западно нилска треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapadno-nilska-treska/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:02:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png западно нилска треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zapadno-nilska-treska/ 32 32 Регистриран петти случај на западно-нилска треска во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/registriran-petti-sluchaj-na-zapadno-nilska-treska-vo-makedonija/ Wed, 25 Sep 2024 09:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=819476

Пациент од струмичко е хоспитализиран на Инфективната клиника поради компликации од вирусната западнонилска треска, која ја пренесуваат комарци, објави „Сител“.

Тој е петтиот случај на заразен од оваа болест кој е регистриран во земјава. 62-годишниот човек бил упатен на клиниката од страна на неговиот матичен лекар. При прегледот, пациентот бил во лоша здравствена состојба и имал и невролошки симптоми.

Нема податок дали патувал надвор од Македонија, вели за Сител директорот на Инфективна, д-р Фадил Цана.

При приемот пациентот имал и висок крвен притисок и во консултација со кардиолози, состојбата била ставена под контрола.

Пред девет дена на Инфективна од компликации поврзани со вирусот почина 78-годишен жител на општината Чешиново-Облешево. Во април и јули Институтот за јавно здравје евидентирал двајца заразени со западнонилска треска, кои биле увезени случаи, додека пациентот тестиран во август не патувал надвор од државата.

The post Регистриран петти случај на западно-нилска треска во Македонија appeared first on Република.

]]>

Пациент од струмичко е хоспитализиран на Инфективната клиника поради компликации од вирусната западнонилска треска, која ја пренесуваат комарци, објави „Сител“. Тој е петтиот случај на заразен од оваа болест кој е регистриран во земјава. 62-годишниот човек бил упатен на клиниката од страна на неговиот матичен лекар. При прегледот, пациентот бил во лоша здравствена состојба и имал и невролошки симптоми.
Нема податок дали патувал надвор од Македонија, вели за Сител директорот на Инфективна, д-р Фадил Цана.
При приемот пациентот имал и висок крвен притисок и во консултација со кардиолози, состојбата била ставена под контрола. Пред девет дена на Инфективна од компликации поврзани со вирусот почина 78-годишен жител на општината Чешиново-Облешево. Во април и јули Институтот за јавно здравје евидентирал двајца заразени со западнонилска треска, кои биле увезени случаи, додека пациентот тестиран во август не патувал надвор од државата.  

The post Регистриран петти случај на западно-нилска треска во Македонија appeared first on Република.

]]>
Д-р Андоновска: Западно-нилската треска во 80 отсто од случаите не дава симптоми, а помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен систем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-andonovska-zapadno-nilskata-treska-vo-80-otsto-od-sluchaite-ne-dava-simptomi-a-pomalku-od-eden-protsent-mozhe-da-bide-zafaten-tsentralniot-nerven-sistem/ Thu, 19 Sep 2024 12:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=817798

Западно-нилската треска во 80 отсто не дава симптоми, 20 отсто се со благи симптоми на грип, а помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен систем, каде што може да даде енцифалит или менингит, тоа се обично симптомите. Од она што е во нашиот домен на работа, можам да кажам ние поседуваме тестови за детектирање, т.е. испитување, утврдување на Западно-нилска треска во моментов, изјави денеска д-р Марија Андоновска, директорка на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ), по објавената инфорамција дека 78-годишен жител на кочанското село Облешево починал од западно-нилска треска на Клиниката за инфективнви болести во Скопје.

https://republika.mk/zivot/zdravje/78-godishen-zhitel-na-seloto-obleshevo-pochina-na-klinikata-za-infektivni-bolesti-po-komplikatsii-od-zapadno-nilska-treska/

ИЈЗ од почетокот на годината до сега има вкупно 30 тестирања за западно нилска треска, од кои што четири се потврдени случаи како позитивни, при што четвртиот случај завршил со смртен исход, информира денеска на прес-конференција Андоновска.

