Жан Мишел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zan-mishel/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 05:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жан Мишел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zan-mishel/ 32 32 Претседателот на Европскиот совет: Не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-evropskiot-sovet-ne-smeeme-da-dozvolime-zemjite-od-zapadniot-balkan-da-zapadnat-vo-siva-zona/ Fri, 25 Oct 2024 05:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=830719

Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА.

- Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат ЕУ и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи, порача Мишел.

Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата.

- Ние имаме домашна задача што мораме да ја завршиме. Затоа ја имаме Стратешката агенда за да се подготвиме за ова идно проширување, кое знаеме дека ќе има последици, вклучително и во однос на финансиската солидарност и во однос на процесот на одлучување, истакна Мишел, додавајќи дека европските лидери сепак се свесни оти ЕУ треба да се подготви за идното проширување и покрај политичките предизвици.

Тој потенцира дека ЕУ мора да биде поагилна во остварувањето поголем напредок по однос на проширувањето, но, според него, и земјите кандидати за членство имаат свои домашни задачи и тие точно знаат што треба да направат.

- Тие треба да се усогласат со законодавството на ЕУ, од една страна, и треба да го подобрат раководењето со борбата против корупцијата, за да бидеме сигурни дека ја споделуваме истата правна рамка, изјави Мишел.

Претседателот на Советот на ЕУ потенцира дека тоа е она што се бара од кандидатите за членство во делот на реформите што треба да ги спроведат, но исто така, треба и да ги разрешат споровите, што претставува серозен предизвик.

- Би рекол дека веројатно најтешки се споровите, а понекогаш И најпредизвикувачки се споровите меѓу нив и некои од нашите земји членки, смета Мишел.

Според него, овие спорови, порано или подоцна, би можеле лесно да се решат ако се гледа кон иднината и ако ЕУ биде сфатена како приоритет.

- Потребно е да се разрешат, бидејќи тие претставуваат пречка за постигнувањето напредок, потенцира Мишел, додавајќи дека тоа е прашање на политичка волја.

За разлика од земјите од Западниот Балкан, според него, Украина, Грузија и Молдавија се соочуваат со „некои други предизвици“, но лидерите на ЕУ направиле „визионерски избор“ кога донесоа одлука на овие три држави да им доделат кандидатски статус.

- Нема причина да се одолговлекува. Напротив, колку повеќе одолговлекуваме, толку повеќе им дозволуваме на некои други кои немаат исти вредности, исти принципи и интереси со нас, да го искористат нашето одолговлекување за да не доведат во проблеми, вели Мишел во интревјуто за ЕНР/МИА.

Во врска со можноста за промена на принципот на едногласност при носењето одлуки поврзани со проширувањето, Мишел вели дека преовладува мислењето дека консензусот претставува пречка во овој процес и дека тоа правило би требало да се смени.

Тој потенцира дека повеќето од одлуките во Унијата се носат со квалификувано мнозинство, а дека принципот ба решавање со консензус е ограничен само на некои конкретни теми, како надворешните работи, одбраната, безбедноста...

- Но, само сакам да предупредам, ако пребрзо одиме кон откажување од принципот на едногласност, тогаш резултатот би бил или би можел да биде дека нема да го направиме она што е потребно во градењето на заеднички позиции, смета Мишел, оценувајќи дека тоа би можело да предизвика „извесна фрустрација“ и поделби во Советот на ЕУ и тие поделба да станат „нова нормалност“ за Унијата.

Според него, работите не се „црно-бели“ и не може да се каже дека консензусот е катастрофа, а мнозинското одлучување би било подобро мислење, тука треба да се најде некое средно решение.

