западнонилска треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapadnonilska-treska/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 15:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png западнонилска треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapadnonilska-treska/ 32 32 Во Србија регистрирани 20 пациенти заболени од западнонилска треска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-registrirani-20-patsienti-zaboleni-od-zapadnonilska-treska/ Tue, 27 Aug 2024 15:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=810666

До 26 август на територијата на Србија регистрирани се 20 автохтони случаи на западнонилска треска кај човечката популација, се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Од вкупниот број заболени, 14 се од машки пол, додека шест се од жени. Просечната возраст на заболените е 58 години.

Додека во земјите-членки на Европска Унија до 21 август пријавени се 201 случај на западнонилска треска кај човечката популација. Во Грција регистрирани се 66 случаи, Италија – 76, Романија – 14, Унгарија – 13, Шпанија – 12, Австрија десет, Франција – седум и во Хрватска – три.

Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Симптомите на западнонилската треска може да се главоболка, треска, болки во мускулите и зглобовите, гадење и замор.

The post Во Србија регистрирани 20 пациенти заболени од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>

До 26 август на територијата на Србија регистрирани се 20 автохтони случаи на западнонилска треска кај човечката популација, се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Од вкупниот број заболени, 14 се од машки пол, додека шест се од жени. Просечната возраст на заболените е 58 години. Додека во земјите-членки на Европска Унија до 21 август пријавени се 201 случај на западнонилска треска кај човечката популација. Во Грција регистрирани се 66 случаи, Италија – 76, Романија – 14, Унгарија – 13, Шпанија – 12, Австрија десет, Франција – седум и во Хрватска – три. Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Симптомите на западнонилската треска може да се главоболка, треска, болки во мускулите и зглобовите, гадење и замор.

The post Во Србија регистрирани 20 пациенти заболени од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>
Во Албанија 58 заразени со нилска треска, ИЈЗ бара од општините да спроведат дезинсекција против комарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-58-zarazeni-so-nilska-treska-ijz-bara-od-opshtinite-da-sprovedat-dezinsektsija-protiv-komartsi/ Thu, 22 Aug 2024 20:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=809210

Бројот на заразени од западнонилска треска потврдени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) достигна 58 а во Институтот секојдневно пристигнуваат тестови кои се земаат од лица со симптоми на болеста.

-Од Институтот, каде пред три недели имаше зголемување на случаите на енцефалитис и менингитис, велат дека има намалување на бројот на заболени од овој проблем. Курбин, Фиер и Лушња се области каде има повеќе случаи на заразени со Нилска треска, но на ова подрачје веќе е направена дезинсекција против комарците кои ја пренесуваат болеста Нилска треска од заразени птици на луѓе, објавија албанските медиуми.

Институтот побара од сите општини во државата да извршат дезинсекција на териториите што ги администрираат.

-Од појавата на оваа болест, има пријавено три смртни случаи. Но, во 80% од случаите, оваа болест не покажува знаци, додека само 1% од засегнатите случаи може да покажат сериозни заболувања на нервниот систем како што се менингитис или енцефалитис, останатите покажуваат треска, главоболка, повраќање или симптоми на мускулна слабост слични на оние на грип, наведуваат медиумите.

Додаваат дека дезинсекцијата е процес кој треба да започне во февруари кога комарците се уште се ларви и констатираат дека во „земјата оваа активност никогаш не започнува навреме, бидејќи во најдобар случај тендерите пропаѓаат и како оправдување оваа активност започнува доцна или воопшто не се спроведува“.

The post Во Албанија 58 заразени со нилска треска, ИЈЗ бара од општините да спроведат дезинсекција против комарци appeared first on Република.

Министерството за здравство на Грција изработи акциски план за вирусот Западен Нил https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ministerstvoto-za-zdravstvo-na-grtsija-izraboti-aktsiski-plan-za-virusot-zapaden-nil/ Wed, 27 Mar 2024 11:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=759298

– Со цел стандардизирано спроведување на активности за управување и намалување на опасноста од пренесување на вирусот, Министерството за здравство на Грција изработи интегриран акциски план за заштита од вирусот Западен Нил, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, примарна цел на планот е поддршка и подготовка на надлежните тела, со систематско и итно спроведување на активности за спречување и контрола на сезонските епидемии на вирусот во земјата.

-Со оглед на промената на климата во нашата земја и можноста за интензивни временски појави во иднина, како што се големи поплави и благи температури во текот на зимата, сеопфатното справување со комарците – носители на вирусот на целата територија станува уште поитно.

