замрзната цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamrznata-cena/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Apr 2023 16:30:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замрзната цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamrznata-cena/ 32 32 До крајот на јуни ќе јадеме евтини макарони, леб, зејтин и ориз https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-krajot-na-juni-ke-jademe-evtini-makaroni-leb-zejtin-i-oriz/ Tue, 25 Apr 2023 16:37:54 +0000 https://republika.mk/?p=634042

 Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука за продолжување на рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 јуни 2023 година.

Со оваа Одлука, највисоката трговска маржа за белиот леб - сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цедено, се утврдува во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите од тврда пченица, македонскиот ориз бел, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајцата од кокошка, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

- Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, која треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува за следните два месеци од оваа година, односно од 30 април до 30 јуни 2023 година, се наведува во соопштението

The post До крајот на јуни ќе јадеме евтини макарони, леб, зејтин и ориз appeared first on Република.

]]>

Во април доматите ќе чинат 70, кромидот 60, зелените пиперки 90, бананите 70 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-april-domatite-ke-chinat-70-kromidot-60-zelenite-piperki-90-bananite-70-denari/ Mon, 03 Apr 2023 16:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=626805

Владата на Република Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.

Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa повеќе производи и тоа: свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.

Највисоките цени на овие производи, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина: до 70 денари за килограм свежи домати, до 75 денари за килограм свежи краставици, до 60 денари за килограм кромид, до 70 денари за килограм карфиол, до 90 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 75 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 70 денари за килограм банани, до 55 денари за килограм портокали, до 60 денари за килограм мандарини и до 55 денари за килограм лимони.

Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Во образложението на предлагачот на Одлуката, Министерството за економија, е посочено дека според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот.

The post Во април доматите ќе чинат 70, кромидот 60, зелените пиперки 90, бананите 70 денари appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa повеќе производи и тоа: свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони. Највисоките цени на овие производи, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина: до 70 денари за килограм свежи домати, до 75 денари за килограм свежи краставици, до 60 денари за килограм кромид, до 70 денари за килограм карфиол, до 90 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 75 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 70 денари за килограм банани, до 55 денари за килограм портокали, до 60 денари за килограм мандарини и до 55 денари за килограм лимони. Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Во образложението на предлагачот на Одлуката, Министерството за економија, е посочено дека според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот.

The post Во април доматите ќе чинат 70, кромидот 60, зелените пиперки 90, бананите 70 денари appeared first on Република.

]]>
Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jajtsata-i-orizot-so-zamrznata-tsena-do-30-april/ Tue, 21 Mar 2023 14:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=622106

Владата  денеска ја замрзна цената на  јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти  следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина  што ја набавувале во јануари и февруари годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.

-За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка,  производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, рече Ковачевски на прес-конференција по владината седница.

Овие мерки, укажа, не ги носиме произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, кои се реализирани во изминатиот период.

Ковачевски порача дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот и на светските пазари и оти соодветно на тоа ќе реагираат со владините механизми.

Целта, нагласи, е да не дозволиме дисбаланс на домашниот пазар, што би се одразило и врз семејниот буџет на граѓаните.

Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, потсети премиерот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи.  И овие одлуки, како и денешната, посочи, беа донесени врз основа на претходно направени анализи, а се во правец на заштита на интересите на граѓаните и заштита на домашниот пазар од нарушувања во однос на понудата и побарувачката.

Како што нагласи Ковачевски, Владата продолжува со трендот да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, со цел полесно справување на последиците од актуелната светска економска и енергетска криза. Ќе делуваат, најави, согласно потребите и интересите на граѓаните.

-Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Затоа и ги носиме сите овие мерки, за да олесниме на граѓаните и да го подобриме квалитетот на животот на сите, рече Ковачевски.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

The post Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април appeared first on Република.

]]>

Владата  денеска ја замрзна цената на  јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти  следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина  што ја набавувале во јануари и февруари годинава. Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.
-За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка,  производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, рече Ковачевски на прес-конференција по владината седница.
Овие мерки, укажа, не ги носиме произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, кои се реализирани во изминатиот период. Ковачевски порача дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот и на светските пазари и оти соодветно на тоа ќе реагираат со владините механизми. Целта, нагласи, е да не дозволиме дисбаланс на домашниот пазар, што би се одразило и врз семејниот буџет на граѓаните. Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, потсети премиерот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи.  И овие одлуки, како и денешната, посочи, беа донесени врз основа на претходно направени анализи, а се во правец на заштита на интересите на граѓаните и заштита на домашниот пазар од нарушувања во однос на понудата и побарувачката. Како што нагласи Ковачевски, Владата продолжува со трендот да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, со цел полесно справување на последиците од актуелната светска економска и енергетска криза. Ќе делуваат, најави, согласно потребите и интересите на граѓаните.
-Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Затоа и ги носиме сите овие мерки, за да олесниме на граѓаните и да го подобриме квалитетот на животот на сите, рече Ковачевски.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

The post Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април appeared first on Република.

]]>
Денеска лебот се продавал по 33 денари, инспекторите вечерва на терен ја проверуваат и грамажата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-lebot-se-prodaval-po-33-denari-inspektorite-vecherva-na-teren-ja-proveruvaat-i-gramazhata/ Wed, 01 Mar 2023 21:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=614874

Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, изјави дека во текот на денешниот ден се извршени 189 надзори на територијата на државата и утврдено е дека цената на лебот што е опфатен со одлуката на Владата е 33 денари, но онаму каде што го има.

