заплена на дрога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaplena-na-droga/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 06:57:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заплена на дрога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaplena-na-droga/ 32 32 Падна дилерка од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padna-dilerka-od-skopje/ Wed, 31 Jul 2024 06:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=801863

Ветеното го реализираме! Секојдневни заплени на дрога, дилерите зад решетки!, порача денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски споделувајќи ја последната акција на полицијата во борбата против нелегалната продажба на наркотични сретства.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-tolku-droga-po-ulitsite-nemalo-nikogash-mora-da-gi-trgneme-kriminaltsite-od-politsijata/

По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари.
Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје. Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје, сподели Тошковски.

The post Падна дилерка од Скопје appeared first on Република.

]]>

Ветеното го реализираме! Секојдневни заплени на дрога, дилерите зад решетки!, порача денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски споделувајќи ја последната акција на полицијата во борбата против нелегалната продажба на наркотични сретства. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-tolku-droga-po-ulitsite-nemalo-nikogash-mora-da-gi-trgneme-kriminaltsite-od-politsijata/
По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари. Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје. Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје, сподели Тошковски.

The post Падна дилерка од Скопје appeared first on Република.

]]>
Фатени тројца скопски дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-trojtsa-skopski-dileri/ Thu, 30 Nov 2023 08:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=717838

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода Е.Ј.(45), А.Б.(21) и Ф.Б.(26), сите од Скопје.

При претрес во домот на Е.Ј. на подрачјето на Шуто Оризари, извршен со судска наредба, во кој биле затекнати А.Б. и Ф.Б., биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и пари во различни валути и апоени, соопштија денеска од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Фатени тројца скопски дилери appeared first on Република.

Полицаец од Берово им давал информации: МВР долго време не можело да ги фати дилерите од Штип, Кочани, Виница и Берово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-od-berovo-im-daval-informatsii-mvr-dolgo-vreme-ne-mozhelo-da-gi-fati-dilerite-od-shtip-kochani-vinitsa-i-berovo/ Sun, 21 May 2023 07:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=643163

На 20.05.2023 во утринските часови во координирана и заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Штип, ОВР Кочани, ОВР Берово и СВР Струмица сузбија криминална организирана група која препродавала кокаин, амфетамин и марихуана на подрачјата на Штип, Кочани, Виница и Берово. Криминалната група подолг период работела на препродажба на наркотични дроги на овие подрачја и имала логистичка поддршка од полициски службеник од ОВР Берово, кој им помагал со давање информации.

[caption id="attachment_643171" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_643170" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_643169" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_643168" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption]

Во текот на криминалистичкото истражување во април и мај 2023 година веќе биле обезбедени докази и биле запленети марихуана и амфетамин за што кривично се процесуирани две лица во Скопје и едно во Виница, кои издржуваат мерка притвор. Инаку, вчера со судска наредба биле извршени претреси на осум локации на наведените подрачја. Кај лицето Б.И.(38) од с.Грдовци биле пронајдени околу 10 килограми марихуана, амфетамин, дигитална вага, повеќе мобилни телефони и патничко возило кое го користеле за препродавањето на дрогата. Кај лицето Н.Ј.(49) од с.Чифлик била пронајдена марихуана. Кај К.М.(37) од Кочани била пронајдена марихуана и мобилни телефони. Претреси биле извршени и кај лицата К.К.(44) од с.Чифлик, Г.А.(43) од Виница, Х.М.(22) од с.Банско и С.П.(35), кај кого биле пронајдени марихуана, кокаин и дигитална вага.

[caption id="attachment_643167" align="alignnone" width="295"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_643166" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_643165" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_643164" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption]

Исто така, во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, бил извршен претрес и во домот на полицискиот службеник А.К.(38) од Берово и биле одземени три мобилни телефони и два компјутери. Лицата се лишени од слобода и во координација со јавен обвинител против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

The post Полицаец од Берово им давал информации: МВР долго време не можело да ги фати дилерите од Штип, Кочани, Виница и Берово appeared first on Република.

