Зарина Првасевда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zarina-prvasevda/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 11:46:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зарина Првасевда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zarina-prvasevda/ 32 32 Зарина Првасевда и „Калевала“ на „Звукот на Скопје“ во Кулпарк https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zarina-prvasevda-i-kalevala-na-zvukot-na-skopje-vo-kulpark/ Sun, 22 Sep 2024 11:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=818712

Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ започнува на 27 септември во Кулпарк, пред Културно информативниот центар (КИЦ). Додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.

Носечката манифестација на КИЦ ’Звукот на Скопје’ (до пред неколку години позната како ‘Звуците на чаршијата’, и оваа година ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња, информираат од КИЦ.

Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови.

‘Звукот на Скопје’ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. Значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. ‘Звукот на Скопје’ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст“, додаваат организаторите на фестивалот.

 

The post Зарина Првасевда и „Калевала“ на „Звукот на Скопје“ во Кулпарк appeared first on Република.

]]>

Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ започнува на 27 септември во Кулпарк, пред Културно информативниот центар (КИЦ). Додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.
Носечката манифестација на КИЦ ’Звукот на Скопје’ (до пред неколку години позната како ‘Звуците на чаршијата’, и оваа година ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња, информираат од КИЦ.
Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови.
‘Звукот на Скопје’ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. Значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. ‘Звукот на Скопје’ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст“, додаваат организаторите на фестивалот.
 

The post Зарина Првасевда и „Калевала“ на „Звукот на Скопје“ во Кулпарк appeared first on Република.

]]>
Концерт на Зарина Првасевда на отворањето за фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-zarina-prvasevda-na-otvoraneto-za-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/ Thu, 15 Aug 2024 07:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=806343

Под слоганот Копање емоции низ времето, од утре па се до 22 август ќе се одржи јубилејното 15-то издание на МакеДокс – фестивалот на креативен документарен филм.

Во рамките на музичката програма на фестивалот, на 15 август 2024 година во Куршумли Ан, со почеток во 23:00 часот ќе може да го проследите концертот на Зарина Првасевда, а од 24:00 часот свој настап ќе има DJ Ishjan Twin.

Зарина е вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика.

Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата.

The post Концерт на Зарина Првасевда на отворањето за фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Под слоганот Копање емоции низ времето, од утре па се до 22 август ќе се одржи јубилејното 15-то издание на МакеДокс – фестивалот на креативен документарен филм. Во рамките на музичката програма на фестивалот, на 15 август 2024 година во Куршумли Ан, со почеток во 23:00 часот ќе може да го проследите концертот на Зарина Првасевда, а од 24:00 часот свој настап ќе има DJ Ishjan Twin. Зарина е вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата.

The post Концерт на Зарина Првасевда на отворањето за фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Зарина Првасевда со својот ансамбл на целовечерен концерт во Јавна Соба https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zarina-prvasevda-so-svojot-ansambl-na-tselovecheren-kontsert-vo-javna-soba/ Wed, 21 Feb 2024 11:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=746523

Во Јавна соба и оваа сабота продолжуваат сесиите насловени како „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.

По експресно распродадениот концерт во Македонската филхармонија, и бројните претставување на сцените низ Европа, најголемото освежување на македонската и светска традиционална музика Зарина Првасевда, заедно со својот ансамбл ќе се претстави со целовечерен концерт на интимната сцена во Јавна Соба.

Зарина кон крајот на минатата година беше победник на “UpBeat – Best New Talent Award 2023” на интернационалната UPBeat платформа, а нејзиниот деби албум “ЕХО”, кој е одпејан на 4 јазици е издаден за една од најголемата  издавачка куќа на Балканот – “Croatia Records”.

Ансамблот на Зарина Првасевда се состои од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност, издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа. Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Повеќето од нив се бават со педагошка работа и музичка едукација на млади, а имаат и вложено сериозен и долгогодишен труд во градењето и создавањето на голем дел од актуелната сцена во Македонија, а се разбира голем дел од таа музика била изведувано и надвор од границите на Македонија.

Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со голем број на домашни и странски музичари, современ танц, како и филмски проекти, а својата музика концертно ја има претставено на реномирани фестивали во Франција, Унгарија, Хрватска, Бугарија и секако Македонија. Албумот „Ехо“ во 2022 година беше дел од топ 10 најслушани албуми на Балканската светска музичка листа.

Билетите за концертот на 24. Февруари во Јавна Соба можат да се обезбедат онлајн преку веб платформата drugastrana.mk

„Светско, а наше – Саботи на светска музика“ е во организација на Јавна Соба од Скопје.

Зарина Првасевда е македонски артист, вокален изведувач и музичар кој изведува македонска и светска традиционална музика.

Таа беше номинирана и е овогодинешниот победник на “ UpBeat - Best New Talent Award 2023”, на интернационалната UPBeat платформа.

Во 2022 година го издаде својот прв албум насловен како “ЕХО” , отпејан на 4 јазици,  за најголемата  издавачка куќа на Балканот - “Croatia Records”, а истиот го освои 9-тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните светски музички изведувачи во 3-тиот квартал 2022 година.

 

Покрај успешниот концерт во нејзина продукција, кој се одржа во големата сала на Македонската Филхармонија, кој беше распродаден во рекордни 7 дена, а медиумски покриен од МТВ и емитуван во ударен термин на истата, се случи и распродадениот во Офицерскиот дом во Битола, но во изминатава година таа одржаа концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како:
 OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia,  A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria
како и солистички концерти низ Македонија (Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и др.)

Ансамблот на Зарина Првасевда се состои од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност, издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа. Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Повеќето од нив се бават со педагошка работа и музичка едукација на млади, а имаат и вложено сериозен и долгогодишен труд во градењето и создавањето на голем дел од актуелната сцена во Македонија, а се разбира голем дел од таа музика била изведувано и надвор од границите на Македонија.

Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со домашни и странски музичари, современ танц , како и филмски проекти: NA ‘ Tanec’ , FUNHOUSE проект, KALY Music Chalenge, Cookie&Jam, FIN Project, Горан Трајковски, Leo Genovese (САД), Quareim Quartet (Франција), Natacha Rogers (Холандија). Филмови: „Бисер на небото“, Документарен филм „Виа Динарика“ - Македонската авантура, Скопско – реклама, Шар Планина – Национален парк – Прво промотивно видео. Таа беше дел од кинематографската реализација на планинскиот фестивал „Ехо“ 2020 година со свој видео проект за нејзината песна „Што се гледа Шар Планина“ снимена на врвот Љуботен, по повод поддршката и учеството во борбата за прогласување на Шар. Планината за национален парк.

Од неодамна таа е дел и од претставата УПМ ( Уметност, Политика и Мудрост ) во соработка со XSquared танцов колектив, каде што таа се појавува како пејач, инструменталист но и е дел и од танцовата кореографија.

The post Зарина Првасевда со својот ансамбл на целовечерен концерт во Јавна Соба appeared first on Република.

