замок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamok/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 10:09:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamok/ 32 32 Над 730 замоци зјаат празни: Ова е комплексот од бајките во Турција што пропадна поради банкрот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/nad-730-zamotsi-zjaat-prazni-ova-e-kompleksot-od-bajkite-vo-turtsija-shto-propadna-poradi-bankrot/ Wed, 20 Nov 2024 10:09:40 +0000 https://republika.mk/?p=839765

Бурџ Ал Бабас е напуштен станбен комплекс лоциран во близина на Мудурну, Турција.

Комплексот содржи 732 речиси идентични куќи, секоја дизајнирана да личи на минијатурен замок.

Локацијата, која беше развиена од Групацијата Сарот, беше напуштена во 2019 година, откако проектантите поднесоа барање за стечај со долг од 5 милиони долари.

The post Над 730 замоци зјаат празни: Ова е комплексот од бајките во Турција што пропадна поради банкрот appeared first on Република.

]]>

Бурџ Ал Бабас е напуштен станбен комплекс лоциран во близина на Мудурну, Турција. Комплексот содржи 732 речиси идентични куќи, секоја дизајнирана да личи на минијатурен замок. Локацијата, која беше развиена од Групацијата Сарот, беше напуштена во 2019 година, откако проектантите поднесоа барање за стечај со долг од 5 милиони долари.

The post Над 730 замоци зјаат празни: Ова е комплексот од бајките во Турција што пропадна поради банкрот appeared first on Република.

]]>
Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, ставен на продажба за 285 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/najskapiot-dvorets-vo-svetot-se-naoga-vo-london-staven-na-prodazhba-za-285-milioni-evra/ Sun, 26 Mar 2023 08:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=623729

Замокот „Холм“ во Лондон, Велика Британија, е ставен на продажба. Цената која се побарува е 250 милиони фунти, односни, речиси 285 милиони евра, што го прави најскапиот имот во светот.

Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк - еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина.

Ако замокот се продаде по бараната цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот договор за имот во историјата на градот (рекордот во мигов изнесува 210 милиони фунти - 240 милиони евра). „Холм“, исто така, е и најскапиот дом во светот, надминувајќи го апартманот од 250 милиони долари што сѐ уште е на продажба, а се наоѓа на врвот на кулата „Централ Парк“ во Њујорк.

Вилата „Холм“ е дизајнирана од архитектот Децимус Бартон во 1818 година. Досега била сопственост на членови на саудиското кралско семејство, а се продава како дел од отплата на заемот.

Има 40 спални соби, се наоѓа на 1,6 хектари земјиште и вклучува и осум гаражи, тениско игралиште, сауна и библиотека.

Замокот со 45 соби, познат како „Рутланд гејт 2-8а“, претходно беше најскапата куќа за продажба во Лондон. Имотот со поглед на Хајд Парк, беше на пазарот за 205 милиони евра во октомври лани.

The post Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, ставен на продажба за 285 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Замокот „Холм“ во Лондон, Велика Британија, е ставен на продажба. Цената која се побарува е 250 милиони фунти, односни, речиси 285 милиони евра, што го прави најскапиот имот во светот. Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк - еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина. Ако замокот се продаде по бараната цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот договор за имот во историјата на градот (рекордот во мигов изнесува 210 милиони фунти - 240 милиони евра). „Холм“, исто така, е и најскапиот дом во светот, надминувајќи го апартманот од 250 милиони долари што сѐ уште е на продажба, а се наоѓа на врвот на кулата „Централ Парк“ во Њујорк. Вилата „Холм“ е дизајнирана од архитектот Децимус Бартон во 1818 година. Досега била сопственост на членови на саудиското кралско семејство, а се продава како дел од отплата на заемот. Има 40 спални соби, се наоѓа на 1,6 хектари земјиште и вклучува и осум гаражи, тениско игралиште, сауна и библиотека. Замокот со 45 соби, познат како „Рутланд гејт 2-8а“, претходно беше најскапата куќа за продажба во Лондон. Имотот со поглед на Хајд Парк, беше на пазарот за 205 милиони евра во октомври лани.

The post Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, ставен на продажба за 285 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Дали знаевте дека осамените имаат свој замок го Германија? https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/dali-znaevte-deka-osamenite-imaat-svoj-zamok-go-germanija/ Sat, 07 Jan 2023 20:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=593942

Замокот на самотијата „Schloss Solitude“ е градба рококо стил и ловечко одморалиште нарачано од Чарлс Јуџин, војводата од Виртемберг.