]]>

На 20.05.2023 во утринските часови во координирана и заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Штип, ОВР Кочани, ОВР Берово и СВР Струмица сузбија криминална организирана група која препродавала кокаин, амфетамин и марихуана на подрачјата на Штип, Кочани, Виница и Берово. Криминалната група подолг период работела на препродажба на наркотични дроги на овие подрачја и имала логистичка поддршка од полициски службеник од ОВР Берово, кој им помагал со давање информации. [caption id="attachment_643171" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_643170" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_643169" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_643168" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption] Во текот на криминалистичкото истражување во април и мај 2023 година веќе биле обезбедени докази и биле запленети марихуана и амфетамин за што кривично се процесуирани две лица во Скопје и едно во Виница, кои издржуваат мерка притвор. Инаку, вчера со судска наредба биле извршени претреси на осум локации на наведените подрачја. Кај лицето Б.И.(38) од с.Грдовци биле пронајдени околу 10 килограми марихуана, амфетамин, дигитална вага, повеќе мобилни телефони и патничко возило кое го користеле за препродавањето на дрогата. Кај лицето Н.Ј.(49) од с.Чифлик била пронајдена марихуана. Кај К.М.(37) од Кочани била пронајдена марихуана и мобилни телефони. Претреси биле извршени и кај лицата К.К.(44) од с.Чифлик, Г.А.(43) од Виница, Х.М.(22) од с.Банско и С.П.(35), кај кого биле пронајдени марихуана, кокаин и дигитална вага. [caption id="attachment_643167" align="alignnone" width="295"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_643166" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_643165" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_643164" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption] Исто така, во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, бил извршен претрес и во домот на полицискиот службеник А.К.(38) од Берово и биле одземени три мобилни телефони и два компјутери. Лицата се лишени од слобода и во координација со јавен обвинител против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

The post Полицаец од Берово им давал информации: МВР долго време не можело да ги фати дилерите од Штип, Кочани, Виница и Берово appeared first on Република.

]]>
Рибарско бротче со 1,5 тони кокаин пристигна во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ribarsko-brotche-so-1-5-toni-kokain-pristigna-vo-shpanija/ Sat, 13 May 2023 09:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=640380

Шпанските власти запленија рибарски брод под бразилско знаме кај Канарските Острови со 1,5 тони кокаин во скриен простор во машинската просторија, соопшти локалната полицијата, откако го внесе пловилото во пристаништето Лас Палмас.

Полицајците го уапсија екипажот од шест лица – пет Бразилци и еден државјанин на Венецуела.

Рибарскиот брод им го привлекол вниманието на властите бидејќи бил многу блиску до шпанските острови на северозападниот брег на Африка.

Полицијата соопшти дека чамците што превезуваат дрога од Латинска Америка честопати го пренесуваат својот товар во други бродови во средината на Атлантикот, со цел полесно да стигнат до европскиот пазар.

The post Рибарско бротче со 1,5 тони кокаин пристигна во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Шпанските власти запленија рибарски брод под бразилско знаме кај Канарските Острови со 1,5 тони кокаин во скриен простор во машинската просторија, соопшти локалната полицијата, откако го внесе пловилото во пристаништето Лас Палмас. Полицајците го уапсија екипажот од шест лица – пет Бразилци и еден државјанин на Венецуела. Рибарскиот брод им го привлекол вниманието на властите бидејќи бил многу блиску до шпанските острови на северозападниот брег на Африка. Полицијата соопшти дека чамците што превезуваат дрога од Латинска Америка честопати го пренесуваат својот товар во други бродови во средината на Атлантикот, со цел полесно да стигнат до европскиот пазар.

The post Рибарско бротче со 1,5 тони кокаин пристигна во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Пронајдена дрога во дом на охриѓанец, полицијата го привела https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdena-droga-vo-dom-na-ohriganets-politsijata-go-privela/ Sat, 29 Apr 2023 15:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=635313

Полицијата од СВР Охрид - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје вчера во 20 часот во Охрид го лишила од слобода 44-годишниот охриѓанец И.Ш.

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

The post Пронајдена дрога во дом на охриѓанец, полицијата го привела appeared first on Република.