]]>

Во Јавна соба и оваа сабота продолжуваат сесиите насловени како „Светско, а наше – Саботи на светска музика“. По експресно распродадениот концерт во Македонската филхармонија, и бројните претставување на сцените низ Европа, најголемото освежување на македонската и светска традиционална музика Зарина Првасевда, заедно со својот ансамбл ќе се претстави со целовечерен концерт на интимната сцена во Јавна Соба. Зарина кон крајот на минатата година беше победник на “UpBeat – Best New Talent Award 2023” на интернационалната UPBeat платформа, а нејзиниот деби албум “ЕХО”, кој е одпејан на 4 јазици е издаден за една од најголемата  издавачка куќа на Балканот – “Croatia Records”. Ансамблот на Зарина Првасевда се состои од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност, издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа. Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Повеќето од нив се бават со педагошка работа и музичка едукација на млади, а имаат и вложено сериозен и долгогодишен труд во градењето и создавањето на голем дел од актуелната сцена во Македонија, а се разбира голем дел од таа музика била изведувано и надвор од границите на Македонија. Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со голем број на домашни и странски музичари, современ танц, како и филмски проекти, а својата музика концертно ја има претставено на реномирани фестивали во Франција, Унгарија, Хрватска, Бугарија и секако Македонија. Албумот „Ехо“ во 2022 година беше дел од топ 10 најслушани албуми на Балканската светска музичка листа. Билетите за концертот на 24. Февруари во Јавна Соба можат да се обезбедат онлајн преку веб платформата drugastrana.mk „Светско, а наше – Саботи на светска музика“ е во организација на Јавна Соба од Скопје. Зарина Првасевда е македонски артист, вокален изведувач и музичар кој изведува македонска и светска традиционална музика. Таа беше номинирана и е овогодинешниот победник на “ UpBeat - Best New Talent Award 2023”, на интернационалната UPBeat платформа. Во 2022 година го издаде својот прв албум насловен како “ЕХО” , отпејан на 4 јазици,  за најголемата  издавачка куќа на Балканот - “Croatia Records”, а истиот го освои 9-тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните светски музички изведувачи во 3-тиот квартал 2022 година.   Покрај успешниот концерт во нејзина продукција, кој се одржа во големата сала на Македонската Филхармонија, кој беше распродаден во рекордни 7 дена, а медиумски покриен од МТВ и емитуван во ударен термин на истата, се случи и распродадениот во Офицерскиот дом во Битола, но во изминатава година таа одржаа концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како:  OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia,  A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria како и солистички концерти низ Македонија (Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и др.) Ансамблот на Зарина Првасевда се состои од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност, издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа. Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Повеќето од нив се бават со педагошка работа и музичка едукација на млади, а имаат и вложено сериозен и долгогодишен труд во градењето и создавањето на голем дел од актуелната сцена во Македонија, а се разбира голем дел од таа музика била изведувано и надвор од границите на Македонија. Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со домашни и странски музичари, современ танц , како и филмски проекти: NA ‘ Tanec’ , FUNHOUSE проект, KALY Music Chalenge, Cookie&Jam, FIN Project, Горан Трајковски, Leo Genovese (САД), Quareim Quartet (Франција), Natacha Rogers (Холандија). Филмови: „Бисер на небото“, Документарен филм „Виа Динарика“ - Македонската авантура, Скопско – реклама, Шар Планина – Национален парк – Прво промотивно видео. Таа беше дел од кинематографската реализација на планинскиот фестивал „Ехо“ 2020 година со свој видео проект за нејзината песна „Што се гледа Шар Планина“ снимена на врвот Љуботен, по повод поддршката и учеството во борбата за прогласување на Шар. Планината за национален парк. Од неодамна таа е дел и од претставата УПМ ( Уметност, Политика и Мудрост ) во соработка со XSquared танцов колектив, каде што таа се појавува како пејач, инструменталист но и е дел и од танцовата кореографија.

The post Зарина Првасевда со својот ансамбл на целовечерен концерт во Јавна Соба appeared first on Република.

]]>
Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zarina-prvasevda-da-mu-e-merak-na-chovek-da-pushti-aplikatsija-za-da-go-odbijat-spetsijalno/ Tue, 13 Feb 2024 07:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=743300

Поради „непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод.“ Министерството за култура ја одби апликацијата на музичката уметничка Зарина Првасевда. Ова не е првпат да ме одбијат или да ми дадат „3 пари“ за нешто големо, вели таа, но токму тоа ја мотивирало да продолжи со создавањето на музиката, која одекнува сè пошироко.

Ви го пренесуваме нејзиниот статус во целост:

Драги пријатели,

со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми.