- Мислам дека треба да биде можно да се идентификуваат неколку принципи за да се овозможи правото на вето кога се загрозени или се во опасност клучните национални интереси, потенцира Мишел, додавајќи дека сепак мора да се најдат начини за да спречи злоупотреба на правото на вето. сп/са/

The post Претседателот на Европскиот совет: Не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА.
- Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат ЕУ и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи, порача Мишел.
Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата. - Ние имаме домашна задача што мораме да ја завршиме. Затоа ја имаме Стратешката агенда за да се подготвиме за ова идно проширување, кое знаеме дека ќе има последици, вклучително и во однос на финансиската солидарност и во однос на процесот на одлучување, истакна Мишел, додавајќи дека европските лидери сепак се свесни оти ЕУ треба да се подготви за идното проширување и покрај политичките предизвици. Тој потенцира дека ЕУ мора да биде поагилна во остварувањето поголем напредок по однос на проширувањето, но, според него, и земјите кандидати за членство имаат свои домашни задачи и тие точно знаат што треба да направат. - Тие треба да се усогласат со законодавството на ЕУ, од една страна, и треба да го подобрат раководењето со борбата против корупцијата, за да бидеме сигурни дека ја споделуваме истата правна рамка, изјави Мишел.
Претседателот на Советот на ЕУ потенцира дека тоа е она што се бара од кандидатите за членство во делот на реформите што треба да ги спроведат, но исто така, треба и да ги разрешат споровите, што претставува серозен предизвик.
- Би рекол дека веројатно најтешки се споровите, а понекогаш И најпредизвикувачки се споровите меѓу нив и некои од нашите земји членки, смета Мишел. Според него, овие спорови, порано или подоцна, би можеле лесно да се решат ако се гледа кон иднината и ако ЕУ биде сфатена како приоритет. - Потребно е да се разрешат, бидејќи тие претставуваат пречка за постигнувањето напредок, потенцира Мишел, додавајќи дека тоа е прашање на политичка волја. За разлика од земјите од Западниот Балкан, според него, Украина, Грузија и Молдавија се соочуваат со „некои други предизвици“, но лидерите на ЕУ направиле „визионерски избор“ кога донесоа одлука на овие три држави да им доделат кандидатски статус. - Нема причина да се одолговлекува. Напротив, колку повеќе одолговлекуваме, толку повеќе им дозволуваме на некои други кои немаат исти вредности, исти принципи и интереси со нас, да го искористат нашето одолговлекување за да не доведат во проблеми, вели Мишел во интревјуто за ЕНР/МИА. Во врска со можноста за промена на принципот на едногласност при носењето одлуки поврзани со проширувањето, Мишел вели дека преовладува мислењето дека консензусот претставува пречка во овој процес и дека тоа правило би требало да се смени. Тој потенцира дека повеќето од одлуките во Унијата се носат со квалификувано мнозинство, а дека принципот ба решавање со консензус е ограничен само на некои конкретни теми, како надворешните работи, одбраната, безбедноста... - Но, само сакам да предупредам, ако пребрзо одиме кон откажување од принципот на едногласност, тогаш резултатот би бил или би можел да биде дека нема да го направиме она што е потребно во градењето на заеднички позиции, смета Мишел, оценувајќи дека тоа би можело да предизвика „извесна фрустрација“ и поделби во Советот на ЕУ и тие поделба да станат „нова нормалност“ за Унијата. Според него, работите не се „црно-бели“ и не може да се каже дека консензусот е катастрофа, а мнозинското одлучување би било подобро мислење, тука треба да се најде некое средно решение. - Мислам дека треба да биде можно да се идентификуваат неколку принципи за да се овозможи правото на вето кога се загрозени или се во опасност клучните национални интереси, потенцира Мишел, додавајќи дека сепак мора да се најдат начини за да спречи злоупотреба на правото на вето. сп/са/

The post Претседателот на Европскиот совет: Не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, appeared first on Република.

]]>
Мишел предвреме заминува, ако навреме не се избере нов, Орбан ќе претседава со Европскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mishel-predvreme-zaminuva-ako-navreme-ne-se-izbere-nov-orban-ke-pretsedava-so-evropskiot-sovet/ Mon, 08 Jan 2024 15:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=730881

Шарл Мишел изјави дека предвреме ќе се повлече од функцијата претседател на Европскиот совет за да може да стане пратеник во Европскиот парламент. Мандатот на белгискиот политичар истекува во ноември, но изборите за Европскиот парламент се закажани за јуни.

Следниот претседател на Европскиот совет мора да биде избран со мнозинство од 27-те лидери на ЕУ. Ако не се најде навреме наследник, унгарскиот премиер Виктор Орбан привремено би бил претседател на Европскиот совет.

