занаетчии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zanaetchii/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 12:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png занаетчии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zanaetchii/ 32 32 Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zanaetchiskata-komora-bara-usluzhnite-dejnosti-da-rabotat-vo-nedela/ Fri, 26 Jul 2024 12:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=800558

Надлежните институции да ги земат предвид потребите на малите занаетчии кои трпат штета од работа во недела, повикаа денеска од занаетчиската комора на Република Македонија.

Малите занаетчии од услужните дејности, цвеќари, фризери, козметичари, се надеваат дека ќе можат да работат во недела. Од комората велат дека Законот за неработен ден во неделата уште при донесувањето предизвикал различни реакции и дека занаетчиската комора веднаш го оспорила.

-Верувам дека дијалогот во контекст на законот и во многу други области ќе се продлабочи и во нашата комора. Токму законот за неработен ден во недела ги ограничува и несоодветно се однесува и за микро и малите бизниси. Факт е дека околу 70 илјади микро и мали компании се ограничени да работат во недела, а токму тоа влијае на ликвидноста на многу занаетчиски дејности кои се услужни и не можат да работат во недела, нормално почитувајќи ги сите други законски одредби, вели претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Комората ќе придонесе за да се разгледа законот и да овозможи сите вршители на занаетчиска дејност и самостојните занаетчии да имаат право да работат во недела почитувајќи ги другите законски одредби. Комората ги повика институциите да ги земат предвид специфичните потреби на занаетчиите и да предложат алтернативни решенија кои ќе ги заштитат нивните интереси и ќе овозможат континуитет на нивната работа. Оттаму велат дека е потребно е да се ревидира и олесни регулативата, со цел да им се дозволи на овие занаетчии да работат и во недела, за да можат да го задржат нивниот приход и да ги задоволат потребите на клиентите.

– Соочени сме со предизвици кои ќе имаат сериозни импликации врз нашите занаетчии. Неработната недела во изминатиот период предизвика дополнителен притисок пред сè врз фризерите, козметичарите и цвеќарите, но и кон другите дејности, кои веќе се борат да ги одржат своите бизниси поради економската криза. Овие занаетчии работат напорно за да обезбедат квалитетни услуги на нашите граѓани, а воведувањето на неработната недела им го отежни тоа. Занаетчиството е значаен дел од нашата економија и култура, и треба да се посвети посебно внимание за неговиот развој и поддршка, изјави извршната директорка на ЗКРСМ, Јелена Спасова.

ЗКРСМ ќе продолжи да работи активно на пронаоѓање на најдобри решенија за своите членови и да ги застапува нивните интереси пред надлежните органи, како што се Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, како и пред Владата и Собранието на Република Македонија. Од комората најавија дека ќе ги пратат нивните забелешки до Владата и до премиерот во најкус можен рок.

The post Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела appeared first on Република.

