заминеле во странство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaminele-vo-stranstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 13:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заминеле во странство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaminele-vo-stranstvo/ 32 32 Педесет ученици заминале во странство, второто полугодие нема да го продолжат во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pedeset-uchenitsi-zaminale-vo-stranstvo-vtoroto-polugodie-nema-da-go-prodolzhat-vo-shtip/ Mon, 22 Jan 2024 13:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=735514

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале во странство.

Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.

Значи на ниво на Општина тоа се вкупно 50 ученици, кои веќе нема да посетуваат настава. Инаку да кажеме од Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ имаме пријавено отсуство, меѓутоа таму родители се уште не образложиле зошто децата не посетуваат настава, таа бројка е некаде околу 25 ученика и да се надеваме дека ова второ полугодие тие ќе продолжат со наставата, ќе се вратат во училишните клупи и редовно ќе ја завршат учебната година, изјави Санева.

Посочува дека нема училиште кое посебно отскокнува, односно бројот на заминати ученици во странство во ова второ полугодие се движи од седум до десет ученици во секое училиште во Штип.

Лани наставата во второ полугодие не ја почнаа 81 ученик, односно нивните родители побараа исписници за заминување во странство.

 

The post Педесет ученици заминале во странство, второто полугодие нема да го продолжат во Штип appeared first on Република.

]]>

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале во странство. Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.
Значи на ниво на Општина тоа се вкупно 50 ученици, кои веќе нема да посетуваат настава. Инаку да кажеме од Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ имаме пријавено отсуство, меѓутоа таму родители се уште не образложиле зошто децата не посетуваат настава, таа бројка е некаде околу 25 ученика и да се надеваме дека ова второ полугодие тие ќе продолжат со наставата, ќе се вратат во училишните клупи и редовно ќе ја завршат учебната година, изјави Санева.
Посочува дека нема училиште кое посебно отскокнува, односно бројот на заминати ученици во странство во ова второ полугодие се движи од седум до десет ученици во секое училиште во Штип. Лани наставата во второ полугодие не ја почнаа 81 ученик, односно нивните родители побараа исписници за заминување во странство.  

The post Педесет ученици заминале во странство, второто полугодие нема да го продолжат во Штип appeared first on Република.

]]>