Унгарија ќе претседава со Советот од јули, што значи дека ќе претседава со состаноците на министрите на земјите-членки. Националистичкиот лидер Орбан ќе ја има улогата што вообичаено ја извршува претседателот на Советот додека не биде избрана замена за Мишел.

Мишел (48) беше шеф на Советот на ЕУ, групата владини лидери на 27-те земји-членки на ЕУ, од крајот на 2019. Пред да ја преземе улогата на ЕУ, тој беше белгиски премиер.

„Решив да се кандидирам како кандидат за европските избори во јуни 2024 година“. Четири години по започнувањето на мојот мандат како европски лидер, моја одговорност е да дадам отчет за мојата работа изминатите години и да предложам проект за иднината на Европа“.

Мишел рече дека на изборите за Европскиот парламент ќе ја предводи листата на либералното Реформистичко движење, на кое тој е поранешен лидер, и ќе се повлече од функцијата претседател на Советот во јули.

The post Мишел предвреме заминува, ако навреме не се избере нов, Орбан ќе претседава со Европскиот совет appeared first on Република.

]]>

Шарл Мишел изјави дека предвреме ќе се повлече од функцијата претседател на Европскиот совет за да може да стане пратеник во Европскиот парламент. Мандатот на белгискиот политичар истекува во ноември, но изборите за Европскиот парламент се закажани за јуни. Следниот претседател на Европскиот совет мора да биде избран со мнозинство од 27-те лидери на ЕУ. Ако не се најде навреме наследник, унгарскиот премиер Виктор Орбан привремено би бил претседател на Европскиот совет. Унгарија ќе претседава со Советот од јули, што значи дека ќе претседава со состаноците на министрите на земјите-членки. Националистичкиот лидер Орбан ќе ја има улогата што вообичаено ја извршува претседателот на Советот додека не биде избрана замена за Мишел. Мишел (48) беше шеф на Советот на ЕУ, групата владини лидери на 27-те земји-членки на ЕУ, од крајот на 2019. Пред да ја преземе улогата на ЕУ, тој беше белгиски премиер.
„Решив да се кандидирам како кандидат за европските избори во јуни 2024 година“. Четири години по започнувањето на мојот мандат како европски лидер, моја одговорност е да дадам отчет за мојата работа изминатите години и да предложам проект за иднината на Европа“.
Мишел рече дека на изборите за Европскиот парламент ќе ја предводи листата на либералното Реформистичко движење, на кое тој е поранешен лидер, и ќе се повлече од функцијата претседател на Советот во јули.

The post Мишел предвреме заминува, ако навреме не се избере нов, Орбан ќе претседава со Европскиот совет appeared first on Република.

]]>
Мишел: Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mishel-znam-deka-edi-go-sporedi-so-nevestata-koja-nikogash-ne-doaga-na-svadba-no-nie-ke-ja-napravime-ovaa-svadba/ Mon, 16 Oct 2023 13:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=691733

Претседателот на Совет на Европа, Шарл Мишел, во обраќањето на Самитот на Берлискиот процес, што с еодржува во Тирана, поконкретно се задржа неговиот прелог даден на самитот во Блед околу проширувањето на ЕУ во следните две децении.

Тојк кажа дека е дојдено време ова ветување да се одржи и ги увери лидерите дека нема да чекаат толку долго и дека нема да бидат разочарани.

-Проширувањето е инвестиција во мирот и просперитетот и на ЕУ и на нашите идни членки. Оваа можност ја промовира нашата соработка со земјите од Западен Балкан. Вашето патување започна пред 20 години, но сепак беше бавно, сега знаеме дека дојде време да го одржиме ова ветување. Овој рок е дочекан со скептицизам во вашиот регион бидејќи толку долго чекавте, рече тој.

Мишел притоа потсети на изјава на албанскиот премиер Еди Рама.

-Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба. Нашиот план е сериозен за иднината на ЕУ. Не дозволувајте духовите од минатото да ви пречат во вашата иднина, порача Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја покажа намерата на унијата да му овозможи на Западен Балкан пристап до заедничкиот европски пазар.

-Поради оваа причина го претставив планот за раст. Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени, па ајде да работиме на ова напредување со овој план за раст, рече меѓу другото Лајен.