Денес, ќе кажам збор - два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата.

Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто, за тие што имаат малку време и сакаат да знаат:

1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН.
(Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството).
- Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете.
Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено.
НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА.
- Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton.
- Го издадов во Април 2022година.
- Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година.

2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО.
( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег.
“ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство .
Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели,
" Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.".
Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН.
Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта.
Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив.
Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата?
https://www.youtube.com/watch?v=mUo__QlWmBI&t=1243s

3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН.
( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) .
- Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа.
( Ниеден од Македонија ) .
- Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени.
- Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми.
- Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива.

Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл.
Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам.

Фала му на Бога за тоа.
(Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) .

Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат?

Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ?

Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум.

Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас.

Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни.

Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува.
Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите.
Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот.

Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи. ❤

Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика
" Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :)))
Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378
Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално appeared first on Република.

]]>

Поради „непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод.“ Министерството за култура ја одби апликацијата на музичката уметничка Зарина Првасевда. Ова не е првпат да ме одбијат или да ми дадат „3 пари“ за нешто големо, вели таа, но токму тоа ја мотивирало да продолжи со создавањето на музиката, која одекнува сè пошироко. Ви го пренесуваме нејзиниот статус во целост: Драги пријатели, со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми. Денес, ќе кажам збор - два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата. Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто, за тие што имаат малку време и сакаат да знаат: 1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН. (Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството). - Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете. Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено. НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА. - Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton. - Го издадов во Април 2022година. - Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година. 2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО. ( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег. “ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство . Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели, " Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.". Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН. Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта. Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив. Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата? https://www.youtube.com/watch?v=mUo__QlWmBI&t=1243s 3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН. ( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) . - Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа. ( Ниеден од Македонија ) . - Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени. - Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми. - Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива. Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл. Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам. Фала му на Бога за тоа. (Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) . Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат? Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ? Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум. Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас. Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни. Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува. Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите. Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот. Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи. ❤ Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика " Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :))) Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378 Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално appeared first on Република.

]]>
Концерт „Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncert-koreni-na-niko-gjorgievski-vo-bitola/ Sat, 10 Dec 2022 07:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=583908

Во Офицерскиот Дом во Битола вечерва концертно ќе биде претставен уникатниот проект на оперскиот пејач Нико Ѓоргиевски, насловен „Корени.

 

Според Ѓоргиевски, „Корени“ е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни музички влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли, филозофии на протагонистите.

Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања. Ќе слушнете стари македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови, посочува Ѓоргиевски.

На концертот Ѓоргиевски ќе биде придужуван од Филип Димишковски – пијано, Стефан Петановски – гитара и Никола Бочваров – бас гитара.

Специјални гости се Зарина Првасевда и „Јаничари

The post Концерт „Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола appeared first on Република.

]]>

Во Офицерскиот Дом во Битола вечерва концертно ќе биде претставен уникатниот проект на оперскиот пејач Нико Ѓоргиевски, насловен „Корени.   Според Ѓоргиевски, „Корени“ е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни музички влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли, филозофии на протагонистите.
Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања. Ќе слушнете стари македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови, посочува Ѓоргиевски.
На концертот Ѓоргиевски ќе биде придужуван од Филип Димишковски – пијано, Стефан Петановски – гитара и Никола Бочваров – бас гитара. Специјални гости се Зарина Првасевда и „Јаничари

The post Концерт „Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола appeared first on Република.

]]>
„Ехо“ на Зарина Првасевда ќе патува низ Македонија! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/eho-na-zarina-prva-sevda-kje-patuva-niz-makedonija/ Wed, 28 Sep 2022 10:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=555163

По фантастичниот распродаден концерт во македонската Филхармонија по повод издавањето на првиот албум „Ехо“, Зарина Првасевда објавува уште три нови датуми и градови во кои ќе одржи концерти придружувана од нејзиниот ансамбл.