Првиот случај е тестиран во април и човекот е од Струмица импортиран од Кенија. Вториот случај е човек од Кочани импортиран од Тунис, во јули месец тестиран во ИЈЗ. Третиот случај е тестиран во август месец - човекот е од Тетово, и при епидемиолошката анкета не изјавува дека имал некакво патување. Четвртиот и последен случај е тестиран во ИЈЗ на 12 септември месец. Човекот е од Чешиново Облешево, бил хоспитализиран на Инфективната клиника и за жал истиот е починат.

При епидемиолошката анкета, истиот дал податок дека не патувал никаде, рече Андоновска.

На прашањето какви симптоми имал, имајќи предвид дека завршил со смртен исход, Андоновска кажа дека од нивната епидемиолошка анкета се забележува дека човекот изјавувал дека имал вознемиреност, губиток на свест, температура и малаксаност. Тој бил пензионер, живеел сам.

Кога дошло семејството, кажале дека го нашле паднат, така што не се знае колку време лежел дома. Осумдесет отсто од пациентите заразени со западно-нилска треска се асимптоматски, може некој и го прележал во текот на летото. Деветнаесет отсто имаат поблага клиничка форма со блага треска, со болка во мускули, изнемоштеност и може да помине така без да знаеме дека го имаме Еден посто од пациентите заразени, особено над 70 години може да развие невролоши манифестации, како што е конкретнтио случај со 78-годишниот пациент, изјави денеска директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.

Цел свет знае дека нема специфична терапија, единствено што може да се превенира е преку програмите за дезинсекција кои се под надлежност на општините, додаде д-р Цана.

На прашање дали има опасност од ширење Цана рече дека не може да каже дека има или нема опасност од ширење, бидејќи резервоар на тоа се птиците, а се пренесува преку убод од комарец, но не значи дека секој комарец го пренесува вирусот.

Единствената мерка е да се спроведуваат програмите за дезинсекција, изјави д-р Цана.

ИЈЗ во својот извештај наведува дека се работи за 78-годишен маж, и првите симптоми му се појавиле на 9-ти овој месец, при што имал намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10-ти септември со возило од ИМП Кочани е пратен во КБ Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители, се вели во Извештајот.

Пациентот бил пензионер, се занимавал со земјоделство, бил татко на две деца, вдовец, кој живеел во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата, пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми, соопшти Институтот.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

The post Д-р Андоновска: Западно-нилската треска во 80 отсто од случаите не дава симптоми, а помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен систем appeared first on Република.