]]>

Надлежните институции да ги земат предвид потребите на малите занаетчии кои трпат штета од работа во недела, повикаа денеска од занаетчиската комора на Република Македонија.
Малите занаетчии од услужните дејности, цвеќари, фризери, козметичари, се надеваат дека ќе можат да работат во недела. Од комората велат дека Законот за неработен ден во неделата уште при донесувањето предизвикал различни реакции и дека занаетчиската комора веднаш го оспорила.
  -Верувам дека дијалогот во контекст на законот и во многу други области ќе се продлабочи и во нашата комора. Токму законот за неработен ден во недела ги ограничува и несоодветно се однесува и за микро и малите бизниси. Факт е дека околу 70 илјади микро и мали компании се ограничени да работат во недела, а токму тоа влијае на ликвидноста на многу занаетчиски дејности кои се услужни и не можат да работат во недела, нормално почитувајќи ги сите други законски одредби, вели претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.
Комората ќе придонесе за да се разгледа законот и да овозможи сите вршители на занаетчиска дејност и самостојните занаетчии да имаат право да работат во недела почитувајќи ги другите законски одредби. Комората ги повика институциите да ги земат предвид специфичните потреби на занаетчиите и да предложат алтернативни решенија кои ќе ги заштитат нивните интереси и ќе овозможат континуитет на нивната работа. Оттаму велат дека е потребно е да се ревидира и олесни регулативата, со цел да им се дозволи на овие занаетчии да работат и во недела, за да можат да го задржат нивниот приход и да ги задоволат потребите на клиентите.   – Соочени сме со предизвици кои ќе имаат сериозни импликации врз нашите занаетчии. Неработната недела во изминатиот период предизвика дополнителен притисок пред сè врз фризерите, козметичарите и цвеќарите, но и кон другите дејности, кои веќе се борат да ги одржат своите бизниси поради економската криза. Овие занаетчии работат напорно за да обезбедат квалитетни услуги на нашите граѓани, а воведувањето на неработната недела им го отежни тоа. Занаетчиството е значаен дел од нашата економија и култура, и треба да се посвети посебно внимание за неговиот развој и поддршка, изјави извршната директорка на ЗКРСМ, Јелена Спасова. ЗКРСМ ќе продолжи да работи активно на пронаоѓање на најдобри решенија за своите членови и да ги застапува нивните интереси пред надлежните органи, како што се Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, како и пред Владата и Собранието на Република Македонија. Од комората најавија дека ќе ги пратат нивните забелешки до Владата и до премиерот во најкус можен рок.

The post Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела appeared first on Република.

]]>
Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-ekonomija-i-trud-so-novi-subventsii-za-zanaetchiite-povitsite-otvoreni-do-1-oktomvri/ Fri, 26 Jul 2024 10:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=800461

Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.

Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството.

Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка

На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години, изјави Дурмиши.

Во насока на развој и поддршка на занаетчиството, Министерството за економија и труд минатата недела објави и повик за поддршка на здруженија и занаетчиски комори за проекти во делот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми и промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

Сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството, им порача Дурмиши на занаетчиите.

Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија и труд, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври годинава.

Во посета на занаетчиските дуќани денеска покрај министерот за економија и труд, беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина. Изет Меџити, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали.

The post Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството. Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка
На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години, изјави Дурмиши.
Во насока на развој и поддршка на занаетчиството, Министерството за економија и труд минатата недела објави и повик за поддршка на здруженија и занаетчиски комори за проекти во делот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми и промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.
Сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството, им порача Дурмиши на занаетчиите.
Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија и труд, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври годинава. Во посета на занаетчиските дуќани денеска покрај министерот за економија и труд, беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина. Изет Меџити, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали.

The post Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври appeared first on Република.

]]>
Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-medhiti-i-ganiu-i-sali-vo-poseta-na-zanaetchiite-vo-starata-skopska-charshija-prodolzhuvame-so-poddrshka-za-razvoj-na-zanaetchistvoto-koe-e-faktor-za-ekonomski-razvoj-vo-nashata-zemja/ Fri, 26 Jul 2024 10:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=800440

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија.

Министерот Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд.

„Чест и задоволство ми е што денеска сум тука заедно со вас да ги посетиме занаетчиите во Старата Скопска Чаршија и лично да ги информирам за поддршката која што Министерството за економија и труд ја дава за нив.

Занаетчиството е важен сегмент на нашата економија, а Министерството за економија и труд  и Владата во наредниот период ќе продолжат со континуирана поддршка, преку мерки и активности кои се дел од политиките за развој и унапредување на занаетчитвото во државата“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот информираше дека Министерството за економија и труд минатата недела го објави јавниот повик за поодршка на занаетчиството.

„Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.За оваа мерка согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија предвидени се средства во вкупен износ од 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството за економија и труд, а субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци кои занаетчиите ги направиле, во 2023 и 2024 година. На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години“ кажа Дурмиши.

Министерот информираше дека во насока на развој и поддршка на занаетчиството, исто така Министерството за економија и труд минатата недела обајви и повик за поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори за проекти воделот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, организирање на промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија, а  занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври 2024 година

“Сакам да ги повикам сите занаетчии од сите региони во државата да аплицираат за поддршката што како Министерство за економија и труд им ја даваме. Како Министер сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството  е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Македонија“ им порача министерот Дурмиши на занаетчиите.