Дизајниран е од Јохан Фридрих Вејхинг и Филип де Ла Гуепиер, а конструиран од 1764 до 1769 година. Се наоѓа помеѓу градовите Леонберг, Герлинген и Штутгарт во Баден-Виртемберг. Наречен е „осамен“ поради тоа штоо Јуџин се чуствувал многу осамено.

Чарлс Јуџин фон Виртемберг го наследил својот татко Чарлс Александар како војвода од Виртемберг во 1737 година, кога имал само девет години. Војводството Виртемберг било управувано од регентски совет до 1744 година кога Чарлс Јуџин достигнал полнолетство на 16 години. Неговото владеење ќе биде обележано со економски тешкотии, политички судири и екстраваганција.

До 1760-тите, политиките и амбициите на Чарлс Јуџин наишле на неуспех. Тој не успеал да постигне зголемен чин и престиж од Војната за австриското наследство и седумгодишната војна и дипломатски го изолираше Виртемберг поради неговата тепачка и средствата за стекнување воени средства.

Чарлс Јуџин го свртел своето внимание назад кон Штутгарт и, во 1763 година, тој ангажирал архитекти предводени од Филип де Ла Гепиер да планираат нова палата која го добила името „Осаменост“.

The post Дали знаевте дека осамените имаат свој замок го Германија? appeared first on Република.

]]>

Замокот на самотијата „Schloss Solitude“ е градба рококо стил и ловечко одморалиште нарачано од Чарлс Јуџин, војводата од Виртемберг. Дизајниран е од Јохан Фридрих Вејхинг и Филип де Ла Гуепиер, а конструиран од 1764 до 1769 година. Се наоѓа помеѓу градовите Леонберг, Герлинген и Штутгарт во Баден-Виртемберг. Наречен е „осамен“ поради тоа штоо Јуџин се чуствувал многу осамено. Чарлс Јуџин фон Виртемберг го наследил својот татко Чарлс Александар како војвода од Виртемберг во 1737 година, кога имал само девет години. Војводството Виртемберг било управувано од регентски совет до 1744 година кога Чарлс Јуџин достигнал полнолетство на 16 години. Неговото владеење ќе биде обележано со економски тешкотии, политички судири и екстраваганција. До 1760-тите, политиките и амбициите на Чарлс Јуџин наишле на неуспех. Тој не успеал да постигне зголемен чин и престиж од Војната за австриското наследство и седумгодишната војна и дипломатски го изолираше Виртемберг поради неговата тепачка и средствата за стекнување воени средства. Чарлс Јуџин го свртел своето внимание назад кон Штутгарт и, во 1763 година, тој ангажирал архитекти предводени од Филип де Ла Гепиер да планираат нова палата која го добила името „Осаменост“.

The post Дали знаевте дека осамените имаат свој замок го Германија? appeared first on Република.

]]>
Уште една жртва: Девојче загина откако ветер крена детски замок на надувување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-edna-zrtva-devojche-zagina-otkako-veter-go-krena-detskiot-zamok-na-naduvuvanje/ Wed, 05 Jan 2022 21:57:00 +0000 https://republika.mk/?p=441177

Осумгодишно девојче загина во истокот на Шпанија откако силен ветер го подигнал детскиот замок на надувување неколку метри во воздухот, соопштуваат тамошните власти, а пренесува Н1.

Во синоќешната несреќа во градот Мислата, во близина на Валенсија, повредени се осум деца од кои неколку се префрлени во болница.

Собранието на Мислата соопшти дека со едноминутнен молк ќе му оддаде чест за загинатото девојче.

Минатиот месец пет деца загинаа во австралиската островска држава Тасманија кога ветер крена замок на надувување во воздух.

The post Уште една жртва: Девојче загина откако ветер крена детски замок на надувување appeared first on Република.

]]>

Осумгодишно девојче загина во истокот на Шпанија откако силен ветер го подигнал детскиот замок на надувување неколку метри во воздухот, соопштуваат тамошните власти, а пренесува Н1. Во синоќешната несреќа во градот Мислата, во близина на Валенсија, повредени се осум деца од кои неколку се префрлени во болница. Собранието на Мислата соопшти дека со едноминутнен молк ќе му оддаде чест за загинатото девојче. Минатиот месец пет деца загинаа во австралиската островска држава Тасманија кога ветер крена замок на надувување во воздух.

The post Уште една жртва: Девојче загина откако ветер крена детски замок на надувување appeared first on Република.

]]>