Кочани - 8 октомври - Градски парк, почеток 13 ч.

Битола - 13 октомври - Центар за култура, почеток 20 ч.

Демир Хисар - 14 октомври - Дом на култура "Илинден", почеток 20 ч.

На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот прв официјален студиски албум, издание на Кроација рекордс.

На албумот има 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани, отпеани на пет јазика: македонски, албански, турски, српски и бугарски.

Оваа „мини турнеја“ е нешто што со нетрпение го очекував да се случи после оној концерт во Македонската филхармонија кога мене лично ми се случи второто раѓање и едно вистинско реобликување за какво што претходно можев само да сонувам. Признавам дека сонував и овојпат... и еве уште еден од соништата станува реалност, само умножен во три нови датуми и три нови градови, сите од нив со посебно значење во моето срце.

Вистински е голема радоста и меракот да пеам во родниот град, на моите демирхисарци, во Битола - мојот втор дом и голема љубов како и во Кочани, градот кој ме освои со близината која ме дели од најмагичните зајдисонца што некогаш сум ги посведочила.

Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија , преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме, да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и одново да и дадеме крила , онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем .

Кочани, Битола, Демир Хисар - ЕДВАЈ ЧЕКАМ, вели Зарина.

The post „Ехо“ на Зарина Првасевда ќе патува низ Македонија! appeared first on Република.

]]>

По фантастичниот распродаден концерт во македонската Филхармонија по повод издавањето на првиот албум „Ехо“, Зарина Првасевда објавува уште три нови датуми и градови во кои ќе одржи концерти придружувана од нејзиниот ансамбл. Кочани - 8 октомври - Градски парк, почеток 13 ч. Битола - 13 октомври - Центар за култура, почеток 20 ч. Демир Хисар - 14 октомври - Дом на култура "Илинден", почеток 20 ч. На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот прв официјален студиски албум, издание на Кроација рекордс. На албумот има 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани, отпеани на пет јазика: македонски, албански, турски, српски и бугарски.
Оваа „мини турнеја“ е нешто што со нетрпение го очекував да се случи после оној концерт во Македонската филхармонија кога мене лично ми се случи второто раѓање и едно вистинско реобликување за какво што претходно можев само да сонувам. Признавам дека сонував и овојпат... и еве уште еден од соништата станува реалност, само умножен во три нови датуми и три нови градови, сите од нив со посебно значење во моето срце. Вистински е голема радоста и меракот да пеам во родниот град, на моите демирхисарци, во Битола - мојот втор дом и голема љубов како и во Кочани, градот кој ме освои со близината која ме дели од најмагичните зајдисонца што некогаш сум ги посведочила. Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија , преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме, да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и одново да и дадеме крила , онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем . Кочани, Битола, Демир Хисар - ЕДВАЈ ЧЕКАМ, вели Зарина.

The post „Ехо“ на Зарина Првасевда ќе патува низ Македонија! appeared first on Република.

]]>
Солистички концерт на Зарина Првасевда во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/solistichki-koncert-na-zarina-prvasevda-vo-filharmonija/ Fri, 15 Apr 2022 06:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=488652

Во Филхармонијата вечерва ќе се одржи солистички концерт на Зарина Првасевда, на којшто ќе биде промовиран нејзиниот прв официјален студиски албум насловен „ЕХО“.

Албумот е изработен со „Кроација рекордс“ и содржи 11 традиционални песни од Балканот, отпеани на пет јазици – македонски, албански, бугарски, српски и турски.

Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно - вели Зарина.

The post Солистички концерт на Зарина Првасевда во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Во Филхармонијата вечерва ќе се одржи солистички концерт на Зарина Првасевда, на којшто ќе биде промовиран нејзиниот прв официјален студиски албум насловен „ЕХО“. Албумот е изработен со „Кроација рекордс“ и содржи 11 традиционални песни од Балканот, отпеани на пет јазици – македонски, албански, бугарски, српски и турски. Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.
Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно - вели Зарина.