]]>

Полицијата од СВР Охрид - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје вчера во 20 часот во Охрид го лишила од слобода 44-годишниот охриѓанец И.Ш. - При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

The post Пронајдена дрога во дом на охриѓанец, полицијата го привела appeared first on Република.

]]>
Три лица фатени со 100кг квалитетна марихуана од фабриките за канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-fateni-so-100kg-kvalitetna-marihuana-od-fabrikite-za-kanabis/ Thu, 06 Apr 2023 10:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=627907

Полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи вчера ги лишиле од слобода Б.А.(37) од с.Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од с.Копаница и Н.А.(18) од с.Буковиќ.

Како што објавува МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра.

[caption id="attachment_627910" align="aligncenter" width="1200"] (фото: МВР)[/caption]

Имено, околу 20.00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа, возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

https://youtu.be/drxtSfNTHOk

Во врска со настанот, во текот на денот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на услови по однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино.

Оваа акција и заплена на дрога уште една во низата заплени на Министерството за внатрешни работи со што недвосмислено се продолжува со бескомпромисната борба против недозволената трговија со наркотични дроги, велат од МВР.

The post Три лица фатени со 100кг квалитетна марихуана од фабриките за канабис appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи вчера ги лишиле од слобода Б.А.(37) од с.Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од с.Копаница и Н.А.(18) од с.Буковиќ. Како што објавува МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра. [caption id="attachment_627910" align="aligncenter" width="1200"] (фото: МВР)[/caption]
Имено, околу 20.00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа, возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.
https://youtu.be/drxtSfNTHOk Во врска со настанот, во текот на денот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на услови по однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино. Оваа акција и заплена на дрога уште една во низата заплени на Министерството за внатрешни работи со што недвосмислено се продолжува со бескомпромисната борба против недозволената трговија со наркотични дроги, велат од МВР.

The post Три лица фатени со 100кг квалитетна марихуана од фабриките за канабис appeared first on Република.

]]>
Дилер од Скопје фатен со килограм марихуана и седум куршуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/diler-od-skopje-faten-so-kilogram-marihuana-i-sedum-kurshumi/ Mon, 20 Mar 2023 22:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=621771

На 20.03.2023 година полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје.

При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Дилер од Скопје фатен со килограм марихуана и седум куршуми appeared first on Република.

]]>

На 20.03.2023 година полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје. При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Дилер од Скопје фатен со килограм марихуана и седум куршуми appeared first on Република.

]]>
Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneta-droga-vredna-polovina-milion-evra-otkriena-laboratorija-za-proizvodstvo-na-amfetamin-vo-skopje/ Fri, 17 Mar 2023 14:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=620760

Вчера (16.03.2023) во Скопје од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишeни се од слобода пет лица, и тоа Д.Т.(25), Е.М.(35), Ж.П(46), С.Ч.З. ( 38), Б.Ф (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и при тоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од околу половина милион евра, доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, автоматска пушка „калашников“, 667 куршуми различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина на течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила.

Претходно, во текот на месеците јануари, февруари и март 2023 година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скопје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица улични дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје при што веќе беа лишени од слобода три лица Д.Т ( 33) , Д.М ( 37) и Ј. С ( 41) сите од Скопје кои набавувале синтетички дроги и кои се веќе кривично процесуирани.

Приведените лица подолго време биле инволвирани во улична продажба на синтетичка дрога амфетамин на подрачјето на Скопје за што изнајмиле повеќе станови во центарот на Скопје, како и во населбата Ѓорче Петров, кои ги користеле како депо за чување, производство и пакување на синтетички дроги и во нив преземале мерки на заштита со инсталирање на видео надзори. Дрогата ја продавале по 2000 денари за грам амфетамин, 3000 денари за грам кокаин, 600 денари за таблета екстази, а пакување марихуана за 1000 денари.