The post Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија. Министерот Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд. „Чест и задоволство ми е што денеска сум тука заедно со вас да ги посетиме занаетчиите во Старата Скопска Чаршија и лично да ги информирам за поддршката која што Министерството за економија и труд ја дава за нив. Занаетчиството е важен сегмент на нашата економија, а Министерството за економија и труд  и Владата во наредниот период ќе продолжат со континуирана поддршка, преку мерки и активности кои се дел од политиките за развој и унапредување на занаетчитвото во државата“ кажа министерот Дурмиши. Министерот информираше дека Министерството за економија и труд минатата недела го објави јавниот повик за поодршка на занаетчиството. „Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.За оваа мерка согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија предвидени се средства во вкупен износ од 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството за економија и труд, а субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци кои занаетчиите ги направиле, во 2023 и 2024 година. На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години“ кажа Дурмиши. Министерот информираше дека во насока на развој и поддршка на занаетчиството, исто така Министерството за економија и труд минатата недела обајви и повик за поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори за проекти воделот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, организирање на промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис. Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија, а  занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври 2024 година “Сакам да ги повикам сите занаетчии од сите региони во државата да аплицираат за поддршката што како Министерство за економија и труд им ја даваме. Како Министер сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството  е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Македонија“ им порача министерот Дурмиши на занаетчиите.    

The post Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја appeared first on Република.

]]>
На занаетчиите ќе им удрат поголеми данoци https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-zanaetchiite-kje-im-udrat-pogolemi-danica/ Tue, 20 Dec 2022 15:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=588036

Oд Занаетчиската комора на РСМ денеска реагираа за предложените измени на Законот за данокот на добивка кои се дел од даночните реформи, а кој ги засега микро, малите и занаетчиските дејности.

Претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлји изјави дека ако се донесе овој закон како што сега е предложен ќе придонесе за зголемување на сивата економија и ќе затвори огромен дел од микро, малите и занаетчиските дејности.

– Покрај кризите со кои се соочивме, пандемската, економската, енергетската криза сега, последен удар за нас е и овој предложен закон. Нашите членки реагираат и укажуваат дека наместо државата да се бори со сивата економија, да обезбеди услови за формалните дејности, на овој начин иницира формалните дејности кои и онака тешко опстојуваат на пазарот да преминат во непопуларната и никому од корист сива економија, изјави Фазлији.

За занаетчиските дејности е важно да има даночни олеснувања, пред сè паушално оданочените занаетчии да имаат 50 проценти помалку данок во однос на претходната година. Реално оданочените занаетчии да не плаќаат данок до три милиони денари на годишно ниво.

Како што појасни Фазлији, од 2023-та година занаетчиите очекувале да се зголеми прагот на плаќање на ДДВ од сегашни два на три милиони денари и да бидат ослободени од плаќање на данокот за да може да ја придвижат економијата.

– Ние не сме против даноци, напротив, бараме да има фер услови за работа и лојална конкуренција, изјави Фазлији.

ОД ЗКРСМ најавија дека ќе поднесат свои предлози за даночни реформи.

Собранието веќе ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход, со што од 1 јануари 2023 година ќе продолжи да се применува рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во ЕУ. Во наредниот период треба да се усвојат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и Законот за данокот на добивка, кои исто така се дел од Концептот на даночна реформа

The post На занаетчиите ќе им удрат поголеми данoци appeared first on Република.

