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ избраа директор на АНБ кој има зад себе низа скандали appeared first on Република.

]]>