замрзнат имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamrznat-imot/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 13:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замрзнат имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamrznat-imot/ 32 32 Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janev-tselta-e-da-gi-zamrzneme-imotite-na-kriminaltsite-javna-tajna-e-deka-i-od-zatvor-kontroliraat-bandi/ Wed, 30 Oct 2024 13:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=832469

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“.

Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор.

Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.

Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови - разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија, вели Јанев.

Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците.

Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.

Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација.

За МВР овде имаме два сегменти - го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.

Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.

Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.

Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

The post Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди appeared first on Република.

]]>

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“. Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор. Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.
Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови - разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија, вели Јанев.
Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците.  
Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.
Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација.
За МВР овде имаме два сегменти - го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.
Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.
Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.
Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

The post Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди appeared first on Република.

]]>
Австрија го замрзна имотот на руските олигарси за вкупно 254 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-go-zamrzna-imotot-na-ruskite-oligarsi-za-vkupno-254-milioni-evra/ Mon, 23 May 2022 09:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=505815

Австрија го замрзна имотот на руските олигарси во вкупна вредност од 254 милиони евра во врска со санкциите на Европската унија. Средствата се вложени на 97 банкарски сметки, соопшти вчера австриската канцеларија.

Властите, исто така, пронајдоа пет записи во регистарот на земјиште што се чини дека биле користени за прикривање на имотот, рече канцеларот.

Истрагата на сомнителните случаи е значително попречена од фиктивни меѓународни компании.

Ако руските олигарси или нивните организации ја поддржуваат војната против Украина, тие се соучесници во злосторствата извршени таму“, изјави австрискиот канцелар Карл Нечамер.

„Со овие мерки, ние ги удираме олигарсите токму онаму каде што тие ги повредуваат нивните пари“, додаде тој.

The post Австрија го замрзна имотот на руските олигарси за вкупно 254 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Австрија го замрзна имотот на руските олигарси во вкупна вредност од 254 милиони евра во врска со санкциите на Европската унија. Средствата се вложени на 97 банкарски сметки, соопшти вчера австриската канцеларија. Властите, исто така, пронајдоа пет записи во регистарот на земјиште што се чини дека биле користени за прикривање на имотот, рече канцеларот. Истрагата на сомнителните случаи е значително попречена од фиктивни меѓународни компании.
Ако руските олигарси или нивните организации ја поддржуваат војната против Украина, тие се соучесници во злосторствата извршени таму“, изјави австрискиот канцелар Карл Нечамер. „Со овие мерки, ние ги удираме олигарсите токму онаму каде што тие ги повредуваат нивните пари“, додаде тој.

The post Австрија го замрзна имотот на руските олигарси за вкупно 254 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Шарл Мишел сака да го продава замрзнатиот имот на руските олигарси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sharl-mishel-saka-da-go-prodava-zamrznatiot-imot-na-ruskite-oligarsi/ Thu, 05 May 2022 15:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=498150

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ЕУ треба да го продаде имотот што го запленила од санкционирани руски поединци и средствата од продажбата да се искористат за обнова на Украина.

Апсолутно сум убеден дека ова е исклучително важно. Треба да се дозволи конфискација и да се инвестира во обновата на Украина. Мислам дека ова е прашање на праведност - изјави Мишел за украински „Интерфакс.

ЕУ минатиот месец соопшти дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци кои се под санкции. Со изјавата за продажба на запленетиот руски имот, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ кој предложи конфискација на имотот.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела предложи запленетиот имот на олигарсите да се продаде за да се поправи штетата предизвикана од Русија и да се помогне во обновата на Украина.

Сепак, одредени познавачи на состојбите предупредија дека какви било законски чекори во тој поглед би можеле да загрозат некои основни права, што Мишел го призна како нешто што предизвикува загриженост.

