заплена на пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaplena-na-pari/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Dec 2022 18:53:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заплена на пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaplena-na-pari/ 32 32 Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-gorche-petrov-pronajdena-droga-priveden-diler/ Sat, 31 Dec 2022 18:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=592350

Денеска (31.12.2022) во заедничка акција на полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и помошни простории на Љ.Г. (22) во скопската општина Ѓорче Петров. При претресот пронајдени се три пакувања со амфетамин, дигитална вага, марихуана и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Љ.Г. е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ. Министерството за внатрешни работи и во текот на новогодишните празници продолжува со засилени мерки и активности против недозволената трговија со дрога.

The post Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер appeared first on Република.

]]>

На ГП „Табановце“ запленети 13,3 килограми злато во гостиварски автобус и 30.000 евра од возач https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-gp-tabanovce-zapleneti-13-3-kilogrami-zlato-vo-gostivarski-avtobus-i-30-000-evra-od-vozach/ Sun, 07 Aug 2022 19:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=537766

➡️Денес при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра.
➡️Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
➡️Дополнително при личен претрес, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок.

The post На ГП „Табановце“ запленети 13,3 килограми злато во гостиварски автобус и 30.000 евра од возач appeared first on Република.

]]>

➡️Денес при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра. ➡️Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка. ➡️Дополнително при личен претрес, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок.

The post На ГП „Табановце“ запленети 13,3 килограми злато во гостиварски автобус и 30.000 евра од возач appeared first on Република.

]]>
Бајден со декрет му заплени седум милијарди долари на Авганистан депонирани во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-so-dekret-mu-zapleni-sedum-milijardi-dolari-na-avganistan-deponirani-vo-sad/ Fri, 11 Feb 2022 20:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=457355

Американскиот претседател Џо Бајден ја потпиша извршната наредба за заплена на седум милијарди долари од средствата на авганистанската Централна банка депонирани во САД и има намера половина од оваа сума да ја резервира за семејствата на жртвите на 11 септември, соопшти Белата куќа.

Американскиот претседател ги користи „вонредните економски овластувања“, согласно законот од 1977 година со кој може средства од блокирана сметка да ги трансферира во Федералните резерви во Њујорк.

Средствата на Централната банка најчесто ги сочинуваат финансиските инструменти, девизи или злато. Половината од оваа сума треба да се резервира за обештетување на семејствата на жртвите на 11 септември 2001 година.

Според идејата на Бајден, втората половина ќе биде наменета за хуманитарна помош за Авганистан, но таа треба да се исплати на начин да не падне во рацете на талибанците, објаснуваат од Белата куќа.

Многу е важно да се земат 3,5 милијарди долари одеднаш и да се осигура дека ќе бидат потрошени за доброто на авганистанскиот народ, истовремено гарантирајќи им на семејствата на жртвите на тероризмот дека нивниот глас ќе се слушне пред американското федерално правосудство - изјави висок претставник на Белата куќа.

Тој признава дека станува збор за „судски сложена“ ситуација и посочи дека денешното соопштение е само почеток на процесот што ќе трае со месеци.

Методот што го избра американскиот претседател сигурно ќе предизвика бројни контроверзии во време кога Авганистан се соочува со тешка хуманитарна криза.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, резервите на Централната банка на Авганистан во април 2021 година изнесувале 9,4 милијарди долари.

Оваа сума беше депонирана во странство, а најголемиот дел во САД, пред талибанците да се вратат на власт кон крајот на август.

The post Бајден со декрет му заплени седум милијарди долари на Авганистан депонирани во САД appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден ја потпиша извршната наредба за заплена на седум милијарди долари од средствата на авганистанската Централна банка депонирани во САД и има намера половина од оваа сума да ја резервира за семејствата на жртвите на 11 септември, соопшти Белата куќа. Американскиот претседател ги користи „вонредните економски овластувања“, согласно законот од 1977 година со кој може средства од блокирана сметка да ги трансферира во Федералните резерви во Њујорк. Средствата на Централната банка најчесто ги сочинуваат финансиските инструменти, девизи или злато. Половината од оваа сума треба да се резервира за обештетување на семејствата на жртвите на 11 септември 2001 година. Според идејата на Бајден, втората половина ќе биде наменета за хуманитарна помош за Авганистан, но таа треба да се исплати на начин да не падне во рацете на талибанците, објаснуваат од Белата куќа.
Многу е важно да се земат 3,5 милијарди долари одеднаш и да се осигура дека ќе бидат потрошени за доброто на авганистанскиот народ, истовремено гарантирајќи им на семејствата на жртвите на тероризмот дека нивниот глас ќе се слушне пред американското федерално правосудство - изјави висок претставник на Белата куќа.
Тој признава дека станува збор за „судски сложена“ ситуација и посочи дека денешното соопштение е само почеток на процесот што ќе трае со месеци. Методот што го избра американскиот претседател сигурно ќе предизвика бројни контроверзии во време кога Авганистан се соочува со тешка хуманитарна криза. Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, резервите на Централната банка на Авганистан во април 2021 година изнесувале 9,4 милијарди долари. Оваа сума беше депонирана во странство, а најголемиот дел во САД, пред талибанците да се вратат на власт кон крајот на август.

The post Бајден со декрет му заплени седум милијарди долари на Авганистан депонирани во САД appeared first on Република.

]]>