]]>

Западно-нилската треска во 80 отсто не дава симптоми, 20 отсто се со благи симптоми на грип, а помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен систем, каде што може да даде енцифалит или менингит, тоа се обично симптомите. Од она што е во нашиот домен на работа, можам да кажам ние поседуваме тестови за детектирање, т.е. испитување, утврдување на Западно-нилска треска во моментов, изјави денеска д-р Марија Андоновска, директорка на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ), по објавената инфорамција дека 78-годишен жител на кочанското село Облешево починал од западно-нилска треска на Клиниката за инфективнви болести во Скопје. https://republika.mk/zivot/zdravje/78-godishen-zhitel-na-seloto-obleshevo-pochina-na-klinikata-za-infektivni-bolesti-po-komplikatsii-od-zapadno-nilska-treska/ ИЈЗ од почетокот на годината до сега има вкупно 30 тестирања за западно нилска треска, од кои што четири се потврдени случаи како позитивни, при што четвртиот случај завршил со смртен исход, информира денеска на прес-конференција Андоновска. Првиот случај е тестиран во април и човекот е од Струмица импортиран од Кенија. Вториот случај е човек од Кочани импортиран од Тунис, во јули месец тестиран во ИЈЗ. Третиот случај е тестиран во август месец - човекот е од Тетово, и при епидемиолошката анкета не изјавува дека имал некакво патување. Четвртиот и последен случај е тестиран во ИЈЗ на 12 септември месец. Човекот е од Чешиново Облешево, бил хоспитализиран на Инфективната клиника и за жал истиот е починат.
При епидемиолошката анкета, истиот дал податок дека не патувал никаде, рече Андоновска.
На прашањето какви симптоми имал, имајќи предвид дека завршил со смртен исход, Андоновска кажа дека од нивната епидемиолошка анкета се забележува дека човекот изјавувал дека имал вознемиреност, губиток на свест, температура и малаксаност. Тој бил пензионер, живеел сам.
Кога дошло семејството, кажале дека го нашле паднат, така што не се знае колку време лежел дома. Осумдесет отсто од пациентите заразени со западно-нилска треска се асимптоматски, може некој и го прележал во текот на летото. Деветнаесет отсто имаат поблага клиничка форма со блага треска, со болка во мускули, изнемоштеност и може да помине така без да знаеме дека го имаме Еден посто од пациентите заразени, особено над 70 години може да развие невролоши манифестации, како што е конкретнтио случај со 78-годишниот пациент, изјави денеска директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.
Цел свет знае дека нема специфична терапија, единствено што може да се превенира е преку програмите за дезинсекција кои се под надлежност на општините, додаде д-р Цана. На прашање дали има опасност од ширење Цана рече дека не може да каже дека има или нема опасност од ширење, бидејќи резервоар на тоа се птиците, а се пренесува преку убод од комарец, но не значи дека секој комарец го пренесува вирусот.
Единствената мерка е да се спроведуваат програмите за дезинсекција, изјави д-р Цана.
ИЈЗ во својот извештај наведува дека се работи за 78-годишен маж, и првите симптоми му се појавиле на 9-ти овој месец, при што имал намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10-ти септември со возило од ИМП Кочани е пратен во КБ Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители, се вели во Извештајот.
Пациентот бил пензионер, се занимавал со земјоделство, бил татко на две деца, вдовец, кој живеел во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата, пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми, соопшти Институтот.
Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

The post Д-р Андоновска: Западно-нилската треска во 80 отсто од случаите не дава симптоми, а помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен систем appeared first on Република.

]]>
78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/78-godishen-zhitel-na-seloto-obleshevo-pochina-na-klinikata-za-infektivni-bolesti-po-komplikatsii-od-zapadno-nilska-treska/ Thu, 19 Sep 2024 09:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=817723

78-годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на западнонилска треска, објавено е во последниот извештај на Инстититот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според ИЈЗ, ова е четврти случај годинава на пациент кој се заразил со западнонилска треска, и прв годинава кој завршил трагично. Првиот случај бил импортиран, регистриран во април, кај жител на општина Василево. Вториот случај е исто така импортиран, забележан е јули 2024 година, кај жител на Кочани. Третиот случај е автохтон, во август, кај жител на Тетово.

Првичните симптоми кај четвртиот пациент започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во Клиничката болница во Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.

Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Пациентот бил пензионер, кој се занимавал со земјоделство, татко на 2 деца, вдовец, кој живее во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење (низ Македон ија) во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми.

Во регионот на Кочани е забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, во регионот на општина Кочани се спроведени активности за ларвицидна и адултицидна терестичка дезинсекција, додека во општина Чешиново-Облешево планирана е тендерска постапка, но досега не се спроведени активности за дезинсекција, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Од ИЈЗ велат дека оваа болест во Македонија се регистрира со спорадични случаи, најчесто кај тестирани пациенти со невроинвазивна форма на болеста.

Вектор преносливите заболувања стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во  Македонија (лајмската болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески, туларемија и др.), а други како што се маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата.

Имајќи го во предвид претходно наведеното, постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на  Македонија. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции.