Запленувањето имот на санкционирани лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес - изјави Мишел

The post Шарл Мишел сака да го продава замрзнатиот имот на руските олигарси appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ЕУ треба да го продаде имотот што го запленила од санкционирани руски поединци и средствата од продажбата да се искористат за обнова на Украина.
Апсолутно сум убеден дека ова е исклучително важно. Треба да се дозволи конфискација и да се инвестира во обновата на Украина. Мислам дека ова е прашање на праведност - изјави Мишел за украински „Интерфакс.
ЕУ минатиот месец соопшти дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци кои се под санкции. Со изјавата за продажба на запленетиот руски имот, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ кој предложи конфискација на имотот. Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела предложи запленетиот имот на олигарсите да се продаде за да се поправи штетата предизвикана од Русија и да се помогне во обновата на Украина. Сепак, одредени познавачи на состојбите предупредија дека какви било законски чекори во тој поглед би можеле да загрозат некои основни права, што Мишел го призна како нешто што предизвикува загриженост.
Запленувањето имот на санкционирани лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес - изјави Мишел

The post Шарл Мишел сака да го продава замрзнатиот имот на руските олигарси appeared first on Република.

]]>
Швајцарија замрзнала околу 5,62 милијарди евра руски имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajcarija-zamrznala-okolu-5-62-milijardi-evra-ruski-imot/ Thu, 24 Mar 2022 19:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=477841

Швајцарија замрзнала руски имот во вредност од 5,75 милијарди швајцарски франци (5,62 милијарди евра) од почетокот на воениот конфликт во Украина, соопшти висок функционер на Министерството за економија.

Амбасадорот Ервин Болингер, кој е во Државниот секретаријат за економија, во разговор со новинарите информира дека во таа сума е вклучена и вредноста на недвижностите во швајцарските туристички области.

Износот веројатно дополнително ќе расте како што информациите ќе доаѓаат до Министерството за економија - изјави Болингер.

The post Швајцарија замрзнала околу 5,62 милијарди евра руски имот appeared first on Република.

]]>

Швајцарија замрзнала руски имот во вредност од 5,75 милијарди швајцарски франци (5,62 милијарди евра) од почетокот на воениот конфликт во Украина, соопшти висок функционер на Министерството за економија. Амбасадорот Ервин Болингер, кој е во Државниот секретаријат за економија, во разговор со новинарите информира дека во таа сума е вклучена и вредноста на недвижностите во швајцарските туристички области.
Износот веројатно дополнително ќе расте како што информациите ќе доаѓаат до Министерството за економија - изјави Болингер.

The post Швајцарија замрзнала околу 5,62 милијарди евра руски имот appeared first on Република.

]]>
Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-kje-go-zamrzne-imotot-na-ruskite-oligarsi-bliski-do-putin/ Thu, 03 Mar 2022 16:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=467256

Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до претседателот Владимир Путин, додека Токио ги заострува санкциите поради руската инвазија на Украина, објави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Кишида рече дека Јапонија додава олигарси на листата на санкции како дел од заедничките напори на САД и европските земји и дека со тој чекор ќе се замрзне имотот на Путин и на највисоките функционери во неговата влада.

Тој додаде дека Јапонија исто така исклучува седум руски банки од меѓународниот платен систем СВИФТ.

„Руската инвазија е едностран обид насилно да се промени статус квото и да се разнишаат темелите на меѓународниот поредок, не само во Европа и Азија“, рече Кишида.

Јапонија, која сака да ја врати контролата врз некои острови контролирани од Русија, што ги спречува двете земји да потпишат мировен договор со кој формално би завршиле нивните непријателства во Втората светска војна, претходно не сакаше да воведе строги санкции кон Русија.

The post Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до Путин appeared first on Република.

]]>

Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до претседателот Владимир Путин, додека Токио ги заострува санкциите поради руската инвазија на Украина, објави јапонскиот премиер Фумио Кишида. Кишида рече дека Јапонија додава олигарси на листата на санкции како дел од заедничките напори на САД и европските земји и дека со тој чекор ќе се замрзне имотот на Путин и на највисоките функционери во неговата влада. Тој додаде дека Јапонија исто така исклучува седум руски банки од меѓународниот платен систем СВИФТ.