жан-клод јункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zan-klod-junker/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 09:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жан-клод јункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zan-klod-junker/ 32 32 Жан-Клод Јункер: Украина не е подготвена за ЕУ поради корупцијата, Брисел и дава лажна надеж https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhan-klod-junker-ukraina-ne-e-podgotvena-za-eu-poradi-koruptsijata-brisel-i-dava-lazhna-nadezh/ Thu, 05 Oct 2023 09:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=688118

Жан-Клод Јункер, поранешен претседател на Европската комисија, смета дека Украина се уште не ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија поради големата корупција. Сепак, според него, изгледите за членство треба да се зачуваат..

Во интервју за „Аугсбургер Алгемајне“ Јункр оценува дека ЕУ и дава лажна надеж на Украина во однос на членството. - Многу ме нервираат одредени гласови во Европа кои се обидуваат да ги убедат Украинците дека можат веднаш да станат членки на Европската Унија, рече Јункер.

Тој изјави дека секој кој имал некакви односи со Украина знае дека „ова е земја која е корумпирана на сите нивоа на општеството“.

И покрај напорите, таа не е подготвена да се приклучи, има потреба од големи внатрешни реформи. Имавме лоши искуства со некои таканаречени нови членки, како што е владеењето на правото. Ова не смее да се повтори, оценува поранешниот претседател на Еврокомисијата.

Истовремено, Јункер смета дека европската перспектива за Молдавија и Украина треба да се зачува, но „не треба да се поврзува со надежта дека може да се постигне преку ноќ, само со притискање на копче“.

Доколку се постигне напредок во овие земји, без разлика дали се работи за Украина или за Западен Балкан, тие секако треба да можат да учествуваат во одредени фази на европската интеграција, изјави поранешниот претседател на Европската комисија.

Весникот „Политико“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека Брисел се подготвува да започне официјални преговори со Киев за влез во ЕУ, кои ќе бидат објавени во декември.

The post Жан-Клод Јункер: Украина не е подготвена за ЕУ поради корупцијата, Брисел и дава лажна надеж appeared first on Република.

]]>

Жан-Клод Јункер, поранешен претседател на Европската комисија, смета дека Украина се уште не ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија поради големата корупција. Сепак, според него, изгледите за членство треба да се зачуваат.. Во интервју за „Аугсбургер Алгемајне“ Јункр оценува дека ЕУ и дава лажна надеж на Украина во однос на членството. - Многу ме нервираат одредени гласови во Европа кои се обидуваат да ги убедат Украинците дека можат веднаш да станат членки на Европската Унија, рече Јункер. Тој изјави дека секој кој имал некакви односи со Украина знае дека „ова е земја која е корумпирана на сите нивоа на општеството“.