Таа во својот говор се задржа и на конфликтот во Украина и Израел.

-Какви приказни видовме на нашите екрани. Каква моќна порака е овој Самит денес. Ова е десетти пат да се сретнеме, а првпат тоа се случува во регионот. Ти (Еди Рама) објасни дека сме сведоци на страшна војна која Русија ја започна со својата агресија во Украина. Видовме и страшен терористички напад на Хамас во Израел, убивајќи жени, мажи, деца, повеќе од 1.400 луѓе станаа жртви на агресија и само затоа што се Евреи. Во овие времиња ни требаат најдобри можни пријатели. Затоа, ајде да работиме заедно за да станете дел од Европската Унија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен

The post Мишел: Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Совет на Европа, Шарл Мишел, во обраќањето на Самитот на Берлискиот процес, што с еодржува во Тирана, поконкретно се задржа неговиот прелог даден на самитот во Блед околу проширувањето на ЕУ во следните две децении. Тојк кажа дека е дојдено време ова ветување да се одржи и ги увери лидерите дека нема да чекаат толку долго и дека нема да бидат разочарани.
-Проширувањето е инвестиција во мирот и просперитетот и на ЕУ и на нашите идни членки. Оваа можност ја промовира нашата соработка со земјите од Западен Балкан. Вашето патување започна пред 20 години, но сепак беше бавно, сега знаеме дека дојде време да го одржиме ова ветување. Овој рок е дочекан со скептицизам во вашиот регион бидејќи толку долго чекавте, рече тој.
Мишел притоа потсети на изјава на албанскиот премиер Еди Рама.
-Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба. Нашиот план е сериозен за иднината на ЕУ. Не дозволувајте духовите од минатото да ви пречат во вашата иднина, порача Мишел.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја покажа намерата на унијата да му овозможи на Западен Балкан пристап до заедничкиот европски пазар.
-Поради оваа причина го претставив планот за раст. Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени, па ајде да работиме на ова напредување со овој план за раст, рече меѓу другото Лајен.
Таа во својот говор се задржа и на конфликтот во Украина и Израел. -Какви приказни видовме на нашите екрани. Каква моќна порака е овој Самит денес. Ова е десетти пат да се сретнеме, а првпат тоа се случува во регионот. Ти (Еди Рама) објасни дека сме сведоци на страшна војна која Русија ја започна со својата агресија во Украина. Видовме и страшен терористички напад на Хамас во Израел, убивајќи жени, мажи, деца, повеќе од 1.400 луѓе станаа жртви на агресија и само затоа што се Евреи. Во овие времиња ни требаат најдобри можни пријатели. Затоа, ајде да работиме заедно за да станете дел од Европската Унија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен

The post Мишел: Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба appeared first on Република.

]]>
Средба на координаторите во Собранието во присуство на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-koordinatorite-vo-sobranieto-vo-prisustvo-na-pretsedatelot-na-evropskiot-sovet-sharl-mishel/ Tue, 05 Jul 2022 17:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=524367

Во Собранието се одржа средба на кооридинаторите на пратеничките групи на која присуствуваше и претседателкот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери на Фејсбук објави дека посетата на Мишел во моменти во кои, како што вели, се прават значителни напори за деблокирање на процесот на евроинтеграции и за официјално отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е особено важна, особено во фазата кога францускиот предлог влегува во собраниска процедура.

Средбата со координаторите ја реализиравме денес и имавме можност од прва рака да слушнеме охрабрувачки пораки разјаснување на нејасностите, не оставајќи простор за лажни вести и дезинформации. Отворениот разговор меѓу политичките чинители во државата е клучен за донесување суштински важни одлуки, напиша Џафери на својот фејсбук-профил.

The post Средба на координаторите во Собранието во присуство на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел appeared first on Република.

]]>

Во Собранието се одржа средба на кооридинаторите на пратеничките групи на која присуствуваше и претседателкот на Европскиот совет Шарл Мишел. Претседателот на Парламентот Талат Џафери на Фејсбук објави дека посетата на Мишел во моменти во кои, како што вели, се прават значителни напори за деблокирање на процесот на евроинтеграции и за официјално отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е особено важна, особено во фазата кога францускиот предлог влегува во собраниска процедура. Средбата со координаторите ја реализиравме денес и имавме можност од прва рака да слушнеме охрабрувачки пораки разјаснување на нејасностите, не оставајќи простор за лажни вести и дезинформации. Отворениот разговор меѓу политичките чинители во државата е клучен за донесување суштински важни одлуки, напиша Џафери на својот фејсбук-профил.

