запленет имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaplenet-imot/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Oct 2022 14:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запленет имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaplenet-imot/ 32 32 ЕК: Замрзнати се 17 милијарди евра руски имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-zamrznati-se-17-milijardi-evra-ruski-imot/ Sat, 29 Oct 2022 14:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=567139

Европската унија замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот како дел од пакетот санкции против Москва, изјави еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Досега е замрзнат имотот на 90 лица, повеќе од 17 милијарди евра во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди евра во Германија, изјави Белгиецот за германскиот медиумски концерн „Функе“.

ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на руската агресија врз Украина пред осум месеци. Поточно, украинските политичари постојано бараа замрзнатите средства да се употребат за обнова на земјата по завршување на војната.

Ако ЕУ заплени пари од криминални активности, можно е да ги насочи кон фондот за компензација за Украина. Сепак, сумата не е ни блиску доволна за да се финансира реконструкцијата, истакна Рејндерс.

ЕУ, исто така, замрзна 300 милијарди евра од девизните резерви на Руската централна банка. Од моја гледна точка, барем е можно да се задржат овие 300 милијарди евра како гаранција, додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина, додаде еврокомесарот.

Тој за весникот „Хамбургер Абендблат“ нагласи дека првите судења за воени злосторства извршени во Украина би можеле да започнат оваа година пред Меѓународниот кривичен суд. „Ако обвинителите сакаат да започнат на највисоко ниво, нека го сторат тоа“, порача Рејндерс.

The post ЕК: Замрзнати се 17 милијарди евра руски имот appeared first on Република.

]]>

Европската унија замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот како дел од пакетот санкции против Москва, изјави еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.
Досега е замрзнат имотот на 90 лица, повеќе од 17 милијарди евра во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди евра во Германија, изјави Белгиецот за германскиот медиумски концерн „Функе“. ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на руската агресија врз Украина пред осум месеци. Поточно, украинските политичари постојано бараа замрзнатите средства да се употребат за обнова на земјата по завршување на војната.
Ако ЕУ заплени пари од криминални активности, можно е да ги насочи кон фондот за компензација за Украина. Сепак, сумата не е ни блиску доволна за да се финансира реконструкцијата, истакна Рејндерс.
ЕУ, исто така, замрзна 300 милијарди евра од девизните резерви на Руската централна банка. Од моја гледна точка, барем е можно да се задржат овие 300 милијарди евра како гаранција, додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина, додаде еврокомесарот.
Тој за весникот „Хамбургер Абендблат“ нагласи дека првите судења за воени злосторства извршени во Украина би можеле да започнат оваа година пред Меѓународниот кривичен суд. „Ако обвинителите сакаат да започнат на највисоко ниво, нека го сторат тоа“, порача Рејндерс.

The post ЕК: Замрзнати се 17 милијарди евра руски имот appeared first on Република.

]]>
Блокиран имотот на Дерипаска и Јанукович во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blokiran-imotot-na-deripaska-i-janukovich-vo-ukraina/ Thu, 13 Oct 2022 08:27:18 +0000 https://republika.mk/?p=560423

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за замрзнување на имотот на поранешниот претседател Виктор Јанукович и рускиот бизнисмен Олег Дерипаска.

Во документот објавен на веб-страницата на Зеленски, се прецизира дека се работи за привремено блокирање на имотот на 10 години.

Се наведува дека со оваа мерка се опфатени и членот на Комитетот на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи Павел Лебедев и сопственикот на групацијата компании Гас Украина Сергеј Курченко.

Украинските медиуми претходно овој месец објавија дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобрил список на санкции, на кој, меѓу другите, се вклучени бизнисмените Евгениј Пригожин, Олег Дерипаска, Роман Абрамович, украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, поранешна украински претседател Виктор Јанукович и неговиот син Александар, како и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

The post Блокиран имотот на Дерипаска и Јанукович во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за замрзнување на имотот на поранешниот претседател Виктор Јанукович и рускиот бизнисмен Олег Дерипаска. Во документот објавен на веб-страницата на Зеленски, се прецизира дека се работи за привремено блокирање на имотот на 10 години. Се наведува дека со оваа мерка се опфатени и членот на Комитетот на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи Павел Лебедев и сопственикот на групацијата компании Гас Украина Сергеј Курченко. Украинските медиуми претходно овој месец објавија дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобрил список на санкции, на кој, меѓу другите, се вклучени бизнисмените Евгениј Пригожин, Олег Дерипаска, Роман Абрамович, украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, поранешна украински претседател Виктор Јанукович и неговиот син Александар, како и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

The post Блокиран имотот на Дерипаска и Јанукович во Украина appeared first on Република.

]]>
Запленет имотот на Медведчук во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaplenet-imotot-na-medvedchuk-vo-ukraina/ Thu, 14 Apr 2022 08:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=488277

Државното Истражно биро на Украина соопшти дека се запленети станови, куќи, возила и земјиште, сопственост на шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“ на Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко.

Окружниот суд во Лавов, а на предлог на Државното истражно биро и Главниот јавен обвинител, запленил уште 154 објекти движен и недвижен имот на пратеникот Медведчук и неговата сопруга.

Се прецизира дека се запленети 26 автомобили, 30 парцели земјиште, 23 куќи, 32 стана, 17 паркинг-места и моторна јахта. Запленет е и уделот во капитал на двајцата сопружници во 25 компании.

Шефот на украинските безбедносни служби, Иван Баканов, во вторникот потврди дека е упасен пратеникот и шефот на политичкиот совет на партијата „Опозициска платформа – за живот“, Виктор Медведчук.

Медведчук од мај 2021 година бил во куќен притвор од каде побегнал на 28 февруари, четири дена по почетокот на руската инвазија врз Украина, по што му се губи трагата.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим што Москва го анектираше во 2014 година. Важи за близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, кого го нарекува „личен пријател“. Медиумите уште наведуваат дека Путин е кум на неговата најмлада ќерка.

The post Запленет имотот на Медведчук во Украина appeared first on Република.

]]>

Државното Истражно биро на Украина соопшти дека се запленети станови, куќи, возила и земјиште, сопственост на шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“ на Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко. Окружниот суд во Лавов, а на предлог на Државното истражно биро и Главниот јавен обвинител, запленил уште 154 објекти движен и недвижен имот на пратеникот Медведчук и неговата сопруга. Се прецизира дека се запленети 26 автомобили, 30 парцели земјиште, 23 куќи, 32 стана, 17 паркинг-места и моторна јахта. Запленет е и уделот во капитал на двајцата сопружници во 25 компании. Шефот на украинските безбедносни служби, Иван Баканов, во вторникот потврди дека е упасен пратеникот и шефот на политичкиот совет на партијата „Опозициска платформа – за живот“, Виктор Медведчук. Медведчук од мај 2021 година бил во куќен притвор од каде побегнал на 28 февруари, четири дена по почетокот на руската инвазија врз Украина, по што му се губи трагата. Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим што Москва го анектираше во 2014 година. Важи за близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, кого го нарекува „личен пријател“. Медиумите уште наведуваат дека Путин е кум на неговата најмлада ќерка.

The post Запленет имотот на Медведчук во Украина appeared first on Република.

]]>