The post 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>

78-годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на западнонилска треска, објавено е во последниот извештај на Инстититот за јавно здравје (ИЈЗ). Според ИЈЗ, ова е четврти случај годинава на пациент кој се заразил со западнонилска треска, и прв годинава кој завршил трагично. Првиот случај бил импортиран, регистриран во април, кај жител на општина Василево. Вториот случај е исто така импортиран, забележан е јули 2024 година, кај жител на Кочани. Третиот случај е автохтон, во август, кај жител на Тетово. Првичните симптоми кај четвртиот пациент започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во Клиничката болница во Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.
Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители. Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Пациентот бил пензионер, кој се занимавал со земјоделство, татко на 2 деца, вдовец, кој живее во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење (низ Македон ија) во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми.
Во регионот на Кочани е забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, во регионот на општина Кочани се спроведени активности за ларвицидна и адултицидна терестичка дезинсекција, додека во општина Чешиново-Облешево планирана е тендерска постапка, но досега не се спроведени активности за дезинсекција, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Од ИЈЗ велат дека оваа болест во Македонија се регистрира со спорадични случаи, најчесто кај тестирани пациенти со невроинвазивна форма на болеста. Вектор преносливите заболувања стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во  Македонија (лајмската болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески, туларемија и др.), а други како што се маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата. Имајќи го во предвид претходно наведеното, постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на  Македонија. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции.

The post 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>
За една седмица во Грција двајца починати од Западен Нил и потврден 21 нов случај на вирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-edna-sedmitsa-vo-grtsija-dvajtsa-pochinati-od-zapaden-nil-i-potvrden-21-nov-sluchaj-na-virusot/ Thu, 15 Aug 2024 08:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=806711

Две лица починале од вирусот Западен Нил во Грција, а регистриран е 21 нов случај во текот на минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 76 лица, а регистрирани се вкупно десет смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години.

Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и островите во Јонското море, додека пак минатата седмица биле регистрирани и првите случаи на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

The post За една седмица во Грција двајца починати од Западен Нил и потврден 21 нов случај на вирусот appeared first on Република.

]]>

Две лица починале од вирусот Западен Нил во Грција, а регистриран е 21 нов случај во текот на минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 76 лица, а регистрирани се вкупно десет смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години. Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и островите во Јонското море, додека пак минатата седмица биле регистрирани и првите случаи на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица. Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

The post За една седмица во Грција двајца починати од Западен Нил и потврден 21 нов случај на вирусот appeared first on Република.

]]>
Внимавајте доколку летувате таму: За само една седмица 22 нови случаи на вирусот Западен Нил во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vnimavajte-dokolku-letuvate-tamu-za-samo-edna-sedmitsa-22-novi-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-vo-grtsija/ Thu, 08 Aug 2024 07:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=804422

Во текот на минатата седмица, во Грција биле регистрирани 22 нови случаи на вирусот Западен Нил, а вкупниот број на заразени од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне е 55, додека пак починаа осум лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и Јонските острови.

Во понеделникот, од ЕОДИ соопштија дека е интензивна циркулацијата на вирусот при што бројот на регистрирани случаи е поголем отколку во претходните пет години за истиот временски период и препорачаа зголемена заштита од комарци.

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули

Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

The post Внимавајте доколку летувате таму: За само една седмица 22 нови случаи на вирусот Западен Нил во Грција appeared first on Република.

]]>

Во текот на минатата седмица, во Грција биле регистрирани 22 нови случаи на вирусот Западен Нил, а вкупниот број на заразени од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне е 55, додека пак починаа осум лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и Јонските острови. Во понеделникот, од ЕОДИ соопштија дека е интензивна циркулацијата на вирусот при што бројот на регистрирани случаи е поголем отколку во претходните пет години за истиот временски период и препорачаа зголемена заштита од комарци. Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

The post Внимавајте доколку летувате таму: За само една седмица 22 нови случаи на вирусот Западен Нил во Грција appeared first on Република.

]]>
Во Косово потврден првиот случај на заразен од „западно-нилска треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-potvrden-prviot-sluchaj-na-zarazen-od-zapadno-nilska-treska/ Wed, 07 Aug 2024 18:21:55 +0000 https://republika.mk/?p=804323

Националниот институт за јавно здравје на Косово (ИКШПК) денеска го потврди првиот случај на вирусот на „западно-нилска треска“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од Институтот соопштија дека станува збор за пациент од машки пол, на возраст од 59 години, од општина Косово Поле.