]]>

Oд Занаетчиската комора на РСМ денеска реагираа за предложените измени на Законот за данокот на добивка кои се дел од даночните реформи, а кој ги засега микро, малите и занаетчиските дејности. Претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлји изјави дека ако се донесе овој закон како што сега е предложен ќе придонесе за зголемување на сивата економија и ќе затвори огромен дел од микро, малите и занаетчиските дејности. – Покрај кризите со кои се соочивме, пандемската, економската, енергетската криза сега, последен удар за нас е и овој предложен закон. Нашите членки реагираат и укажуваат дека наместо државата да се бори со сивата економија, да обезбеди услови за формалните дејности, на овој начин иницира формалните дејности кои и онака тешко опстојуваат на пазарот да преминат во непопуларната и никому од корист сива економија, изјави Фазлији. За занаетчиските дејности е важно да има даночни олеснувања, пред сè паушално оданочените занаетчии да имаат 50 проценти помалку данок во однос на претходната година. Реално оданочените занаетчии да не плаќаат данок до три милиони денари на годишно ниво. Како што појасни Фазлији, од 2023-та година занаетчиите очекувале да се зголеми прагот на плаќање на ДДВ од сегашни два на три милиони денари и да бидат ослободени од плаќање на данокот за да може да ја придвижат економијата. – Ние не сме против даноци, напротив, бараме да има фер услови за работа и лојална конкуренција, изјави Фазлији. ОД ЗКРСМ најавија дека ќе поднесат свои предлози за даночни реформи.
Собранието веќе ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход, со што од 1 јануари 2023 година ќе продолжи да се применува рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во ЕУ. Во наредниот период треба да се усвојат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и Законот за данокот на добивка, кои исто така се дел од Концептот на даночна реформа

The post На занаетчиите ќе им удрат поголеми данoци appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски: Ќе ги субвенционираме занаетчиите што се занимаваат со старите занаети за да спречиме нивно изумирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-kje-gi-subvencionirame-zanaetchiite-shto-se-zanimavaat-so-starite-zanaeti-za-da-sprechime-nivno-izumiranje/ Thu, 31 Mar 2022 11:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=481383

Општина Куманово и Регионалната Занаетчиска Комора Куманово потпишаа договор за субвенционирање на занаетчии кои се занимаваат со стари занаети како што се грнчари, филигранисти, ковачи, крзнари, шапкари, саатчии, кондурџии, се со цел да се спречи изумирањето на старите занаети, да се стимулира претприемништвото и да се негува локалнататрадиција.

Ова е прв пример од ваков тип во државата каде Општината ќе ги субвенционира старите занаети со готови средства. Занаетчиите имаат потреба од подобрување на условите за работа во занаетчиството, обезбедување пазар, подобрување на квалитетот на занаетчиското производство, но и повторно враќање на старите занаети, особено на оние кои со себе носат културни и етно белези. Субвенционирањето на стари занаети ќе се врши согласно Програмата на Сектор на меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР. Голема чест и значење за мене има писмото за благодарност кое го добив од претседателот на ЗКРСМ Агрон Фазлији, во името на сите занаетчии од државата“, рече градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

The post Максим Димитриевски: Ќе ги субвенционираме занаетчиите што се занимаваат со старите занаети за да спречиме нивно изумирање appeared first on Република.

Вучиќ: Ќе ги враќаме во Србија занаетчиите, ѕидарите, молерите, тапацирите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-kje-gi-vrakjame-vo-srbija-zanaetchiite-dzidarite-molerite-tapacirite/ Wed, 09 Feb 2022 07:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=455936

Претседателот Александар Вучиќ се пофали дека преговара со дури 92 инвеститори за можна инвестиција во Србија, а вкупната вредност на инвестициите достигнува 7,3 милијарди евра.

Тоа се повеќе од 35.000 нови вработувања – нагласи Вучиќ.

Тој рече дека е важно да се продолжи со привлекувањето странски директни инвестиции, но и дека мора да се зајакнат домашните инвеститори.

Тој објасни дека државата ќе мора да ги врати занаетчиите, занаетчиите, ѕидарите, молерите, тапацирите… бидејќи ги нема, но посочи и дека платите во Србија ќе растат побрзо отколку во Канада, Германија, Австрија.

– Тогаш е прашање на момент кога ќе ги вратиме во земјата, на исток, во Шумадија, Белград, Ниш, насекаде – додаде Вучиќ.

The post Вучиќ: Ќе ги враќаме во Србија занаетчиите, ѕидарите, молерите, тапацирите appeared first on Република.