The post Средба на координаторите во Собранието во присуство на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел appeared first on Република.

]]>
Мишел ни се додворува, нè нарече Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mishel-ni-se-dodvoruva-ne-nareche-makedonci/ Tue, 05 Jul 2022 13:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=524305

Според мене Македонија припаѓа во ЕУ, вашата иднина е со нас и заедно сме на почетокот на пробив, на започнувањето на преговорите. Одлуката за ова е кај Вас, тоа е ваш суверен избор, порача претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, на заедничка прес-конференција денеска во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски.

Оваа можност, според Мишел, е премногу важна за да се пропушти, нагласувајќи дека никогаш не сме биле толку блиску.

– Македонци, имате историска можност да кажете да, на почетокот на преговорите, да на ЕУ, да за нашите деца. Вашата земја има прилика уште еднаш да стане првак во проширувањето, изјави Мишел.

Минатата недела, појасни Мишел, Советот на ЕУ состави ново компромисно решение.

–  Лично јас сум уверен дека ова е урамнотежено решение, кое што се упатува на вашите загрижености. Целта е јасна, да се започне со пристапните преговори и конечно да се придвижиме кон градење на нашата заедничка иднина во ЕУ. Ако кажете ДА, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните неколку денови и ќе ја имплементира одлуката од март 2020 година, изјави Мишел.

Следните чекори, посочи Мишел, ќе следат веднаш и ќе започне скрининг процесот и тимови ќе бидат повикани во Брисел.

– Со овој предлог јасно дискутираме и за македонскиот јазик – тој е ваш јазик и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик, изјави Мишел.

Свесни сме, рече Мишел, за загриженоста на некои луѓе во врска со вашиот национален идентитет.

– Може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Советот на Европа дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права, рече Мишел.

Добрососедските односи, нагласи тој, секако се неопходен елемент во процесот на проширување, како што е за сите партнери од Западен Балкан.

– Во однос на почитувањето на малцинствата во Договорот за ЕУ е зацртано и во Македонија гледам одличен напредок за ова прашање. Вие сте пример како мултиетничките држави можат да напредуваат. Ако го промените Уставот, тоа ќе се гледа како посветеност и придржување во овие високи стандарди и автоматски без никакви одлуки, тоа ќе ја отвори првата меѓувладина конференција и автоматски ќе ги започнеме преговорите, изјави Мишел.

Посетата на Скопје, Мишел ја оцени дека е клучен момент за Македонија, но и за ЕУ, потсетувајќи дека 27-те лидери на ЕУ се сретнаа со лидерите од Западен Балкан во Брисел пред две недели, каде имале искрен, отворен, но и тежок разговор.

– Слушавме многу внимателно и како резултат на тоа формално одлучивме да внесеме една нова динамика и продолжиме заедно со Западен Балкан. Сакаме да ни се приклучите и нашата цел е да го забрзаме процесот. Започнувањето на преговорите веднаш ќе донесе предности. Тоа ќе биде и дел од нови иницијативи и програми, но вие одлучувате за вшата иднина и клучните чекори, изјави Мишел

The post Мишел ни се додворува, нè нарече Македонци appeared first on Република.