Нивното управување мора да се заснова на систематски и детален ентомолошки надзор, вклучувајќи мониторинг и мапирање на популациите на комарци и проверка за присуство на вирусот во нив, соопштија од Министерството за здравство на Грција.

Во акцискиот план детално се опишани и потребните активности според нивото на ризик од вирусот во секој регион, со што на надлежните им се овозможува да дејствуваат ефикасно во спречување на ширењето на вирусот.

Во Грција вирусот Западен Нил бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2023 година во различни региониНајголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

The post Министерството за здравство на Грција изработи акциски план за вирусот Западен Нил appeared first on Република.

]]>

– Со цел стандардизирано спроведување на активности за управување и намалување на опасноста од пренесување на вирусот, Министерството за здравство на Грција изработи интегриран акциски план за заштита од вирусот Западен Нил, јави дописничката на МИА од Атина.
  Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, примарна цел на планот е поддршка и подготовка на надлежните тела, со систематско и итно спроведување на активности за спречување и контрола на сезонските епидемии на вирусот во земјата.   -Со оглед на промената на климата во нашата земја и можноста за интензивни временски појави во иднина, како што се големи поплави и благи температури во текот на зимата, сеопфатното справување со комарците – носители на вирусот на целата територија станува уште поитно. Нивното управување мора да се заснова на систематски и детален ентомолошки надзор, вклучувајќи мониторинг и мапирање на популациите на комарци и проверка за присуство на вирусот во нив, соопштија од Министерството за здравство на Грција.   Во акцискиот план детално се опишани и потребните активности според нивото на ризик од вирусот во секој регион, со што на надлежните им се овозможува да дејствуваат ефикасно во спречување на ширењето на вирусот. Во Грција вирусот Западен Нил бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2023 година во различни региониНајголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.   Лани, биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

The post Министерството за здравство на Грција изработи акциски план за вирусот Западен Нил appeared first on Република.

]]>
64 проценти се мажи: Во Србија 39 лица се заразени со западнонилска треска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/64-protsenti-se-mazhi-vo-srbija-39-litsa-se-zarazeni-so-zapadnonilska-treska/ Mon, 21 Aug 2023 15:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=674259

Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, соопшти дека во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска.

Од Институтот додаваат дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста - менингитис или енцефалитис - и се лекуваат во болница.

Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември.

Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), додека просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија.

The post 64 проценти се мажи: Во Србија 39 лица се заразени со западнонилска треска appeared first on Република.

]]>

Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, соопшти дека во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска. Од Институтот додаваат дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста - менингитис или енцефалитис - и се лекуваат во болница. Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември. Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), додека просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија.

The post 64 проценти се мажи: Во Србија 39 лица се заразени со западнонилска треска appeared first on Република.

]]>
24 лица во Србија добиле западнонилска треска, https://arhiva3.republika.mk/vesti/24-litsa-vo-srbija-dobile-zapadnonilska-treska/ Tue, 15 Aug 2023 14:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=672376

Во Србија годинава 24 лица се разболеле од западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен завод „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесува Бета.

Меѓу нив има и едно лице кое пристигнало од Германија.

Заболените биле претежно мажи, со просечната возраст на 63 години, а најголем дел (80 отсто) имале пропратни заболувања - најчесто дијабетес и хипертензија.

Повеќето од досега регистрираните случаи имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста - менингитис или енцефалитис - и се лекуваат во болница.

Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Главниот вектор, т.е. пренесувач на овој вирус е „culex pipiens“, вид на комарец кој го има и во Србија. Сезоната на пренесување на вирусот во Србија обично трае од јуни до ноември

The post 24 лица во Србија добиле западнонилска треска, appeared first on Република.

]]>

Во Србија годинава 24 лица се разболеле од западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен завод „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесува Бета. Меѓу нив има и едно лице кое пристигнало од Германија. Заболените биле претежно мажи, со просечната возраст на 63 години, а најголем дел (80 отсто) имале пропратни заболувања - најчесто дијабетес и хипертензија. Повеќето од досега регистрираните случаи имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста - менингитис или енцефалитис - и се лекуваат во болница. Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Главниот вектор, т.е. пренесувач на овој вирус е „culex pipiens“, вид на комарец кој го има и во Србија. Сезоната на пренесување на вирусот во Србија обично трае од јуни до ноември

The post 24 лица во Србија добиле западнонилска треска, appeared first on Република.

]]>