– Станува збор за пациент… хоспитализиран на Инфективната клиника на Клиничко-универзитетскиот центар на Косово (ЌКУК) на 29.07.2024 година, поради симптоми како замор и висока температура. Овие симптоми кај пациентот започнале на 22 јули 2024 година, а по амбулантско лекување е хоспитализиран на 29 јули на Инфективната клиника на ЌКУК за евалуација и понатамошен медицински третман, се наведува во соопштението.

ИКШПК соопшти дека пациентот престојувал во Шенѓин во Албанија, а потоа заминал за Улцињ во Црна Гора. Симптомите се појавиле веднаш по враќањето од Улцињ. Пациентот се лекува на Клиниката за инфективни болести на ЌКУК.

ИКШПК ги информира граѓаните дека епидемиолошката состојба во Косово е мирна и се следи со зголемена внимателност.

– Со оглед на тоа што од минатиот месец неколку земји од Европската унија и од Западен Балкан пријавија случаи на западнонилиски вирус како што се: Шпанија, Италија, Грција, Австрија, Унгарија, Франција, Србија и, неодамна, Албанија, ИКШПК го подигна степенот на внимателност и ги советува граѓаните да ги следат препораките дадени континуирано за спречување на случаи на вирусот на Западен Нил. ИКШПК ги информира граѓаните дека епидемиолошката состојба е мирна и се следи со зголемена внимателност, се вели во соопштението на ККУК.

The post Во Косово потврден првиот случај на заразен од „западно-нилска треска“ appeared first on Република.

]]>

Националниот институт за јавно здравје на Косово (ИКШПК) денеска го потврди првиот случај на вирусот на „западно-нилска треска“, јави дописникот на МИА од Приштина. Од Институтот соопштија дека станува збор за пациент од машки пол, на возраст од 59 години, од општина Косово Поле.
– Станува збор за пациент… хоспитализиран на Инфективната клиника на Клиничко-универзитетскиот центар на Косово (ЌКУК) на 29.07.2024 година, поради симптоми како замор и висока температура. Овие симптоми кај пациентот започнале на 22 јули 2024 година, а по амбулантско лекување е хоспитализиран на 29 јули на Инфективната клиника на ЌКУК за евалуација и понатамошен медицински третман, се наведува во соопштението. ИКШПК соопшти дека пациентот престојувал во Шенѓин во Албанија, а потоа заминал за Улцињ во Црна Гора. Симптомите се појавиле веднаш по враќањето од Улцињ. Пациентот се лекува на Клиниката за инфективни болести на ЌКУК. ИКШПК ги информира граѓаните дека епидемиолошката состојба во Косово е мирна и се следи со зголемена внимателност. – Со оглед на тоа што од минатиот месец неколку земји од Европската унија и од Западен Балкан пријавија случаи на западнонилиски вирус како што се: Шпанија, Италија, Грција, Австрија, Унгарија, Франција, Србија и, неодамна, Албанија, ИКШПК го подигна степенот на внимателност и ги советува граѓаните да ги следат препораките дадени континуирано за спречување на случаи на вирусот на Западен Нил. ИКШПК ги информира граѓаните дека епидемиолошката состојба е мирна и се следи со зголемена внимателност, се вели во соопштението на ККУК.

The post Во Косово потврден првиот случај на заразен од „западно-нилска треска“ appeared first on Република.

]]>
Вториот регистриран случај на западно-нилска треска е во Кочани, пациентот се заразил во Тунис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vtoriot-registriran-sluchaj-na-zapadno-nilska-treska-e-vo-kochani-patsientot-se-zarazil-vo-tunis/ Thu, 18 Jul 2024 14:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=798154

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец.

Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.

– Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.

Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција.

Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Вториот регистриран случај на западно-нилска треска е во Кочани, пациентот се заразил во Тунис appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани. Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.
– Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.
Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција. Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Вториот регистриран случај на западно-нилска треска е во Кочани, пациентот се заразил во Тунис appeared first on Република.

