занаетчиска комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zanaetchiska-komora/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jul 2023 11:36:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png занаетчиска комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zanaetchiska-komora/ 32 32 Следете во живо: Мицкоски на средба со Занаетчиската комoра Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-mitskoski-na-sredba-so-zanaetchiskata-komora-skopje/ Thu, 13 Jul 2023 11:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=660882

Денес во 12:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со Занаетчиската комoра Скопје во просториите на Занаетчиската комора.

По завршување на средбата во 13:30 изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=3yA7zb3H5h8

The post Следете во живо: Мицкоски на средба со Занаетчиската комoра Скопје appeared first on Република.

]]>

Денес во 12:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со Занаетчиската комoра Скопје во просториите на Занаетчиската комора. По завршување на средбата во 13:30 изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=3yA7zb3H5h8

The post Следете во живо: Мицкоски на средба со Занаетчиската комoра Скопје appeared first on Република.

]]>
Субвенциите за струја не се доволни за поевтин леб, велат од Занаетчиската комора Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/subventsiite-za-struja-ne-se-dovolni-za-poevtin-leb-velat-od-zanaetchiskata-komora-skopje/ Thu, 02 Mar 2023 16:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=615216

Субвенционираната цена на струјата не е доволна за да ги намали цените на пекарските производи, а формирањето на цената на лебот не треба и не може да зависи само од цената на електричната енергија, сметаат пекарите при Занаетчиска комора Скопје.

-Впрочем, поголем дел од производителите на леб и бели печива не печат на струја. Некои користат печки на гас, други имаат поставено фотоволтаици, а пак трети користат печки на дрва. Цената на лебот не се формира само во зависност од цената на брашното, бидејќи за да произведе леб потребни се и други репроматеријали, чија што цена сведоци сме дека во континуитет постојано е во пораст, велат од Секцијата на пекари при Занаетчиска комора Скопје.

Врз цената на лебот секако влијаат и човечките ресурси кои се вклучени во производството, односно во вкупните пресметки треба да се земе во предвид и покачувањето на минималната плата на вработените, а со тоа порастот на придонесите, како значаен фактор за утврдување на цената на лебот. Ваквата мерка на државата за ограничување на цената на лебот може само негативно да се одрази со намалена понуда на пазарот и појава на дефицит на основни пекарски производи, како што е лебот, а тоа да доведе и до намалување на бројот на вработените и затворање на дел од бизнисите, посочи Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.

Според неа, пекарите, секојдневно се соочуваат со нови предизвици за опстанок и се уште се опоравуваат од последиците од покачувањето на цените на репроматеријалите, покачувањето на енергентите, големиот процент на миграција на работната сила од овој сектор во странство, огромниот дефицит на пекари, како и потешкотиите навремено да ги исполнат обврските по основ плата и придонеси.

The post Субвенциите за струја не се доволни за поевтин леб, велат од Занаетчиската комора Скопје appeared first on Република.

]]>

Субвенционираната цена на струјата не е доволна за да ги намали цените на пекарските производи, а формирањето на цената на лебот не треба и не може да зависи само од цената на електричната енергија, сметаат пекарите при Занаетчиска комора Скопје. -Впрочем, поголем дел од производителите на леб и бели печива не печат на струја. Некои користат печки на гас, други имаат поставено фотоволтаици, а пак трети користат печки на дрва. Цената на лебот не се формира само во зависност од цената на брашното, бидејќи за да произведе леб потребни се и други репроматеријали, чија што цена сведоци сме дека во континуитет постојано е во пораст, велат од Секцијата на пекари при Занаетчиска комора Скопје.
Врз цената на лебот секако влијаат и човечките ресурси кои се вклучени во производството, односно во вкупните пресметки треба да се земе во предвид и покачувањето на минималната плата на вработените, а со тоа порастот на придонесите, како значаен фактор за утврдување на цената на лебот. Ваквата мерка на државата за ограничување на цената на лебот може само негативно да се одрази со намалена понуда на пазарот и појава на дефицит на основни пекарски производи, како што е лебот, а тоа да доведе и до намалување на бројот на вработените и затворање на дел од бизнисите, посочи Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.
Според неа, пекарите, секојдневно се соочуваат со нови предизвици за опстанок и се уште се опоравуваат од последиците од покачувањето на цените на репроматеријалите, покачувањето на енергентите, големиот процент на миграција на работната сила од овој сектор во странство, огромниот дефицит на пекари, како и потешкотиите навремено да ги исполнат обврските по основ плата и придонеси.

The post Субвенциите за струја не се доволни за поевтин леб, велат од Занаетчиската комора Скопје appeared first on Република.

]]>
Јелена Спасова именувана за генерален директор на Занаетчиската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jelena-spasova-imenuvana-za-generalen-direktor-na-zanaetchiskata-komora/ Fri, 25 Nov 2022 11:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=578190

Јелена Спасова е назначена за генерален директор на Занаетчиската комора, соопштија денеска од Комората.

За генерален директор Спасова вчера ја именувал Управниот одбор на Занаетчиска комора (ЗКРСМ). Во изјавата за МИА, таа вели дека ќе се залага за реализација на социјалните, економските цели на коморите и ќе ги застапува интересите на членовите пред надлежните институции.

-Да ги поврземе традицијата, развојот и истражувањето на занаетчиството со технологијата и техниката, да се развиеме и подобриме. Целта е да ги привлечеме и младите, да ги промовираме перспективите, потенцијалите и можностите пред нив и јавноста, изјави Спасова.

Таа е дипломиран економист во насоката финансии, банкарството и осигурување – менаџмент во секторот на јавни услуги. Работела со финансиски институции, во домашни и странки компании, невладиниот сектор. Спасова е сертифициран тренер на повеќе обуки од областа на претприемништво и финансиите, обуки за бизнис консалтинг, тренинг и деловна комуникација.

Претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији рече дека целта е да им се помогне на занаетчиите да го добијат заслуженото место во општеството, да се постигне конструктивен дијалог, кој ќе овозможи и воспостави рамковни услови за развој и унапредување на малиот бизнис и занаетчиството.

Занаетчиската комора на Република Македонија е основана во 2004 година и се состои од 15 регионални занаетчиски комори. Нивни членови можат да бидат занаетчии и занаетчиски служби и други правни лица, кои со своите активности придонесуваат за подобрување на претприемништвото и развој на занаетчиството.

Занаетчиската комора на Република Македонија во координација со Регионалните занаетчиски комори (нејзините членки) спроведува јавни овластувања и во партнерство со сите релевантни институции иницира, креира и спроведува одржливи наставни програми и програми и ги мобилизира сите занаетчии со цел да се развие и унапреди занаетчиството, да се подобри конкурентноста и да се усогласат економските норми на Република Македонија со стандардите на ЕУ. ЗКРСМ е под надлежност на Министерството за економија на Република Македонија.

-Поради нашиот коморски систем, социјалното партнерство со државните институции на РСМ и поради законските овластувања утврдени со Законот за занаетчиство, активни сме во поддршка на занаетчиството, подобрување на квалитетот на занаетчиските производи и услуги, како и застапување за социјалното и економските интереси на занаетчиите на целата територија на РСМ, велат од комората.

The post Јелена Спасова именувана за генерален директор на Занаетчиската комора appeared first on Република.

]]>

Јелена Спасова е назначена за генерален директор на Занаетчиската комора, соопштија денеска од Комората. За генерален директор Спасова вчера ја именувал Управниот одбор на Занаетчиска комора (ЗКРСМ). Во изјавата за МИА, таа вели дека ќе се залага за реализација на социјалните, економските цели на коморите и ќе ги застапува интересите на членовите пред надлежните институции.
-Да ги поврземе традицијата, развојот и истражувањето на занаетчиството со технологијата и техниката, да се развиеме и подобриме. Целта е да ги привлечеме и младите, да ги промовираме перспективите, потенцијалите и можностите пред нив и јавноста, изјави Спасова.
Таа е дипломиран економист во насоката финансии, банкарството и осигурување – менаџмент во секторот на јавни услуги. Работела со финансиски институции, во домашни и странки компании, невладиниот сектор. Спасова е сертифициран тренер на повеќе обуки од областа на претприемништво и финансиите, обуки за бизнис консалтинг, тренинг и деловна комуникација. Претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији рече дека целта е да им се помогне на занаетчиите да го добијат заслуженото место во општеството, да се постигне конструктивен дијалог, кој ќе овозможи и воспостави рамковни услови за развој и унапредување на малиот бизнис и занаетчиството. Занаетчиската комора на Република Македонија е основана во 2004 година и се состои од 15 регионални занаетчиски комори. Нивни членови можат да бидат занаетчии и занаетчиски служби и други правни лица, кои со своите активности придонесуваат за подобрување на претприемништвото и развој на занаетчиството. Занаетчиската комора на Република Македонија во координација со Регионалните занаетчиски комори (нејзините членки) спроведува јавни овластувања и во партнерство со сите релевантни институции иницира, креира и спроведува одржливи наставни програми и програми и ги мобилизира сите занаетчии со цел да се развие и унапреди занаетчиството, да се подобри конкурентноста и да се усогласат економските норми на Република Македонија со стандардите на ЕУ. ЗКРСМ е под надлежност на Министерството за економија на Република Македонија.
-Поради нашиот коморски систем, социјалното партнерство со државните институции на РСМ и поради законските овластувања утврдени со Законот за занаетчиство, активни сме во поддршка на занаетчиството, подобрување на квалитетот на занаетчиските производи и услуги, како и застапување за социјалното и економските интереси на занаетчиите на целата територија на РСМ, велат од комората.

The post Јелена Спасова именувана за генерален директор на Занаетчиската комора appeared first on Република.

]]>
Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zanaetchiite-baraat-subvencii-i-da-bidat-potroshuvachi-na-struja-vo-kategorijata-domakjinstva/ Wed, 14 Sep 2022 10:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=550641

Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза.

Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои им е потребна подршка во овој период, потенцира Комората, голем дел од нив ќе престанат да вршат дејност.

Енергетската криза влијае негативно на целиот занаетчиски сектор, целиот сектор е во криза зашто ресурсите, струјата и репроматеријалите се поскапени, како и поради негативното влијание на дефицитот на стручен кадар. Занаетчиството е сектор каде функционираат бизниси како самостојни вршители на дејност но и бизниси кои имаат вработени и на кои им е неопходнo олеснување на трошоците за електрична енергија затоа што се потрошувачи на електрична енергија во процесите на вршење на занаетчиска дејност. Занаетчиите ја користат електричната енергија како ресурс за вршење дејност – вклучување на алатот за работа, затоплување и ладење на занаетчиските работилници, наведува Занаетчиската комора.

Според Комората, во тарифниот систем на продажба на електрична енергија на потрошувачите, занаетчиите регистрирани согласно Законот за занаетчиство треба да се изземат од тарифата „останата потрошувачка” и да влезат во тарифата за домаќинствата, а не да се тарифираат во категорија „останата потрошувачка“ со која се израмнети и со најголемите индустриски гиганти.

The post Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства appeared first on Република.

]]>

Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза. Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои им е потребна подршка во овој период, потенцира Комората, голем дел од нив ќе престанат да вршат дејност.