Запознај ја Преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapoznaj-ja-prespa/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Jun 2022 09:19:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Запознај ја Преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapoznaj-ja-prespa/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска за “Запознај ја Преспа”: Историска културна и гастрономска дружба на уметниците и публиката од Грција, Албанија и од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-za-zapoznaj-ja-prespa-istoriska-kulturna-i-gastronomska-druzba-na-umetnicite-i-publikata-od-grcija-albanija-i-od-severna-makedonija/ Sun, 19 Jun 2022 09:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=517186

Преку проектот „Запознај ја Преспа“ уметниците од Грција, Албанија и од Македонија за првпат во историјата се дружеа со публиката на еден пријателски и креативен начин на плажата „Дупени“ и во селото Брајчино во Преспа преку бројни културни и гастрономски содржини, вели министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на манифестацијата поддржана од министерството за култура. На настанот беа присутни и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, евроамбасадорот Дејвид Гир, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и унгарскиот амбасадор Ласло Дукс.

Овој проект на народите на трите земји им понуди база за поинтензивна соработка, за отворање на границите и на патиштата. Понуди широко заживување на мисијата на Преспанскиот договор, во нешто што значи суштина на живеењето на граѓаните на Грција, Албанија и Македонија. Токму овде, на оваа тромеѓа Преспа и Преспанското Езеро се на мапата на значајни историски настани на 21 век“, рече министерката за култура.

Како што нагласи Костадиновска-Стојчевска, овој проект е природно произлезен од Преспанскиот договор и ја поздрави благородната идеја, преку оваа манифестација, Преспа да се развива, да ги обединува младите од регионот, и да расте во центар кој ќе зборува за дијалог, за разбирање, за надминување на бариерите.

Сите сме свесни, дека во трите држави одделно Преспанскиот регион беше запоставен во планското развивање, но сега, по историското значење на Преспанскиот договор, треба да се искористи потенцијалот што Преспа го има, и токму овде да заживее една ваква манифестација која ќе ги обедини пред се младите, додаде Костадиновска-Стојчевска.

На фестивалот „Запознај ја Преспа“ настапија познати диџеи од трите земји кои ги делат водите на Преспанското Езеро, а во селото Брајчино, посетителите имаа можност да уживаат во традиционалните рецепти на жителите од овој регион од трите земји. Организатори на фестивалот беа невладината организација „Преспа ГРАД“ и Општина Ресен, со финансиска поддршка од два милиони денари на Министерството за култура.

The post Костадиновска-Стојчевска за “Запознај ја Преспа”: Историска културна и гастрономска дружба на уметниците и публиката од Грција, Албанија и од Македонија appeared first on Република.

]]>

Почнува фестивалот „Запознај ја Преспа“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochnuva-festivalot-zapoznaj-ja-prespa/ Sat, 18 Jun 2022 12:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=516653

На плажата Дупени и во село Брајчино артисти и учесници од три држави се дел од фестивалот кој оваа година се случува по четврти пат, а на журката на плажа Дупени ќе настапат 14 познати DJ-и од трите земји кои ги делат водите на Преспанското езеро. Настанот започнува на пладне, а ќе трае до магичното изгрејсонце утредента кое може да го дочекате во друштво на преспанските пеликани.

Во меѓувреме, сите гости гурмани од 17:00 часот ќе можат да го посетат и селото Брајчино во падините на Пелистер, на само 8 километри од  плажа Дупени. Тука, своите кулинарски знаења ќе ги презентираат угостители и чувари на тајните на преспанските традиционални рецепти, а вие ќе уживате во традиционалната преспанска храна и земјоделски производи. За првпат, учесниците од грчкиот дел на Преспа ќе го  презентираат познатиот џиновски грав, а од Албанија ќе може да го пробате далеку прочуениот, природен  мед. А домаќините од преспанските села ќе ги понудат своите најдобри специјалитети како зелник, цирони, сушен крап, чадено месо и колбаси и многу други домашни јадења” - истакнуваат организаторите.

Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници!

*За сите заинтересирани посетители од околината, организаторот ќе обезбеди бесплатен превоз и тоа од Битола и Ресен до Плажа Дупени и с.Брајчино и назад. Автобусите поаѓаат во 12.00 и 19.00 од Битола, пред кафе Јагода. Враќањето кон Битола е предвидено во 03.00”-стои во соопштението.

Средствата собрани од влезниците за големата журка ќе се наменат за реализација на проекти во функција на развојот на Преспа.

Фестивалот "Запознај ја Преспа/Meet Prespa" е подржан од Министерството за култура, организатори  се HBO Преспа ГРАД и Општина Ресен.

The post Почнува фестивалот „Запознај ја Преспа“ appeared first on Република.

]]>

На плажата Дупени и во село Брајчино артисти и учесници од три држави се дел од фестивалот кој оваа година се случува по четврти пат, а на журката на плажа Дупени ќе настапат 14 познати DJ-и од трите земји кои ги делат водите на Преспанското езеро. Настанот започнува на пладне, а ќе трае до магичното изгрејсонце утредента кое може да го дочекате во друштво на преспанските пеликани.
Во меѓувреме, сите гости гурмани од 17:00 часот ќе можат да го посетат и селото Брајчино во падините на Пелистер, на само 8 километри од  плажа Дупени. Тука, своите кулинарски знаења ќе ги презентираат угостители и чувари на тајните на преспанските традиционални рецепти, а вие ќе уживате во традиционалната преспанска храна и земјоделски производи. За првпат, учесниците од грчкиот дел на Преспа ќе го  презентираат познатиот џиновски грав, а од Албанија ќе може да го пробате далеку прочуениот, природен  мед. А домаќините од преспанските села ќе ги понудат своите најдобри специјалитети како зелник, цирони, сушен крап, чадено месо и колбаси и многу други домашни јадења” - истакнуваат организаторите.
Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници! *За сите заинтересирани посетители од околината, организаторот ќе обезбеди бесплатен превоз и тоа од Битола и Ресен до Плажа Дупени и с.Брајчино и назад. Автобусите поаѓаат во 12.00 и 19.00 од Битола, пред кафе Јагода. Враќањето кон Битола е предвидено во 03.00”-стои во соопштението. Средствата собрани од влезниците за големата журка ќе се наменат за реализација на проекти во функција на развојот на Преспа. Фестивалот "Запознај ја Преспа/Meet Prespa" е подржан од Министерството за култура, организатори  се HBO Преспа ГРАД и Општина Ресен.