]]>

Според мене Македонија припаѓа во ЕУ, вашата иднина е со нас и заедно сме на почетокот на пробив, на започнувањето на преговорите. Одлуката за ова е кај Вас, тоа е ваш суверен избор, порача претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, на заедничка прес-конференција денеска во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски. Оваа можност, според Мишел, е премногу важна за да се пропушти, нагласувајќи дека никогаш не сме биле толку блиску.
– Македонци, имате историска можност да кажете да, на почетокот на преговорите, да на ЕУ, да за нашите деца. Вашата земја има прилика уште еднаш да стане првак во проширувањето, изјави Мишел.
Минатата недела, појасни Мишел, Советот на ЕУ состави ново компромисно решение.
–  Лично јас сум уверен дека ова е урамнотежено решение, кое што се упатува на вашите загрижености. Целта е јасна, да се започне со пристапните преговори и конечно да се придвижиме кон градење на нашата заедничка иднина во ЕУ. Ако кажете ДА, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните неколку денови и ќе ја имплементира одлуката од март 2020 година, изјави Мишел. Следните чекори, посочи Мишел, ќе следат веднаш и ќе започне скрининг процесот и тимови ќе бидат повикани во Брисел. – Со овој предлог јасно дискутираме и за македонскиот јазик – тој е ваш јазик и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик, изјави Мишел.
Свесни сме, рече Мишел, за загриженоста на некои луѓе во врска со вашиот национален идентитет. – Може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Советот на Европа дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права, рече Мишел. Добрососедските односи, нагласи тој, секако се неопходен елемент во процесот на проширување, како што е за сите партнери од Западен Балкан. – Во однос на почитувањето на малцинствата во Договорот за ЕУ е зацртано и во Македонија гледам одличен напредок за ова прашање. Вие сте пример како мултиетничките држави можат да напредуваат. Ако го промените Уставот, тоа ќе се гледа како посветеност и придржување во овие високи стандарди и автоматски без никакви одлуки, тоа ќе ја отвори првата меѓувладина конференција и автоматски ќе ги започнеме преговорите, изјави Мишел. Посетата на Скопје, Мишел ја оцени дека е клучен момент за Македонија, но и за ЕУ, потсетувајќи дека 27-те лидери на ЕУ се сретнаа со лидерите од Западен Балкан во Брисел пред две недели, каде имале искрен, отворен, но и тежок разговор. – Слушавме многу внимателно и како резултат на тоа формално одлучивме да внесеме една нова динамика и продолжиме заедно со Западен Балкан. Сакаме да ни се приклучите и нашата цел е да го забрзаме процесот. Започнувањето на преговорите веднаш ќе донесе предности. Тоа ќе биде и дел од нови иницијативи и програми, но вие одлучувате за вшата иднина и клучните чекори, изјави Мишел

The post Мишел ни се додворува, нè нарече Македонци appeared first on Република.

]]>
Мишел: Продолжува работата кон решение за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mishel-prodolzuva-rabotata-kon-reshenie-za-makedonija/ Thu, 23 Jun 2022 16:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=519032

На ЕУ и треба Западен Балкан и на Западен Балкан му треба ЕУ, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, непосредно по самитот ЕУ- Западен Балкан.

Тој упати поддршка за повторно покревање на процесот на интеграција и се осврна посебно кон Македонија.

За Македонија, продолжува работата кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение, истакна Мишел.

Изјавата доаѓа откако беше откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на која требаше да се обратат францускиот претседател Емануел Макрон, како лидер на земјата која е актуелен претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Прес-конференција имаа тројцата лидери на Македонија, Србија и Албанија, кои се здружени во иницијативата Отворен Балкан.

Како што истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски, за нас е неприфатлив францускиот предлог во оваа форма, кој беше понуден како начин за да се тргне бугарското вето за земјава и да да се деблокираат евроинтегративните процеси.

The post Мишел: Продолжува работата кон решение за Македонија appeared first on Република.

]]>

На ЕУ и треба Западен Балкан и на Западен Балкан му треба ЕУ, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, непосредно по самитот ЕУ- Западен Балкан. Тој упати поддршка за повторно покревање на процесот на интеграција и се осврна посебно кон Македонија. За Македонија, продолжува работата кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение, истакна Мишел. Изјавата доаѓа откако беше откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на која требаше да се обратат францускиот претседател Емануел Макрон, како лидер на земјата која е актуелен претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Прес-конференција имаа тројцата лидери на Македонија, Србија и Албанија, кои се здружени во иницијативата Отворен Балкан. Како што истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски, за нас е неприфатлив францускиот предлог во оваа форма, кој беше понуден како начин за да се тргне бугарското вето за земјава и да да се деблокираат евроинтегративните процеси.

The post Мишел: Продолжува работата кон решение за Македонија appeared first on Република.

]]>