]]>
Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vtor-sluchaj-na-zapadno-nilska-treska-kochanchanets-se-zarazil-na-odmor-vo-tunis/ Thu, 18 Jul 2024 13:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=798130

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец.

Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кочани.

Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.

Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција.

Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кочани. Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.
Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.
Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција. Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис appeared first on Република.

]]>
24 разболени од западнонилска треска во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/24-razboleni-od-zapadnonilska-treska-vo-srbija/ Thu, 17 Aug 2023 07:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=672896

Во Србија годинава 24 лица се разболеле од западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен завод „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Меѓу нив има и едно лице кое пристигнало од Германија. Заболените биле претежно мажи, со просечната возраст на 63 години, а најголем дел (80 отсто) имале пропратни заболувања – најчесто дијабетес и хипертензија. Повеќето од до сега регистрираните случаи имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста – менингитис или енцефалитис – и се лекуваат во болница.

Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Главниот вектор, т.е. пренесувач на овој вирус е „culex pipiens“, вид на комарец кој го има и во Србија. Сезоната на пренесување на вирусот во Србија обично трае од јуни до ноември.

The post 24 разболени од западнонилска треска во Србија appeared first on Република.

]]>

Во Србија годинава 24 лица се разболеле од западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен завод „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Меѓу нив има и едно лице кое пристигнало од Германија. Заболените биле претежно мажи, со просечната возраст на 63 години, а најголем дел (80 отсто) имале пропратни заболувања – најчесто дијабетес и хипертензија. Повеќето од до сега регистрираните случаи имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста – менингитис или енцефалитис – и се лекуваат во болница. Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Главниот вектор, т.е. пренесувач на овој вирус е „culex pipiens“, вид на комарец кој го има и во Србија. Сезоната на пренесување на вирусот во Србија обично трае од јуни до ноември.

The post 24 разболени од западнонилска треска во Србија appeared first on Република.

]]>
Во Грција потврдени 11 случаи на вирусот Западен Нил, починаа две лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-potvrdeni-11-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinaa-dve-litsa/ Wed, 02 Aug 2023 08:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=667810

Во Грција досега се потврдени 11 случаи на вируст Западен Нил, од кои осум се во изминатата седмица, а регистрирани се и два смртни случаи кај пациенти со вирусна инфекција на возраст од над 81 година, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Сите потврдени случаи се во северниот дел на Грција и во областа Тесалија.

Првиот случај за 2023 година во земјата беше регистриран пред две седмици.

Вирусот Западен Нил, во Грција бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од Западен Нил починале 33 лица.

The post Во Грција потврдени 11 случаи на вирусот Западен Нил, починаа две лица appeared first on Република.

]]>

Во Грција досега се потврдени 11 случаи на вируст Западен Нил, од кои осум се во изминатата седмица, а регистрирани се и два смртни случаи кај пациенти со вирусна инфекција на возраст од над 81 година, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Сите потврдени случаи се во северниот дел на Грција и во областа Тесалија. Првиот случај за 2023 година во земјата беше регистриран пред две седмици. Вирусот Западен Нил, во Грција бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од Западен Нил починале 33 лица.

The post Во Грција потврдени 11 случаи на вирусот Западен Нил, починаа две лица appeared first on Република.

]]>
Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-dvajtsa-zarazeni-so-virusot-zapaden-nil-zarazeni-komartsi-registrirani-na-tri-lokatsii/ Sun, 30 Jul 2023 20:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=667083

Од Институтот за јавно здравје на Војводина соопштија дека во Србија се потврдени два случаи на заразени со вирусот Западен Нил, пациентите се на болничко лекување и се во добра општа состојба. Заразени комарци, кои ја пренесуваат болеста, досега се регистрирани на три локации во Србија – Белград, Ниш и Палиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Виролозите порачаа дека ова е период од годината кога се очекува да се појават заболени, бидејќи вирусот се пренесува со каснување на заразен комарец. Специфичен лек за болеста, која најчесто се јавува од јуни до октомври, нема, а нема ни вакцина. Пациентите се третираат со терапија која ги ублажува симптомите.