Од страна на СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје денеска ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Вакви активности полицијата спроведува и во другите градови од државата. Од почетокот на оваа недела извршени се 36 претреси, приведени се 32 лица, при што запленет е амфетамин, екстази, марихуана и други видови дрога.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични и синтетички дроги со цел заштита на граѓаните. Овие дроги претставуваат голема опасност по здравјето на луѓето и сузбивањето на ваквата појава е еден од приоритетите на МВР.

Повеќе фотографии на МВР

The post Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вчера (16.03.2023) во Скопје од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишeни се од слобода пет лица, и тоа Д.Т.(25), Е.М.(35), Ж.П(46), С.Ч.З. ( 38), Б.Ф (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и при тоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од околу половина милион евра, доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, автоматска пушка „калашников“, 667 куршуми различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина на течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила. Претходно, во текот на месеците јануари, февруари и март 2023 година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скопје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица улични дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје при што веќе беа лишени од слобода три лица Д.Т ( 33) , Д.М ( 37) и Ј. С ( 41) сите од Скопје кои набавувале синтетички дроги и кои се веќе кривично процесуирани. Приведените лица подолго време биле инволвирани во улична продажба на синтетичка дрога амфетамин на подрачјето на Скопје за што изнајмиле повеќе станови во центарот на Скопје, како и во населбата Ѓорче Петров, кои ги користеле како депо за чување, производство и пакување на синтетички дроги и во нив преземале мерки на заштита со инсталирање на видео надзори. Дрогата ја продавале по 2000 денари за грам амфетамин, 3000 денари за грам кокаин, 600 денари за таблета екстази, а пакување марихуана за 1000 денари. Од страна на СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје денеска ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Вакви активности полицијата спроведува и во другите градови од државата. Од почетокот на оваа недела извршени се 36 претреси, приведени се 32 лица, при што запленет е амфетамин, екстази, марихуана и други видови дрога. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични и синтетички дроги со цел заштита на граѓаните. Овие дроги претставуваат голема опасност по здравјето на луѓето и сузбивањето на ваквата појава е еден од приоритетите на МВР.
Повеќе фотографии на МВР

The post Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје appeared first on Република.

]]>
Двајца скопски дилери останаа без дрогата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-skopski-dileri-ostanaa-bez-drogata/ Fri, 17 Feb 2023 09:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=610057

На 16.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Х.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.02.2023 во 17.45 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје во Одделот за криминалистичка полиција при МВР и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(41) од Скопје.

При претрес во неговиот дом ,извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе пакувања со гранки и лисја од растението канабис, семки од канабис и едно пакување со густа црна материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Двајца скопски дилери останаа без дрогата appeared first on Република.

]]>

На 16.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Х.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 16.02.2023 во 17.45 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје во Одделот за криминалистичка полиција при МВР и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом ,извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе пакувања со гранки и лисја од растението канабис, семки од канабис и едно пакување со густа црна материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Двајца скопски дилери останаа без дрогата appeared first on Република.

]]>
Приведен дилер во радовишко, пронајдена дрога     https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-diler-vo-radovishko-pronajdena-droga/ Sat, 31 Dec 2022 19:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=592356

На 30.12.2022 година во 23.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т. (31) од село Ораовица, радовишко. При претрес на патничко возило "волво" со радовишки регистерски ознаки, управувано од Д.Т., биле пронајдени прашкаста материја, 50 таблети и марихуана. Лицето е задржано во полициска станица Радовиш, за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

The post Приведен дилер во радовишко, пронајдена дрога     appeared first on Република.

Во Мексико запленети 1,5 тони синтетичка дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-meksiko-zapleneti-1-5-toni-sintetichka-droga/ Fri, 12 Aug 2022 10:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=539548

Припадници на мексиканската армија открија и запленија околу 1,5 тони синтетичка дрога метамфетамин и 149 килограми фенталин во прав на контролниот пункт во северната погранична сојузна држава Сонора.

Дрогата е пронајдена откако Министерството за одбрана добило информација дека камион што превезувал сок во прав исто така транспортира дрога.

Мексиканските картели често ги информираат властите за транспортот на наркотици на ривалските банди.

The post Во Мексико запленети 1,5 тони синтетичка дрога appeared first on Република.