]]>

Претседателот Александар Вучиќ се пофали дека преговара со дури 92 инвеститори за можна инвестиција во Србија, а вкупната вредност на инвестициите достигнува 7,3 милијарди евра.
Тоа се повеќе од 35.000 нови вработувања – нагласи Вучиќ.
Тој рече дека е важно да се продолжи со привлекувањето странски директни инвестиции, но и дека мора да се зајакнат домашните инвеститори. Тој објасни дека државата ќе мора да ги врати занаетчиите, занаетчиите, ѕидарите, молерите, тапацирите… бидејќи ги нема, но посочи и дека платите во Србија ќе растат побрзо отколку во Канада, Германија, Австрија.
– Тогаш е прашање на момент кога ќе ги вратиме во земјата, на исток, во Шумадија, Белград, Ниш, насекаде – додаде Вучиќ.

The post Вучиќ: Ќе ги враќаме во Србија занаетчиите, ѕидарите, молерите, тапацирите appeared first on Република.

]]>
Занаетчиите бараат допрецизирање и појснување на Законот за недела неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zanaetchiite-baraat-dopreciziranje-i-pojsnuvanje-na-zakonot-za-nedela-neraboten-den/ Wed, 12 Jan 2022 13:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=443760

Дел од занаетчиите повторно реагираат и бараат надлежните уште еднаш да ги разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела станува неработен ден.

Според претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији, некои занаетчии од услужните дејности укажуваат дека одредбите од Законот се нејасни, а најмногу реагираат оние што нудат услуги поврзани со свечености (фризери, бербери, козметичари), како и бурекџиите и производителите на бели печива.

Веќе почна да се јавува огромен револт од страна на одредени услужни дејности и со право, затоа што се спречени во нивната работа и покрај гаранциите дека ќе го почитуваат законот и одредбите кои произлегуваат од законот. Законот и одредбата на законот не се јасни затоа што во еден од ставовите на законот се вели: „дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став врз основа на склучен договор со работодавецот од дејностите од овој став и работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот“.

Овој став треба да се појасни и да се прецизира затоа што ако дозволува работа со следниве ставови од законот - фотографски дејности, креативни, уметнички и забавни дејности, филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити, тоа се автоматски дејностите кои треба да работат во нашата фела и се опфатени со став и имаат карактер на помошни и придружни дејности за непречено извршување на основната дејност на работодавецот - изјави претседателот на Комората.

Според него, фризерско-козметичарската дејност, кројачката дејност, белите печива и бурекџилниците се во категоријата помошни дејности и би можеле да работат согласно ставот „дејноста за подготовка на оброци и служење на храна“.

Затоа бараме правно читање на Законот и на овие дејности да им се овозможи да работат непречено во недела, почитувајќи ги сите законски одредби кои произлегуваат од Законот за неработен ден недела - истакнува Фазлији.

Од Комората стравуваат дека ако не се допрецизира Законот, тогаш само ќе се поттикне сивата економија.

The post Занаетчиите бараат допрецизирање и појснување на Законот за недела неработен ден appeared first on Република.

]]>

Дел од занаетчиите повторно реагираат и бараат надлежните уште еднаш да ги разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела станува неработен ден. Според претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији, некои занаетчии од услужните дејности укажуваат дека одредбите од Законот се нејасни, а најмногу реагираат оние што нудат услуги поврзани со свечености (фризери, бербери, козметичари), како и бурекџиите и производителите на бели печива.
Веќе почна да се јавува огромен револт од страна на одредени услужни дејности и со право, затоа што се спречени во нивната работа и покрај гаранциите дека ќе го почитуваат законот и одредбите кои произлегуваат од законот. Законот и одредбата на законот не се јасни затоа што во еден од ставовите на законот се вели: „дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став врз основа на склучен договор со работодавецот од дејностите од овој став и работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот“.   Овој став треба да се појасни и да се прецизира затоа што ако дозволува работа со следниве ставови од законот - фотографски дејности, креативни, уметнички и забавни дејности, филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити, тоа се автоматски дејностите кои треба да работат во нашата фела и се опфатени со став и имаат карактер на помошни и придружни дејности за непречено извршување на основната дејност на работодавецот - изјави претседателот на Комората.