Лекарите велат дека нема потреба од паника, бидејќи 80 отсто од заболените немаат никакви симптоми и инфекцијата поминува незабележана. Околу 20 отсто од заразените имаат лесна клиничка слика, а во ретки случаи се јавуваат посериозни компликации, енцефалитис, кој може да биде фатален.

Од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ наведуваат дека западнонилската треска е сезонско заболување, а вирусот го пренесуваат заразени комарци. Инфекцијата не се пренесува меѓу луѓето преку контакт. Сезоната на пренос на вирусот Западен Нил во Србија обично трае од јуни до ноември.

Вирологот д-р Нада Куљиќ Капулица вели дека западнонилската треска првпат била потврдена во Србија пред дваесет години, но дека во поранешна Југославија направиле тестови и докажале присуство на антитела, што значи дека болеста и порано била присутна кај населението.

Таа забележа дека западнонилската треска не е единствената болест што ја пренесуваат комарците. Тие се главните виновници за појава на вирусни заболувања како денга, зика, чикунгуња, маларија. Една од превентивните мерки за сите овие болести е борбата против комарците. Во Србија тоа се прави со запрашување, но и со испуштање на стерилни комарци во природата. Се покажа дека пуштањето на стерилни комарци е ефикасен начин за борба против азискиот тигрест комарец, кој носи многу заразни болести. Тој ја пренесува и западнонилската треска, но не е единствениот. Вирусот на Западен Нил го пренесуваат и домашните комарци.

- Компликациите се исклучително ретки, најсериозен е вирусниот менингитис, кој може да доведе до смрт, вели Куљиќ Капулица.

The post Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации appeared first on Република.

]]>

Од Институтот за јавно здравје на Војводина соопштија дека во Србија се потврдени два случаи на заразени со вирусот Западен Нил, пациентите се на болничко лекување и се во добра општа состојба. Заразени комарци, кои ја пренесуваат болеста, досега се регистрирани на три локации во Србија – Белград, Ниш и Палиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Виролозите порачаа дека ова е период од годината кога се очекува да се појават заболени, бидејќи вирусот се пренесува со каснување на заразен комарец. Специфичен лек за болеста, која најчесто се јавува од јуни до октомври, нема, а нема ни вакцина. Пациентите се третираат со терапија која ги ублажува симптомите. Лекарите велат дека нема потреба од паника, бидејќи 80 отсто од заболените немаат никакви симптоми и инфекцијата поминува незабележана. Околу 20 отсто од заразените имаат лесна клиничка слика, а во ретки случаи се јавуваат посериозни компликации, енцефалитис, кој може да биде фатален. Од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ наведуваат дека западнонилската треска е сезонско заболување, а вирусот го пренесуваат заразени комарци. Инфекцијата не се пренесува меѓу луѓето преку контакт. Сезоната на пренос на вирусот Западен Нил во Србија обично трае од јуни до ноември. Вирологот д-р Нада Куљиќ Капулица вели дека западнонилската треска првпат била потврдена во Србија пред дваесет години, но дека во поранешна Југославија направиле тестови и докажале присуство на антитела, што значи дека болеста и порано била присутна кај населението. Таа забележа дека западнонилската треска не е единствената болест што ја пренесуваат комарците. Тие се главните виновници за појава на вирусни заболувања како денга, зика, чикунгуња, маларија. Една од превентивните мерки за сите овие болести е борбата против комарците. Во Србија тоа се прави со запрашување, но и со испуштање на стерилни комарци во природата. Се покажа дека пуштањето на стерилни комарци е ефикасен начин за борба против азискиот тигрест комарец, кој носи многу заразни болести. Тој ја пренесува и западнонилската треска, но не е единствениот. Вирусот на Западен Нил го пренесуваат и домашните комарци.