]]>

Припадници на мексиканската армија открија и запленија околу 1,5 тони синтетичка дрога метамфетамин и 149 килограми фенталин во прав на контролниот пункт во северната погранична сојузна држава Сонора. Дрогата е пронајдена откако Министерството за одбрана добило информација дека камион што превезувал сок во прав исто така транспортира дрога. Мексиканските картели често ги информираат властите за транспортот на наркотици на ривалските банди.

The post Во Мексико запленети 1,5 тони синтетичка дрога appeared first on Република.

]]>
Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога на патoт Битола-Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/presechen-megjunaroden-kanal-za-transport-na-droga-na-patot-bitola-prilep/ Wed, 01 Jun 2022 09:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=509652

Околу 86 килограми марихуана во вредност од околу 300.000 евра и едно уапсено лице е епилогот од вчерашната акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола – ОВР Прилеп.

Во акцијата, како што соопшти МВР, пресечен е меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел – Република Грција.

Во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства, велат од МВР.

Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, додаваат од министерство, додека лицето А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот.

Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, изјави портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик.

The post Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога на патoт Битола-Прилеп appeared first on Република.

]]>

Околу 86 килограми марихуана во вредност од околу 300.000 евра и едно уапсено лице е епилогот од вчерашната акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола – ОВР Прилеп. Во акцијата, како што соопшти МВР, пресечен е меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел – Република Грција.
Во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства, велат од МВР.
Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, додаваат од министерство, додека лицето А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот.
Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, изјави портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик.

The post Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога на патoт Битола-Прилеп appeared first on Република.

]]>
Муртино а ла Меделин на Ескобар: Приведено лице за неовластено производство на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-strumichko-privedeno-lice-za-neovlasteno-proizvodstvo-na-droga/ Sat, 23 Apr 2022 09:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=492572

На 22.04.2022 од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко. Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П.

[caption id="attachment_492633" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_492634" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_492635" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_492636" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption]

[caption id="attachment_492638" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption]

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Муртино а ла Меделин на Ескобар: Приведено лице за неовластено производство на дрога appeared first on Република.

]]>

На 22.04.2022 од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко. Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П.

[caption id="attachment_492633" align="alignnone" width="640"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_492634" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_492635" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_492636" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption] [caption id="attachment_492638" align="alignnone" width="480"] (фото: МВР)[/caption]

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Муртино а ла Меделин на Ескобар: Приведено лице за неовластено производство на дрога appeared first on Република.

]]>
Пронајдена дрога вредна околу 20.000 евра при претрес во Велес, приведен дилер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdena-droga-vredna-okolu-20-000-evra-pri-pretres-vo-veles-priveden-diler/ Fri, 11 Mar 2022 12:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=471307

Полициски службеници привеле велешанец, откако при претрес на неговата куќа и помошни простории биле пронајдени пет поголеми пакувања марихуана, капсули и околу 50.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По наредба од судија на претходна постапка, денеска полициски службеници од СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, а по претходна координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност, извршија претрес на куќа и помошни простории на Н.Ц. (28) од Велес. При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми, а биле закопани во дворот, информираат од МВР.

[caption id="attachment_471309" align="aligncenter" width="1600"] (фото: МВР)[/caption]

Како што посочуваат од МВР, марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.

The post Пронајдена дрога вредна околу 20.000 евра при претрес во Велес, приведен дилер appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници привеле велешанец, откако при претрес на неговата куќа и помошни простории биле пронајдени пет поголеми пакувања марихуана, капсули и околу 50.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По наредба од судија на претходна постапка, денеска полициски службеници од СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, а по претходна координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност, извршија претрес на куќа и помошни простории на Н.Ц. (28) од Велес. При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми, а биле закопани во дворот, информираат од МВР.
[caption id="attachment_471309" align="aligncenter" width="1600"] (фото: МВР)[/caption] Како што посочуваат од МВР, марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.

The post Пронајдена дрога вредна околу 20.000 евра при претрес во Велес, приведен дилер appeared first on Република.

]]>