The post Солистички концерт на Зарина Првасевда во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Зарина Првасевда пред концертната промоција на албумот: Сакав да ја споделам музиката што ја носам во срцето https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zarina-prvasevda-pred-koncertnata-promocija-na-albumot-sakav-da-ja-spodelam-muzikata-shto-ja-nosam-vo-srceto/ Wed, 13 Apr 2022 11:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=487862

Младата артистка Зарина Првасевда в петок со почеток во 20 часот ќе го одржи својот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО“, составен од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани.

Како што кажа Првасевда на денешната прес-конференција, станува збор за традиционална музика со џез елементи, која на моменти потсетува на филмска музика, а е отпеана на македонски, албански, турски, српски и бугарски јазик.

Едноставно ја имав идејата и сакав да ја споделам музиката која што ја носам во срцето, сметам дека овој албум го создадовме на начин кој верувам ќе допре до помладата публика, до публиката која што најверојатно не би имала шанса и прилика да ја спознае традиционалната музика. Короната малку не разниша, но можеби тоа беше добро, бидејќи ако тргневме со брзина на светлината како што и бев решена немаше да биде толку магично и убаво, изјави таа, истакнувајќи дека се надева за настапи и во другите градови како Охрид и Битола.

Информира дека ангажманот ќе биде на Александар Петров.

Солистичкиот концерт ќе се одржи во Македонската Филхармонија. Зарина на коцертот ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

The post Зарина Првасевда пред концертната промоција на албумот: Сакав да ја споделам музиката што ја носам во срцето appeared first on Република.

]]>

Младата артистка Зарина Првасевда в петок со почеток во 20 часот ќе го одржи својот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО“, составен од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани.
Како што кажа Првасевда на денешната прес-конференција, станува збор за традиционална музика со џез елементи, која на моменти потсетува на филмска музика, а е отпеана на македонски, албански, турски, српски и бугарски јазик.
Едноставно ја имав идејата и сакав да ја споделам музиката која што ја носам во срцето, сметам дека овој албум го создадовме на начин кој верувам ќе допре до помладата публика, до публиката која што најверојатно не би имала шанса и прилика да ја спознае традиционалната музика. Короната малку не разниша, но можеби тоа беше добро, бидејќи ако тргневме со брзина на светлината како што и бев решена немаше да биде толку магично и убаво, изјави таа, истакнувајќи дека се надева за настапи и во другите градови како Охрид и Битола.
Информира дека ангажманот ќе биде на Александар Петров.
Солистичкиот концерт ќе се одржи во Македонската Филхармонија. Зарина на коцертот ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

The post Зарина Првасевда пред концертната промоција на албумот: Сакав да ја споделам музиката што ја носам во срцето appeared first on Република.

]]>
Концерт-промоција на албумот „ЕХО“ на Зарина Првасевда во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncert-promocija-na-albumot-eho-na-zarina-prvasevda-vo-filharmonija/ Sun, 10 Apr 2022 18:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=486346

В петок, (15 април) со почеток во 20 часот, во Македонската Филхармонија, Зарина Првасевда ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО“ кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records.

Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 април! , вели Зарина Првасевда.

11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани, се дел од албумот на Зарина, кој е отпеан на: македонски, албански, турски, српски и бугарски.

Зарина на коцертот ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир.

Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

The post Концерт-промоција на албумот „ЕХО“ на Зарина Првасевда во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

В петок, (15 април) со почеток во 20 часот, во Македонската Филхармонија, Зарина Првасевда ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО“ кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records.
Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 април! , вели Зарина Првасевда.
11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани, се дел од албумот на Зарина, кој е отпеан на: македонски, албански, турски, српски и бугарски. Зарина на коцертот ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

The post Концерт-промоција на албумот „ЕХО“ на Зарина Првасевда во Филхармонија appeared first on Република.

]]>