„Граѓаните од страна на Државниот пазарен инспекторат се максимално заштитени, а ова го напоменувам затоа што кај некои трговци е констатирано дека на рафтовите нема леб кој е опфатен со одлуката, бел и полубел, цел и сечен леб на парчиња. Но, причината зошто го нема лебот, прво ние не сме надлежни да утврдиме зошто. Второ, дали е зголемена побарувачката од граѓаните кои што денеска очигледно можеби масовно излегоа за да го купат, можеби од стравување дека и повеќе ќе го нема или дека има недоволна снабденост од производителите“, вели Котели за ТОП Тема на телевизија Телма.

Вечрва координирано инспекциите излегоа на повеќе локации низ пекарите во главниот град, се контролираат помалите пекари и призведители на леб. Конкретно предмет на инспекција се производството, цената и грамажата.

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и одлуката ќе биде на сила до крајот на мај.

The post Денеска лебот се продавал по 33 денари, инспекторите вечерва на терен ја проверуваат и грамажата appeared first on Република.

]]>

Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, изјави дека во текот на денешниот ден се извршени 189 надзори на територијата на државата и утврдено е дека цената на лебот што е опфатен со одлуката на Владата е 33 денари, но онаму каде што го има.
„Граѓаните од страна на Државниот пазарен инспекторат се максимално заштитени, а ова го напоменувам затоа што кај некои трговци е констатирано дека на рафтовите нема леб кој е опфатен со одлуката, бел и полубел, цел и сечен леб на парчиња. Но, причината зошто го нема лебот, прво ние не сме надлежни да утврдиме зошто. Второ, дали е зголемена побарувачката од граѓаните кои што денеска очигледно можеби масовно излегоа за да го купат, можеби од стравување дека и повеќе ќе го нема или дека има недоволна снабденост од производителите“, вели Котели за ТОП Тема на телевизија Телма.
Вечрва координирано инспекциите излегоа на повеќе локации низ пекарите во главниот град, се контролираат помалите пекари и призведители на леб. Конкретно предмет на инспекција се производството, цената и грамажата. Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и одлуката ќе биде на сила до крајот на мај.

The post Денеска лебот се продавал по 33 денари, инспекторите вечерва на терен ја проверуваат и грамажата appeared first on Република.

]]>
Леб нема зашто си ја почитуваме одлуката, велат пекарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/leb-nema-zashto-si-ja-pochituvame-odlukata-velat-pekarite/ Wed, 01 Mar 2023 12:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=614663

оа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија.

Според нив, засега промена на ваквата одлука нема.

Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли - дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.

Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Државниот пазарен инспекторат, како што информираат од таму за МИА, со сите капацитети е на терен и врши контроли на почитувањето на владината одлука. Од ДПИ најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов.

Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава. Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.

The post Леб нема зашто си ја почитуваме одлуката, велат пекарите appeared first on Република.

]]>

оа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија. Според нив, засега промена на ваквата одлука нема. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли - дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.
Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.
Државниот пазарен инспекторат, како што информираат од таму за МИА, со сите капацитети е на терен и врши контроли на почитувањето на владината одлука. Од ДПИ најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов. Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава. Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.

The post Леб нема зашто си ја почитуваме одлуката, велат пекарите appeared first on Република.

]]>
Белиот и полубелиот леб се замрзнува на 33 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/beliot-i-polubeliot-leb-se-zamrznuva-na-33-denari/ Tue, 28 Feb 2023 13:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=614279

Се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, одлучи Владата.

Ова го соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Ковачевски, помина доволно време од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки, а дел од прехранбените компании не ги намалија соодветно цените на своите производи. Тоа го утврдиле инспекциските контроли.

Тој напомена дека владините мерки за поддршка не се донесоа за едни да бидат повластени на сметка на други, за некој да се богати, за поединци да имаат бенефит и за да се удри по џебот на граѓаните, туку со единствена цел – да се намалат цените на основните производи и  да им се помогне на граѓаните.

-Неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Ја замрзнуваме и цената на белиот и полубелиот леб, сечен и на парчиња или цел, на 33 денари, односно цена од 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб под 450 грама се утврдува цена до 33 денари соодветно на тежината на лебот, истакна Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши напомена дека прехранбените компании од први април веќе нема да добиваат субвенционирана струја

The post Белиот и полубелиот леб се замрзнува на 33 денари appeared first on Република.

]]>

Се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, одлучи Владата. Ова го соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Ковачевски, помина доволно време од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки, а дел од прехранбените компании не ги намалија соодветно цените на своите производи. Тоа го утврдиле инспекциските контроли. Тој напомена дека владините мерки за поддршка не се донесоа за едни да бидат повластени на сметка на други, за некој да се богати, за поединци да имаат бенефит и за да се удри по џебот на граѓаните, туку со единствена цел – да се намалат цените на основните производи и  да им се помогне на граѓаните.
-Неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Ја замрзнуваме и цената на белиот и полубелиот леб, сечен и на парчиња или цел, на 33 денари, односно цена од 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб под 450 грама се утврдува цена до 33 денари соодветно на тежината на лебот, истакна Ковачевски.
Министерот за економија Крешник Бектеши напомена дека прехранбените компании од први април веќе нема да добиваат субвенционирана струја

The post Белиот и полубелиот леб се замрзнува на 33 денари appeared first on Република.

]]>
Ако се замрзне цената на лебот, ќе го прекинеме производството, велат од пекарската индустрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-se-zamrzne-tsenata-na-lebot-ke-go-prekineme-proizvodstvoto-velat-od-pekarskata-industrija/ Mon, 27 Feb 2023 12:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=613734

Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари.

Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Македонија.

Во саботата министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари. Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалиле цените на производите и по три месеци.

The post Ако се замрзне цената на лебот, ќе го прекинеме производството, велат од пекарската индустрија appeared first on Република.