запишување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapishuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 06:51:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запишување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapishuvanje/ 32 32 Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-upisot-na-ukim-slobodni-nad-9900-mesta-za-studenti-vo-prva-godina/ Thu, 29 Aug 2024 06:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=811016

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места…

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати.

Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

„Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

 

The post Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти. Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места… Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години. Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање. Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати. Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024. Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата. „Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти). На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти). На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810). На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти). На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).  

The post Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година appeared first on Република.

]]>
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-upisot-na-prvachina-za-uchebnata-2024-2025-godina/ Wed, 01 May 2024 15:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=773046

Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.

По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. На барање на родителот и доколку има соглсност од училиштето, како и слободни места, детето може да се запише и во училиште што не е во неговиот реон на живеење.

The post Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година appeared first on Република.

]]>

Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Родителот односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. На барање на родителот и доколку има соглсност од училиштето, како и слободни места, детето може да се запише и во училиште што не е во неговиот реон на живеење.

The post Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година appeared first on Република.

]]>
Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-od-ovaa-godina-kje-moze-da-se-zapishuvaat-elektronski-vo-srednite-uchilishta/ Wed, 06 Apr 2022 11:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=484024

Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот финансиран од Амбасадата на Велика Британија.

Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња.

Услугата денеска им беше презентирана на директори на средни училишта. Овој месец ќе почнат обуки на наставници за нејзино користење, а ќе биде функционална во јуни кога ќе бидат и уписите за средно образование.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација, но и факт е, рече тој, дека нејзините придобивки се исто толку значајни и во постковид периодот. Со новата услуга, нагласи Шаќири, ќе се избегнат непријатните метежи и чекањето со документи в раце пред шалтерите, се заштедуваат трошоци за праќање по пошта, како и времето потребно за пријавување. Кон сето тоа, додаде Шаќири, е и транспарентноста во целиот процес.

Покрај сите придобивки, дигитализацијата на услугите значи и минимизирање на можноста за какви било коруптивни дејства. Квалитетно и поедноставно обезбедување образовни услуги е меѓу повисоките приоритети во работата на МОН и во следниот период ќе продолжиме со нашите партнери да вложуваме во дигитален развој за да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите, истакна Шаќири.

Потсети дека во областа на образованието, дигитализирани се и голем број други услуги – аплицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, за субвенциониран студентски оброк, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, а родителите/старателите електронски се информирани за успехот на нивните деца во училиштата.

Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј посочи дека со новата дигитална услуга за средношколци, покрај услугата за упис во основните училишта од минатата година, се завршува проектот за електронско запишување на ученици во образованието во нашата држава и на тој начин и училиштата и децата односно родителите, рече таа, се ослободуваат од административни обврски.

Поддршката во овие реформи ќе направи разлика во животите на луѓето. Работиме со МОН повеќе години во програмите поддржани од УНИЦЕФ во предучилишното образование. Кога се случи пандемијата, работевме на прилагодување на програмите за да одговориме на предизвикот. Поддржуваме дигитални вештини во образованието и мило ми е што ги обезбедивме, рече Галовеј.

Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и ковидкризата и затворањето дома кога, како што рече, не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата. Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието.

Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта… Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска.

Според податоците на Еуростат, посочи таа, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 проценти, а просекот во Велика Британија е 74 отсто.

Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата.

The post Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта appeared first on Република.

]]>

Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот финансиран од Амбасадата на Велика Британија. Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња. Услугата денеска им беше презентирана на директори на средни училишта. Овој месец ќе почнат обуки на наставници за нејзино користење, а ќе биде функционална во јуни кога ќе бидат и уписите за средно образование. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација, но и факт е, рече тој, дека нејзините придобивки се исто толку значајни и во постковид периодот. Со новата услуга, нагласи Шаќири, ќе се избегнат непријатните метежи и чекањето со документи в раце пред шалтерите, се заштедуваат трошоци за праќање по пошта, како и времето потребно за пријавување. Кон сето тоа, додаде Шаќири, е и транспарентноста во целиот процес.
Покрај сите придобивки, дигитализацијата на услугите значи и минимизирање на можноста за какви било коруптивни дејства. Квалитетно и поедноставно обезбедување образовни услуги е меѓу повисоките приоритети во работата на МОН и во следниот период ќе продолжиме со нашите партнери да вложуваме во дигитален развој за да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите, истакна Шаќири.
Потсети дека во областа на образованието, дигитализирани се и голем број други услуги – аплицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, за субвенциониран студентски оброк, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, а родителите/старателите електронски се информирани за успехот на нивните деца во училиштата. Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј посочи дека со новата дигитална услуга за средношколци, покрај услугата за упис во основните училишта од минатата година, се завршува проектот за електронско запишување на ученици во образованието во нашата држава и на тој начин и училиштата и децата односно родителите, рече таа, се ослободуваат од административни обврски.
Поддршката во овие реформи ќе направи разлика во животите на луѓето. Работиме со МОН повеќе години во програмите поддржани од УНИЦЕФ во предучилишното образование. Кога се случи пандемијата, работевме на прилагодување на програмите за да одговориме на предизвикот. Поддржуваме дигитални вештини во образованието и мило ми е што ги обезбедивме, рече Галовеј.
Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и ковидкризата и затворањето дома кога, како што рече, не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата. Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието.
Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта… Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска.
Според податоците на Еуростат, посочи таа, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 проценти, а просекот во Велика Британија е 74 отсто.
Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата.

The post Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта appeared first on Република.

]]>