Жан-Ив Ле Дриан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zan-iv-le-drian/ За подобро да се разбереме Fri, 13 May 2022 09:46:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жан-Ив Ле Дриан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zan-iv-le-drian/ 32 32 Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drian-francija-vo-sluchaj-na-dogovor-kje-organizira-megjuvladina-konferencija-megju-eu-i-makedonija/ Fri, 13 May 2022 09:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=501822

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Македонија, Бујар Османи, нагласувајќи дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу  Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА.

Министерот за Европа и надворешни работи Дриан, како што се вели во соопштенито на Кеј Д’Орсеј, на 11 мај разговараше со неговиот македонски колега Османи, на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против ДАЕШ во Маракеш, за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и ситуацијата во Украина по војната што ја започна Русија на 24 февруари.

Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Македонија, се вели во соопштението. Тој потсети дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и  Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.

Министерот Дриан, ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја спомена организацијата следниот јуни, во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, на конференција меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која треба да придонесе за тоа.

The post Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија appeared first on Република.

]]>

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Македонија, Бујар Османи, нагласувајќи дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу  Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА. Министерот за Европа и надворешни работи Дриан, како што се вели во соопштенито на Кеј Д’Орсеј, на 11 мај разговараше со неговиот македонски колега Османи, на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против ДАЕШ во Маракеш, за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и ситуацијата во Украина по војната што ја започна Русија на 24 февруари. Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Македонија, се вели во соопштението. Тој потсети дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и  Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија. Министерот Дриан, ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја спомена организацијата следниот јуни, во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, на конференција меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која треба да придонесе за тоа.

The post Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија appeared first on Република.

]]>
Ле Дриан: Путин сака да ја симне Украина од картата на нациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/le-drian-putin-saka-da-ja-simne-ukraina-od-kartata-na-naciite/ Fri, 25 Feb 2022 08:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=463588

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја уништи државноста на Украина, предупредувајќи дека „безбедноста“ на нејзиниот претседател Володимир Зеленски е загрозена.

Ова е тотална војна. Путин одлучи… да ја симне Украина од картата на нациите- изјави Ле Дриан за радиото Франс Интер.

The post Ле Дриан: Путин сака да ја симне Украина од картата на нациите appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја уништи државноста на Украина, предупредувајќи дека „безбедноста“ на нејзиниот претседател Володимир Зеленски е загрозена.
Ова е тотална војна. Путин одлучи… да ја симне Украина од картата на нациите- изјави Ле Дриан за радиото Франс Интер.

The post Ле Дриан: Путин сака да ја симне Украина од картата на нациите appeared first on Република.

]]>
Франција верува дека нормандискиот формат на преговори е важен за изнаоѓање мирно решение за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francija-veruva-deka-normandiskiot-format-na-pregovori-e-vazen-za-iznaogjanje-mirno-reshenie-za-ukraina/ Wed, 23 Feb 2022 19:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=462661

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан порача дека Париз не го отфрла нормандискиот формат за решавање на украинската криза и дека тој се уште постои.

Според Ле Дриан, „овој формат е важен за промовирање на мирно решение“ на украинската криза.

Просторот за дискусија треба да остане отворен - порача Ле Дриан на прес-конференција во Берлин.

Првите преговори на Нормандиската четворка (Русија, Германија, Франција и Украина) се одржаа во Франција во јуни 2014 година на маргините на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Тогаш по првпат се сретнаа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Франција и Украина, Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенко за да најдат решение за конфликтот во Донбас. Оттогаш се одржани пет самити. Последниот самит се одржа во Париз на 9 декември 2019 година.

Украина во повеќе наврати апелира да се одржи самит во нормандиски формат.

Принципите се формирани во Договорот од Минск, а патот до нив е низ нормандискиот формат -  порача шефот на француската дипломатија, нагласувајќи дека таквата платформа е неопходна за дијалог.

The post Франција верува дека нормандискиот формат на преговори е важен за изнаоѓање мирно решение за Украина appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан порача дека Париз не го отфрла нормандискиот формат за решавање на украинската криза и дека тој се уште постои. Според Ле Дриан, „овој формат е важен за промовирање на мирно решение“ на украинската криза.
Просторот за дискусија треба да остане отворен - порача Ле Дриан на прес-конференција во Берлин.
Првите преговори на Нормандиската четворка (Русија, Германија, Франција и Украина) се одржаа во Франција во јуни 2014 година на маргините на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Тогаш по првпат се сретнаа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Франција и Украина, Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенко за да најдат решение за конфликтот во Донбас. Оттогаш се одржани пет самити. Последниот самит се одржа во Париз на 9 декември 2019 година. Украина во повеќе наврати апелира да се одржи самит во нормандиски формат.
Принципите се формирани во Договорот од Минск, а патот до нив е низ нормандискиот формат -  порача шефот на француската дипломатија, нагласувајќи дека таквата платформа е неопходна за дијалог.

The post Франција верува дека нормандискиот формат на преговори е важен за изнаоѓање мирно решение за Украина appeared first on Република.

]]>
Француски министер тврди дека самитот Путин-Бајден нема да се случи пред четврток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francuski-minister-tvrdi-deka-samitot-putin-bajden-nema-da-se-sluchi-pred-chetvrtok/ Mon, 21 Feb 2022 08:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=461294

Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон изјави дека самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, „нема да се случи пред четврток“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска треба телефонски да разговара со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, а в четврток со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Бон ги опиша овие состаноци како „подготвителни“ за самитот меѓу двајцата претседатели.

Ќе ја видиме ситуацијата по тие дискусии - истакна францускиот министер.

Според Бон, по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон, Путин и Бајден начелно се согласиле на билатерална средба на која ќе разговараат за тензиите околу Украина.

Дипломатската надеж е обновена од Макрон - нагласи тој.

The post Француски министер тврди дека самитот Путин-Бајден нема да се случи пред четврток appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон изјави дека самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, „нема да се случи пред четврток“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска треба телефонски да разговара со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, а в четврток со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Бон ги опиша овие состаноци како „подготвителни“ за самитот меѓу двајцата претседатели.
Ќе ја видиме ситуацијата по тие дискусии - истакна францускиот министер.
Според Бон, по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон, Путин и Бајден начелно се согласиле на билатерална средба на која ќе разговараат за тензиите околу Украина.
Дипломатската надеж е обновена од Макрон - нагласи тој.

The post Француски министер тврди дека самитот Путин-Бајден нема да се случи пред четврток appeared first on Република.

]]>