замрзнато бебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamrznato-bebe/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Jan 2023 17:48:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замрзнато бебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamrznato-bebe/ 32 32 Маж од Земун пронашол мртво бебе во замрзнувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mazh-od-zemun-pronashol-mrtvo-bebe-vo-zamrznuvach/ Fri, 20 Jan 2023 17:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=599212

Маж од Земун синоќа пријавил дека пронашол мртво бебе во кеса додека го чистел замрзнувачот. Сопственикот на куќата каде е пронајдено, Зоран М.(62) вели дека му се расипал замрзнувачот и затоа го повикал мајстор, кој му рекол да го одмрзне.

„Вчера почнав да го чистам замрзнувачот, исфрлив се од него. Меѓу кесите на дното беше и она со телото на бебето“, вели Зоран, кој кога ја отворил кесата видел бебе.

Зоран вели дека околу 15:00 часот гледал како напредува одмрзнувањето и потоа следела страшна сцена.

„Видов кеса со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив, видов бебе. Во шок сум. Веднаш ги повикав син ми и полиција”, вели тој и додава дека не знаел за телото на бебето во замрзнувачот.

Мажот нагласува дека не знае од каде е телото на бебето во замрзнувачот и што се случило. Тој изјавил дека сопругата го оставила минатата година, а пристап до замрзнувачот имале само тој и таа.

„Не знаев дека има такво нешто во замрзнувачот, сè уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова… Не знам што ќе правам ако е моето дете, “, изјави 62-годишникот за српските медиуми.

Медиумите пишуваат дека во тек е потрагата по сопругата на Зоран за да се провери дали има информации за случајот со починатото дете во замрзнувачот. Телото на детето е пренесено на обдукција,а се прави истрага и кои се родителите на жртвата.

The post Маж од Земун пронашол мртво бебе во замрзнувач appeared first on Република.

]]>

Маж од Земун синоќа пријавил дека пронашол мртво бебе во кеса додека го чистел замрзнувачот. Сопственикот на куќата каде е пронајдено, Зоран М.(62) вели дека му се расипал замрзнувачот и затоа го повикал мајстор, кој му рекол да го одмрзне.
„Вчера почнав да го чистам замрзнувачот, исфрлив се од него. Меѓу кесите на дното беше и она со телото на бебето“, вели Зоран, кој кога ја отворил кесата видел бебе.
Зоран вели дека околу 15:00 часот гледал како напредува одмрзнувањето и потоа следела страшна сцена.
„Видов кеса со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив, видов бебе. Во шок сум. Веднаш ги повикав син ми и полиција”, вели тој и додава дека не знаел за телото на бебето во замрзнувачот.
Мажот нагласува дека не знае од каде е телото на бебето во замрзнувачот и што се случило. Тој изјавил дека сопругата го оставила минатата година, а пристап до замрзнувачот имале само тој и таа. „Не знаев дека има такво нешто во замрзнувачот, сè уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова… Не знам што ќе правам ако е моето дете, “, изјави 62-годишникот за српските медиуми. Медиумите пишуваат дека во тек е потрагата по сопругата на Зоран за да се провери дали има информации за случајот со починатото дете во замрзнувачот. Телото на детето е пренесено на обдукција,а се прави истрага и кои се родителите на жртвата.

The post Маж од Земун пронашол мртво бебе во замрзнувач appeared first on Република.

]]>