запленети пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapleneti-pari/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Apr 2023 09:08:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запленети пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapleneti-pari/ 32 32 Турчин во „порше“ со голема сума евра фатен на „Табановце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/turchin-vo-porshe-so-golema-suma-evra-faten-na-tabanovtse/ Sat, 01 Apr 2023 09:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=626024

Вчера на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција.

При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

The post Турчин во „порше“ со голема сума евра фатен на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

Вчера на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција. При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра. Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

The post Турчин во „порше“ со голема сума евра фатен на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
Талибанците бараат САД да ја преразгледаат одлуката за запленетите авганистански средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/talibancite-baraat-sad-da-ja-prerazgledaat-odlukata-za-zaplenetite-avganistanski-sredstva/ Tue, 15 Feb 2022 08:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=458636

Талибанската влада ги повика САД да ја преиспитаат својата одлука за запленувањето на замрзнатите средства на авганистанската Централна банка и да се воздржат од натамошни „провокативни дејства“.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела ја потпиша извршната наредба со која го отвори патот за заплена и распределба на замрзнатите авганистански средства во САД во вредност од седум милијарди долари, по половина средства за жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година и како хуманитарна помош за земјата.

Доколку САД не отстапат од својата позиција и продолжат со своите провокативни дејствија, Исламскиот емират, исто така, ќе биде принуден да ја преиспита својата политика кон земјата - соопштија авганистанските власти во официјалното соопштение.

Тие ги повикаа САД, беусловно да ги ослободат замрзнатите средства, кои му припаѓаат на Авганистан.

Одлуката на претседателот Бајден предизвика бес кај Авганистанците, а поранешниот претседател Хамид Карзаи ја нарече „злосторство“ врз авганистанските граѓани.

Локалните медиуми објавија дека стотици луѓе протестираат во Кабул во знак на осуда на одлуката на Бајден.

Авганистанските политичари и академици побараа замрзнатите средства да не се користат за компензација на жртвите од 11 септември, бидејќи ниту еден Авганистанец не бил вклучен во нападите, ниту, пак, сопствените пари на земјата треба да бидат насочени како помош. Тие сакаат средствата да останат недопрени за да се обезбеди стабилност на авганистанската валута и финансискиот систем на земјата како целина.

Авганистан во моментов има околу девет милијарди долари замрзнати средства, од кои седум се во САД, а останатите најмногу се чуваат во Германија, Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија.

The post Талибанците бараат САД да ја преразгледаат одлуката за запленетите авганистански средства appeared first on Република.

]]>

Талибанската влада ги повика САД да ја преиспитаат својата одлука за запленувањето на замрзнатите средства на авганистанската Централна банка и да се воздржат од натамошни „провокативни дејства“. Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела ја потпиша извршната наредба со која го отвори патот за заплена и распределба на замрзнатите авганистански средства во САД во вредност од седум милијарди долари, по половина средства за жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година и како хуманитарна помош за земјата.
Доколку САД не отстапат од својата позиција и продолжат со своите провокативни дејствија, Исламскиот емират, исто така, ќе биде принуден да ја преиспита својата политика кон земјата - соопштија авганистанските власти во официјалното соопштение.
Тие ги повикаа САД, беусловно да ги ослободат замрзнатите средства, кои му припаѓаат на Авганистан. Одлуката на претседателот Бајден предизвика бес кај Авганистанците, а поранешниот претседател Хамид Карзаи ја нарече „злосторство“ врз авганистанските граѓани. Локалните медиуми објавија дека стотици луѓе протестираат во Кабул во знак на осуда на одлуката на Бајден. Авганистанските политичари и академици побараа замрзнатите средства да не се користат за компензација на жртвите од 11 септември, бидејќи ниту еден Авганистанец не бил вклучен во нападите, ниту, пак, сопствените пари на земјата треба да бидат насочени како помош. Тие сакаат средствата да останат недопрени за да се обезбеди стабилност на авганистанската валута и финансискиот систем на земјата како целина. Авганистан во моментов има околу девет милијарди долари замрзнати средства, од кои седум се во САД, а останатите најмногу се чуваат во Германија, Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија.

The post Талибанците бараат САД да ја преразгледаат одлуката за запленетите авганистански средства appeared first on Република.

]]>